По повод големиот христијански празник Велигден, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки со желби за добро здравје, мир и благосостојба во секој дом. Христовото Воскресение е ден на радоста и ден кога Христос ја победил смртта, стои во честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Воскресение Христово – Велигден. Нека светлината на Христовото Воскресение донесе надеж, сила и нова енергија за надминување на сите предизвици со кои се соочуваме како ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод Велигден упати честитка до граѓаните дека денес повеќе од кога било ни е потребна вера и избор – да останеме луѓе. -Велигден потсетува – верувајте, секогаш има нов почеток. И секогаш има светлина. Денес, повеќе од кога било, ни треба вера – не како навика, туку како избор. Избор да останеме луѓе. Да подадеме рака. Да не се откажеме еден од друг, истакнува ...

Во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата од општината, денеска со радост и празнична енергија ќе се реализација традиционалната манифестација “Велигденска традиција 2026” во културно-историскиот локалитет во село Градец. -Да ја споделиме радоста и топлината на празникот, да ја оживееме нашата културна и музичка традиција и да создадеме незаборавни моменти за сите генерации. На програмата настапуваат: ...

Сонцето на надежта за нашите млади свети посветло од кога било. Со Оперативниот план за вработување за 2025 година, од вкупно околу 13.000 лица планирани за вклучување, 8.576 или 70,9% се млади луѓе до 29 години. Ова е јасен показател за определбата на помладата генерација да го пронајде своето место на пазарот на трудот и да ја гради иднината со свои раце, стои во соопштението од ВРЕДИ. Во најатрактивната мерка за вработување, ...

Честитки по повод Христовото воскресение Велигден до верниците упатија градоначалниците од поширокиот дебарски регион, како и Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР. -Искрени честитки до сите верници по повод големиот празник Велигден, празник кој го носи духот на надежта, љубовта, добродетелството и благородноста. Велигденските празници нека го исполнат секој дом со мир, радост, љубов, здравје и бериќет, посака градоначалникот на ...

– Претседателот на СДСМ Венко Филипче им го честита на сите православни верници денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, истакнувајќи дека Велигден е симбол на спасението. -Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците, вели Филипче во честитката. Тој наведува дека победата на ...

Дилемите околу точниот час во кој починал Исус Христос кога бил распнат на крстот кои ги предизвикуваат различните наводи во четирите Евангелиа не се единствените во овие свети христијански дела. Евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован даваат и различни податоци за она што се случувало откако Исус бил погребан и за сведочењата за неговото воскреснување кое се случило во неделата. Од овие записи, кои настанувале во периодот од 30 до 60 години ...

Нема никаква дилема дека суштината на христијанството е во воскреснувањето на Исус. Без тоа, христијанството не постои (иако, всушност се’ почнува со Божик, зар не?). Но, дали христијанството започнува со Марија Магдалена, а не со Исусовите апостоли чие челно место го зазема Петар, карпата врз која Исус ја изградил својата црква? Тоа е прашање кое се чини намерно се поттурнува под тепих, зашто ако евангелијата се вистина, тогаш ...

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Велиден, упати честитка до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до свештенството и до правосланите верници. -Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како заменик-претседател на Владата, ...

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат денеска. Како што соопшти собраниската прес-служба, мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. ...

Американскиот надворешно – политички експерт Гладин Папин се смета за еден од клучните луѓе во градењето на односите меѓу Унгарија и администрацијата на претседателот Трамп во САД. Папин, кој е директор на унгарскиот Институт за меѓународни прашања, ги изложи своите погледи кон изборите во Унгарија, за обидите на ЕУ да и помогнат на унгарската опозиција и за реакцијата на Вашингтон. Унгарија му предизвикува потешкотии на Брисел на повеќе ...

Делагација на Општина Делчево е во посета на иселениците во Италија, каде денеска беше остварена плодна и конструктивна средба помеѓу градоначалницитет на Делчево, Иван Гоцевски, и на Монфорте д’Алба, Италија, Ливио Џенезио, при што беа поставени темелите за продлабочување на меѓуопштинската соработка. Како што информира градоначалникот Гоцевски на неговиот фб профил, средбата претставува значаен чекор кон воспоставување посилни партнерски ...

Комитетот за човекови права на ОН заклучи дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на етнички Македонец, коосновач на непрофитна организација за човекови права, кога домашните судови го отфрлиле неговото барање за регистрација на здружението без да обезбедат валидно правно оправдување. Како што информира, Комитетот разгледувал индивидуална жалба поднесена согласно Првиот факултативен протокол, од историчар по професија, кој ...

Правичната и соодветната застапеност е уставен принцип, но четвртина век никогаш не станал закон. Имавме крпеници и ништо друго. Без закон, ДУИ полесно манипулираше. Без закон, полесно беше да се држи Албанецот како заложник со измама – вели Астрит Илјази од Вреди во изјава што МИА ја објавува интегрално. И Албанецот го видел сето тоа. Тој видел како се вработуваат луѓе без заслуги. Тој видел како другите се изоставени, иако го заслужувале ...

Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Се извинувам за денешното мое обраќање, во предвечерието на големиот празник, но чуствувам обврска и одговорност да ја запознаам јавноста. Како Влада, континуирано дека ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи и пресметки со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Согласно тие информации, очекуваме дека ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод претстојниот христијански празник Велигден истакна дека чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност. -Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот ...

Вниманието на светската јавност е насочено кон Исламабад, Пакистан, каде денеска започнуваат преговорите меѓу САД и Иран, од чиј исход ќе зависи иднината на Блискиот Исток. Американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј Ди Венс, заедно со специјалниот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Иранската делегација во Исламабад брои 71 член, а ја предводат претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф и министерот за надворешни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД ќе ја вложат целата своја економска моќ за да обезбедат инвестиции и просперитет за Унгарија. Изјавата доаѓа во контекст на изборната кампања на Виктор Орбан, кој има поддршка од Вашингтон. „Мојата администрација е подготвена да ја употреби целата економска моќ на Соединетите Држави за да ја зајакне унгарската економија, како што сме правеле за нашите големи сојузници во минатото, доколку ...

Албанскиот премиер Еди Рама, ги отфрли тврдењата на лидерот на опозицијата, Сали Бериша, за блокади од 9 земји членки на Европската унија, додавајќи дека очекува позитивен развој во процесот на европска интеграција на земјата до мај. -Вето става една држава. Ако се девет, тоа не е вето, туку гласање. До крајот на април или почетокот на мај ќе се види вистината, порача Рама, директно обвинувајќи го Бериша, дека шири неточни информации за ...

Врховниот лидер на СДСM, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово, стои во партиското соопштение од денешната прес-конференција на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДСM и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година. 4 ...

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, во велигденската порака потсетува на одговорноста која граѓаните ја имаат кон верата. Поглаварот повикува на вистинско покајување и обновување, верниците да бидат верни кон Бога и милостливи едни кон други, бидејќи во овие денови светот кој ни го подари Бог, вели г.г. Стефан, повторно се соочува со судири, поделби и неправди. Поглаварот на Македонската ...

Во милениумскиот град, кој секогаш знаел ширум да ги отвори портите за сите оние што сакаат веста за Христовото Воскресение да ја дочекаат токму тука, владее посебна живост. На Охрид му се восхитуваат бројни туристи од соседството, како и странци, кои знаат да ги впијат убавините на тивкиот и спокоен град. Велигден, велат тие, е празник на радоста и среќата, а Охрид буди силни духовни чувства. „Охрид е незаменливо место за дочек на ...

Полициски службеници од ОВР Делчево во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток вчера во 19:30 часот во Делчево го лишиле од слобода А.К. (48) од Делчево, во чиј дом била пронајдена дрога и огревно дрво без документација. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста ...

Старата тартан подлога од атлетската патека на фудбалскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес неделава е извадена и веднаш по празниците ќе продолжат градежни работи за поставување на нова. Средствата во висина од 19 милиони 290 илјади денари или околу 200 илјади евра, за реализација на проектот „Реконструкција на атлетска патека во Општина Велес“ се обезбедени од Министерството за спорт. Златко Стојковски директор на ЈП „Парк спорт“, кое е ...

Се јавија од СДСМ, поточно раководството предводено од чуварот на фотелјата во партијата Венко Филипче, загрижени за граѓаните и нивниот стандардот, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Еве ќе ги потсетиме кратко што се презема по случувањата на Блискиот Исток. Тоа е мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, потоа одлуки за нивелирање на акцизите за дизел горивата и бензините. Дополнително, ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување, но нагласува дека не верува оти „може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија“. Мицкоски, одговарајќи на новинарски ...

Крушево е веќе резервирано за Велигденските празници. Околу 2 000 гости и туристи, претежно домашни, ќе ги поминат празниците во историско и туристичко Крушево кое од лани е на листата на 100 топ светски дестинации во зелената агенда. Градот ги нуди културата, историјата, традицијата и природните убавини. -Моментално имаме најава за доста добра туристичка сезона во Крушево. Капацитетите за Велигденските празници во приватниот сектор се речиси ...

Малолетници проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција во Неготино, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Рано изутрина во 00:05 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од овој град. Кога ги забележале полициските службеници, двајцата малолетници проголтале бела грутчеста материја, што подоцна ја исфрлиле од устата и им била ...

Три возила се опожарени ноќеска на подрачјето на Бит Пазар, соопшти МВР. -На 11.04.2026 во 04:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.М.(58) од Скопје. Од пожарот се зафатени и патничко возило „бмв“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со скопски регистарски ознаки, наведуваат од МВР. Од Бригадата за ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои десет управувале возило без возачка дозвола и двајца управувале возило под дејство на алкохол. Без водачка, како што информира МВР, во Скопје возеле двајца, по еден во Штип и во Кичево, двајца во Велес и четворица во Тетово, од кои двајца ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Цинк

0.00

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Бакар

12.46

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40