Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју на една од националните телевизии. -Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното ...
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади, имав задоволство да учествувам на сесијата за економски дијалог и вмрежување меѓу институционалните претставници и бизнис-заедницата, каде што беа разгледани конкретни можности за нови инвестиции, проширување на економската соработка и зајакнување на врските меѓу јавниот и приватниот сектор – изјави директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, во врска со денеска потпишаниот Договор ...
Институциите континуирано комуницираат со концесионерот на комплексот „Македонско село“ со цел објектот успешно да функционира и да не биде затворен, изјави директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Томовски истакна дека државата обезбедува логистичка и институционална поддршка, додавајќи дека комплексот веќе една година работи стабилно. -Комуницираме постојано со концесионерот, им стоиме и како логистика и како ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати пред учесниците на летната школа „Re:Europe: Rethinking Europe Together“, проект финансиран од Канцеларијата за француско-германско пријателство, имплементиран од Парискиот Институт за политички науки при Дижон и Хумболтовиот универзитет од Берлин, при што, како што информираат од нејзиниот кабинет, порача дека ЕУ мора да се реформира за да биде функционален, демократски политички ...
Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по потпишувањето денеска во Охрид на Договорот за стратешка соработка меѓу двете држави. Николоски, како што соопшти ...
Во свет кој се соочува со бројни економски и глобални предизвици, соработката не е избор – таа е неопходност. А токму платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа претставува пример како преку дијалог, почит и заедничка визија може да се создаваат нови можности за сите, порача денеска од Ѕинан, главниот град на кинеската провинција Шандонг вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Во ...
Треба да знаеме дека во наредните три години ние како држава треба да вратиме шест милијарди евра стари долгови, а во наредните од 2026-2031 некаде отприлика 9 милијарди евра долгови, коишто без исклучок сите се земени од претходната влада. И токму голем дел од овој заем ќе биде за потпирање и за враќање на стариот долг, а во јуни месец треба да ја исплатиме втората транша од еврообврзницата од 700 милиони евра којашто е земена во 2020 ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоѓриевски најави досега најголема теренска посета низ сите скопски општини, која ќе започне утре со посета на Кисела Вода. Скопскиот градоначалик во објавата на Фејсбук, во кои ги најавува теренските посети, истакна дека првата ќе биде во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода утре во 19:30 часот. Започнуваме голема теренска посета во сите скопски општини! Почитувани, Скопје се гради со работа, со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“. Заблагодарувајќи им се за посетата, Сиљановска-Давкова, како што ...
Денес и утре, 26 и 27 мај, Валандово ќе биде центарот на македонската песна со 39. издание на „Фолк Фест Валандово“. Вечерва, 26 мај, на плоштадот во Валандово, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи претфестивалска вечер посветена на најголемите валандовски хитови, музичката носталгија и песните што со години живеат меѓу публиката. На сцената ќе настапат Блага Петреска, Елена Велевска, Кате Соната, Христијан Божинов – Кико, Мишко Крстевски и ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат ...
Заврши асфалтирањето на улицата „Ленинова“ во населбата, каде е лоцирано штипското медицинско училиште „Јане Сандански“. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов попладнево изврши увид во градежните активности и најави дека оваа населба наскоро ќе добие и парк, a активностите околу неговото уредување се во тек. -Морам да потенцирам дека паралелно со денешното асфалтирање на улицата во непосредна близина, во периодот кој што следи ќе ...
– Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле ...
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, замениците на генералната секретарка, Бобан Стојановски и Никола Ѓошевски, учествуваа на презентацијата на анализата на јавното мислење „Поглед на Собрание: перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)“ спроведена од Институт за демократија „Социета Цивилис“. Анализата, како што информираат од Собранието, е подготвена во рамките на Програмата за ...
Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава, на која, како што информираат од Собранието, било разговарано за севкупната билатерална соработка, процесот на евроинтеграција и нашата дијаспора во Италија, која е успешно интегрирана и добро етаблирана во италијанското општество, претставувајќи мост за унапредување на пријателството ...
Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција. Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната економска ...
Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија. Во Брисел се одржува осмата меѓувладина конференција меѓу Албанија и Европската Унија, на која треба да се потврди исполнувањето на привремените услови од кластерот „Основи“, што е најчувствителниот дел од пристапниот процес. На конференцијата се утврдуваат и завршните критериуми за Кластерот 1, кој ги опфаќа правосудството, основните права, правдата, слободата и ...
Поради страв, но и од досегашното искуство за неисплаќање на дневници за верски празник, возачите од ЈСП Скопје побараа промена на распоредот за работа. Според синдикатот, за претстојните празници, возачите од муслиманска вероисповед ќе мора да работат за Бајрам, а православните за Задушница. Со ова, велат од синдикатот на ЈСП, се нарушува традицијата на почитување на вероисповедта на вработените во претпријатието. Воедно додадаваат дека не ...
Во првиот квартал годинава вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, во приградскиот превоз за 8,8 проценти, а зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 процент. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со хрватскиот вицепремиер и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ, кој е дел од делегацијата на хрватската влада, која од денеска е во посета на државава. – На билатералната средба во Охрид се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот ...
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првиот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 0,8 проценти, трошоците за материјали за 1 процент, a трошоците за вработените за 0,4 проценти – објави денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се ...
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар – соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ не се менува. За 0,330 денари поскапува „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе чини 51,144 денар. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија. На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, Мицкоски и Пленковиќ истакнаа дека ...
Во Општина Чаир денеска официјално беше пуштен затворениот базен во населбата Топанско поле, проект во вредност од еден милион евра поддржан од Владата и Министерството за спорт. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити нагласи дека од следната учебна година, на околу 1.800 деца ученици од 5-то и 6-то одделение од оваа општина пливањето ќе им биде задолжителен предмет во наставната програма и базенот ќе биде во нивна функција. – Денес, го ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2026 година изнесува 531.062 МWh, што претставува 79,6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во март годинава се потрошени 667.016 МWh електрична енергија, 16.222 мил. нм3 природен гас, 289 340 тони јаглен и 75.475 тони нафтени продукти. Потрошувачката на природен гас е намалена за 68,1 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, а за 14,7 % е ...
Копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски уште не разговарале за деталите и за ресорите што ќе бидат опфатени со најавената реконструкција, која се очекува да биде во јуни. – Со премиерот, со владиниот партнер, само начелно разговаравме и договоривме дека ќе има реконструкција. Но, треба да седнеме да разговараме за принципите, за ...
Обезбедување одржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови на енергетска и ценовна нестабилност, како и создавање услови за одржлив економски раст и зголемување на економската отпорност на идни кризи. Ова се главните цели на фискалната политика поставени во Фискалната ...
Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство што со години се градело – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Тоа го истакна претседателот на владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид. Како што рече, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска ...
Важноста на поддршката од Европската Унија во јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедносниот систем беа во фокусот на денешната средба меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас. – На средбата беа потврдени одличната соработка и континуираната поддршка што Европската Унија ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи во процесот на спроведување на ...
Македонската Армија в четврток на 28 мај на Градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците. Во соопштението од касарната „Јане Сандански“-Штип се вели дека на настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со ...