Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија заобразовни историски прашања со Бугарија. Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и ...
– УХМР предупредува дека денеска наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ...
Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените кои следуваат, а ние да направиме максимален напор да ги мобилизираме сите наши сили, сè што можеме да искористиме за да имаме квалитативен, повисок одговор на она што ќе ни се случи во блиска иднина – огромна промена во профилот на работната сила, бран на технолошки иновации, изјави Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија која денеска ...
Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, Стопанска банка АД – Скопје повторно објавува повик за доделување грантови за асоцијациите на лица со атипичен развој, насочени кон реализација на конкретни проекти со кои се поттикнува инклузијата и се подобруваат условите во средината во која учат и живеат лицата со попреченост. Грантовите се дел од општествено одговорниот проект на Банката, „Сонуваме.Менуваме“, кој годинава ...
Градоначалничката Соња Стаменкова денеска го назначи Мартин Малчев, член на Советот на Општина Македонска Каменица, за заменик-градоначалник. Според законските прописи, Малчев ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи кога градоначалничката е спречена или отсутна подолго од шест месеци, како и во други ситуации утврдени со закон. Со стапувањето на должноста, неговиот мандат како советник ќе мирува. Стаменкова истакна дека Општината ...
Со градежна механизација се уриваат старите објекти кај хотелот Гарни и во старото Нервно одделение, каде што до вчера живееја ромски семејства. Четирисет и едно семејство од социјален ризик од овие објекти добија свои домови во новите типски куќи во населбата Мирјанина црква. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека на овие две локации веќе се чисти просторот. Во централното градско подрачје клај ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска одржа средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со заменик-амбасадорката г-ѓа Кристина Василату, стои во соопштението од Кабинетот на Фетаи. На почетокот, г. Фетаи им посака добредојде и изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на Грција на патот на Македонија кон европската интеграција. За време на разговорот се ...
Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутунот со што и официјално започна откупната кампања на годинашнава реколта. Се презедоа првите количества. Тутунарите се задоволни од процената но, за исплатливост бараат цената на првата класа да биде 600 денари за килограм. – Годинава произведов околу еден тон и 400 килограми тутун. Тутунот е квалитетен, исушен е навреме и собран, наводнуван беше со систем капка по капка. Добро оди ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска почна со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. За позицијата се пријавија 13 кандидати, а по извршениот процес на селекција во Комисијата за селекција на кандидати останаа десетмина Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна кпмисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии. – Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска оствари работна средба со заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков. Како што информираат од Оштина Кисела Вода, средбата била посветена на можностите за реализација на нови проекти финансирани од странски фондови, со акцент на инструментите на Европската Унија кои би донеле директни и одржливи бенефити за жителите на Кисела Вода. Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ја ...
Зголемување на јавната свест, охрабрување на децата да проговорат и обезбедување знаења и алатки за превенција и заштита за возрасните, е целта на Националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“, чие спроведување почна денеска во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската унија. Според податоци од Министерството за внатрешни работи, кои беа споделени на промовирањето на кампањата, ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции, информираат од ресорното министерство. -Овој ...
Во Собранието денеска почна со работа Комисијата за селекција на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во состав на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. За претседател на ДКСК пријавени се 10 кандидати. Претседателот на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски информира дека во петок ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и ...
Основното училиште „Крсте Мисирков“ од кочанската населба Оризари го одбележа патрониот празник, прославувајќи 151 годинa од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков. По тој повод, градоначалникот Владко Грозданов со делегација од Советот на Општина Кочани и директорката Милева Богданова со вработени ...
о низа активности вчера и денес во Гостивар се одбележуваат 81 година од ослободувањето на Гостивар. Претпладнево, со положување на цвеќе и пригоден собир пред споменикот во градскиот парк беше оддадена почит на жртвите во Втората светска војна од гостиварскиот крај. За важноста и историскиот аспект на празникот во говорот потсети претседателот на Општинскиот одбор на сојузот на борци Гостивар, Радислав Ѓиноски, кој меѓу другото кажа дека од 18 ...
Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња, се вели во соопштението од Алкалоид. „Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите врсници. Со позитивна мисла и верба тие ќе пораснат во вистински ...
Заврши времето на предизборни ветувања и празен популизам. Почна времето на конкретни резултати – време кога институциите работат за младите и народот. Би сакал да ве информирам дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на студентите за набавка на електронски уреди. Над 55.000 студенти ќе имаат можност да аплицираат, сите запишани на додипломски студии со ненавршени 29 години, а секој студент ќе добие 15.300 денари – директна поддршка ...
Стопанската комора на Северна Македонија денеска организираше конференција „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“, во рамки на проектот „Образование за вработување во Македонија“ финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Скопје. Антони Пешев, извршен директор на Комората, пред почетокот на конференцијата укажа на реформите што се неопходни во образованието за да се исполнат потребите на индустријата и да запре, како што рече ...
Македонија, во 2022 година имала 8,5 јавни обвинители на 100 илјади жители, а во 2024 година, како што покажува последниот извештај на Советот на јавни обвинители, тој број е зголемен 9,2, со што полека се доближува околу просекот од 11,2 јавни обвинители на 100 000 жители во 44 земји што ги покрива последниот евалуациски извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата ЦЕПЕЈ (CEPEJ) за правосудните системи од 2024, со податоци за 2022 ...
Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера, се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во објава на Фејсбук таа наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што, како што вели, е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски политики. Таа нагласува оти во Извештајот е ...
Компанијата „ОДВ Електрик“ како општествено-одговорна компанија донираше десет персонални компјутери за потребите на учениците во Општинскиот електро-машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Од средното училиште посочуваат дека донацијата претставува современ технички ресурс што директно ќе влијае врз подобрување на знаењата, вештините и можностите на учениците од Центарот. „Поддршката што ни ја дава ОДВ Електрик претставува, исто ...
Општина Аеродром информира дека воведува мерка за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, како што информираат од општината, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом. Мерката беше донесена ...
Собраниска делегација во состав Моника Зајкова, Мимоза Муса и Ели Панова учествува на 23. Есенски состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ што од неделата се одржува во Истанбул. Парламентарната конференција, како што денеска соопшти собраниската прес-служба, била отворена со засилени апели за ревитализирање на мултилатерализмот преку дијалог и соработка. Првата сесија била фокусирана кон премостување на перспективите и зајакнување на ...
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска најави дека ќе иницира јавна расправа за Изборниот законик во рамки на Комисијата за политички системи, со цел да се отвори суштинска дебата за потребните измени. Според него, моментот е најсоодветен бидејќи искуствата од последните избори се свежи, а проблемите се добро познати. -Изборниот законик е закон за граѓаните – тој го гарантира правото да се избира и да се биде избран. Ако дозволиме истите ...
Кон крајот на месецов ќе почне јавна расправа за неколку закони кои се изработени од телото што МОН го формираше за реформи во високото образоание. Како што соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, нацрт-верзиите се готови, но поради изборите и, како што рече, за да не се сфати тоа како притисок, не биле ставени на ЕНЕР или на јавна дискусија. -Телото за реформи во високото образование интензивно работеше целата мината ...
СДСM и натаму по изборниот пораз без решение, без ниту една промена во раководството. Партијата тоне, а Венко Филипче се држи за функцијата како да е приватна сопственост, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната партиска прес-конференција на Викторија Андоновска. Во СДСM веќе отворено врие. Членови, активисти и поранешни функционери јавно бараат реформи и јасно укажуваат дека Филипче го губи секој легитимитет. Наместо да ја прифати ...
Завршија градежните зафати за изградба на паркинг простор кај новоизградениот дел од кејот на реката Вардар од десната страна во Велес, кој во изминатите денови беше одбележан и хортикултурно уреден, со што новиот паркинг до доби својот лик. Располага со 20-тина паркинг места, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Како што најави градоначалникот Марко Колев, новиот паркинг во наредните денови ќе биде ставен во функција. -Со оваа ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година. Наградата се доделува за литературно дело од областа на белетристика, кое е преведено на англиски јазик од јазик на земја каде ЕБОР инвестира и е отпечатена по прв пат во измината година. Како што информираат од ЕБОР, доставувањето на романи, или збирка на кратки раскази од еден автор, е до 8 декември 2025 година, и ќе се ...
Проекциите на Европската Комисија за економски раст на Македонија од 3,2% годинава и 3,3 отсто во следните две години се јасен сигнал дека земјата се движи во позитивна насока – смета министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа вели дека зголемената проекција за 2025-та и 2026-та година е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во економските политики кои ги спроведува Владата. Кочоска потенцира дека растот на БДП во ...