Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
По обилните врнежи што ја зафатија земјава, состојбата на терен постепено се стабилизира, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Пелагонискиот регион, во Битола, Могила и Новаци, водата се повлекува од поплавените подрачја, иако реката Црна има покачен водостој, а дел од земјоделските површини сè уште се под вода. Во Западниот регион, во Кичево, водостоите на реките се намалени и нема нови поплави. Во тек е расчистување и ...
Во Прилеп нема да се гради нов театар во Центарот за култура, туку темелно ќе се реконструира постоечката стара зграда. Најтеатарскиот град во земјава, по долгогодишните натегања и неисполнети ветувања, конечно е на чекор до остварувањето на желбата наречена театар. Со финансиска помош од општествено одговорни компании, а на иницијатива на новата локална администрација, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ повторно треба да блесне во ...
По обилните врнежи што ја зафатија земјава, состојбата на терен постепено се стабилизира, информираат од Центарот за управување со кризи. Во Пелагонискиот регион, во Битола, Могила и Новаци, водата се повлекува од поплавените подрачја, иако реката Црна има покачен водостој, а дел од земјоделските површини сè уште се под вода. Во Западниот регион, во Кичево, водостоите на реките се намалени и нема нови поплави. Во тек е расчистување и ...
Расте бројот на патници од македонските аеродроми. Минатата година има зголемување за 9%. Во месец декември лани, од македонските аеродроми се превезле дури ¼ повеќе патници во споредба со декември 2024. Дополнително зголем е и број на летови за 4 отсто споредено со 2024 година. Само во октомври се воспоставија неколку нови линии. Од охридскиот аеродром се лета до Базел. Од Скопје пак се воспоставија нови линии кон Стокхолм на главниот ...
На граничниот премин Дојран запленети се 5.050 штекови цигари и електронски цигари. Приведен е 56-годишен српски државјанин кој го управувал товарното возило во кое биле шверцувани цигарите. При граничната контрола утврдено е дека е фалсификуван VIN-бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола, а при преглед на полуприколката, со помош на специјален уред – ендоскоп, пронајден е скриен бункер во кој се откриени вкупно 5.050 штекови, од ...
Министерството за здравство преку донација обезбеди 7.500 вакцини против хепатитис Б, со што 2.500 здравствени работници ќе имаат можност за имунизација и ревакцинација од ова сериозно вирусно заболување. Хепатитис Б го напаѓа црниот дроб и може да предизвика тешки здравствени компликации, а вакцинацијата е најефикасен начин за превенција, вели директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска. Министерството за здравство преку донација обезбеди 7.500 ...
Во јавната здравствена установа Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, со почетокот на новата година, формирана е комисија за полагање стручни испити за здравствени работници, информираа денеска од оваа здравствена институција. -Започнуваме со уште една значајна и позитивна иницијатива. Формирана е комисија за полагање на стручните испити за здравствените работници со завршено средно и високо стручно образование, што претставува важен ...
Завршија градежните активности за целосна реконструкција на плоштадот Којник во едно од најстарите велешки маала лоциран во високиот стар дел од градот. Со ова жителите од овој дел од градот, но и сите велешани добија уште едно обновено катче со најнова урбана опрема за одмор и релаксација, информира денеска градоначалникот Марко Колев. Реконструкцијата на плоштадот Којник траеше во изминатите четири месеци, со средства обезбедени од ...
Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет. Претседателката Сиљановска ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја, на која се разговараше за актуелната состојба и перспективите на билатералната соработка во областа на животната средина и просторното планирање. Ккао што соопшти Министеството за животна средина и просторно планирање, Хоџа и Ќехаја на средбата „ги оценија пријателските односи и ...
Во Домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево денеска се одржа промоција на книгите „Ангелот по име аутизам“ и „ Светот на аутизмот – Патувањето на Леон“ од авторката и психолог Амела Мемиш Апостоловска, посветени на аутизмот и на искуството на семејствата што живеат со оваа состојба. Настанот беше организиран од Општина Пехчево во соработка со Матичната библиотека „Кочо Рацин“ – Пехчево. На промоцијата учествуваа Габриела Костадинова, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи своите предлози за избор на Арлинда Кадри-Шакиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет. За двете кандидатки, таа рече дека изборот го направила во согласност со нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личниот кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на ...
Собранието попладнево во рамки на 80 седница усвои заклучок дека Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, е прифатлив и треба да се проследи во натамошна постапка. Првото читање на предлогот беше поддржано од сите 69 пратеници присутни на седницата. Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во ...
Во деновите на викенд во Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом во Велес драстично бил зголемен бројот на пациенти од сите возрасти со симптоми на грип како што е покачена телесна температура која не се симнува и по неколку денови, кашлица, болки во коските, мускулите и општа слабоста на заболениот, информира денеска портпаролот на оваа јавна здравствена устаноа д-р Славица Нешова Пановски. Таа потенцира дека постојано имаат нови и ...
Незадоволни кумановци кои работеа за американски компании во базите во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи Куманово. Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот. Причината, како што посочуваат засегнатите, е неправедното утврдување на даночната резидентност и обврската за плаќање данок за приходи остварени надвор од државата, неземајќи ги предвид реалните ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, врз основа на оригиналните записници од гласачките места. Согласно овие податоци, во Гостивар најмногу гласови освоил Ваљбон Лимани од НАИ, во Маврово-Ростуше Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Општина Врапчиште Исен Шабани ...
Селото Ѕвегор во општина Делчево и годинава ќе биде домаќин на една од најстарите и најавтентични традиционални манифестации во источна Македонија – „Ѕвегорска Сурова 2026“, која ќе се одржи на 14 јануари, на денот на Старата Нова година. Станува збор за вековен обичај што се пренесува од колено на колено со цел симболично истерување на злото и повикување на здравје, среќа и бериќет во новата година. Како што информираат кумовите на обичајот, ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во земјата, Ивета Хрицова, на која станало збор за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на реформските приоритети во областа на јавната администрација. Како што соопштија од Министерството, на средбата било истакнато пријателското партнерство меѓу двете земји, со посебен акцент на можностите за ...
СДСМ си продолжува со старата матрица на неосновани обвинувања и политички конструкции, без ниеден конкретен доказ за незаконско постапување, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијатга на СДСМ. Уште еднаш е јасно дека СДСМ демонстрира површност и непрофесионалност. Сите јавни набавки спроведени од општините и од Град Скопје се реализирани во согласност со Законот за јавните набавки преку транспарентни и јавно објавени постапки, ...
На 15 јануари најголемата семрежна енциклопедија „Википедија“ ќе одбележи 25 години функционирање и едуцирање на светската популација на 342 активни јазични верзии, меѓу кои и „Википедија на македонски јазик“. Овој јубилеј ќе се одбележи и во Скопје во организација на Фондацијата „Викимедија МКД“, македонска заедница за „Википедија“. – По повод јубилејниот роденден, на 15 јануари 2026 година, со почеток од 19 часот, во „Јавна соба“ во Скопје, ...
Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со намалени цени на јајцата и во нашата земја, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески по забележителниот пад на цената на јајцата на домашниот пазар во просек за 40-тина денари. Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денес на повеќето проджни места. -Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на пазарот. ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, на обележјето кај Катлановско Блаце, положија венец во спомен на единаесеттемина припадници на воздухопловниот ВИНГ, кои пред 18 години ги загубија своите животи враќајќи се од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Министерот Мисајловски притоа порача дека нивната мисија била благородна и дека никогаш нема да бидат ...
Здружението на инвалиди на трудот Штип денеска поделија пакетчиња на децата во Дневниот центар за деца со аутизам во населбата Пребег во Штип. Лидија Џамбазова – Јанкова дипломиран инженер технолог од Здружението на инвалиди на трудот –Штип вели дека целта е да се внесе радост, насмевки и топлина за време на празниците кај сите дечиња. -Денес ние членките на актив на жени при Здружение на инвалиди на трудот Штип сме во посета на Дневниот ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведено лицето кое го скрши стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Станува збор за 54-годишниот Ш.А. – Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија почнува со сет на активности коишто ќе бидат насочени кон интензивирање на трговската соработка, привлекување на странски инвеститори и зголемување на извозот. Веќе во првата половина од годинава планирана е посета на Мароко и Саудиска Арабија како земји кои имаат сериозен потенцијал за соработка. Целта е за време на дел од посетите на државниот врв надвор од државата да бидат присутни ...
Ние имаме одлични билатерални односи со сите наши соседи. Но, без никаква дилема нашата надворешна политика е втемелена во неколку фундаметални основи, од коишто примарна е целосната усогласен со заедничката надворешна безбедносна политика на Европската унија, за што ЕУ ни дава најголеми пофалби во сите свои извештаи, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој одговараше на новинарско прашање за ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати на огласот на Собранието за новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Од пријавените кандидати, шест се од актуелниот состав – Борис Кондарко, Абдуш Демири, Александар Даштевски, Дитмире Шеху, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов. Според утврдената листа, пријавени се 16 кандидати, од нив седум за претседател на ...
Буџетот на Програмата за образование на Општина Делчево за 2026 година е зголемен за 250.000 денари и е целосно насочен кон поддршка на талентирани ученици и студенти. Со тоа, како што денеска информираше градоначалникот Иван Гоцевски, локалната самоуправа прави значаен чекор кон унапредување на образованието и мотивацијата кај младите. – Со новата програма, општинските стипендии и награди се зголемени, при што износот на наградите порасна од ...
Верата не треба да биде пречка, туку можност за дијалог, сметаат повеќе од 70 % од анкетираните средношколци и студенти од Православната богословија „Св. Климент Охридски“, Православниот богословски факултет – Скопје, Медресата „Иса-бег“, Филозофскиот факултет – Скопје и Факултетот за исламски науки – Скопје, покажуваат резултатите од истражувањето за ставовите на младите кон религијата, етиката и секојдневните предизвици, спроведено во текот ...
Сè е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, што утре и в среда ќе се одржува на улиците во Вевчани, потврди градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски. Забавниот дел од манифестацијата почнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“. Традиционално, забавата ќе продолжи утревечер со фолк-музика за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со ...