Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, посочуваат од Министерството за финансии (МФ). -Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето ...
Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Нивниот континуиран недостаток на координација веќе ...
„Тука во Скопје перспективите на идното пристапување во ЕУ се голема тема. Германија ја поддржува Македонија на овој пат, којшто не е секогаш е лесен“. Ова во стори на својот Инстаграм профил го објави шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул, по средбата синоќа во Скопје со својот македонски колега Тимчо Муцунски. – Северна Македонија веќе постигна многу. Сега, напредокот во односите со Бугарија е особено важен за да се постигне натамошен ...
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината. На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините. ...
По осум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судењето за пожарот што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано за 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим. Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Случајот опфаќа 38 обвинети – ...
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 24. седница на чиј дневен ред е предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост. На седницата, меѓу другото е предметот за линеарното покаќување на пензиите. Подносителите на иницијативата, го оспоруваат член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија („Службен весник на Македонија“ бр.193/24). ...
Дејан Анакиев е новиот вршител на должност директор на КЈП „Водовод“ – Кочани. Именувањето е официјализирано со потпишување на решението од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов. Анакиев ја презема функцијата по завршувањето на мандатот на досегашниот в.д. директор Мирче Паунов, кој ја извршуваше должноста до пред неполн месец. Со ова, раководењето на претпријатието преминува во раце на надворешен кадар, согласно одлуката ...
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава, соопшти Царинската управа. Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото ...
Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари. Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, ...
Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДСM. Од СДСM нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна ...
Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај станбените згради во Делчево, започна реализацијата на Кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“. Екипи на ЈКП „Брегалница“ со помош на механизација го расчистуваа теренот којшто беше доста запуштен и даваше грда слика на транзитниот булевар и во делот од градот каде се сместени голем број јавни институции, а има и голема ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, кој престојува во работна посета на земјава во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан. На средбата, како што е објавено на Фејсбук профилот на премиерот Мицкоски, станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи. – Денеска остварив средба со германскиот министер за надворешни ...
Претседателството на Алијансата за Албанците го одржа следниот состанок на кој се дискутираше за актуелната политичка состојба, процесот и епилогот на локалните избори, како и следните чекори на нашиот политички субјект, стои во соопштението на Алијанса за Албанците на Зијадин Села. На последните локални избори, коалицијата со која учествувавме излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови на листите за советници и бројот ...
Посетата на шефот на германската дипломатија на земјава претставува јасна потврда за силната германска поддршка на европската перспектива на регионот и уште еднаш ја потврдува важноста што Германија ѝ ја придава на регионот на Западен Балкан, а особено на нашата држава. Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на средбата со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска, во рамки на Деновите на медиумска писменост, организира настан на тема „Безбедноста на новинарите во дигиталната ера“. На насатанот ќе се отвори стручна дискусија за актуелните ризици, механизмите за заштита и предизвиците со кои новинарите се соочуваат и онлајн и на терен. На дискусијата ќе учествуваат и претставници од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи, ...
– Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, во рамки на Проектот за климатска и еколошка правда на Западен Балкан, на која, според организаторите, ќе учествуваат претставници на правосудни институции, експерти од областа на животната средина, граѓански организации и меѓународни партнери во насока на унапредување на Националниот акциски план за еколошка правда. Главна тема на настанот ќе биде „Како ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандамнската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 ...
„Името со месеци ми се врти во медиумите, но официјално да ви се преставам“ – вака судијката Диана Груевска Илиевска го започна судењето за трагичниот пожар во кочанското кабаре „Пулс“. Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки Груевска Илиевска побара дисциплина од сите, а пред обвинетите, им се обрати на роднини на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март. „Овој совет ви гарантираме ...
Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. -Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно, нагласи Мицкоски. Тој исто ...
Не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, потврди вечерва премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека има можност во некои сектори за доброволно продолжување на работниот стаж, како во високото образование на пример. Мицкоски рече дека се прават анализи за реформи во неколку сектори. – Анализираме неколку модели, во неколку делови од општеството – здравствениот, социјалата, апсолутно како дел од социјалата би го ...
Премиерот Христијан Мицкоски го повтори ставот за добивање гаранции на патот на земјава кон ЕУ, со цел да нема нови условувања од страна на Бугарија. Вели дека оваа ситуација е наследена од претходната влада и според него, катастрофално водените политики не можат преку ноќ да се исправат. -Кога некогаш на меѓународна сцена се прават исклучоци, тогаш тие можат да испровоцираат поголеми катастрофи кои потоа ќе се повикуваат на тие исклучоци. Во ...
Заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола, доцна попладнево информираа дека соговорниците размениле информации и мислења за европските проекти што во моментов се реализираат во Општина Битола со поддршка на ЕУ преку различни програми. -На средбата Коњановски – Нупнау, акцент беше ставен на ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75 отсто повеќе, но, вели, кои резултати ги покажале судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума. -Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како држава го ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва беше промовирана книгата „Кривичен законик – временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996-2026), со коментар“ од м-р Владимир Панчевски. Делото претставува прво стручно авторско издание кое систематски ги следи и анализира сите измени на Кривичниот законик од неговото донесување во 1996 година до денес, со акцент на правилната примена на поблагиот закон (lex ...
„Владата не се меша во судството, но Владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари. И кога тие народни пари ги троши некоја институција или орган од управата на државата, логично е да државата се грижи за тоа“, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата. „Они велат за нас не се грижете, ние сами ќе се грижиме а вас само ќе ве информираме. Ние велиме во ред, еве тоа ќе го прифатиме и ќе биде дел од законите. Но, не ја гледам ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека лично смета оти судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива без политичко влијание, но предупредува дека има одредени политички партии кои, како што вели, се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили. – Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е сега има тука одредени политички партии ...
Новата локална власт го направи првиот чекор за почиста животна средина, за која даде ветување, објави градоначалникот Фисник Меља. -Општина Дебар го прими првиот контингент од 2.542 канти, секоја со капацитет од 120 литри, наменети за собирање на мешан комунален отпад. Ќе бидат распределени од врата до врата низ целиот град Дебар и околните села, стои во објавата. Оценува дека ова претставува една од шесте клучни точки во проектот поддржан од ...
Прилепската болница „Борка Талески“ потрошила средства без почитување на релевантната законска регулатива, особено во спроведувањето на јавните набавки со неправилности во благајничкото работење, односно при располагање со средствата во готово, утврдил Државниот завод за ревизија со ревизијата направена за 2024 година. Државниот завод во извештајот изразил неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со сопругата и ќерката на уметникот Глигор Чемерски, придружени од кураторот д-р Кирил Пенушлиски. Како што соопшти претседателскиот Кабинет, членовите на неговото семејство изразиле загриженост за состојбата во којашто се наоѓаат делата на великанот Чемерски и ја потенцирале потребата од нивна реставрација и презервација, по примерот на успешно обновениот Споменик на слободата ...