Од утре, 10 април, започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ, со што на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ. Влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографија, со цел ...

Во Крива Паланка почнаа градежните активности за уредување на дел 1 и дел 4 од мајор коритото на Крива Река, финансиран од Владата на Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 27.7 милиони денари, а со истиот е планирана изградба на: пешачки и велосипедски патеки, цветни леи, уредени зелени површини, пешачки мостови, уредени плоштади и простори за одмор и дружење, со ...

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорот 10 д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево – Охрид оваа делница ќе стане функционална. – Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат во согласност со предвидената динамика. Моментно се работат галериите. Имавме мала тешкотија, морам да признам, особено во делот на ...

Од почетокот на годината заклучно до вчера откупени се околу 35 милиони килограми зелка. Откупот се одвива непречено, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при посетата на струмичкиот регион. – Ако зборуваме за пролетната, млада зелка од оваа реколта, од крајот на февруари до вчерашниот ден откупени се околу 30.000 тони. Откупот се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на ...

– Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај намалувањето на цената на нафтата и нафтените деривати, предизвиците со цената на горивата остануваат и се следат на дневна основа. Истакнува дека Владата се справува прилично стабилно и покрај, како што изјави денеска, историски најголемиот обем на криза. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струга, потенцира дека имаме доволно резерви, нема најава за какви било ...

Инвестиции, нови работни места, подобар живот за граѓаните, енергетска стабилност, сајбер безбедност, унапредување и во делот на одбраната. Засилувањето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД може да донесе само добро за македонските граѓани. Според познавачите квалитетната и блиска соработка меѓу Скопје и Вашингтон ќе биде од корист и за двете страни, со оглед на добропознатата позиција на САД во светските политички текови. -Се ...

Споредба на цените на лебот, млекото, маслото за јадење, јајцата за да се знае дали и колку поскапеле основните прехранбени производи. Премиерот Мицкоски вели дека го задолжил Министерството за економија и труд да изработи анализа, за Владата да ги планира следните чекори за заштита на животниот стандард на граѓаните. Резултатите од деталното истражување ќе бидат познати по празниците. Во пресрет на Велигден, Државниот пазарен инспекторат ги ...

Македонија рапидно старее – бројот на луѓе со наполнети 80 години од 22.000 колку што е сега, ќе порасне на дури 144.000. Пензискиот систем едвај се одржува, и цело време е во минусно сладо, состојба која може да се влоши со стареењето на нацијата. И не само што старееме, туку и државата веќе пет години нема никаква стратегија за луѓето постари од 65 години. Фрапани податоци од истражувањето на државниот завод за ревизија за периодот од ...

По повеќе од две децении повторно ќе почне да функционира средното полициско училиште. Оние кои сакаат да работат во иднина како полицајци, прво ќе треба да поминат две години во средно училиште, а следните две во полициската академија, која ќе функционира во склоп на центарот за обуки во Идризово. Училиштето ќе започне со работа на 13 мај, а кандидатите ќе треба да исполнуваат повеќе услови, првенствено да се здравствено и психофизички ...

Не побарале надомест за оштетени куќи, вили и хациенди, но побарале времено запирање на работите во државниот каменолом поради наводно оштетени куќи, вили и хациенди. Контрадикторни постапки на ореовчани кои завршиле и со изгубен судски спор. Дел од соптвениците на имоти во ова село прават се и се жалат секаде во обид да го блокираат пристапот до државниот каменолом од кој треба да се вади материјал за изградба на автопатот, дел од Коридорот ...

Родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ во текот на судењето ќе слушнат од што точно и како загинаа нивните деца. Овој одговор го добија дел од нив кои изутрината дојдоа во Институтот за судска медицина во Скопје на средба со директорот, Александар Станков. Тој им објаснил дека Институтот не смее да дава никакви податоци за извршените анализи поврзани со нивниот дел од работата во случајот, бидејќи тие анализи се дел од доказната постапка ...

Боре Видевски, еден од осудените за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски не е во животозагрозувачка состојба. Втор ден како е сместен на Клиниката за нефрологија, поради проблемите кои ги има со бубрезите. Неговата хоспитализација ја одложи седницата пред апелационите судии за 11 мај. Неговиот адвокат бара тој да биде задржан на болничко лекување бидејќи, како што тврди, резултатите на Видевски ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамките на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Македонија. Во своето обраќање, како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски ги истакнал клучните надворешнополитички приоритети на државата нагласувајќи ја посветеноста кон ...

Приведен бил радовишанец, осомничен за предизвикување пожар што зафатил шума и викендичка на планината Плачковица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К., 64-годишен радовишанец, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината ...

На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување – соопшти Министерството за здравство. Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица што може да бидат живи донори на органи, олеснување и измена на ...

Концесионерот на македонските аеродорми, ТАВ Македонија, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред. Од ТАВ Македонија денеска соопштија дека престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во компанијата. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното место, преку анкета на ...

Со само еден повик или посета на матичниот лекар, секој што сака ќе може да стане донор на органи. Се поедноставува постапката со која граѓаните ќе решваат што со по нивната смрт. Ова го предвидува новиот предлог-закон со кој се менува системот за трансплантација во земјава. Целта е да има помалку бирократија, повеќе почитување на волјата на луѓето.Од Министерството за здравство откриваат дека со измените се проширува и кругот на живи донори. ...

Поради сомнеж дека го надминува законското овластување, воспоставува автономен систем на плати без соодветна законска рамка и не содржи јасни и објективни критериуми за утврдување на платите, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на колективниот договор за култура – се наведува во соопштението на Уставниот суд како појаснување за одлуката донесена на 9. седница одржана вчера по поднесена иницијатива од ...

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископоот охридски и македонски, г.г. Стефан, и членовите на Светиот архијерејски синод, упатија пасхално послание по повод велигденските празнувања: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, кое извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме ...

– Авиокомпанијата Wizz Air организира отворен ден за пилоти, со цел поддршка на растот и развојот на своите операции во Скопје. Отворениот ден ќе биде организиран во две области – за искусни пилоти, капетани, копилоти и кадети, како и посебен сегмент на Wizz Air Pilot Academy, наменет за идни пилоти кои се на почетокот од своето авијациско патување. Настанот, според организаторот, нуди можност на заинтересираните кандидати да се информираат ...

Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавна седница по поднесените жалби на првостепената пресуда за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес со која Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ...

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски денеска ќе дадaт свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери со мандат од седум години, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по ...

Средношколци од СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес денеска ќе го посетат Собранието на Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт. „Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието. – Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и на процесот на донесување закони ...

Во Музејот на современа уметност вечерва ќе се одржи културен настан насловен „Гласот на ромската жена“ во организација на Ромскиот културен и медиумски центар „Бариканипе“ од Скопје. Настанот се организира по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, а во рамки на одбележувањето ќе биде промовирана книжевната едиција „Авантурите на лавот Лео“, составена од четири сликовници на ромски и македонски јазик. Автор на изданијата е младата ...

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. – Овој настан е дел од иницијативата на Општина Кисела Вода за зајакнување на ...

Делови од општина Центар и општина Ѓорче Петров денеска ќе останат одреден временски период без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа. Регионалниот центар за управување со кризи. повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, информира дека во периодот од 06 до 12 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Ленинова“ околу Холандската амбасада, дел од улицата „Коле Неделковски“ и дел од улицата „Киро Крстевски- Платник“ во ...

Дојран се подготвува да ги пречека првите туристи и викенд посетители за Велигден. Општинските власти спроведоа повеќе активности за уредување на зелените површини, искосен е паркот во централното подрачје, уреден е пристапот до старата црква „Св. Илија”, а се коси и зелениот појас по должината на регионалниот пат од Стар до Нов Дојран. Надлежните велат дека подготовките за пролетниот старт на туристичката сезона во Дојран ги започнале уште ...

Во пресрет на Велигден пензионерките од „Активот на жени“ на едукативно-креативна работилница во ООУ „Киро Глигоров“ ги учеа седмодделенците за велигденските обичаи, вапсувањето јајца и подготовките за големиот празник како дел од часот по домаќинство. Како што соопштуваат од Општина Центар, на настанот присуствувал и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. – Бев сведок на прекрасна атмосфера, каде што младите учеа од ...

Дрога била пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, по што приведен бил 25-годишен жител на селото. – Вчера во 16:35 часот во село Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР – Свети Николе го лишија од слобода А.Т., 25-годишник од селото. При претрс во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд – Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага, ...

Просечната старост на населението е зголемена од 32,3 години во 2000 на 41,8 години во 2024 година. Учеството на лицата над 65 години расте, додека уделот на помладите генерации опаѓа. Главната причина за демографскиот пад не е само нискиот наталитет, туку и емиграцијата на населението, се наведува во Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на успешност на тема „Стареење на населението“. Истражувањето е направено со цел да се ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
81%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.75
55%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.34
46%
1012
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.63
46%
1018
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
8.75
56%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
46%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9791

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Бакар

12.46

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Цинк

0.00