Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години. На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да успее ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први ...

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Намален е бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 1 до 31 мај од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...

Во Вилнус денеска се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш. Заменик-министерот Димитровски информирал за одлуката на Владата за отворање Амбасада во Вилнус, за што врачи и вербална нота со која формално се иницира ...

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објавата на Фејсбук во која информира за оставката, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. – Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре, додека во однос на реконструкцијата на Владата, посочи дека ќе се разговара со коалициските партнери. -Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува ...

Јавното обвинителство на Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на заменик-генералниот обвинител на ...

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на настанот организиран во ООУ „Исмаил Ќемали“, каде беше презентирана свечената програма подготвена од учениците и беше промовиран муралот посветен на ликот на Исмаил Ќемали, се вели во соопштението од Општина Чаир. Во свечена атмосфера, училишниот двор се претвори во простор каде што уметноста, образованието и историското паметење се ...

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип од денеска официјално започна ACE²-EU Flavour School – интензивен меѓународен курс кој обединува студенти од повеќе европски држави во рамки на европската универзитетска алијанса ACE2EU @ace2eu, а во која членуваат девет европски универзитети, меѓу кои и УГД-Штип. -Во текот на следните денови, учесниците ќе работат во интернационална средина преку предавања, работилници, тимска работа и размена на ...

Државниот завод за статистика го одбележа Денот на македонската статистика – 1 Јуни со конференција посветена на 20-годишнината од донесувањето на Кодексот за работа на европската статистика, кој претставува основа на современиот европски статистички систем и еден од најважните механизми за обезбедување професионална независност, квалитет и доверба во официјалната статистика. Директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изјави дека нивна цел како Влада не е да ја стават државата во позиција каде што таа само ги отпочнува преговорите, туку да биде во ситуација каде што, доколку се спроведат соодветните реформи во различните области, да може да ги заврши преговорите. -И тука е всушност каде што настанува моментот на постоење на на спор. Односно, убедувањето на најголем дел од земјите членки, ...

Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на парламентот на Обединетата Република Танзанија, Муса Азан Зунгу, во рамките на пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, што се одржува во Скопје, при што беше истакната подготвеноста за унапредување на билатералната и на парламентарната соработка меѓу двете земји – соопштуваат од Собранието. – Изразувајќи задоволство од реализацијата ...

Граѓаните во Куманово сѐ уште немаат доволно информации за правилно одлагање на отпадните масти и масла, кои често завршуваат во канализацискиот систем и создаваат сериозни проблеми во работата на пречистителната станица, предупредуваат надлежните од ЈП „Водовод“ Куманово. – Мастите и маслата заедно со комуналната отпадна вода стигнуваат до пречистителната станица. Иако имаме третман, тие ги запушуваат цевководите, особено кога се мешаат со ...

Вкупно 35 грнчарски предмети изработени од млади основци од Крива Паланка со проектот „Патот на стомната до изворот” на Градски музеј Крива Паланка, од денеска се изложени во музејот и достапни за јавноста. -Станува збор за изложба на дела изработени од вештите раце на креативните млади ученици од ООУ “Илинден”, Крива Паланка, кои ги усвојуваат техниките за изработка и креираа грнчарски предмети на тридневна работилница во мај, под менторство ...

Куманово е домаќин на шахисти од повеќе земји со бројни учесници. Во организација на градскиот шаховски клуб „Куманово“, од 29 мај до денеска се одржува четиридневен шаховски турнир. – За прв пат годинава се одржа „Куманово Опен“ на кој учествуваа 120 шахисти од 12 држави, во недела се одржа и турнир за деца до десет години како и „блиц турнир“ во чест на покојниот мајстор, Драги Димитриевски-изјави претседателот на клубот, Сања Трајковска. ...

Во просториите на Општина Пехчево денеска беше потпишан договор за заедничка реализација на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност на јавни објекти и користење на обновливи извори на енергија (подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“. Договорот го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, и директорот на Источниот плански регион, Трајче Здравков. Во рамки на проектот, кој е финансиран од ...

Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Косевица и Моштица, како и кракот кон Горанско Маало во рамки на село Косевица, информираше денеска градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Станува збор за инфраструктурен проект со вкупна должина од 1.817 метри на делницата Косевица – Моштица и дополнителни 402 метри кон Горанско Маало. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 21.204.459 денари. ...

„Кирил Донски-витезот на Македонија“ е насловот на документарниот филм, кој вечерва во 19 часот, во малата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе биде премиерно прикажан пред штипската публика. Документарниот филм е во режија и по сценарио на Александар Донски и Виктор Донски. Историчарот Александар Донски денеска информираше дека преку архивски материјали, сведоштва и значајни моменти од животот на Кирил Донски, публиката ќе има ...

На маргините на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир што се одржува денеска во Собранието, Африм Гаши, претседател на Собранието на Македонија остварил средба со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта. Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата се изразило задоволство што Собранието е домаќин на овој меѓународен настан како и за можноста да се разговара за перспективите на ...

Ученици и наставници од 15 основни скопски училишта, денеска, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претставија своите проекти на тема „Зелената енергија е иднината – а нашата иднина се децата“ на настанот кој се организираше по повод 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето. Користејќи обновливи извори на енергија, учениците и наставниците ги прикажаа своите уникатни идеи, меѓу кои впечатливи макети, ...

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година.Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти попладнево Министерството за финансии. Стратегијата предвидува постепено ...

Во Скопје се одржува регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 на кој ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една ...

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска остварил средба со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев. Како што соопшти собрниската прес-служба, на средбата била потврдена добрата и континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК, при што соговорниците разменија мислења за актуелните регионални и меѓународни предизвици, како и за улогата на ...

Лагите се специјалност на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција. Така и на оваа прес-конференција, Венко Филипче, по којзнае кој пат по ред, повторно излезе да шири лаги и манипулации. Но, како специјален пратеник и пиун на Румен Радев, кој стана главен промотор за прифаќање на бугарските диктати, друго и не се очекува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да застане рамо до рамо со Владата и заеднички да се ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...

Едно на декларација, друго во реалност – Агенцијата за храна и ветеринарство ги откри малверзациите на дел од млекарите: си пишувале лажни проценти на млечна маст на производите, а реалното присуство е далеку помало. Алфа дојде до имињата на млекарите кои продаваат млечни производи со лажни декларации. Се работи за над осум млекари кај кои се утврдени лажно запишани вредности на производите. Меѓу нив се МИЛКОМ, млекара МАВРОВО, СЕНТИС АГ ...

По две години судење, Основниот суд во Куманово ја осуди Вангелица Илијевска од Кратово на седум и пол години затвор за убиство на сопругот и свекорот. Обвинението беше преквалификувано од двојно убиство со умисла во две убиства на миг, што беше и главната цел на одбраната, која тврдеше дека обвинетата дејствувала во состојба на силна раздразнетост поради семејно насилство. По ваквата одлука, Илијевска призна вина, кажувајќи дека дејствувала ...

Специјализираната болница за нефрологија – Струга денеска прими донација од хуманитарното здружение LetzCare. Донацијата, како што информира директорот на институцијата Јетмир Зиба, содржи колички за лица со попреченост, електрична количка, болнички кревети, концентратори за кислород, како и неопходни медицински материјали како компресивни завои, стерилни гази, хируршки маски, средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба. – ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.43
21%
1016
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
0.89
43%
1018
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.87
31%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.18
44%
1020
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
6.75
36%
1020
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 34ᴼ
1.34
39%
1019
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
8.05
32%
1015
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.24
34%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.29
26%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 31ᴼ
4.02
37%
1021
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 38ᴼ
1.34
24%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 27ᴼ
7.24
77%
1018
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Злато

131629.35

Калај

50.34

Родиум

249168.29

Сребро

1907.42

Паладиум

38420.14

Бакар

12.34

Платина

52341.42

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.17

Цинк

0.00