Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Советот за праведна транзиција порача дека декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија. -Кога зборуваме за декарбонизација, не зборуваме за апстрактна цел, туку за конкретен патоказ кој е дел од нашите обврски кон Европската Унија. За тој процес да биде реален и одржлив, потребно е тој ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли наводите дека ќе има намалување на студентските стипендии и ги оцени како манипулација обвинувањата на СДСМ, нагласувајќи дека Владата работи на унапредување на студентскиот стандард и подобра распределба на средствата. – Да се прејудицира уште од сега дека се намалени стипендиите е чиста манипулација на политичката партија СДСМ, бидејќи бројот на стипендии не е уреден со законско ...
Регионалната соработка останува стратешки инструмент за зајакнување на стабилноста, поврзаноста, отпорноста и европската интеграција на Западен Балкан – порачаа учесниците на 11. форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР), што се одржа во Скопје. Како што беше истакнато на завршната прес-конференција, ова е одлично време да се зборува за влезот на Западен Балкан во ЕУ, за процес на пристапување со ...
Градоначалникот на Радовиш и командант на кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје – Штип апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од депонијата е најинтензивен. Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден и покрај огромните напори пожарот да се стави под контрола. На терен е ангажирана механизација, ...
Во Собранието денеска се одржа јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет, што го избира Собранието. Расправата ја организираше собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, а кандидатите ги изложија своите професионални биографии, искуство и визии за работата на Советот. Испразнетото место доаѓа по истекот на вториот мандат во декември лани на членот ...
Претставникот на Шпанскиот национален ромски совет, Фабијан Санчез, претседател на Presencia Gitana, вели дека ромската заедница е најдискриминираната етничка група во Шпанија, но преку Националниот совет на Ромите, основан во Шпанија во 2005, се овозможува да се слушне нивниот глас во разни политики. Токму ова, како добра практика во Шпанија, тој ќе ја сподели и со македонските партнери. Санчез е во посета на земјата на покана на министерот ...
Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем ХИС, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Според обвинението, двајцата ...
Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија – вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Во интервју за телевизијата „Алфа“ министерката Димитриеска-Кочоска потенцира дека Законот за задолжување кај странските банки, кој што влезе во ...
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР синоќа во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка гевгелиско Смоквица, го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30), кој управувал возило со 203 километри на час на место каде дозволената брзина е 120 километри на час. -При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно седум пријави за семејно насилство, додека шест лица се лишени од слобода. Вчера во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Полициски ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во ...
Петодделенецот Јонус Азири од дебарското општинско основно училиште „Саид Најдени“, ќе учествува на меѓународните STEM натпревари, кои оваа година ќе се одржат во Рим, Италија од 1 до 8 јули 2026 година. -Азири се квалификуваше откако освои бронзен медал на квалификациските натпревари, а претходно блесна и на регионалните натпревари во Македонија, каде го освои првото место со вкупно 86 поени, објави училиштето. По тој повод младиот талент и ...
Проблемите на семејните лекари остануваат исти. Петнаесет години специјализацијата по семејна медицина не е соодветно признаена. Европскиот парламент поведе иницијатива во европските земји да се изедначи коефициентот на специјалистите по семејна медицина со другите специјализации. Веќе седум европски земји ја поднесоа во своите министерства оваа иницијатива – истакна денеска претседателот на Здружението на лекарите по општа и семејна ...
Зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални закани беа во фокусот на средбата на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија. Како што соопштуваат ...
– Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги посетил полициските службеници кои посетуваат обука спроведена од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. Како што информираат од МВР, станува збор за еден од осумте циклуси на обуки за „Почетна едукација на професионалците за ...
Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството. -Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. Апелирам ...
Собранието попладнево на 102. седница усвои повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за основање на ЈП Македонска радиодифузија, за внатрешни работи, за полиција, како и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собраниската говорница изјави дека како претходно кога се вршела брутална партизација на Министерството за ...
Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан што се одржува во организација на Европравда. На состанокот учествуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази. Само со координирани дејствија, со брза размена на информации, со размена на искуства и знаења ...
Од матичен лекар директно на снимање, семејните лекари бараат поголеми ингеренции. Целта како што велат е за да можат пациентите кои имаат некоја сомнителна дигагноза да ги пратат на соодветно испитување без да одат кај специјалист. Така ќе сескрати времето за дијалностика и третман. -Семејниот лекар треба да опфати 70 до 80 проценти од популацијата и да се спуштат ингеренциите и услугите, да можеме да закажеме една компјутерска томографија. ...
Веење албански знамиња, извикување на УЧК. По неколкумесечна целосна изолација на политичката сцена, ДУИ се обидува да се врати преку своите одамна познати националистички изблици. Вчерашниот протест, со барање за проблем за кој во Владата веќе се изнаоѓа решение, е само доказ за тоа. Иако Косово и Албанија официјално немаат никаква релација со овој случај, сепак ДУИ ги активирале своите инсталации во овие две земји, за да се обиде да го ...
Бугарски пратеник ќе крева меѓународна врева за да влијае на судски процес во Македонија по тешка сообраќајна незгода. Ангел Георгиев од „Преродба“ ќе му се жали на македонскиот амбасадор во Софија, а и ќе го известел и Евро-паралемнтот дека македонски суд на бугарска државјанка, која е обвинета за сообраќајна несреќа со една жртва и за која во тек е судење, не и дава да да оди на лекување во Бугарија. Судот за обвинтетата има изреќено мерка ...
Нов обид да се заобиколи ветото во рамките на Европската Унија. Во Германија во напредна фаза е изработката на нов механизам со кој треба да се блокираат апсурдните вета, какво што е Бугарското вето за Македонија. Според тој механизам, специјална арбитражна комисија би оценувала дали некое барање, како што е на пример тоа дали Гоце Делчев е македонец или бугарин, внесувањето на бугарите во уставот и слично, како услов за членство во ЕУ, е ...
Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската Унија во рамките на преговорите за пристапување на Македонија. Централниот совет на Македонците во Германија е регистрирано здружение според германското право со седиште во Берлин, кое ги претставува и застапува граѓанките и ...
„Доста беше од уставни условувања и идентитетски ултиматуми“ – претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Словенија упати силна порака и предлог до Европа – уставните измени да стапат на сила, но по преговорите со Европската Унија. Во обраќање на Правниот факултет во Љубљана, таа предупреди дека европскиот пат на државата не смее да се претвори во политички и идентитетски инженеринг, порачувајќи дека ветото мора да се темели на европски ...
Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, државата успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година. Форумот, кој обедини високи претставници на владите, европските институции, регионалните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите, претставуваше значајна можност ...
Почитувани, семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДСМ и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра. Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДСМ и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка. Коларевиќ е со семејни врски ...
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Филипче и натаму не го осудува говорот на бугарската министерка која не нарече “северномакедонци”, напротив соработува со нашите негатори. Венко Филипче скоро две недели наоѓа изговори и не го осудува недостоинствениот говор на бугарската министерка Петрова Чамова која не нарече “северномакедонци”, Филипче дури и се гордее на тие успеси со кои ја потчинија државата пред останатите. ...
Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, се вели во ...
Денес, повторно сведочиме на неодговорен и неодржлив пристап од страна на СДСМ, Венко Филипче и целокупната опозиција со банални оправдувања дека немало место каде да седнат и слични изговори, само за да не почнеме со работа на Комисијата за финансирање и буџет, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од денешната изјава за медиумите на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови Венко, СДСМ и целата опозиција го ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Тони Марфи, претседател на Европскиот суд на ревизорите. На средбата присуствуваа и главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми. Како што инфоррмираат од собраниската прес-служба, претседателот Гаши се фокусира на важноста на транспарентноста, отчетноста и институционалниот надзор како клучни елементи за функционирањето на демократските институции ...