Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го означи почетокот на работите за подобрување на инфраструктурата на улицата „Дижонска 15“. Проектот, како што информираат од локаланата самоуправа, опфаќа целосна интервенција во водоводната мрежа и фекалната канализација, со цел подобрување на условите за живот на жителите од оваа зона. Во рамки на проектот ќе се реализира реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 ...

Во Пелагонискиот Регион се случува инфраструктурен бум и тоа е нешто што ќе продолжиме да го работиме – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со стопанственици од регионалните стопански комори на Битола и Прилеп. Информирајќи за тековните и најавувајќи нови проекти, Николоски нагласи дека единствена цел на Владата е да се развива стопанството и токму затоа пелагониските општини се помагаат со сериозни ...

Проблем со керозинот нема. Македонија има резерви од авионско гориво за 90, наместо за минималните 60 дена. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека сегашната состојба е добра бидејќи земјава заработува од тоа што аеродромите во соседството полнат керозин кај нас. И домашните аеродроми во Скопје и Охрид имаат количини и повеќе отколку што им требаат. Засега Владата не размислува да стави блокада за извоз на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Јавното претпријатие за државни патишта ќе добие средства по најповолни услови од пет домашни банки за завршување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид по прекинувањето на финансирањето од кинеската Ексим банка. Николоски, денеска, во одговор на новинарско прашање рече дека според првичните пресметки потребните 175 милиони евра се обезбедени од Комерцијална банка, ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува кампања насочена кон унапредување на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите која ќе се реализира во соработка со МВР, Факултет за Безбедност-Скопје, Мотоциклистичката федерација. Во услови на зголемена мобилност и се поголемо присуство на мотоцикли во сообраќајот, мотоциклистите остануваат една од најранливите категории учесници. Кампањата има за цел да ја ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“ истакнувајќи дека Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент. Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, министерот нагласил дека во партнерство со K&S Скопје веќе се работи на зајакнување на ...

Трите закони за високо образование и наука (за високо образование, за квалитет на високото образование и за научноистражувачка дејност) се во владина процедура. Тие од јануари беа поставени на националниот регистар за прописи (ЕНЕР) и беа организирани дебати на универзитетите по што прифатливите забелешки беа вградени во новите верзии. На прес-конференција во Владата денеска, посветана на пакетот закони, министерката Весна Јаневска соопшти ...

Делегација на Собранието, составена од пратеници – членови на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, како и претставници од собраниската служба од Секторот за надворешна политика и европски прашања, го почна првиот ден од студиската посета на Република Хрватска, која се реализира во периодот од 15 до 18 април 2026 година. Посетата се одвива во рамките на проектот „Поддршка за европската интеграција на ...

ПР-от на Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, ги насочи СДСM и Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата. Нелегитимноста на СДСM, слабиот рејтинг на Филипче и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДСM и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник ...

Пијанистот со светска кариера Симон Трпчески летоска ќе одржи два концерти и тоа на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а на 14 август во Хераклеа во Битола. Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, концертот на Трпчески ќе прерасне во доживување што ги надминува ...

Заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси – истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на националната конференција за природа. Тој, како што соопшти ресорното Министерство, на граѓанските организации им порачал „да работиме заедно за вистински зелен пресврт“ нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор. Во своето ...

Со барања за психијатриски вештачења, читање исказ на сведок и предлози за проверка на достапност помина денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое не присуствуваше ниту еден од предложените сведоци на Јавното обвинителство. Судот ги прифати предлозите на Обвинителството, вклучително и читањето на исказот на Денис Даутовски, кој не е достапен на органите на прогон. За сведоците Ана Томева и Лина Крстова, ...

Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 13:40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на кракот на булевар „Трета македонска бригада“ (кај Метро). -Станува збор за проект со кој за првпат темелно се обновува овој значаен сообраќаен потег во Општина Аеродром. Делницата е во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и тротоари со вкупна површина од 1.500 м², се наведува во ...

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик де Брост. Донацијата, како што соопшти МВР, се состои од ...

Приведен бил кавадарчанец поради управување нерегистриран мопед и без право на управување моторно возило, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 16:05 часот на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиja од слобода С.С., на возраст од 20 години од овој град. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од ...

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива одлично и од изведувачот добив ветување дека следната пролет ќе се вози на првите километри, како и дека пролетта 2029 година, пред рокот, ќе имаме целосно автопатско решение од Прилеп до Битола – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Аександар Николоски пред средбата со регоналните стопански комори од Битола и Прилеп. Николоски најави дека со „МЖ Инфаструктура“ и „МЖ Транспорт“ ...

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи. – Ја информираме јавноста дека нема никаков недостиг, туку, напротив, МВР има обезбедено резерви што се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски ...

Ректорите од јавните универзитети, кои денеска присуствуваа и се обратија на прес-конференцијата во Владата, посветена на новите закони за високо образование и за наука, се задоволни од законските решенија и сметаат дека новините што тие ги предвидуваат ќе го унапредат квалитетот на образованието, што ќе резултира и со подобро меѓународно позиционирање на нашите универзитети. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Биљана ...

Изградбата на новиот кружен тек во Куманово и пробивање на кракот на булеварот ќе завршат до крајот на годинава, соопштија денеска надлежните. Тендерската постапка е завршена, избран е изведувач и претходно решени се имотно-правните односи. Проектот е во фаза на реализација. -Тоа се два проекти, пробивање на булеварот и изградба на кружен тек и дополнително проширување на една лента на „Доне Божинов“, до самиот кружен тек-рече градоначалникот ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посети работилницата за мозаик и рубин, која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, станува збор за иновативен пристап, кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата преку практична работа со минерали – со посебен ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува, по која цена, одговори денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој беше прашан за проблемот со откуп на оризовата арпа од ланската реколта. Посочи дека досега се откупени 10.000 тони оризова арпа. -Знаете дека во делот на есенската жетва имаше ...

Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински ја посети Општина Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков, со членови на Советот на Општината, како и со раководители и претставници на општинската администрација. На состанокот е разговарано за клучните активности на Министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и ...

Еден од главните услови за успех на процесот на пристапување и проширување е самата Европска Унија да си закаже состанок за да го ревидира својот процес на одлучување, изјави белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Тимчо Муцунски. Прашан дали Белгија би се откажала од своето право на вето и би го ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека во вчерашниот телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA, се согласиле дека двете држави треба да имаат уште подобри билатерни односи со заеднички фокус и на прироритетите во НАТО и на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Како што рече Муцунски попладнево на новинарско прашање, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски сподели фотографии од утринско трчање низ Скопје со својот белгиски колега Максим Прево, кој од вчера е во посета на државата. – Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, денот го почнавме на поинаков начин – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува ...

Национална конференција на тема: „Промените во семејството и потребата од реформи во семејното законодавство“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот Јуридика Прима. Најавено е учество на професори од областа на семејното право, социологија на семејството и семејните студии, судии од Уставниот суд и Врховниот суд, претставници од ресорни министерства, центри за социјална работа, адвокати, медијатори и невладините ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи јавна расправа и да утврди предлог листа за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата најнапред ќе одржи јавна расправа на која ќе утврди предлог – листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени се седуммина кандидати ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
64%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
43%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.92
60%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
80%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
82%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
67%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0513

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89