Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
ВМРО-ДПМНЕ им го честита празникот Курбан Бајрам на сите граѓани припадници на исламската заедница, со желби за мир, спокојство, хармонија и здравје, стои во соопштението. Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста, на хуманоста, кои се принципи за обединување и поврзување. Македонија има традиција на меѓусебно почитување и разбирање меѓу сите граѓани и почитување на различностите. Нашата заедничка обврска е да продолжиме да градиме ...
Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб вчеравечер беа претставени дела на четворица современи македонски уметници — Ѓорѓе Јовановиќ, Јасмина Главинче, Владимир Лукаш и Вук Митевски — кои преку цртеж, слика, графика, илустрација и анимациски имагинариум ги истражуваат внатрешните пејзажи, личните состојби, сеќавањата и фрагментите на современото искуство. На отварањето на изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за култура ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акциски план за нејзино спроведување. Националната стратегија 2026-2030, како што информираа денеска од ДКСК, претставува клучен стратешки документ за превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, подготвен преку широк консултативен ...
Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска потпишаа Меморандум за соработка за развој на културата, туризмот и културно-туристичката понуда во главниот град. Градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град. Со соработката се предвидува поголема видливост на ...
Квалитетот на јавните политики, нивната предвидливост и начинот на кој се вклучуваат засегнатите страни во процесот на нивно креирање се важни предуслови за подобро деловно окружување, значајни иновации, поголема конкурентност и долгорочно одржлив економски развој. Ова беше во фокусот на работниот дијалог „Редефинирање на креирањето јавни политики: од консултации до заедничко создавање“, организиран од Американската стопанска комора (АмЧам) ...
Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година. Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025. Според последните проекции на Евростат населението на ЕУ се очекува да се намали за 11,7% до 2100 година, што значи 53 милиони луѓе помалку до стартот на следнот век. Според проекциите, ...
Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3 проценти, а реално за 11.3 проценти, ...
Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар на Македонија влегува во завршна фаза и се очекува институцијата наскоро да добие современи услови за работа, соопшти министерот за култура, Зоран Љутков, при денешната посета на објектот во рамки на Националната опера и балет. При посетата, Љутков посочи дека оркестарот е основан во 2023 година, кога е изработен и проект за целосна обнова на објектот преку студиото „Мегарон ...
Локалната инфраструктура во Општина Маврово и Ростуше продолжува да се модернизира со засилено темпо. – Во тие рамки успешно заврши втората фаза од капиталниот проект за рехабилитација, проширување и асфалтирање на улица во село Скудриње, кој беше реализиран со финансиска поддршка од македонската Влада со кофинансирање на дел од средствата од буџетот на општина Маврово и Ростуше, информираа од општината. По повод финализирањето на градежните ...
Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и опсежна истрага за акцизна стока која досега било незамисливо некој воопшто да работи на ова, рече директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во гостување на една од националните телевизии, информира прес-службата на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...
В четврток и петок во седум општини од Југосточниот плански регион ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци, соопштија денеска од Центарот за развој на Југоистокот. Во четврток ќе се прска во Радовиш (9 часот), Конче (12 часот) и Струмица со почеток во 12 часот. Во петок прскањето ќе продолжи во Валандово (9 часот), Василево (12часот), Босилово (9 часот) и Ново Село со почеток во 12 часот. Од Центарот за развој на ...
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...
Центарот за истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, денеска ќе организира настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан. Во рамки на настанот ќе биде презентиран Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот, како и сет препораки за ...
Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија ќе биде потпишан денеска на настан во Ректоратот на УКИМ, на кој ќе присустува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. УКИМ, настанот го организира со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а Меморандумот ќе биде потпишан ...
Здружението „Икуалити“, во рамки на меѓународниот проект „ID: CITIZEN“, организира онлајн конференција посветена на унапредување на пристапноста, универзалниот дизајн и системските решенија за еднакво учество на лицата со попреченост во јавниот простор и заедницата. На конференцијата, како што е најавено, ќе бидат претстави клучните искуства и резултати од студиските посети реализирани во Полска и Словачка како и публикацијата „Препораки за ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе ја посети НУ Оркестар за џез музика на Македонија. За време на посетата министерот Љутков ќе се запознае со текот на работите за реновирање и уредување на работните простории во кои треба да биде сместен Националниот џез оркестар. Изјави за медиуми предвидени се за 11:45 часот. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе ја посети НУ Оркестар за џез музика на Македонија. За ...
Националното здружение за мултипла склероза денеска ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза. На настанот излагање ќе имаат Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за мултипла склероза, Асс. д-р Јован Божиновски, в.д. директор на Универзитетска клиника за неврологија, д-р Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување и науч. сор. д-р Слободанка Бурнеска Саздова од Клиниката за неврологија. ...
Струмица денеска ќе биде петтиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамки на Плазма Спортските игри за млади. Овој голем спортски настан за првпат оваа година се одржува во Македонија, а претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, ...
Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината. -Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот, ...
На овој благословен ден на Курбан Бајрам, ВЛЕН на сите граѓани од исламска вероисповед им посакува мир, здравје, добрина и бериќет во нивните семејства, стои во соопштението на ВРЕДИ. Овој празник нè потсетува на пожртвуваноста, дарежливоста и грижата за другиот. Нека биде ден на зближување, простување и солидарност, во кој никој нема да остане сам и во кој убавиот збор, посетата и подадената рака добиваат посебно значење. Честит Курбан ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. – Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, со желба да го ...
СДСМ, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства. Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум ...
Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – е комплетно завршено, а во моментов се одвиваат активности во т.н. Стар дел, за кои се очекува да бидат завршени во втората половина на јуни – рече директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. – Минимум два пати неделно одржуваме состаноци со проектанти, ревиденти, изведувачи и ние како инвеститори. Секојдневно сме на терен во самата ...
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. – Дозволете ми во мое лично име и во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот ...
Најстудено утрово беше во Берово и на Попова Шапка со измерени 9 степени, додека најтопло утро беше во Велес со 19 степени. Како што соопшти УХМР изутринава се измерени 10 степени во Mаврови Анови и Лазарополе, 11 Крива Паланка, 12 Битола, 13 Тетово, Охрид, Претор, Kрушево, 14 Скопје-Петровец, 15 Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, 16 Виница, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, 19 Велес. Времето денеска ќе биде сончево и ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам посакувајќи благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во семејствата. Гаши истакнува дека на денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит. Овој свет празник, потенцира собранискиот спикер, нè потсетува на важноста од грижата едни ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечер ќе се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. На приемот, насловен „Лидерството и културата како мостови меѓу цивилизациите“, ќе се обратат поранешниот претседател, д-р Ѓорге Иванов, директорот на Институтот за културна дипломатија од Берлин, Марк ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на телевизија „Алфа“ истакна дека актуелната власт успеала да го запре, како што рече, „падот на државата“ и веќе ги дава првите резултати преку реализација на капитални проекти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Според Јаревски, граѓаните имаат можност транспарентно да ја следат реализацијата на проектите преку новиот портал каде во реално време може да се видат капиталните инвестиции, ...