Нема причина за паника околу американските визи – уверува премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Македонија има одлични и стабилни односи со Соединетите Американски Држави и дека во наредните денови се очекуваат позитивни вести за македонските граѓани. Мицкоски појасни дека промените се однесуваат само на една тесна категорија емигрантски визи и дека тоа не ги засега граѓаните кои патуваат во САД на одмор, на работа или на школување. ...

Проектот „Безбеден град“ влегува во завршна фаза, а политичките разлики околу измените на Законот за прекршоци се усогласуваат. Вчера во Собранието се одржа и состанок на координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за расчистување на техничките детали. Премиерот Мицкоски најавува дека измените ќе се гласаат на следната седница, а системот ќе стартува од 1 февруари. Мицкоски потврди дека дел од прашањата кои ги отвори ДУИ околу законските измени биле ...

Парите од унгарскиот кредит успешно се искористуваат од страна на бизнисот. Компаниите досега искористиле 225 милиони од вкупно достапните 250 милиони евра, односно толку пари се веќе префрлени од Развојната банка кон деловните банки преку кои се пласираат овие пари. Премиерот Мицкоски вели дека заемот целосно ќе се искористи во првите три месеци од годинава. Владата го договори кредитот со Унгарија под мошне поволни услови. Компаниите добија ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Како што информира ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово. Како што информира владината прес-служба, со успешно реализирање на сите три фази, завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Општина Кратово – еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. По посетата, предвидена е изјава за медиуми на премиерот Мицкоски. Премиерот Христијан Мицкоски ...

Свеченост за давање заклетва на новопримените професионални војници ќе се одржи денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини на Армијата. Во рамките на свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претставници од Министерството за ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 51. седница ќе одржи јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик е поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски. Како ...

И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 степени Целзиусови се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште. До седум часот утрово, висината на ...

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година. Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на ...

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе се одржи комеморација во чест на легендарниот радиоводител Драган Б. Костиќ, кој почина по кратко боледување на 20 декември 2025 година. Комеморацијата ја организира семејството Костиќ и тимот на продукцијата „Диско селектор“. – Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ, се наведува во поканата за комеморацијата. ...

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска во Владата оствари средба со делегацијата на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од нејзиниот претседател Нухи Алиу. Средбата, како што информираат од неговот кабинет, се одржа во конструктивна атмосфера, при што беше направен преглед на изминатата година, како и на предизвиците предизвикани од глобалната економска криза. И покрај овие ...

Со засилено темпо и видливи резултати денеска продолжија активностите на терен во рамки на еднонеделната акција за одржување на зеленилото во општина Чаир, што се реализира во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“. Како што информираат од Општина Чаир, акцијата е дел од континуираниот ангажман за зачувување на урбаната средина и јавните простори. – Во оваа фаза се исчистени и уредени зелените површини долж улиците Никола Малешевски, Август ...

Германската амбасадорка Петра Дрекслер, денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата се разговарало за актуелната состојба во Кочани, во пресрет на годишнината од трагичниот пожар во објектот „Пулс“, како и за тековните активности на Општината, предизвиците и можностите за понатамошен развој, информира локалната самоуправа преку соопштение. Градоначалникот Грозданов ја известил ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека четири медиуми го прекршиле изборниот молк на Повторените локални избори, кои се одржаа на 11 јануари во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Од АВМУ посочуваат дела при надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на МРТ 1, МРТ 2, ТВ 24 Вести и ТВ Алфа, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска ...

Министерството за одбрана соопшти дека останува на ставот оти секое барање што доаѓа од синдикалните претставници треба да се разгледува низ дијалог, при што во целост се согласува со изјавата на претседателот на Независниот синдикат на одбраната. Од Министерството информираат дека за првпат навремено се исплаќаат сите надоместоци согласно Колективниот договор, меѓу кои и надоместоците за закупнина, храна и превоз во висина од над 23.000 ...

Општина Пехчево преку соопштение до јавноста информира дека постапува согласно законските надлежности во однос на проблемот со уличните кучиња, по реакциите и писмените барања кои во изминатиот период пристигнале до општината, како и коментарите на социјалните мрежи. Како што се наведува, согласно член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните, Општина Пехчево има изготвено План за третман на бездомни, регистрирани и ...

Интензивирање на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји, како и проширување во делот на високото образование и наука, беа тема на состанокот помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер. Двајцата соговорници, како што информираат од МОН, ја истакнале поддршката на швајцарската влада во делот на средното стручно образование, дуалното образование, како и зајакнување на ...

Општина Велес ги известува своите жители кои имаат поднесено барања за легализација, а постапките им се во прекин поради некомплетна документација дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти е со важност до трети март 2026 година. Од Општината апелираат до сите граѓани заради запазување на рокот на време да се обратат во Одделението за урбанизам и да ја достават потребната дополнителна документација. – Во спротивно, доколку ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу. Како што соопшти Министеството за животна средина и просторно планирање, за време на состанокот членовите на комората му го честитаа мандатот на министерот Хоџа и беше договорено страните да го продлабочат институционалното ...

Првороденото дете во Општина Берово во 2026 година е девојче, родено на 5 јануари, а воедно и прво дете во семејството на Елена и Владимир Кирјански. По тој повод, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински денес упати искрени честитки до родителите, со желби за здравје, радост и среќно детство на новороденчето. Согласно Одлуката на Општина Берово за поддршка на семејствата со новороденчиња, од Буџетот на општината ќе бидат исплатени ...

Општина Кавадарци денеска ги повика заинтересираните да се пријават за фаќање на крстот в понеделник на Водици. – Општина Кавадарци и годинава со црквите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“ ја продолжува традицијата за потопување на чесниот крст за прославата на Водици. По тој повод, упатуваме јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во одбележување на празникот Богојавление – Водици, да се пријават во црквата „Свети ...

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава. Како што информираат од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Повеќе информации од ОЈО ...

Со пригодна свеченост денеска Онер Јакупоски официјално го прими уверението за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, информираа од општината. Уверението за избор на градоначалник му беше врачено од страна на Реџеп Агаи, претседателот на Општинската изборна комисија. -Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува новиот мандат за управување со општината, наведуваат од Општината При примањето на ...

По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник) ќе се одржи традиционалната манифестација „Чествување на Водици“ во Злетово и Пробиштип, информираат од Општина Пробиштип. Во соопштението од Општина Пробиштип се наведува дека во Злетово, настанот ќе започне во 07:30 часот на локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата ...

Прометот во индустријата вкупно е намален за 0,7 проценти во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз опаѓањето на вкупниот промет во индустријата во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, имаат одделите: производство на електрична опрема со 10,4 проценти, производство на метали со 16,9 проценти и производство на машини и уреди, неспомeнати на ...

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска го посети домот на првото новородено дете во Oпштината во 2026 година, домот на семејството Салиови. На првиот жител на Виница во 2026 година, малата Алина, Костадиновски и испорача желби за среќно и безгрижно детство. И врачи подароци и ваучер од 10 000 денари. -Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и ...

Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, в понеделник ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост, а ќе го изврши митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј. Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во 7 часот и 30 минути, а поаѓањето кон Чаршискиот мост ќе биде во 10 часот и 30 ...

Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење. СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21.35 ...

За тековните активности и за законските измени, кои се однесуваат на превенцијата во образовниот систем, како и за продлабочување на соработката преку проширување на областите во рамките на Регионалната програма на UNODC (United Nations Office on Drugs and Crime) за Југоисточна Европа 2024 – 2029, се разговарало на работна средба денеска меѓу министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и регионалниот претставник на Канцеларијата на ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува институционална рамка за продлабочена и системска соработка во области од заеднички интерес. Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и деканот на Технолошко-металуршки факултет ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
84%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
77%
1000
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.2
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
993
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
95%
1001
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
82%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Злато

157055.75

Платина

83354.78

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Сребро

2457.28

Калај

48.47