Педесет и петгодишен маж од Велес е првиот регистриран случај на западнонилска треска во Македонија оваа година, информира Институтот за јавно здравје на својата официјална веб-страница. По појавата на првите симптоми, биле направени лабораториски анализи со кои било потврдено присуството на вирусот. „На 15.05.2026 година, Одделот за епидемиологија на заразни болести при ИЈЗ беше известен за потврден случај на западнонилска треска кај ...

Корупцијата го ограничува економскиот раст и креира проблеми кои негативно влијаат врз политичките текови во државата. Експертската јавност се мобилизира за да помогне со совети и конкретни предлози за поефикасно справување со едно од клучните зла кои го кочат развојот на државата. Поранешни амбасадори, министри, вицепремиери собрани на едно место заговараат решенија кои би се имплементирале во соработка на политиката и граѓанскиот сектор. ...

Единствениот легалистички начин да дојдеме до правдата и вистината. Битно е да се истакне дека обвиненијата секогаш треба да бидат засновани врз основа на докази од кои тоа обвинение би се докажало пред судот надвор од разумно сомнение. Исто така, доколку во текот на кривичната постапка судот донесе ослободителна пресуда и таа стане правосилна, тогаш тоа е пресудена работа“, вели Савески. Во однос на дилемата дали Републичкото јавно ...

Скопското обвинителство покрена истражна постапка против 25-годишна жена, откако пред два дена бил спречен несекојдневен обид за внесување дрога во КПУ „Идризово“. Осомничената се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, откако кај неа биле пронајдени марихуана и кокаин. Настанот се случил на 20 мај, кога жената дошла во посета на својот сопруг, кој издржува затворска казна. Таа со себе носела две ...

Комисијата за заштита на конкуренцијата открила повеќе неправилности кај откупни центри за овошје и зеленчук, кои, според институцијата, се обиделе да го заобиколат и изиграат Законот за нефер трговски практики на штета на земјоделците. Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи. Меѓу утврдените ...

Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, објави Македонската опера и балет. Ристе Велков беше ...

КЕЦ „Небрегово“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организираат настан по повод трите јубилеи – 80 години од основањето на Филолошкиот факултет, 25 години Културно-едукативниот центар (КЕЦ) „Небрегово“ и 20 години од Спомен домот „Блаже Конески“ во Небрегово. Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет, а најавени се излагања на проф.д-р Максим Каранфиловски – „Ммисирков и Конески“, на проф.д-р Живко Цветковски – „80 години ...

Европското движење во Македонија и Градот Скопје денеска организираат кафе-дебатата на тема „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“. Кафе-дебатата се организира по повод одбележувањето на 9 Мај – Денот на Европа, како и во насока на афирмирање на активностите и подготовките Скопје да се претстави како Европски град на културата во 2028 година. Како што е најавено, настанот ќе обедини ...

Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ организира јавна трибина на тема „Држава за сите или плен за малкумина – може ли Македонија да ја победи корупцијата?” Во дискусијата, како што е најавено, ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, за да се развие расправа за корупцијата во Македонија. Воведни обраќања ќе имаат универзитетскиот ...

Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска, во Зоолошката градина Скопје, ќе биде потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. На настанот ќе се обратат министерот за животна средина Муамет Хоџа, градоначалникот на Град Скопје Орце Георгиевски и в.д. директорката на ...

На платото на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Универзитетот и патрониот празник – 24 Мај. Активностите ќе почнат со положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, по што во свечената аула на ректоратот ќе се обрати ректорката на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова. Ќе бидат доделени награди на најдобро ...

Државно-црковна делегација на Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Рим ќе му оддаде почит на св. Кирил во рамките на традиционалната манифестација посветена на сесловенските просветители. За време на престојот во Италија, претседателот на парламентот, Гаши, денеска во Ватикан ќе има аудиенција кај папата Лав XIV и средба со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Поклонението во чест на св. Кирил ...

Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија. Венко Филипче знае дека има ...

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка и Лазарополе – шест степени, а највисоката од 19 степени во Скопје – Петровец. Како што соопшти УХМР изутринава се измерени шест степени на Попова Шапка и Лазарополе, седум во Mаврови Анови, девет во Охрид и Битола, десет во Крива Паланка, Kрушево и Претор, 11 во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во ...

Во рамките на акцијата „Мисли на македонски, читај домашно“, во книжарницата на „Матица македонска“ се одржа инспиративна средба на близу осумдесет ученици со Стојан Тарапуза, еден од најомилените македонски автори за деца и еден од ексклузивните автори на „Матица македонска“. Средбата ја потврди основната порака на акцијата: македонската книга треба да биде жива средба меѓу авторот и читателот, меѓу јазикот и детската љубопитност, меѓу ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата по повод 24 мај денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј и престојниот продолжен викенд, кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено на отворените патни правци кон туристичките места. Со пораката „Вози одговорно – Секој живот е важен“, РСБСП потсетува ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран кибернапад. Станува збор за DDoS-напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика оптоварување и нарушување на достапноста на системите. ...

Во просториите на Македонски културно-информативен центар во Софија, синоќа се одржа промоцијата на третата поетска книга „За малите нешта“ од Катја Андреева, настан организиран по повод Светскиот ден на културната различност. На почетокот на вечерта, директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, ги поздрави присутните и истакна дека токму преку културата, литературата и уметноста се создава простор за меѓусебно ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и посочи дека нападите на опозицијата и на Венко Филипче постепено паѓаат во вода, обвинувајќи ја претходната власт дека со своите политики ја довела државата во ќор-сокак во однос на билатералните прашања и евроинтегративниот процес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите напади на опозицијата и на Венко Филипче постепено една по една ...

Општина Центар го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот на некогашно Скопје. Настанот, информираат од локалната самоуправа, започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите ...

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера оствари конструктивна средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните активности и иницијативи во ...

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените контроли, Комисијата констатираше повеќе неправилности и постапувања ...

Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците- порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки, информираат од Народната банка, беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во ...

Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик, се вели во соопштението на Вреди. Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе, како дел од системот ...

Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и се неприфатливи, а тие кои не внимаваат на меѓуетничките односи коишто се премногу важни, се неодговорни, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши. Гаши вечерва во интервју на една од националните телевизии оцени дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки. – Не сакам да зборувам за себе ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и директорот на Националниот демократски институт (НДИ), Роберт Скот Хејзлет денеска потпишале Меморандум за соработка, како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“. Со овој меморандум, како што информира Ѓорѓиевски, се продлабочува соработката меѓу Град Скопје и НДИ, преку конкретни активности насочени кон навремено препознавање, ...

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денеска остварил одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со адмиралот Викоф, министерот Мисајловски се заблагодарил за поддршката од Сојузничката команда на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...

Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија – се вели во соопштението од Вреди. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати. Европската комисија го ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.43
58%
1020
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
61%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.84
59%
1020
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.85
80%
1023
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.58
60%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.61
83%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.92
46%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.97
51%
1018
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.43
54%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
63%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
0.89
44%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
5.79
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Злато

131072.82

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Сребро

1902.84

Платина

51923.46