Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, остварил работна средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) во Македонија, Роберт Скот Хејзлет. На средбата бил искажан заеднички интерес за унапредување на соработката помеѓу Министерството за јавна администрација и НДИ, со акцент на реализација на активности кои ќе го зајакнат партнерството за отворена, транспарентна и отчетна власт, информираат од МЈА. Разговорот се ...

Починатата Борјанка Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Сакал веднаш да пријави во полиција, но немал кредит на телефонот. Вака денеска сведочеше 74 – годишниот Денис Асанов од Штип, кој е обвинет за убиството на 79 – годишната Николова. Според него истата вечер двајца млади луѓе му ставиле вреќа на глава и го врзале за дрво, а потоа почнале да копаат дупка во неговиот двор. Асанов го ...

Општина Делчево го започна процесот на изработка на новиот стратешки документ кој ќе го планира локалниот економски развој за период од пет години. На работилницата присуствуваа претставници од институциите, од граѓанскиот сектор, од бизнис-заедницата и од Општина Делчево, а првата работилница ја отвори градоначалникот Иван Гоцевски. Гоцевски за Стратегијата за ЛЕР кажа дека е еден од најважните стратешки документи што го планира стратешкиот ...

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во населбата Потстаница, што е во завршна фаза на подготовки пред нејзиното официјално отворање, информираат од Општина Кисела Вода. Станува збор за нов објект на ЈДГ „8 Март“. При денешната посета на објектот, Мицкоска донела подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа. Од Општина Кисела вода соопштуваат дека внатрешноста на ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа. Со оваа инвестиција, како што информираат од прес-службата на општината, се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона. -Ја поврзуваме оваа зона со водоводната мрежа, носејќи конкретна ...

Владите на Македонија и Соединетите Американски Држави денеска објавија Заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што информираат од Министерството за ...

Министерството за животна средина и просторно планирање на системски начин го унапредува менаџирањето со водите и го усогласува со стандардите на Европската унија, истакна денеска ресорниот министер Мухамед Хоџа. Одговарајќи на прашање на пратеникот Димитар Ковачевски, на Собраниската седница наменета за прашања од опозицијата, тој нагласи дека изминатиот период биле преземени значајни чекори за унапредување на тоа прашање, кое е во склад со ...

Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија, се наведува во соопштението на „Тиквеш“ кое МИА го пренесува интегрално. Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни ...

ЈЗУ Општа болница Велес во текот на минатата и оваа година се опреми со нова апаратура за дијагностицирање, превенција и лекување на одредени заболувања и третман кај пациентите. На Нервното одделение е набавен ЕКГ и интерфузер, на Рендген одделението нов дигитален рентген апарат и дензитометар или популарно наречен Дексаскен, кој ја мери минералната коскена густина, односно квалитетот на коските и заболувања со остеопороза, како и новиот ...

Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место во „АД Гробишта Бутел“, при што на оштетените им биле нанесени повеќе телесни повреди и во јавноста било предизвикано чувство на страв и несигурност. Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје, против тројцата поведена е постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство. Според наводите, ...

И покрај значајниот и докажан придонес во развојот на македонската културно-уметничка сцена, ромските уметници сѐ уште остануваат маргинализирани, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со истакнати ромски уметници и културни дејци, по повод Меѓународниот ден на Ромите. Како што соопштија од Кабинатот на претседателката, на средбата, која се одржала во духот на отворен и конструктивен дијалог, биле разменети ...

Владата донесе одлука за целосно реновирање на зградата на Инфективното одделение на велешката Општа болница со 75 милиони денари, инсталирање на систем за гасови за операционите сали на болницата, информира заменик-министерот за здравство Јовица Андовски по денешната посета на болницата при увидот на набавена вредна нова здравствена опрема. -Проектот за Инфективното одделение за велешката ЈЗУ Општа болница е веќе направен. Тој заврши и сега ...

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“ објави конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата. Заинтересираните можат да аплицираат на конкурсот до 10 јуни 2026 година на полноќ. Сите материјали треба да се доставуваат електронски на адресата [email ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска го пуштија во употреба целосно реконструираното мултифункционално спортско игралиште во ООУ „Браќа Миладиновци“. -Со оваа инвестицијата на Министерството за спорт извршена е комплетна реконструкција на спортскиот комплекс, кој сега нуди современи услови за повеќе спортови – фудбал, ракомет, кошарка и одбојка. Просторот е опремен со нови реквизити и ...

Партнерите на Дака – СДСM, Филипче и Заев молчат за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција. Нема одговори од СДСM, Филипче и Заев за тоа каде завршиле 4 милиони евра кои Дака според аудио снимките од неговиот разговор со Кичеец, му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово. Дополнително, се поставува прашањето дали Заев освен овие 4 милиони ...

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречиле влез на пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која, како што информираат од Агенцијата, требало да транзитира низ нашата држава. Пратката, како што информираат од АХВ, е вратена во согласност со донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари, која е присутна во соседна ...

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, остварија празнична средба со граѓани, припадници на ромската заедница. -Во пријатна атмосфера, упатив срдечни честитки до етничката заедница, по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Разговаравме за актуелни теми кои ги засегаат жителите од повеќе населби, за создавање на услови и можности за нивната вклученост во ...

Мерката што ја направи Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто за нафтените деривати, а сега и можноста Регулаторната комисија да ги намали акцизите и на дизелот и на безоловните горива, придонесе на месечно ниво да имаме една од најниските стапки на инфлација – порача денеска од говорницата на македонското Собрание претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Одговарајќи на пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче, за тоа кои ...

Законот за правична застапеност, покрај соодветна застапеност, ќе го подобри квалитетот на работа на администрацијата – изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, а кој присуствуваше на реконструкција на улица во општина Шуто Оризари. Законот набргу треба да оди во собраниска процедура, ги поминал сите филтри на Владата, добил позитивно мислење од Венециската комисија и покрај правичната ...

Ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Ја помрднал, но не давала знаци на живот. Ова е дел од исказот на 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Според него, тој сакал да го пријави случајот во полиција, но немал кредит на телефонот. Бидејќи било доцна во ноќта, излегол во дворот, каде што, според неговиот исказ, го пресретнале две помлади лица. ...

Нула опасност за водата и во Ореовец и во Прилеп. Сите извори се наоѓаат во строго заштитени зони во кои се забранети какви било активности, а и државниот и приватните каменоломи се надвор од нивните граници. Ова го потврдуваат сите анализи, како и посебниот елаборат кој уште пред повеќе од 10 години е изработен за потребите на Јавното претпријатие Водовод и канализација – Прилеп. „Тоа подразбира определена површина која што е заштитена и во ...

„Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“, е насловена меѓународната работилница, што се одржува во Скопје, во организација на Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД – СИГМА. – Оваа работилница претставува една од клучните цели на самата организација, на земјите кандидати и потенцијални кандидати во Европската Унија, што претставува начин на размена на знаења и искуства во делот на ...

Се поголем број на ученици во Македонија читаат, но не разбираат што прочитале. Истражувањата покажуваат загрижувачки резултати. Децата се потешко ги искажуваат своите мислења, не ги разбираат текстовите што ги читаат и имаат прблем да влезат во дискутисија за нив. ИСППИ спроведе анализа на 1288 деца од четврто и осмо одделение. Децата одговарале на 6 прашања за два раскази од кој еден со позната и еден со непозната содржина. „Еве неколку ...

Уставниот суд, денеска, ја одржа 9. седница, на која го поништи Законот за изменувањето на Законот за платите на судиите („Службен весник на Македонија“ бр. 39/2026). При конечното одлучување за поништување на Законот за изменувањето на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската независност и самостојноста на судството како составен дел од уставно ...

Пред велигденските празници, кога е и актуелен откупот на јагнињата, за повеќе од 40 денари е зголемена откупната цена и сега изнесува од 280-290 ден. за килограм жива мера. Сточарите задоволни. Велат, со овие откупни цени, како и со доисплатата на субвенциите по грло за минатата година, можат да размислуваат дури и за зголемување на стадата. „За жал, навистина беше намален бројот на овци на државно ниво, но сега, оваа исплата на субвенциите, ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во седиштето на Американска меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ) во Вашингтон, присуствуваа на свеченото потпишување договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари, наменети за истражување критични минерали во Македонија. Договорот, како што информираат од Кабинетот на Божиновска, е ...

Досега се откупени и извезени околу 100 000 јагниња во Велигденскиот откупен „шпиц“. Цената за сточарите е добра, а со исплатата на преку една милијарда денари субвенции за грло овца, се заокружува целосната исплата за одгледувачите на овци во Македонија за 2025 година, истакна пред одгледувачите на овци министерот за земјоделство Цветан Трипуновски на денешната средба со нив во Прилеп. Откупната цена моментално е 280 денари и е повисока од ...

Собранието денеска го утврди дневниот ред на 97. седница по што работата продолжи со поставување прашања од опозициските пратеници до членовите на Владата. Според дневниот ред, на 97. седница Собранието треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за ...

Пониските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во земјата ја зголемија фреквенцијата на патници на граничниот премин Ќафасан за време на викендите. Повеќето од патниците, пред сè, од пограничните места во соседна Албанија, доаѓаат во Струга на кратки еднодневни посети да наполнат гориво и да набават прехранбени продукти. Зголемена фреквенција се очекува и во пресрет на продолжениот велигденски викенд. Според податоците на СВР ...

Со интонирање на ромската химна, подигнување на ромското знаме, читање ромски творби и доделување ваучери во Општина Штип денеска се одбележа 8 Април – Светскиот ден на Ромите. Ерол Адемов советник за ромски прашања во Општина Штип истакна дека во фокусот и годинава беше образованието како клучен фактор за подобра иднина. Најуспешните основци, средношколци и студенти Роми добија вредносни ваучери, како признание за нивниот успех. -Во Општина ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
44%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.04
67%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9875

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Кобалт

45.39