Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Најмногу дожд наврнало на Попова Шапка, а најмалку во Штип, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 16:30 часот денеска, а за претходните девет часа. На Попова Шапка наврнало 35 литри на квадратен метар, 29 – Лазарополе, Пожаране, 25 – Тетово, 19 – Маврови Анови, 17 – Скопје-Зајчев Рид, 10 – Крушево, Тополчани, 7 – Претор, 6 – Охрид, 5 – Крива Паланка, Ѓуриште, Битола, Велес, Пожар, 3 – Прилеп, 2 – Струмица, Берово, 1 – ...
За време на амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2026 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево беше делумно прифатен амандман со кој за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Пратениците поднесоа 203 амандмани, но попладнево неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Разгледувањето на останатите амандмани продолжува утре во 12 часот на седницата ...
Собранието попладнево во рамки на 70-та седница донесе одлука дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност е прифатлив, и го проследи на натамошно второ читање. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски при образложувањето предложениот текст пред пратениците истакна дека се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност до 22 евра, испорачани од ...
Комисијата за финансирање и буџет попладнево ја започна амандманската расправа за Предлог- Буџетот за 2026 година. Како што информираше заменик-претседателката на Комисијата Јованка Тренчевска за Предлог-буџетот за 2026 година се поднесени 203 амандмани од овластени предлагачи. На почетокот на седницата беа одбиени три амандмани предложени од пратениците од пратеничката група на ДУИ за зголемување на средствата за поголем број вработени од ...
Технологискиот гигант Клаудфлер, кој управува со критична интернет-инфраструктура и обезбедува услуги за заштита и дистрибуција на содржини за околу една петтина од интернет-страниците во светот, се соочи со голем глобален прекин на мрежата од изутрината. Во прекинот беа погодени многу големи платформи: X, Чет ГПТ на Оупен Еј Ај, Спотифај, Канва и други. Клаудфлер соопшти дека „видела скок на необичен сообраќај“ на еден од своите сервиси, што ...
Пожарот во облакодерот „Вјесник“ во Загреб е ставен под контрола. Засега е видлив само чад од огнената стихија што се проширила вертикално преку вентилациските отвори, зафаќајќи неколку ката, поради што голем број пожарникари и опрема беа распоредени за да го изгаснат. Внатрешната интервенција беше прекината поради зголемен ризик. Засега нема информации за причините за пожарот и не се пријавени повредени лица. Во моментот на несреќата во ...
Младите од Западен Балкан ја гледаат иднината во Европската Унија и веруваат во промени, бидејќи се прилично разочарани и демотивирани од состојбата во своите земји, алармираат невладините, повикувајќи се на истражувањата на јавното мислење. Започнувајќи од корупцијата, интернет-злоупотребите и несоодветниот образовен систем, како и проблемите со вработувањето – според младите, тоа се главните причини за демотивираноста и промени треба да се ...
Скопското обвинителство поднесе обвинение против 23-годишен маж од населбата Волково, поради тоа што извршил полови дејства врз петгодишно девојче. Според обвинението, делото било извршено во периодот од мај до јули годинава во домот на обвинетиот. За време на извршувањето на дејствијата, обвинетиот се заканувал на жртвата дека не смее да информира за слученото на нејзиниот татко. Јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на ...
ВМРО-ДПМНЕ ја отвори вратата – партијата ќе поддржи анкетна комисија за најтешката трагедија што ја памети Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“. Но поддршката доаѓа со јасна порака: ако се бара одговорност – тогаш да се бара за сите трагедии во Македонија, без исклучок. Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека болката на семејствата не смее да биде инструмент за политички поени. Затоа бараат анкетната комисија да го отвори и прашањата за модуларната ...
топираната исплата на средствата од ИПАРД програмата, билатералниот спор со Бугарија и работата на историската комисија, економскиот развој, минималната плата, потребата од нови вработувања во судско-обвинителскиот систем – се меѓу темите за кои пратениците од опозицијата бараа одговори од владините претставници на седницата за пратенички прашања. Одговарајќи на прашањето што му го постави пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, ...
Започна да се рушат старите и руинирани објекти во Штип. Со градежна механизација се рушат зградите кај хотелот „Гарни“ и поранешното Нервно одделение, каде до вчера живееја ромски семејства кои сега се преселија во новите типски куќи во населбата Мирјанина Црква. Со години овие објекти беа дувло на глувци и отпад, а кај децата и возрасните се ширеше жолтица и шуга. „Продолжува рушењето на руинираните објекти, овојпат во централното градско ...
Најмалку 28 домашни и седум странски медиуми ќе го следат судењето за пожарот во кочансккото кабаре „Пулс“. Врховниот суд досега има издадено 35 решенија за снимање и следење на главната расправа во која на обвинителна клупа седнуваат 35-мина, а обвинети се и три фирми. Странските медиумски куќи претежно се од Бугарија и Турција, а интерес има и од меѓународни агенции со претставништво во Скопје. Од Кривичниот суд велат дека салата е целосно ...
Секое петто дете е жртва на сексуално насилство или вознемирување. Во периодот од 2020 до 2024 година до МВР биле пристигнати 508 пријави за насилство и вознемирување на деца. Според податоците, 186 деца под 15 години биле силувани, 99 деца биле жртви на полов напад, 44 деца биле принудени да гледаат сексуални дејствија, а 18 – порнографски материјали прикажани од возрасен. Од Комисијата за спречување од дискриминација велат дека досега немало ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остарил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. -Скопје кон Европа! Заедничка стратегија за презентацијата во Брисел – „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”. Денес во ...
Министерството за правда во изминатите 18 месеци има донесено над 20 закони, доставено во владина процедура и уште неколку кои ги завршуваме и се готови. Никогаш во историјата на Министерството за правда толку закони за толку краток период не се изготвени, изјави министерот за правда Игор Филков, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. Одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ, зошто не се спроведува реформата во ...
– Македонија има континуитет во користењето на програмата „Креативна Европа“, но интересот на европско ниво е зголемен за 70 отсто, што значи дека се зголемува и бројот на квалитетни апликации. Тоа го истакна раководителот на канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам, Билјана Прентоска на денешната сесија во Струга на која беа споделени информации за актуелните и претстојните повици на програмата „Креативна ...
Љубовта кон најблиските, слогата и заедништвото се тајната за мојот долговечен и спокоен живот – вели една од највозрасните жителки на Карпош, Слава Коцевска, која денеска го одбележува својот голем јубилеј. По тој повод градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов ја посетија баба Славка, која денеска го слави својот 100-ти роденден. Баба Славка чии очи сè уште зрачат со жар и топлина, им ја ...
Амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, денеска оствари средба со младите научни истражувачи од Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, информираат во пишано соопштение од УГД-Штип. Во него се вели дека средбата е иницирана од Амбасадата на Шведска, а е насочена кон продлабочување на соработката со партнерските институции и разговори за нови можности за младите истражувачи. -На Кампус 2 – УГД-Штип, амбасадорот Сулстром се сретна со истражувачи од ...
Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги ...
Во прилепскиот Тутунски комбинат успешен старт на годинашната откупна кампања на тутунот. Првите тутунопроизводители, согласно договорите, уште од изутрина го носеа родот. Велат, засега се задоволни од проценката, кој се цени главно во прва класа и без одбитоци, но сепак, очекуваат повисоки откупни цени. „Годинава имаме некаде околу еден тон и 300–400 кила, тутунчево е квалитетно, значи исушено навреме, собрано, наводнувано со капка-систем. Сега ...
Македонија не увезува отпад, ниту ќе увезува во иднина, тврди заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска која денеска од собраниската говорница одговори на пратеничко прашање поставено од пратеникот Репеџ Исмаил од „Левица“. Во одговорот, Лашкоска ги отфрли информациите што се пласираат во јавноста, посочувајќи дека не се увезува отпад. – Во однос на маслото за јадење, станува збор за увоз за извоз, односно го ...
Клиниката за детски болести во Скопје денеска прими донација – медицинска опрема или пет значајни медицински апарати – плазматерм, билирубинометар, ехо апарат за тироидна жлезда и други органи, видео ларингоскоп и ЕКГ холтер, со вкупна вредност од околу 2,7 милиони денари, информираше попладнево директорот Реџеп Мемеди во изјава за медиуми. Мемеди се заблагодари на Фондацијата „Ице Бегов“, на Антонио Пандовски и на сите донатори кои ја поддржале ...
Фондацијата „Ице Бегов“, во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“, викендов, трета година по ред ја реализираше традиционалната инклузивна, ненатпреварувачка, хуманитарна трка „Run Together“ (’Трчаме заедно‘), со рута долга еден километар. Целта на организаторите е подигање на свеста за лицата со попреченост, за нивните права, и за нивна целосна вклученост во општеството и секојдневниот живот. Според Фондацијата „Ице Бегов“, којашто ја ...
За само 50 од 453 потпишани ИПАРД 3 договори има заостанувања зашто треба да се утврди дали се поврзани со некое кривично дело како што се зборува во медиумите. Апелираме до сите надлежни институции да ги извршат проверките и контролите, за случајот да се обелодени. Нема да навлезам во детали на истрагите кои се вршат, ќе оставиме органите да кажат подетално, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа ...
Даниела Лазарова Иротова е нов директор на Платежната агенција. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Лазарова Иротова е поранешен државен советник во Министерството за земјоделство, а на функцијата директор е назначена минатата недела, на последната Владина седница. -На последната Владина седница минатата недела е назначен нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска преку својот фејсбук профил соопшти дека до 25 декември земјоделците можат да поднесат барања за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2025 година. -Може да поднесете барања за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно сточарско и растително потекло (поддршка од 10% од вредноста на произведените и продадени ...
Претприемачки базар се реализира денеска во Кавадарци на кој претприемачи од регионот ги промовираат сопствените преработки на грозје, мед и многу други производи, на штандови поставени во дворот на Вински музеј, во градскиот парк, еден од најубавите паркови во државата. Даниела Димовска, директорка на ИНОВА, потсети дека од вчера започна глобалната недела на претприемништвото, а Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска учествуваше на регионален министерски состанок со колегите од земјите од Западен Балкан предводен од италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило. Како што информираат од Министерсртвото средбата се одржала на маргините на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим. Фокус на состанокот беше во насока на напредокот во ...
Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се зголеми минималната плата без економска оправданост, малите и средните ...
Градоначалникот на Општина Делчево, Гоцевски, денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен општински надомест за 91 прваче и 22 новороденчиња, во вкупна вредност од 376.629 денари. Мерката, како што изјави градоначалникот, е насочена кон поддршка на младите родители во периодите на раѓање на дете и започнување со образование. Гоцевски информира дека вкупниот број на новороденчиња во Делчево во тековната 2025 година изнесува 53, што, ...