Над 25% од бруто-финалната потрошувачка на енергија во ЕУ лани била од обновливи извори, што е зголемување за 0,7 процентни поени во споредба со 2023 година. Овој удел е за 17,3 процентни поени помалку од исполнувањето на целта за 2030 година (42,5%), што би барало просечно годишно зголемување од 2,9 процентни поени од 2025 до 2030 година. Во Македонија енергијата од обновливи извори во вкупно потрошената енергија лани учествува со 21,8 ...

Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР). Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Прилеп и приградските населби утре претпладне, од 6:30 до 11 часот, ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од АД МЕПСО, исклучувањето се врши поради планирани активности на електропреносната мрежа, кои опфаќаат демонтажа на старо проводно јаже од 110 киловлти за далноводот ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник. На замената ќе работат стручните екипи на АД МЕПСО. Согласно со планираната динамика, ...

На официјалната веб страница на републичкото Собрание се интегрирани напредни технологии за пристапност кои гарантираат полесна и еднаква употреба за лицата со попреченост, соопшти денеска собраниската прес-служба. Оттаму посочуваат дека дигиталната платформа на Собранието сега нуди механизам што го олеснува пристапот за лицата со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги парламентарните информации поразбирливи, полесни за ...

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општината Бутел, а утре делови од општината Чаир, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во општина Бутел. Од РЦУК посочуваат дека утре без електрична ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ...

За само година и половина, Министерството за спорт направи сериозни реформи – од институција на ниско ниво до поставување темели за европски стандарди, вели министерот за спорт, Борко Ристовски. Како главни приоритети за 2026 година најави нов закон за спорт, инвестиции во инфраструктура и транспарентно финансирање на клубовите. Преку директни субвенции и нови механизми за поддршка, според него, се создаваат услови за развој на таленти и ...

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е ...

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски попладнево остварил средба со Нико Пелеши, претседател на албанскиот Парламент. -На мое големо задоволство и чест имав срдечна средба со Нико Пелеши, претседател на албанското Собрание и голем пријател на македонската заедница во Албанија, информираше Стерјовски. Разговорот бил фокусиран на важноста од понатамошно ...

Дел од хорот на бигорското монашко братство, учествуваше во богослужбениот живот на нашата црковна заедница во Виена, Австрија, на покана на тамошниот парохиски свештеник, отец Јован Тодевски, информираше архимандрит Кирил. Во храмот „Свети Наум Охридски“, покрај молитвеното, литургиско заедничарење, биле донесени на поклонение светите мошти од нашите духовни великани, свети Климент Охридски и свети Јоаникиј Ракотински, како благослов и утеха ...

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од набавките и инсталирање на опремата. Првпат ќе лансираме владин центар за одговор на сајбер инциденти. Обично ставам амбициозни рокови, еве ќе речам, ќе го промовираме во првата половина од 2026 година, рече Андоновски. Тоа, ...

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли. – Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско ...

АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир. – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла 30-50 метри има кај Ресен, соопшти АМСМ во вечерниот извештај за состојба на патиштата. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури, укажува АМСМ, можна е појава на поситни одрони. Во сила е законската ...

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето. Како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе се обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано ...

Основното јавно обвинителство Скопје наредило да се спроведе истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело даночно затајување. Државното јавно обвинителство соопшти дека во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари односно за повеќе од еден милион евра. ...

Градот Битола блесна во нова предновогодишна светлина како увертира на традиционалната „Зимска приказна“ што ја раскажува секој битолчанец и гостин, истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски на денешната прес – конференција. Според градоначалникот Коњановски, програмата „Зимска приказна“ е наменета за сите возрасни генерации и ќе се одржува на повеќе локации. -Главната сцена ќе биде на платото пред Офицерски дом во Битола и притоа ...

Штип од македонска и Гоце Делчев од бугарска страна ќе реализираат проекти од областа на туризмот. Средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ. На денешната прес конференција на проектот: „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“, свои обраќања имаа градоначалникот на Општина Штип,Иван Јорданов, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заменик министер за ...

Tри нови изданија „Етнографски материјали од проф. Ѓорги Здравев“ во уредништво на проф. Инес Црвенковска Ристеска, „Долно Дупени: етнолошки белешки од животот и обичаите на една населба во Долна Преспа“ од Бранислав Русиќ, во транскрипција и превод од српски на проф. Љупчо Ристески и најновиот број 25 од списанието ЕтноАнтропоЗум беа промовирани денеска во Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет. Проф. ...

Над 155.000 парчиња пиротехнички средства се откриени годинава, што е трипати повеќе споредено со минатата 2024 година, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на показната вежба во центарот на Скопје, организирана од МВР во соработка со Црвениот крст и ученици од СУГС „Владо Тасевски“, каде преку реална симулација беа прикажани повреди од несоодветна употреба на пиротехнички средства, во рамки на кампањата „Забавна за ...

Владина делегација во која се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се во работна посета на Унгарија. Како што соопшти владината прес-служба, за време на посетата министрите Мисајловски и Николоски остварија средби со главниот советник за национална безбедност, Марцел Биро и со Мате Лога, државен советник во Министерството за национална економија, за економски развој и ...

Со свечена литургија во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип и литија, денеска е одбележан празникот на патронот на градот. Со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, како и митрополити на епархии и свештеници од Брегалничката епархија. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан се обрати и пред верниците говорејќи за патронот и заштитникот на градот Штип, Свети Николај. – Свети Николај патронот и заштитникот на ...

Македонија од својата независност до денес донесе тешки, но принципиелни и стратешки важни одлуки. Со членството во НАТО, и покрај тоа што за него е платена многу висока цена, македонската држава ја осигура својата надворешна, но што е уште поважно, и внатрешна безбедност и стабилност. Во изминативе три децении земјава се докажа како конструктивен и кредибилен партнер, посветен на мирот, стабилноста и просперитетот. И во услови на длабоки ...

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка на НР Кина во Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен. На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права и слободи. Тој ги претстави своите заложби за обезбедување на поголема ...

Со благослови за радост, здравје, бериќет и добрамисла и со заедничка посна трпеза во центарот на градот, Прилеп ја прослави градската слава „Свети Никола“. За прилепчани битно е што се одржуваат традициите, особено што се врати виткањето мали посни сарми со кои градот во 2008 година се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Прославата на градската слава и на светецот заштитник се одржа по 20-ти, јубилеен пат. -Овој јубилеј ни дава уште ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари официјална средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Абдула Ерен на која беа потврдени одличните односи, а се разговараше и за проширување на институционалната соработка, соопшти собраниската прес-служба. Гаши изразил голема благодарност за 20-годишната активност на ТИКА во Македонија, во која се реализирани над 1.300 проекти во витални области како ...

Со поволна бизнис клима до повеќе инвестиции. Нови вложувања и отворање работни места на две нови странски инвестиции најави премиерот Христијан Мицкоски. Едната компанија која го потврдила влезот во Македонија е од Турција, а другата од Германија. Двете инвестиции „тежат“ 80 милиони евра, а нивните планови се во земјава да вработат илјада луѓе. Премиерот вели дека не се работи за вложувања во автомобилскиот сектор, кој доминира меѓу ...

Единаесет лица се приведени, а против 33 е поведена истрага за економско-финансиски криминал и злосторничко здружување, соопшти денеска Јавното обвинителство. Во координираната акција спроведена ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција ...

Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието и повеќе партнери особено во последнава гоина се фокусираат на организирање обуки за развој на дигиталните вештини на наставниот и стручниот кадар во училиштата, наведува Министерството за образование и наука во соопштение. Брзиот технолошки развој наметнува потреба за континуирана надградба на дигиталните компетенции на наставниците, за тие да можат ...

Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Согласно надлежностите на градот Скопје утврдени со Законот за животна средина, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, ...

Нова микробиолошка лабораторија со капацитет за вршење над 20 000 анализи годишно, отвори денеска фабриката „Алкалоид“ АД Скопје. Како што соопшти генералниот директор Живко Мукаетов, станува збор за инвестиција вредна 3,1 милион евра. На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. -Можевме да видиме нешто што го има во најсовремените светски фармацевтски компании и горди сме што ова е македонско. Повеќе од 3 000 вработени ја ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1004
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
79%
1006
weather icon

Софија

9ᴼ / 5ᴼ
3.09
85%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.39
90%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.71
54%
1006
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
51%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
87%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Сребро

2460.50

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Платина

67162.91

Бакар

11.69