Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk. Рокот за поднесување пријави е до 13 февруари 2026 година, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 16 февруари 2026 година. Како што информираат од општинската прес-служба, предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, ...
За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 12 часот, поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Ресен – Македонски Брод. -Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони – соопшти ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. – Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307, се наведува во соопштението од ...
Бебето што почина во Кавадарци, во болницата било примено поради обилно повраќање по хранење, соопштија денеска од болницата, откако СВР Велес информираше за смртта на двомесечното бебе и дека неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Во соопштение до јавноста, директорката Гордана Ѓорчева-Камчева изрази сочувство до родителите и појасни каква била здравствената состојба на бебето при неговата хоспитализација. ...
Младите од Делчево наскоро ќе добијат свој Младински центар, кој ќе функционира како сервис за млади со цел нивно обединување, мотивирање и активно вклучување во општествениот живот, информираше градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Во моментов во тек е уредување и опремување на просторот во зградата на старото собрание, кој по предлог на градоначалникот и по донесена одлука на Советот на Општина Делчево, е отстапен на користење ...
– Почна тампонирањето на улици на градските гробишта во Куманово, соопштија денеска надлежните од јваното претпријатие „Чистота и Зеленило“. Оттаму наведуваат дека уличките се тампонирани со гребен асфалт. Имавме одредена количина на гребен асфалт и ги тампониравме уличките каде беше најкритично, онаму каде што се задржува вода по дождливите денови и каде има кал. Граѓаните реагираа и успеваме со тампонирање да го санираме проблемот. Ќе ...
Не постои ниедна објава во стручната медицина што покажува некаква корист од пушењето. Сите ние, и пушачи и непушачи, мора да работиме на тоа да се намали бројот на пушачи, вели професор доктор Мирко Станетиќ од Босна и Херцеговина. Станетиќ, кoj e истакнат специјалист пулмолог и редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука, во интервју за МИА вели дека Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и сите земји од ...
Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на СКАДА системот на водоводната мрежа во Штип. Капитален проект, којшто е е во насока на подобрување и решавање на водоснабдувањето на домаќинствата и стопанските објекти. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека на 35 точки ќе се инсталираат уреди, со кои ќе се регулира протокот на водата за пиење, ќе се намалат загубите на водата низ мрежата, но и веднаш ќе се ...
Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за студенти, стопанственици, туристи и слично, појасни денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарски прашања во врска со одлуката на Стејт департментот за ...
Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските предели и снег на повисоките места и на планините. -Дневната температура ќе има тенденција ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија „Топ тема“ на „Телма“ истакна дека состојбите денес и во 2016 година, за време на валдеењето на Груевски, не се разликуваат, се наведува во соопштението од СДСМ. – Да се постави тема за пржинската влада на лидерската средба, мора да се има предвид контекстот во кој таа беше воведена, во период кога довербата во институциите беше на најниско можно ниво, за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ ...
Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб плус“ гостин на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, е Драган Бокан, претседател на одборот на директори на „Воли трејд“, еден од највлијателните бизнис-лидери во Црна Гора. Со повеќе од 30 години искуство во бизнисот, Бокан споделува вредни информации за развојот на семејниот бизнис, како и за стратегиите за раст, иновации и за одржливост на компанијата. Според Бокан, секој што ...
Нитуен македонски граѓанин на територијата на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), а шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, уверува дека сите ресурси се подготвени доколку има потреба од евакуација и покрај тоа што немаме резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во таа држава. – Во моментот од нас не е побарана помош од ниеден македонски граѓанин на територијата на Иран – ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) до комисии во Собранието поднесе иницијатви за изменување и дополнување на Законот за високо образование и на Законот за култура. До собраниската Комисија за образованите, наука и спорт и Комисијата за економски прашања, труд и енегретска политика, КСЗД поднесе информација за потребата од измени и дополнувања на Законот за високо образование „со цел отстранување на утврдена ...
Новоизбраните членови на Судскиот совет, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието дадоа свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, им честита на новите членки. Потенцира дека тие се додадена вредност на Советот и оти институцијата ќе може да застане на здрави нозе и да ја остварува својата ...
Регистер на бизниси во општината, најави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, за време на денешниот настан со наслов „Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од општина Кисела Вода“. Стаменкоска-Трајкоска и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска се на средба со претставници на локалниот бизнис сектор. -Со благовремено ажурирани податоци, ние може да имаме поквалитетен пристап кон бизнис заедницата. ...
Треба да има поддршка на секој закон што го штити здравјето на граѓаните, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој присуствуваше на настан во општина Кисела Вода. Тој беше прашан дали е предвидена средба со угостителите во однос на најавениот закон против пушењето. – Новиот закон против пушењето, кој е во најава, е во надлежност на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд. ...
Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца. Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по ...
Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги и нови инвеститори очекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од соработката што ја најавува со мобилизација на дипломатско-конзуларните претставништва со стопанските комори. Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ пред чие раководство презентира план на активности и мерки што ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека треба да се повтори огласот за избор на нов член на Судскиот совет предложен од Собранието бидејќи, како што посочи, има нов Закон за Судскиот совет. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата веќе го изгласа инспекторот за прекршоци во тетовската полиција Аљбан Кадриу за нов член на Судскиот совет, кој треба да го замени Селим Адеми. Гаши нагласи дека тоа е работа ...
Избрана е компанијата што ќе го инсталира софтверскиот систем за целосна контрола на водоводната мрежа во Штип. На 35 позицици ќе бидат поставени дигитални контролори кои ќе детектираат дефекти во водоводната мрежа, како кражби и диви приклучоци. Скада системот, вреден околу 600.000евра, е финансиран преку вториот владин повик од унгарскиот кредит и се очекува да почне со работа најдоцна до пролет. „Преку овој систем ќе се има целосен ...
Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска. Тренчевска посочи дека во државата сè уште не постои зрелост за укинување на техничката влада додавајќи ...
Царинската управа информира дека е откриен случај со нелегално работење на фирма што вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Како што соопшти денеска Царинската управа, при претрес во фирмата пронајдени се 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. – Царински ...
СДС, наместо да биде конструктивна опозиција, која ќе има аргументирана критика, таа пласира тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех. Да разјасниме за јавноста и за граѓаните, СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува збор за забрана за патување, ниту за целосен прекин на визите за граѓаните. Едноставно, станува збор за ПРИВРЕМЕНА ПАУЗА на постапки поврзани ИСКЛУЧИВО СО ...
Tипично бегање од одговорност кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет, нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите за што повторно ќе укажам, мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, посочувајќи на одлуката на опозицискиот СДСM за изолација по повод одржувањето на вчерашната лидерска средба ...
Делегација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), предводена од директорот Мухамед Али, учествуваше на World Safety Summit 2026 во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, посветен на безбедноста и управувањето со кризи, кој се одржа во рамките на глобалната One Billion Initiative. Во рамките на самитот, како што информираат од ЦУК, директорот Али учествуваше на тркалезна маса со претставници од земјите учеснички, каде што имаше обраќање, во ...
Осумнаесет основни и седум средни училишта во државава добиле грант од Министерството за образование и наука за спроведување активности од програмите за заштита на учениците од разни видови пороци, насилство и делинквенција. На веб-страницата на МОН се објавени резултатите од јавните повици (за основни и за средни училишта) за доделување средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ...
Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт. – Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот ...
Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт. – Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот ...