Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што вели бил одлична можност за вмрежување и запознавање со актуелните трендови и иницијативи во бизнис-заедницата. -Денеска присуствував на настанот организиран од Германско-македонската стопанска комора, каде што имав можност да слушнам корисни презентации и да размениме искуства со присутните. Настанот беше одлична ...
Судскиот совет на денешната 531. седница ги разгледа извештаите за работата на судовите за третиот квартал од 2025 година, кои покажуваат дека судовите ширум земјава и понатаму се соочуваат со значителен број на заостанати предмети, како и со недостиг на судии и судски службеници. Како што беше посочено од страна на членот на Советот, Антоанета Димовска, основните судови во Прилеп, Ресен и Делчево се оценети како ажурни, додека судовите во ...
Во период кога правосудниот систем ужива доверба од само 2%, дел од судството и обвинителството повторно го става фокусот на зголемување на платите, наместо на клучните сегменти како ефикасност, независност и брзо решавање на судските предмети. Иако располагаат со значителни примања, јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на застојот на предмети или пак поголема отчетност, се вели во соопштението од ...
Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандов-Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозорт и се превртел. Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција. – Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без ...
На прес-конференцијата, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека свежите искуства од последниот изборен процес уште еднаш ја потврдија потребата од темелни, а не козметички измени во Изборниот законик. Тој нагласи дека хроничните слабости во системот со години се провлекуваат од избори во избори, а секој нов циклус само ги нагласува пропустите, стои во соопштението од Левица. „Ова не е закон за партиите, туку е закон за ...
Безвременско музичко патување под светлосната магија на свеќите ќе донесе „Охридско лето“ на 29 ноември во Македонската филхармонија преку концертот на Камерниот оркестар „Профундис“ и солистот на виолончело Петар Пејчиќ кои ќе настапат под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Националната установа успешно ќе ја заокружи годинава со уште еден пост-фестивалски концерт на 20 декември во Центарот за култура во Охрид со меѓународно етаблираните ...
Дваесет и вториот состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите вклучени во процесот за стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа (COSAP/КОСАП), која беше организирана од страна на Парламентот на Босна и Херцеговина, се одржа во Сараево на 17 и 18 ноември 2025 година. На Конфернцијата учествуваа делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, како и ...
Пратеникот Миле Талевски, шеф на Делегацијата на Собранието на Македонија во Интерпарламентарното Собрание на Православието, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на ИПС на Православието, учествуваше на есенскиот состанок на ова тело, што од 15 до 18 ноември 2025 година се одржа во Аман, Јордан. Како што соопшти собраниската прес-служба, поздравно обраќање на почетокот на состанокот одржал спикерот на Домот на претставниците на ...
Ултра-преработената храна (УПХ) е водечка причина за „пандемијата на хронични болести“ поврзана со исхраната, при што прехранбените компании ја ставаат заработката пред сѐ, предупредуваат стручњаците. Индустријата во својата суштина ги опфаќа производителите на УПХ, но и поширока мрежа на меѓузависни чинители коишто колективно го водат производството, маркетингот и потрошувачката на УПХ. Во напис објавен во медицинското списание „Лансет“, 43 ...
Општина Крива Паланка објави јавен повик за доделување на награда „Земјоделец/ка за 2025 година на Општина Крива Паланка“. На повикот можат да се пријават физички лица со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка, регистрирани или евидентирани земјоделски производители во единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -Заинтересираните кандидати за учество на јавниот ...
Струшката полиција поднесе кривични пријави против пет лица поврзани со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Меѓу петмината е и поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко, кој се товари за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред почетокот на првото рочиште порача дека ќе бара дисциплина од сите странки и присутни во судницата, нагласувајќи дека за секое непотребно одлагање ќе следува санкција. Судот, рече Груевска-Илиевска, ќе ја почитува тагата и болката на семејствата на загинатите и повредените, но судот ќе постапува професионално и ќе ...
Пронајден е кумановецот кој беше пријавен за исчезнат утрово во СВР Куманово. Информацијата ја потврдија членовите на неговото семејство и полицијата. Шеесет и шестгодишниот кумановец беше пријавен за исчезнат утрово во кумановската полиција. – В.М. (66) од Куманово бил пронајден од неговиот син во добра здравствена состојба, соопшти СВР Куманово. А.М. (34) од Куманово, претходно пријави во полицијата дека од домот се оддалечил неговиот татко ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската Унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Како што соопшти МНРиНТ, настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан. На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу ...
Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект, но фактрата за извршената работа ќе ја достават до соствениците кои не ја исчистиле иако тоа од нив било побарано. -Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа, на терен излегоа комуналните екипи на Општината, ...
Ослободувањето на Тетово од фашистичката окупација во Втората светска војна на 19 ноември 1944 година денеска беше одбележано со оддавање на почит на загинатите борци пред Споменикот на победата (револуцијата) во Тетово. Чествувањето почна со интонирање на химната, почесна стрелба и минута молчење во организација на Општинската организација на Сојузот на борци Тетово од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и ...
Општина Ѓорче Петров денес официјално го потпиша договорот за доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“, со што започнува реализацијата на значајна инвестиција вредна 42 милиони денари. Проектот, како што се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров, опфаќа проширување на училиштето со современ, функционален и енергетски ефикасен простор со површина од околу 600 метри квадратни, целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар. -Со ...
Во периодот од 16 до 19 ноември 2025 година, делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Координативната конференција на командантите на јужното крило на НАТО 2025 (SCCC – Southern Commanders Coordination Conference 2025). -Во рамките на конференцијата, денес генералот Лафчиски присуствуваше на церемонијата на примопредавање на должноста командант на Здружената ...
Реката Пчиња се излеа од коритото кај селата Пелинце и Стрновац, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово. Оттаму известуваат дека од општина Старо Нагоричане информирале дека на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри. -Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. ...
Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“. Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е идентификуван сторителот одговорен за хемиското истекување што синоќа предизвика вознемиреност кај граѓаните. Во објавата на Фејсбук, тој посочува дека од средишната шахта на булеварот „Александар Македонски“ во Гази Баба се излеа голема количина хемиска пена, што претставува сериозно прекршување на еколошките прописи. – Сторителот е пронајден, постапуваме веднаш! Никој не смее да го ...
Неделава продолжуваат активностите за чистење и уредување на јавните и на зелените површини во Кочани. Искосен и уреден е обраснатиот кеј во коритото на Кочанска Река, како и пешачките патеки во околината на месноста Бавчалук. Теренски активности за собирање на натрупан смет се спроведоа во новиот комплекс згради во населбата Текешински Лозја. Комуналните служби апелираат за совесно однесување на сите граѓани и личен придонес во одржувањето на ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас вечерва во Брисел ќе биде домаќин на неформална вечера за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата од Западниот Балкан, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Вечерата се одржува по вчерашниот „Форумот за проширувањето на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“, на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 18 до 24 ноември и оваа година како и во минатото се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day). Целта на кампањите е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животни, но и на животната средина, предизвикани од ...
Во денешната емисија „Студио 10“ на телевизија 24 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која зборуваше за Предлог буџетот за 2026 година истакнувајќи дека е развоен и скроен по мерка на граѓаните, за економски раст и развој на државата, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Највисок Буџет досега 6,7 милијарди евра, но за разлика од претходни буџети ова е повисок буџет, но ќе има помал дефицит, разликата ...
Во Клубот на пратеници од утрово почна да се реализира Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда во Македонија. Во поздравното обраќање, амбасадорот на Република Франција во нашата држава, Кристоф Ле Риголер истакна дека акциониот план за климатска правда што ќе биде претставен на оваа тркалезна маса, е важна алатка, – Од политичка гледна точка она што е важно, е, дека овде работиме на предизвици за кои е тешко да се даде ...
Општина Бутел започна со подготовките за претстојните новогодишни празници Активностите за поставување на новогодишната декорација се веќе во тек, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општината Дарко Костовски. -И оваа година новогодишната бајка повторно ќе пристигне во општина Бутел. Оваа година ќе го имаме најубавото украсување и најубавата новогодишна бајка! Активностите за новогодишно украсување се во тек и наскоро ...
Безвременско музичко патување под светлосната магија на свеќите ќе донесе „Охридско лето“ на 29 ноември во Македонската филхармонија преку концертот на Камерниот оркестар „Профундис“ и солистот на виолончело Петар Пејчиќ кои ќе настапат под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Оваа национална установа успешно ќе ја заокружи годинава со уште еден пост-фестивалски концерт на 20 декември во Центарот за култура во Охрид со меѓународно етаблираните ...
Утрово најстудено било во Куманово со измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија и Демир Капија каде се измерени 14 степени. Најмногу дожд наврнал во Лазарополе, најмалку во Велес. Според УХМР, 7 степени целзиусови се измерени во Скопје–Зајчев Рид, Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 8 во Пожаране, 9 во Претор, Тополчани, Охрид, 10 во Тетово, Берово, Битола Прилеп Велес, 11 во Крива Паланка, Виница, 12 во Струмица, Кавадарци, 13 во Штип, и ...
Врнежите од дожд полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко, од кои, заради сушниот период, во сезоната на наводнување имаше распоред за пуштање вода од по три дена за повеќе атари во регионот. Според раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Костадин Стојанов, се уште е рано да се каже кога ќе почне поголемиот прилив на вода во хидроакумулациите, но врнежите, кои почнаа и се најавува дека ќе ...