Изминаа шест дена од првиот круг налокалните избори 2025. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември (недела), според податоците на Државната изборна комисија, во 32 општини и Градот Скопје. Во меѓувреме во Македонски Брод и за Могила двајца од кандидатите се повлекоа од трката за градоначалник во вториот круг на изборите, но од ДИК велат дека и за двете општини постапката продолжува и дека ќе се печатат избирачки ливчиња. Седум дена пред вториот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Во рамки на месецот „Розев Октомври“, месец на женска сила, поддршка и надеж, Занаетчиската комора на Македонија денеска организира симболичен и хуман настан посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка и значењето на превенцијата. Настанот ќе се одржи во просториите на „Тренинг центарот“ на ЗКРСМ, со почеток во 14:00 часот. Настанот е дел од проектот „Образување и економско зајакнување на ранливите групи жени“, кој се ...

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Промена на времето во земјава е врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, истакна дека за време на неговиот мандат како градоначалник на општина Кисела Вода, докажал дека може да се стави ред во урбанизмот, спречувајќи прекумерно градење. Тој најави формирање експертски урбанистички тим кој ќе работи на растеретување на централното подрачје и насочување кон периферијата. Ѓорѓиевски исто така порача дека ќе биде бескомпромисен во борбата со ...

Генералното собрание на Федералната унија на европските националности(ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана. -ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави, Никола Ѓурѓај, претседател ...

Во Гази Баба ќе испишеме историја во вториот круг, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, кој вечерва оствари средби со граѓани во Идризово и Стајковци. -Ви благодарам за убедливата поддршка и најголемата разлика во гласови токму овде. Тоа покрај чест, е и огромна одговорност што ја прифаќам со целото срце. Му честитам и на мојот пријател Бобан Стефковски за победата во првиот круг, објави ...

Дојран е скапоценост на Македонија, но таа скапоценост мора повторно да биде препознаена. Ни треба развој, ни треба визија, обединување, а тоа може да го направиме заедно, рече Илија Тентов, кандидат за градоначалник на општина Дојран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот мини митинг во Дојран. Тентов истакна дека со поддршката од Владата во Дојран ќе се реализираат проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. -На 2 ноември ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот мини митинг што се одржа во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември 2025 година. Мицкоски се осврна на темата за локалните избори, од кои првиот круг беше одржан на 19 октомври годинава, а ВМРО-ДПМНЕ имаше убедлива победа во 33 општини. Според него, ова е историски резултат во независна Македонија, а дополни и дека кандидатот од ...

Јас сум гарантот дека Општина Валандово повторно ќе биде најчистата општина во државата. Наместо најчист град ја гледаме состојбата-преполни конктејнери, улиците затрупани во отпад, јавното зеленило не се одржува. Вие знаете дека пред 16-17 години јас раководев со комуналното претпријатие, ги знаете моите резултати коишто ги постигнав, порача Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на Валандово од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата од вечерашниот мини ...

Премиерот и претседател на Владата Христијан Мицкоски од митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во рамки на кампањата за вториот круг од Локалните избори 2025 што треба да се одржат на 2 ноември. На овие локални избори граѓаните дадоа поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во историски размери како никогаш досега. – Во 59 општини коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или освои градоначалник или е на првото место како што е случајот овде во Дојран ...

После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот“. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори. Ова е апсурдно, се посочува во реакцијата на ВРЕДИ на прес-конференцијата на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Победите на Вреди во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и Липково. Мислевме ...

Независниот кандидат за градоначалник на Могила Сашо Пивковски попладнево соопшти дека ја повлекува својата кандидатура за градоначалник на Општина Могила. – По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка. Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Во изминатиот ...

Дел од лидерите и раководни структури на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска на градскиот плоштад во Тетово имаа средба со активистите и граѓани со цел симболично да означат продолжување на кампањата во пресрет на вториот круг од локалните избори. По настанот пред новинарите зборуваше само претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами. -Ние докажавме дека имавме најдобар избор за нашите ...

Зимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. ...

Али Ахмети не се повлекува од политиката, останува на чело на ДУИ. Поразот на изборите за него е победа. Иако уште во првиот круг го загубија Чаир, кој важеше за клучна битка во албанскиот политички блок, но и Сарај, според Ахмети ДУИ никогаш не изгубиле. . Вели не ги добиле градоначалничките места, но повеќе гласови имале за советничките листи и тоа било позитивно. -Дали слушате кој победил, зошто да се повлечам од политиката, дали ги сакате ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска информира дека хигиеничарите на општината со целата механизација при денешното чистење собрале три големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери откако ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт потфрлија и направија колапс и криза со хигиената во Скопје. – Интензивно чистиме во сите населби во Центар! Од рано изутрина, почнавме со чистење позади Капиштец, Водно, продолжуваме ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ упати повик до жителите на неговата општина да му ја дадат довербата на 2 ноември да ја води општината во следните четири години. -Време е за промена во Центар. Резултатите од гласањето во првиот круг недвосмислено покажаа опозициско расположение во општината. Близу 2/3 од тие што излегоа на изборните места, гласаа против актуелниот ...

Главниот заклучок од денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) беше јасен и едногласен: Да се оди веднаш на предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција. Овој став е заеднички и на сите партнери во рамки на коалицијата Национална Алијанса за Интеграција, кои оценуваат дека по три изборни циклуси по ред – претседателски, парламентарни и локални – ...

Конче заслужува да оди напред, тоа го можеме, тоа си го должиме сами на себе. Затоа, во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор за нашата општина, порача Златко Ристов, кандидат за градоначалник на Конче од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на маалскиот митинг што се одржа во селото Ракитец, Општина Конче, во рамки на изборната кампања од вториот изборен круг на локалните избори. Во продолжение од обраќањето ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Конче, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да ...

Епидемиолошката состојба во Скопје е стабилна, но се препорачува одржување на лична хигиена при ракување со отпад како што е користење на ракавици, маска, миење раце, дезинфициенс, совесно одлагање на отпадот во контејнери и избегнување на нелегални депонии како и затворање на капаците на кантите и избегнување физички контакт со отпадот и исцедокот. Ова е препораката на Институтот за јавно здравје кој е дел од интеринституционалната работна ...

По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола попладнево поднела кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште ја одржа својата 24-та седница Централното претседателство, по која претседателот Али Ахмети одржа прес-конференција на која се осврна на изборниот процес за кој рече дека поминал генерално добро. Тој рече дека дека коалицијата НАИ, која ја предводи ДУИ освоиле 114.076 гласви и со тоа 159 советници, а коалицијата „Вреди“ дека освоила 91.000 со 122 советници. – Во овој процес, како и ...

Управен одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во соопштение до медиумите информира за крајно алармантните случувања што доведоа ова Јавно претпријатие со сериозно намален капацитет да ја извршува својата примарна дејност – собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Со цел да не го блокираме работењето на Претпријатието сме покажале максимална кооперативност и професионалност и во текот на нашиот мандат во изминатите четири ...

Кривичниот совет при прилепскиот Основен суд ги отфрли жалбите и им го потврди притворот до 30 дена на шесте осомничени за случајот со прилепската болница. Осомничените, четворица од болницата и двајца надворешни, остануваат во притвор во Битола и во Шутка. Бранителот на еден од осомничените, адвокатот Жаре Стеваноски нагласи дека со жалбата ги побиле сите наводи на Обвинителството и смета дека нема основа за притвор, зашто сите цела година во ...

Општина Велес со ангажирање на градежна фирма деновиве интензивно работеше во село Бузалково, каде по завршувањето на подготвителните градежни активности се изврши бетонирање на една улица. Како што информираат од Општина Велес, средствата се обезбедени од општинскиот буџет од програмата за 2025 година. Воедно, најавија реновирање и на други улици во градот и населените места во општината. -Инвестираме во рамномерен развој на Општина Велес, ...

Со овој допис ССКЛ категорично демантира дека во било кој исказ, изјава или писмена форма, од било кој член на ССКЛ, вклучувајќи го и претседателот на ССКЛ, е изнесено признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ за ден 20.10.2025 година — кој беше забранет како наводно незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје — е незаконит, ниту пак дека сме свесни оти постапуваме надвор од закон, стои во демантот од ССКЛ. Наводите на М-НАВ АД ...

Често миење и дезинфекција на раце, внимателност кога се фрла отпад, да се избегнува физички незаштитен контакт со ѓубре, дезинфекција на обувки, домашните миленици да не дојдат во допир со отпадот и исцедок од истиот, сите што работат во комуналните прептријатија задолжително ќе се вакцинираат превентивно за заштита од тетанус и хепатит А и Б – ова се дел од препораките на епидемиолозите околу влијанието од отпадот во Скопје врз јавното ...

Актуелниот градоначалник на Македонска Каменица и кандидат за втор круг на Локалните избори од коалицијата ВМРО–ДПМНЕ и „Твоја Македонија“, Димчо Атанасовски, најави дека доколку повторно биде избран за градоначалник, ќе започне изградбата на нова општинска административна зграда – еден од, вели, најзначајните инфраструктурни проекти за општината. Атанасовски истакна дека досегашната реализација на вакви проекти била блокирана поради отпор и ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
83%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1017
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.11
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
89%
1008
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
100%
1006
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Цинк

3.22

Бакар

10.96

Алуминиум

2.91

Никел

473258.99

Паладиум

46361.38

Платина

52864.82

Сребро

1876.20

Родиум

255598.44

Злато

134976.58

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Калај

40.49