Белград
5ᴼ /
4ᴼ
По речиси целодневен прекин во водоснабдувањето во Тетово, околу полноќ се очекува нормализирање на дотокот во водоводната мрежа, но јавното претпријатие за водовод „Шар“ од Тетово препорачаа водата да не се пие и да се користи само за хигиена и чистење. Двата водоснабдителни системи беа исклучени од дистрибутивната мрежа, а причина беа интензивните врнежи од дожд што предизвикаа заматување на водата. Според информациите од Јавното претпријатие ...
Основното јавно обвинителство Битола денеска поведе истрага и предложи мерка притвор за продолжено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик против 33-годишна битолчанка, која во периодот од 3 март до 25 октомври годинава неовластено држела и продавала наркотична дрога марихуана. Како што информира Обвинителството, осмоничената ...
Здружението на ловци „Стогово” – Дебар предупредува на, како што наведува, загрижувачка појава во градот и населените места, каде сè почесто диви животни како мечки, диви свињи, волци и лисици се приближуваат до населените места но и влегуваат во нив. Оваа појава, посочуваат, претставува зголемена опасност за граѓаните и жителите во руралните подрачја, но и во градот. – Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни – ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори, на мини митинг во Карпош, ги повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за „број 9, за крај на бетонизацијата, за развој и напредок“, порачувајќи дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски мора да биде минато во Kарпош. Мицкоски, посочи дека зборува како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и ...
Како коалиција веќе сме во завршна фаза на нов закон за употреба на јазиците на етничките заедници, вели Горан Минчев, министер за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ за наша Македонија. Минчев вечерва во гостување во „Тема на денот“ се осврна на очекувањата за вториот изборен круг на локалните избори истакнувајќи оти не верува дека има атмосфера на неподдршка во рамки на коалицијата, по укинувањето на алатката ...
Двајца осомничени се уапсени поради кражбата на скапоцениот накит од парискиот музеј Лувр, пренесуваат француските медиуми. Парискиот обвинител соопшти дека еден од мажите е приведен додека се подготвувал да полета од аеродромот „Шарл де Гол“. Апсењата се извршени синоќа, но не е прецизирано колку лица се приведени. Според изјавите на полициски извори за француските медиуми, еден од осомничените се подготвувал да патува за Алжир, а другиот одел ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, присуствуваше на потпишувањето на проширениот договор за прекин на огнот меѓу Тајланд и Камбоџа, во Куала Лумпур. Во главниот град на Малезија беше потпишан историски договор од страна на Бангкок и Пном Пен, со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп. Договорот вклучува прекин на огнот. Посетата Трамп ја искористи и за да потпише неколку трговски договори со двете земји. Инаку, Трамп првпат ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични дела – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишен скопјанец, на 15 август годинава извршил разбојништво во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ, од каде со закана со огнено оружје – пиштол кон вработената одзел пари во вкупен износ ...
Скандалзното однесување на кандидат за градоначалник на Брвеница од Вреди – кој повикуваше на етничко гласање за ова место да стане албанска општина стигна и до ушите на меѓународната заедница. Според премиерот Христијан Мицкоски од ваквата реторика биле изненадени и влијателни претставници – кои на овој случај гледале со неверување дека некој во 21 век може да користи ваков речник. Хаким Рамадани не наштетува само на односите во самата општина, ...
Претседателот на општинската организација на Зелената партија ДОМ во Куманово, Сретен Стојковски, на денешната средба ја обзнани поддршката на ДОМ за независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски – Диро, во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Поддршката е јавно објавена и врзана за конкретни мерки во интерес на здравјето, животната средина и транспарентното управување со Куманово, се вели во соопштението од ДОМ. ...
Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денеска од маалската средба во општина Карпош и порача дека со поддршка на Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ, Карпош и Скопје конечно ќе расчистат со нефункционалноста на јавните претпријатија. Тој најави дека веднаш по изборите ќе следува акција за чистење на градот во првите 72 часа, стабилизирање на работата на ЈСП и почеток на реализацијата на мостот ...
Расте бројот на бубрежно болните, во моментов во Македонија 1400 имаат потреба од дијализа.Најмладиот пациент има само 4 години. Но бројката на луѓе на кои им треба трансплантација како единствен спас за нив, е многу повисока од официјалните. Тие не фигурираат на листа за трансплантација, затоа што испитувањата кои мора да ги направат се многу скапи,а најчесто мораат и да ги повторуваат за една или две години. Од здружението “Нефрон” укажуваат ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски од Карпош зборуваше како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 за крај на бетонизацијата, за развој и ...
Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Карпош, на којшто истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека ќе завршат старите практикии кои биле штетни за карпошани, потенцирајќи дека време е да се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните. „Знаеме колку паркови се претворија во згради, знаеме колку непринципиелни договори и колку ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Тој испрати порака неговата лична поддршка и поддршката на Владата ја имаат сите оние кои работат на иднината на заедничката државата без разлика на етничка верска и политичка припадност. -Секој оној кој зборува ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Брвеница, уште еднаш порача дека не сака да има предвремени парламентарни избори, а на политичарите од опзицијата кои повикуваат на тоа, „да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање“. Во однос на барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека тие „тоа го бараат ...
Кандидатот за втор градоначалнички мандат за Центар Горан Герасимовски, најави дека во вториот мандат се почнува со хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“, стои во соопштението на Општина Центар. „Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно ЛЕД осветлување и урбана опрема. ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изјави дека со потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување е направен „историски чекор напред“ во насока на обединување за подобро Шуто Оризари и достоинствено Скопје. Во објава на својот Фејсбук профил, Ѓорѓиевски наведува дека сите партии обединети со ВМРО-ДПМНЕ застануваат зад Ерџан Демир, кандидатот кој, според него, ќе ја предводи промената што Шуто Оризари ја ...
Од 28 до 30 октомври Скопје ќе бидат домаќини на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), еден од најзначајните глобални настани во областа на одржливата енергија. Под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, форумот ќе собере над 1000 учесници од повеќе од 70 земји, меѓу кои високи претставници на меѓународни институции, влади, академски кругови и енергетскиот сектор. Настанот го ...
Коалицијата Вреди со потсмев го гледа обидот на Левица, партија позната по говор на омраза, анти-НАТО ставови и ултранационалистичка реторика, да држи лекции за соживот и толеранција. Иронијата е очигледна, токму тие што со години ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за „шовинизам“, се вели во соопштението на Коалицијата Вреди. Во нашата кампања, ниту еден кандидат на ВЛЕН не користел говор на омраза, туку ...
Вицепремиерот и министер за транспррт Александар Николоски денеска оцени дека политиките на Владата за привлекување авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром даваат резултати и оти од утре почнуваат 11 нови дестинации. -Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за туrистите од Франција и Германија, ...
Кандидатот за градоначаланик на Општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, денеска, во ресторанот „Дејли“, во населбата Капиштец, оствари неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на која доби јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела во вториот круг на изборите. Како што информираат од ...
„Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Учениците кога ќе почувствуваат дека се слушнати, видени, разбрани и дека се верува во нивниот потенцијал, почнуваат со сериозни промени кои го вклучуваат целиот образовен систем и водат кон напредок“. Ова денеска од Прилеп го порача министерката за образование, Весна Јаневска на Панел-дискусијата на тема: „Магијата на знаењето – добриот наставник прво е пријател“, чија цел е ...
По бројните сомнежи за неисправни автобуси и можни неправилности во јавните набавки што за Алфа ги обелодени синдикатот на ЈСП, и Финансова полиција и Обвинителството најавија дека ќе преземат мерки веднаш штом ги добијат точните информации од синдикатот на ЈСП, од каде за Алфа изјавија дека постојат сомнежи за криминал во работењето на претпријатието, поточно во врска со набавката на делови и гориво за автобусите. Директорот на Финансова ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. -За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што ...
Жените земјоделки во земјава се уште ги немаат добиено своите права, велат од прилепската невладина организација „Лаг Агро Лидер“ кои истакуваат дека на жените земјоделки не им треба програма, туку пристап до права. Се уште не се решени отсуството од работа и платеното породилно отсуство. Во земјава се преку 38 000 регистрирани жени-земјоделки преку земјоделски стопанства. Имаше социјална програма, но потребен е пристап до права. Има системска ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто Работнички ќе издвојува голема победа, стои во соопштението на Општина Центар. „Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со подземно греење. Воедно сакам ...
Улицата „Педесетта Дивизија“ со години претставува симбол на запоставеност – со оштетен коловоз, тесни тротоари, небезбедни пешачки патеки и сериозен недостиг од паркинг-места. Таквата состојба не ѝ доликува на една од најважните сообраќајници во срцето на Скопје, ниту на граѓаните кои секојдневно се движат по неа. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, најави дека ова ќе биде еден од првите ...
Посветеноста и ангажманот на ВРЕДИ за Дебар даваат конкретни резултати на терен. По поставувањето на двојазичните табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, сега и граничниот премин Блато ја доби својата целосна форма со табла на албански јазик, поставена на местото што му припаѓа, стои во соопштението на ВРЕДИ. Овој резултат е плод на ангажманот на Мустафа Даути, заменик директор на Царината на Северна Македонија и кадар на ВРЕДИ, кој нагласува дека ...
Секој успешен образовен процес почнува со мотивиран наставник. Кога учениците ќе почувствуват дека се слушнати и разбрани, почнуваат со сериозни промени кои го вклучуваат целиот образовен систем и водат кон напредок, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Јаневска денеска учествуваше на панел дискусијата во Прилеп, заедно со наставници, стручни лица, родители и од Педагошкиот факултет од Битола на темата „Магијата е во ...