Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Во организација на Канцеларијата за програмата на ЕУ „Креативна Европа“ при Министерството за култура и туризам, од денеска почнуваат информативните сесии за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ („Култура“ и „МЕДИА“) во просториите на „Europe House“ во повеќе градови во земјава. Првата сесија се одржувва денеска од 12:00 до 14:00 часот во Струга, утре е закажана сесија во Крива Паланка од 12 до 14:00 часот, на 24 ноември од 12:00 до 14:00 ...
Расте интересот кај средношколците за дуално образование, модел што треба да го спои теоретскиот дел од наставата во училиштата со практична работа во компаните. Во последните четири години, бројот на средношколци кои се дел од стручното образование е зголемен од 64 на 70 проценти. Зголемен е и бројот на средни стручни училишта од 8 на 66 и на компаниите кои се дел од дуалното образование од 16 на 600. Младите сè повеќе го препознаваат значењето ...
Оддавањето службена тајна и фалсификатот сертификат на екс претседателката на Антикоруписка Татјана Димитровска го урна интегритетот на институицијата и го направи неатрактивно претседателското столче. За фотелјата на првата антикорупционерка, овојпат се пријавиле тројно помалку кандидати од минатиот конкурс. Од 13 пријавени десет го поминаа првиот филтер, што се безмалку 3 пати помалку отколку во 2023, кога Димитровска беше селектирана од ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна кпмисија за трагедијата во Кочано, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии. – Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ...
Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, вечер ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Според најавите, Вадефул ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак, ќе се одржи билатерална средба на двете делегации. Вадефул ја ...
Националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“ почнува денеска на Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца, со настан, кој ќе се одржи во „Europe House“. Настанот е организан во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, во партнерство со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител на Македонија и со поддршка од Бирото за ...
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе биде отворена новата мултимедијална читалница каде што ќе се одржи промоција на фототипните изданија од едицијата „НУБ за македонскиот јазик“. Како што информираат од НУБ „Св. Климент Охридски“, датумот за отворање на новата мултимедијална читалница е симболично избран поради роденденот на Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните фигури за македонскиот ...
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, соопшти дека следната недела во Собранието, во својство на претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, планира да закаже посебна комисиска седница на која ќе се разгледува добиената претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани. -Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во ...
На седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе започне спроведувањето на интервјуа на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. ...
Прилепскиот тутунски комбинат денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта на 34 пунктови, најави вчера министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при неговата работна средба во Комбинатот. -Прилепскиот тутунски комбинат е подготвен утре да го почне откупот на тутунот од годинашнава реколта и ќе ги исплаќа тутунарите двапати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2 300 тони тутун, изјави вчера Трипуновски. Министерот посочи ...
Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера, се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во објава на Фејсбук наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски политики. Како што стои во објавата во Извештајот е нотирано ...
Општина Аеродром ја воведува мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. – Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на општина Аеродром, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом. Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина ...
Ветеното го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата. Во соопштение утрово владината прес-служба појаснува дека оваа мерка подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните ...
Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани: – 2 употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на ...
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...
Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Собранието денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. На предлог на дневниот ред на 70. седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието, предлог за именување на член на Фискалниот совет, избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, под ...
Редовни советодавни денови меѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување ќе се одржат денеска и утре во Скопје. Како што соошти ПИОМ, во рамките на советодавните денови граѓаните ќе имаат можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат со примената на Договорот за социјално осигурување склучен меѓу Владата на Македонија и Владата на Сојузна Република ...
Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје. Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби. Според информациите од веб ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим. На седницата, како што се наведува во соопштението на Министерството за јавна администрација, беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од ...
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, објави вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Филипче соопштува дека на денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оцениле дека ова се неопходни чекори. – Пратениците на СДСМ и Коалицијата ...
Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДСМ, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со ...
Дали Вреди ќе добие еден член повеќе или ќе остане со шестмина во Владата, е дел од преговорите меѓу владините партнери, вели министерот за здравство Азир Алиу вечерва, одговарајќи на прашање за можна ротација на ресори. Тој објасни дека одлуката ќе зависи од лидерите на политичките партии. Прашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од таа позиција евентуално да ...
Последниот извештај на Европската комисија денеска беше разгледан на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. За претседателката Гордана Сиљановска Давкова извештајот има многудобри податоци и критики, што добро треба да се анализираат и да се постапи по нив, но понекогаш, кажа, оценките на ЕУ во вордингот некогаш се раководат од некоја клучна цел, од она што е најважно во моментот за ЕУ. За ...
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две ...
На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата, се вели во соопштението од СДСM. Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и ...
Дебарскиот градоначалник, Фисник Меља, почнувајќи од утре, секој вторник во седмицата, ќе прима странки во својот кабинет и тоа од 9 до 15 часот, информираа од Општината. Тоа, како што наведуваат, е во рамките на неговите заложби за транспарентност и отворена соработка со граѓаните. -Овој термин е утврден поради бројните институционални обврски и организацијата на административните работи, со цел да се обезбеди што поефикасна и координирана ...
Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција како што информираат пехчевските пожарникари била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот. -На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево. Втората интервенција се случила околу 17 ...
Гостиварската локална самоуправа промовира една асфалтирана улица во селото Горна Бањица. Вршителот на должноста градоначалник, Ваљбон Лимани нагласи дека станува збор за проект со кој се опфатени уште три краци на улица чија вредност е девет милиони денари. Тој посочи дека на преостанатите три ќе се работи во наредниве денови во зависност од временските услови. – Промовираме крак од улица со должина од 230 метри и е дел од проектот кој треба ...