Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
На тартан патеката во Градскиот парк денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи детската крос-трка по повод Меѓународната недела на здравјето. – Како и секоја година на овој ден со најмалите, децата од градинките го одбележуваме Светскиот ден на здравјето, со фокус на најважниот темел за секое општество – здравјето – соопштуваат од ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ кои ја организираат трката по петти пат. Во оваа спортска манифестација ...
Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена студентската тематска изложба „Дисторзии“ која ќе биде отворена за посетители до 19 април годинава. Како што соопштуваат организаторите, изложбата претставува обид за внимателно и критичко разгледување на системската дисторзија како општествен и институционален феномен што директно влијае врз обликувањето на младинската креативност и начинот на кој младите автори ја перцепираат сопствената ...
Романот „Немам страв“ од Трајче Стамески ќе биде промовиран вечер во салонот „19:19“ во Културно-информативниот центар во Скопје. Конечно, со овој роман, современата македонска книжевност доби психолошки трилер каков што досега немаше. Дело од македонски автор коешто со своите квалитети е рамо до рамо со најдобрите психолошки трилери што до македонската читателска публика доаѓаа само преку преводната литература, а го објави „Панили“, се ...
Тиииит! Инк. денеска со почеток во 19:00 часот, во просторот FRANZ (поранешен Клуб на новинари), ќе ја промовира книгата „Избришаното уживање: Клиторисот и мислата“ од француската филозофина и феминистичка теоретичарка Катрин Малабу. Изданието е дел од книжевната едиција Vagina Dentata и претставува едно од клучните современи дела кое ги отвора прашањата за телото, сексуалноста и женското уживање низ призма на филозофијата, политиката и ...
Во пресрет на најголемиот христијански празник, Велигден, Општина Крива Паланка организира богата програма и уникатно декорирање на центарот на градот што ќе донесе радост и убаво расположение кај сите генерации, информираат од општината. Градскиот плоштад и кејот на Крива Река се разубавени со раскошни цветни леи, внимателно аранжирани декорации и автентични велигденски реквизити. Според градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ...
Во Македонскиот културен центар во Истанбул вечер ќе биде отворена изложбата „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на македонската уметница Илина Арсова. -Изложбата претставува визуелно истражување на концептот на хармонија како состојба на рамнотежа, емпатија и заедништво. Во контекст на современите урбани средини, какви што се Скопје и Истанбул, обележани со неизвесност и динамични општествени и еколошки предизвици, проектот ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Корона пандемија – приказна за возрасни“ на Росано Чолаков. Како што информираа од тимот на Чолаков, на Денот на светското здравје ќе биде промовирана духовно-филозофска книга посветена на корона пандемијата. – Книгата претставува впечатлив спој на лични, длабоко интимни сведоштва од времето на пандемијата и научно аргументиран осврт заснован врз релевантни ...
Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежа на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на авторски филм во Белград и благодарение на оваа награда, од 19 март до 9 април се ...
Во рамките на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба во Белата куќа со Jarrod Agen, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД. – Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за ...
Во битолската галерија „Ранко Струмениковски“ синоќа беше отворена ретроспективна изложба посветена на истакнатиот македонски сликар Перо Спироски – Пипо (1928–1995), маркантен претставник на првата повоена генерација македонски современи сликари со академско образование и член на познатата уметничка група ВДИСТ. Изложбата содржи стотина дела создавани во полвековно активно и плодно сликарско творештво – пејзажи, актови, портрети и апстрактни ...
На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Кабинетот ќе се одржи настан со наслов „Климатски промени – ризици и предизвици“. На настанот ќе учествуваат универзитетски професори, експерти, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор. Дискусиите ќе бидат фокусирани на институционална рамка и законска регулатива за климатските промени, квалитет на воздухот и здравствените последици, климатските ризици, ...
Љубителите на убавата домашна литература деновиве одново ќе имаат можност да се сретнат со еден од најоригиналните македонски современи романи. Со поддршка на Министерството за култура и туризам, книгоиздателството „Виг зеница“ го објави романот „Дваесет и првиот“, едно од најбележитите дела на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за првата книга од повеќегодишниот проект на објавувањето избрани дела од истакнатиот писател, ...
Млад скопјанец бил лишен од слобода рано изутрина, откако во возилото што тој го управувал, пронајдени биле производи без документација. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска околу 1:10 часот на улицата Јадранска магистрала во Скопје, полициски службеници од ПО – Мирковци го лишиле од слобода А.И., 22-годишен скопјанец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од КЗ. – При преглед на ...
Во врска со вчерашните протести поврзани со прашањето за употреба на албанскиот јазикот при полагање на правосуден испит и административни постапки, Претседателството на Македонски Концепт донесе јасен и непроменлив став: Секој кој живее и работи во Македонија, треба да го знае македонскиот јазик и да полага на македонски јазик. Исто како во секоја нормална држава, членка на ЕУ. Ни повеќе, ни помалку!, стои во соопштението од партијата. ...
Народната банка соопшти дека организирала работилница наменета за државните институции за практичните аспекти при вршење плаќања во евра во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). – Ова е прва ваква работилница наменета за државата и државните органи, на која присуствуваа вработени од 60-ина институции, кои се вклучени директно во извршувањето одливни и приливни плаќања со странство – информира централната банка. Во текот на ...
Дали Зоран Заев земал мито од 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП-от во Тетово? Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако се спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во снимката која е достапна на социјалните мрежи се слуша дека Заев ќе ...
Архивот не е само минато. Архивот е темел. Темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината. Во неговите депоа, во неговите ракописи, во неговите документи, живее сведоштвото за нашите борби, за нашите победи, за нашите падови и повторни исправувања. Таму се наоѓаат и најсветлите страници од нашата историја, но и поуките кои нè направиле посилни, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија по повод ...
Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола за нов претседавач на Советот ја избра Жанета Ристевска – лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, за заменик претседавач избран е Митко Бошевски од адвокатската комора, додека за секретар избрана е Силвана Дејаноска – судски администратор во Основен суд Битола. Новото раководство на Советот на конститутивна седница усвои Деловник за работа, кој ...
На денешната средба со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, предводени од претседателот Јордан Димитровски, разговаравме за процесите на дигитализација во здравството и за можностите за вклучување на ИКТ секторот во нивниот понатамошен развој, информираше вечерва министерот за здравство Азир Алиу на Фејсбук. – Дигитализацијата е суштински предуслов за поефикасен, потранспарентен и подостапен ...
„Дизелот на светските берзи се зголеми над 10 отсто. Интервенцијата на Владата, со намалување на 4 денари за акцизата по литар дизел придонесе да не биде многу повисока цената од онаа која што ја имаме сега“, истакна Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на една од националните телевизии, се наведува во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Станковиќ посочи дека државата не може да биде изолирана ...
Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем, се вели во реакцијата од Министерството за правда по денешниот студентски протестен ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, каде што ја предводи високата владина делегација на втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која ќе се одржи утре. – Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на клучни области од ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска за најавата на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски дека следниот попис на населението ќе се спроведура електронски, нагласи дека битно е тој да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин. -Мислам дека тоа е прашање на надлежните институции што ги спомнавте одговорни за да го спроведуваат тоа. Ако тие се чувствуваат подготвени, одлично е. Ние немаме нешто против да биде ...
„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“. Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на ...
Претставници на 15-ина архиви и архивски асоцијации од регионот и Европа денеска во Скопје имаат средба во рамки на програмата за одбележување на јубилејните 75 години од постоењето на Државниот архив на Македонија. На средбата учествуваат гости од архивите на Турција, Албанија, Србија, Косово, Бугарија, Романија, Малта, Црна Гора, Босна и Херцеговина, од Архивскиот комитет на НАТО, ICARUS (International Centre for Archival Research) и од ...
Исплата од близу 94 милиони денари денеска е реализирана кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираа попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 – финансиска ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања. Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои, се вели во реакцијата на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија на соопштение на СДСМ. Во конкретниот случај, во ОУ Кочо Рацин во Куманово, немало никаква ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 1 258.6 милиони евра: +2.4 % и бележи пораст од 2.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 1 879.6 милиони евра, што е за 2.4 % повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Дехари, поради сомнежи за злоупотреба на службената положба поврзана со проект за улично осветлување. Пријава е поднесена и против уште едно лице од општинската администрација. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во телевизија Алфа, каде се осврна на владините мерки за цените на горивата, за што истакна дека кога станува збор за криза со енергенси, неопходно е да се води сметка за целокупната стабилност. Митева напомена дека е горда на Владата, затоа што, како што вели таа, навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата. ,,Владата уште пред две недели имаше вондредна владина ...