Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Протоколарна средба без поместување на позициите на двете страни. Вака дел од аналитичарите го оценија вчерашниот прв состанок меѓу шефовите на дипломатиите, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова. Тие не очекуваат некакви промени во водењето на надворешната политика ниту на Македонија, ниту на Бугарија. Приближувањето на ставовите во овој момент, според нив, се чини невозможно. „Реално добро е што се среќаваат министрите на Бугарија и ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода. Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од ...
Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...
Филипче пак на прес-конференција изнесе невистини и глупости кои се далеку од реалноста, а не кажа за неговата соработка со човекот на кој му е забранет влезот во Македонија, Виктор Стојанов, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ. Филипче требаше денес да излезе на прес и да се извини на македонските граѓани за неговите антимакедонски политики и да си замине од политиката, исто како што негови ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаело Сориано Ортиз, на која се разговараше за напредокот и имплементацијата на клучните тековни проекти за заштита на животната средина, пишува во денешното соопштение на Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што се истакнува во соопштението, на средбата била истакната поддршката од ...
Власите се нераскинлив дел од кодот на Македонија. Дел од нејзината меморија, нејзината борба, нејзината култура и нејзиниот дух, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Народ што низ вековите знаел да го зачува својот јазик, својата песна, своите обичаи и своето достоинство, но, никогаш не стоел настрана од судбината на оваа земја. Напротив, бил дел од секоја нејзина борба, секој нејзин подем ...
Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку и за целата држава, бидејќи преку чествувањето на една заедница се потврдува духот на Македонија како мултиетничка држава на соживот, меѓусебно почитување и разбирање, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Тој, како што соопшти Министерството за дигитална ...
Вашиот труд не исчезна со вековите, вашето слово и денес живее меѓу нас, вашата молитва сè уште нè крепи, а вашата жртва продолжува да раѓа нови плодови. Свети Кирил и Методиј не се само великани од минатото, туку се жив темел на нашата историја и на сиот наш бит, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на молебенот во чест на свети Кирил. Во словото на гробот на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим поглаварот на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. – Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна ...
Очајот во СДСМ по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија. Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ за тендерот за електричните автобуси. Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое ...
Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Јанез Јанша, при што му честитал за изборот за премиер на Словенија и формирањето на новата влада. Во разговорот, двајцата соговорници ја потврдиле заедничката заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји. „Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани врз меѓусебна почит, европски вредности и ...
Западниот Балкан останува област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици, а регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО, порача меѓудругото министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој изминатите две дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, ...
Влашкиот народ на овие простори, но и во поширокиот европски контекст, никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности. Како автентичен, космополитски народ, низ вековите дадовме неповторлив придонес во економијата, занаетчиството, дипломатијата и културата. Нашата традиција е длабоко вткаена во темелите на оваа држава, за чиј напредок и слобода секогаш сме несебично соделувале, вели во ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите со желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови. Во честитката премиерот посочува дека влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава. Како што нагласува во честитката, влашката култура, традиција и обичај се силен белег во развојот на државата. -Единството, толеранцијата, разбирањето се вредности со кои мора ...
Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, научниот соработник и заменик национален координатор за трансплантација Александар Гавриловска Брзанов, упатува силна порака за поддршка на органодарителството. -Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи – органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец. Трансплантацијата на ...
Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од ...
На предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни на Косово со своја кандидатска листа ќе учествува и „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на оваа партија се наоѓаат 21 кандидат од разни делови на областa Гора. -На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Горанците во Косово, за зачувување и активно претставување на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и за формирање ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите, нагласувајќи дека влашката заедница била и останува важен дел од културниот мозаик на нашата држава. -По повод Денот на Власите, во име на Собранието на Македонија и во мое лично име, упатувам најискрени честитки до сите припадници на влашката заедница. Овој ден претставува посебна можност за афирмирање на вредностите на соживотот, ...
Минатата недела, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова заедно со помошник директорката Весна Новаковиќ, учествуваше на меѓународен настан организиран од Меѓународен монетарен фонд во Атина, на тема: „Од реформа до резултати – докази за впечатлива реформа на даночна администрација“, се вели во соопштението на УЈП. На настанот присуствуваа директори и високи претставници на даночни администрации, меѓународни експерти и ...
Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДСМ со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение. На фотографијата зад ...
Ова чествување не е само дипломатски и државнички чин туку и длабоко духовен и цивилизациски настан, кој е силен потсетник на вредностите врз кои се темелат словенската култура, образованието и писменоста, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација на чествувањето на св. Кирил во Рим, кое годинава го организира Собранието на Македонија. Љутков во изјава за медиумите пред црквата „Сан ...
Софиското кафе со негаторот на се што е македонско Виктор Стојанов, му ја заврши кратката партиска кариера на Рубин Земон во СДСМ. Само неколку месеци откако беше избран за член на Извршниот одбор, си поднесе оставка. Причината е кафе дружбата со првиот човек на Фондација Македонија од Софија. Според Земон, средбата била случајна, но тој се повлекува со цел да не и штети на партијата. -Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните ...
Неприлагодена брзина и губење контрола над тешкиот камион – се главните причини за кобната сообраќајна несреќа во која загинаа четири луѓе. Според проценките на обвинителството, 76 годишниот возач на камионот не успеал да го контролира возилото ја пробил металната ограда, преминал во спротивната лента и директно се судрил со автомобилот „БМВ“, кој се движел во својата насока. По силниот удар, двете возила се запалиле. Јавното обвинителство го ...
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од ...
ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник, стои во соопштението на ВРЕДИ. Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката. Албанците веќе зборуваа јасно. ...
Во Делчево со свечена академија синоќа започнаа тридневните настани по повод одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, при што беше упатен и јавен повик за доизградба на соборната црква во градот. Градоначалникот Иван Гоцевски во своето обраќање истакна дека обврска на сите граѓани е да придонесат за завршување на храмот, кој, како што нагласи, ќе претставува духовен центар, место на молитва и траен симбол на почитта кон ...
Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка, а највисока во Гевгелија. Како што информира УХМР изутринава на Попова Шапка се измерени седум степени, во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе 10, Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола и Берово 12, Тетово и Прилеп 14, Скопје-Петровец, Куманово, Штип и Виница 15, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица 16, Велес 17 и во Гевгелија 18 степени. Количината на врнежи ...
Лагите на Филипче и СДСM се повторни демантирани, Филипче и СДСM лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДСM ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет и никој не му верува. ...