Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во 2025 година изнесувала 12,59 ...

Граѓаните не смее да бидат заложници на политичките калкулации на Венко Филипче и СДСМ. Баналните изговори за блокирањето на Комисијата за финансирање и буџет е само со една цел – да заработат ситни политички поени на грбот на граѓаните и државните интереси – изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојкоски. Тој соопшти дека испратиле писма до претседателот на Собранието, Африм ...

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно ...

Мекотелните политики на Филипче и СДСМ и даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет. Филипче и СДСМ немаат против ние да бидеме „северномакедонци’’, напротив тие ја потврдуваат и шират оваа терминологија, заедно со нивната теза дека уставните измени се последниот чекор за влез во ЕУ, кажа на денешната прес – конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ портпаролот на партијата Валентин Манасиевски. ...

Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера, ниту сме пледирале, да се мешаме во внатрешните и независни политики на која било држава – посочи премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Ѓорче Петров коментирајќи ги неодамнешните протести пред Министерството за правда и најавениот митинг во Куманово за ...

Речиси 770 милиони денари обезбедила Владата за поддршка во науката – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во населеното место Волково-Орман, општина Ѓорче Петров, тој нагласи дека одвоената сума е двојно повеќе во споредба со 2024 година. – И во науката исто така, покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се ...

Македонија на врвот како најнапредна во реформската агенда. Со реформи во образованието и дигитализацијата до европски пари. Потврда за успехот пристигна и од Европската Унија. Денеска Европската Комисија ни одобри најмногу пари или 65,7 милиони евра од Планот за раст за Западен Балкан. Во Македонија, оценетите реформи вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за проширување на пристапот до ...

На одбележувањето на Денот на Европа 2026, претседателот на Собранието, Африм Гаши, испрати порака дека иднината на земјата и нејзиниот европски пат не зависат само од Брисел, туку пред сѐ од личната и општествената заложба на секој граѓанин. – Европскиот пат што ние сме го избрале не зависи само од Брисел. Најбитниот елемент зависи од нас самите. Ние треба да одлучиме да одиме по овој пат, но не само формално, не само да ја следиме ...

Реализацијата на проектот „Градски воз“ ќе значи нов еколошки транспорт за многумина граѓани што имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот на потегот од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Аеродром до Транспортен центар. Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров, тој појасни дека на реконструираната пруга ќе може да се движат со брзина од 80 до ...

Пет години и шест месеци е изречената затворска казна за П.С од Охрид, кој во јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, со приказната за лажниот доктор, односно дека се потребни пари за операции на нивните деца или внуци поради скршеници. За само еден месец на граѓаните успеал да им земе 56.000 евра. Портпаролот на Основниот суд-Штип, воедно и претседател на Кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев ...

Разловечкото востание e кренато на 20 мај 1876 година (нов стил), и важи за едно од првите организирани вооружени востанија на македонскиот народ против отоманската власт во втората половина на XIX век. Избувнало во селото Разловци (денес во Општина Делчево, источна Македонија), во време на силните политичко-револуционерни превирања на Балканот, кога народите во Отоманска Турција сè поревносно барале поголема слобода и национални права. Под ...

Обвинителите истражуваат евентуална шпионажа со електронски податоци од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Обвителството за гонење организиран криминал отворило истрага лани во ноември откако МВР пријавило дека постојат индиции за незаконски активности од висок државен истерес. Сомнежите се дека вработен во Кабинетот на претседателката пристапувал до електронски податоци, ги копирал, енкриптирал и складирал на надворешни ...

Двојно повеќе пари за научници, истражувања и бесплатен пристап до светски бази. Владата годинава сериозно вложува во науката и образованието со буџет од околу 770 милиони денари, што претставува значително зголемување во споредба со 2024 година. За првпат, научниците во Македонија ќе имаат бесплатен пристап до двете најголеми светски научни бази, со цел полесно да работат и да подготвуваат научни трудови. Премиерот Христијан Мицкоски порача ...

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележаа 20-ти мај – Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила. -Ова е најстарата ...

Добра и интересна идеја за размислување, но проблемот е што за неа треба да гласа и Бугарија, која тешко дека ќе прифати сама себе да си ги врзе рацете – ова е оценаката на експертите за германската идеја за нов механизам, според кој специјална арбитражна комисија би оценувала дали некое барање на земја членка кон земја аспирант е според копенхашките критериуми или не. Како на пример за тоа дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин, дали ...

Под полна опрема, стручно и професионално, пожарникарите од ТППЕ од Прилеп за неполни десетина минути извлекоа заглавен човек од автомобил по сообраќајна незгода. Ова беше само мал сегмент од денешната јавна показна вежба, која прилепските пожарникари ја презентираа на Градскиот плоштад, а во чест на Денот на пожарникарството – 20 Мај. Според заменик-командирот на Единицата, пред почетокот на сезоната на пожари, едукацијата на целокупното ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ...

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 20.05.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Црвена Вода бр. 7. ( општина Центар ) – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Саса – крак 24. ( општина Кисела Вода ) – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 6 во населба Бардовци. ( општина Карпош ) – во периодот од 09.15 до ...

Панел дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии. На панел дискусијата, што е дел од одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, се предвидува учество на претставници од државава и странство, на дипломатскиот кор, академската заедница, ...

Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија. Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”. Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност. Дополнително, Филипче не се ...

Најниска температира изутринава е измерена во Лазарополе, 2 степени, по што следуваат Mаврови Анови и Попова Шапка, Крива Паланка, 5, Охрид, Претор, Kрушево, 6, Тетово, 7, Битола, Прилеп и Берово 8, Скопје-Петровец, Штип и Виница 9, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија и Кавадарци 10, Велес и Струмица 11, Гевгелија 15, информира УХМР. Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврна во Крушево, 25 литри на метар квадратен, ...

Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДСМ и ДУИ врз обвинителството. За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот. Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази ги амнестираше ...

Македонската асоцијација за управување со отпад (MASWA) денека со почеток во 12 часот во хотел „Мериот“ во Скопје ќе одржи панел-дискусија на тема „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“. Во рамки на агендата се предвидени поздравни обраќања од претседателот на MASWA, Михаил Матески, и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, како и презентација на студија на ...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за ...

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали информираше дека во рамки на 11. ЕУСАИР форум и министерскиот состанок на Јадранско-јонската иницијатива (AII), остварил серија значајни билатерални средби со европски и регионални партнери, фокусирани на регионалната соработка и процесот на европска интеграција. – За време на средбата со италијанскиот министер за кохезија и европски политики, Томазо Фоти, разговаравме за ...

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија на една од националните телевизии се осврна на економските политики кои ги презема власта и направи паралела на економските политики кои беа преземани од опозициската СДСМ. Тој додаде дека во поглед на задолжувањата, во рамки на Буџет, државата била дупло задолжена за време на опозициската СДСМ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Во 2017 година ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата ...

Најголем дел од тиквешани имаат лозови насади и голем дел од времето поминуваат во нив, изложени на штетните УВ – сончеви зраци, но, недоволно внимание обрнуваат на кожата и последиците врз неа ако не се заштитени, предупредува Марија Недева, доктор дерматовенеролог. Докторката деновиве во рамките на Еуромеланома вршеше бесплатни дерматолошки прегледи во нејзиниот дерматолошки центар МН дерм во Неготино и на градскиот плоштад, а попладнево ...

Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Потребно е време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. Македонската влада го прави токму тоа – образовните политики ги темели на спроведени анализи и преку мерливи критериуми ја утврдува ефикасноста – порача министерката за образование и наука проф. д-р ...

На редовната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС денеска се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што биле донесени повеќе одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, соопшти попладнево скопскиот градоначалник и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. – Една од клучните одлуки е формирањето на кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра, побрза и поефикасна координација меѓу ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.7
66%
1021
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
69%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
64%
1019
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
84%
1024
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.98
63%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
0.53
88%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
6.26
49%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.01
50%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.4
53%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
58%
1022
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
2.24
50%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.93
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Злато

131072.82

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09

Иридиум

233896.68

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33