Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Еден од амандманите што го предложи советничката група на СДСМ, а советниците едногласно го изгласаа на последната седница е изградба на нов пат од мостот на Драгор кај Довлеџик и кружен тек пред бензиската пумпа на Макпетрол. Со овој амандман предлагаме да се изработи сообраќајно решение кое ќе биде безбедно и соодветно на новата инстрасфтруктурата што се гради тука. Со новиот пат и кружниот тек кај Довлеџик ќе се заокружи реконструкцијата на ...
Засега Министерството за здравство нема да предложи хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски, поради топлотниот бран што ја зафати Европа, но и светот. Од Министерството за здравство за Мета.мк велат дека на последната владина седница, завчера, биле усвоени сетот препораки за заштита на граѓаните од енормно високите температури и портокаловата фаза во која се наоѓа земјава, но меѓу нив нема препораки за хронично болните ...
По денешната прес конференција на СДСМ за ребалансот на буџетот, со реакција се огласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. „На популистичката политика која ја водат советниците од СДСМ, предводени од Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, упорно укажував уште пред седницата за ребаланс на буџетот на Општина Битола. Мојата загриженост за блокадата на општината која ја најавија дел од советниците, беше токму заради напредокот на ...
Интегрален текст од прес конференцијата на Мирјана, советник од СДСМ Градоначалникот Тони Коњановски сака да го закочи редовното и тековно работење на општината, а за својата неспособност да ги обвини советниците во Советот на Општина Битола! Една недела откако Советот го изгласа ребалансот на буџетот, општинската администрација со која раководи Коњановски и која работи по налог на Коњановски, нема мрднато со прст за соодветно да ги распредели ...
Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17.07.2023 година, во терминот од 06.00 до 20.00 часот. Делумната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за ...
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) 14 Лазарополе, Берово, 16 Маврови Анови, 17 Битола, Крива Паланка, 18 Попова Шапка, Охрид, 19 Тетово, Претор, Дебар, Прилеп, Скопје-Петровец, Струмица, 20 Куманово, Демир Капија, Велес, 21 Кавадарци, Крушево, Штип, Гевгелија, 22 Виница, Скопје-Зајчев Рид, Дојран. Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, ќе биде во следните три дена. Според тридневната прогноза од УХМР денес ќе дува умерен, а ...
На површина од 800 метри квадратни, во населбата Довлеџик, партерно се уредува патеката во близина на Црквата „Свети Архангел Гаврил“. За подобрување на условите во овој дел на градот, општината, вложува 1.750.000 денари. Изминатите неколку месеци, завршено е партерното уредување и на улиците „Вера Циривири Трена“, „Булевар 1 Мај“ (во близина на Сточен пазар), како и на патека на улицата „Железничка“. На овие три улици, уредена е површина од ...
Мртво било породено вчера бебе во Битолската клиничка болница, на 21 годишна родилка која пред два месеци се вратила од азил од Германија. Според официјална изјава на директорката на Битолската клиничка болница д-р Елизабета Ивановска, бебето било породено со царски рез, немалтретирано, но за жал не давало значи на живот. „Породувањето е направено со царски рез, заради вишок на плодова вода, во 36 недела од бременоста. Бебето не давало знаци на ...
Од денеска до 25 јули продолжува портокаловата фаза во цела држава. Поради тоа Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури. Како што информира владината прес-служба, се препорачува ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени. Како што соопшти УХМР, подрачјето на ...
32 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола Во текот на изминатата вечер (15/16.07.2023)во периодот од 00.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 32 возачи од кои(22 ви Битола,5 во Прилеп,4 во Ресен ,1 Македонски Брод)За време на контролата биле санкционирани и 12 ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.– Подрачјето на нашата земја и во ...
Во текот на денешниот ден(15.07) на подрачје на Битола во времето од 11.00-15.00 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран како и останати прекршоци . Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. ...
На 15.07.2023 година во времето од 00:00 до 04:00 час, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола постапено е по план за „Безбедно Лето 2023“ при што извршена е акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица при што легитимирани биле 50 лица и констатирано било присуство на 6 малолетници и 2 точења на алкохол на малолетни лица. Во Ресен ,полициски службеници од ОВР Ресен, ...
При акциска контрола на СВР Битола во Битола , Ресен и Прилеп затекнати малолетници во угостителски објекти после 24 часот и конзумирање алкохол На 15.07.2023 година во времето од 00:00 до 04:00 час, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола постапено е по план за „Безбедно Лето 2023“ при што извршена е акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица при што легитимирани ...
Тројцата битолчани Влатко Деловски, Владимир Ѓоргиевски и Саша Грбиќ се првите алпинисти од нашата држава кои се искачија на насоката „Cassin“ на Piz Badile (3,308 m). Тројцата се членови на СКК.Вертикал-Битола. „Од почетокот на алпинизмот и качувањето во Битола (20 ти век) до денес, ова е прва успешна акција и качување на оваа насока од битолски клуб, што експедицијата ја сместува меѓу најуспешните алпинистички остварувања во градот воопшто. ...
Од страна на вработените во Националниот парк „Пелистер“, Коњановски беше информиран дека, работите на Авантуристичкиот парк за кој Општина Битола, обезбеди поддршка од 2.400 000 денари, се одвиваат со предвидената динамика и се во завршна фаза. Со цел, развивање на туристичките можности на Пелистер, општина Битола, овозможи поддршка на активностите на ПСК Пелистер, кои средствата ги наменаа за реконструкција на планинарскиот дом „Копанки“, за ...
Ближи 17. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2023. Ќе започне на 18.07 на платото на Офицерски дом со промоција на новиот албум на групата „Баклава“ во 20.30 ч. во Офицерски дом-КИЦ Битола, а вечерта продолжува со Loxandra Ensemble - Λωξάντρα од Грција во 21.30 ч асот. Оваа година за прв пат има Локум фест-ОФФ Програма , првата вечер во Вино бар Буре на Магнолија со Баклава и гостите од Грција. „Нашата ...
Полицијата до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик. Според СВР Битола, на 11.07.2023 година во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што ...
Просторот кој има потенцијал за одржување на културни и уметнички настани да го зачуваме чист и да ја подигнеме свеста за рециклирањето Волонтерската акција „И тумбе и кафе и сцена за градот“, се одржа на 27 јуни 2023, на Летната сцена на „Тумбе кафе“ ‒ Битола. Акцијата вклучуваше симулирана потрага по отпад којшто волонтерите на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола го искористија за уметнички да се изразат и да ја рециклираат пластиката преку ...
Поради зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци пристигнати во СВР Битола, во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени, апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации. Исто така, СВР Битола предупредува, посебно ...
Натпреварувачите ќе ги оценува меѓународна жири комисија во состав: Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и Катерина Кетковиќ Фидановска - пијано и соло пеење: Анастасија Холц (Србија), Маја Митровска (Македонија), Александра Коцевска (Македонија). Усшешноста на овој натпревар кој по јубилеен, петти пат се одржува во Битола, може да се види по заинтересираноста за учеството на истиот. Имено, оваа година ќе настапат 120 ...
Градоначалникот Тони Коњановски да престане да ги лаже битолчани Општината не е закочена. Има буџет кој е изгласан од Советот и кој функционира Единствено закочени се неговите и намерите на ДПМНЕ да го прекројат буџетот по своја волја, за да задоволат партиски и други интереси Битолчани бараа градоначалник - менаџер, не поет А, СДСМ ќе бара одговорност од градоначалникот зошто дел од ставките кои требаше да се трошат цела година, се ...
Го скршивме малерот! Штом ова го поминавме 13. издание сега можеме да тераме до стотка. Ама Панде вели дека има уште многу работи кои чекаат да го видат своето светло и да бидат извлечени од незаборавот. А колку материјали за нив има, во својата архива, ако му ја запленат од СЈО ќе тераат уште пет мандати- вака на шега кажа нараторката Силвана Петрова –Насух на 13. издание на фестивалот Незаборав кој вечерва се одржа во Центарот за култура во ...
Под влијание на топол бран утре ќе се задржи сончево и многу топло време, во поголемиот дел од земјава со температури над 35 степени, а наместа и над 40 степени. Во Битола максималната температура ќе достигне до 38 степени ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во јужните делови од земјава нема да се ...
Управата за извршување на санкциите Ве информира дека на ден 11.07.2023 година во период околу 19 часот и 20 минути во КПУ Затвор Битола избил пожар во притворското одделение. Службените лица од КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати пробале самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, пожарна и брза помош. ...
Интегрален текст од прес конференцијата на градоначалникот Тони Коњановски Во интерес на Битола и сите граѓани на нашта општина, морам да ја информирам јавноста за штетата која доцна синоќа и беше нанесена на Битола, под водство на нестручното и незаконско работење на претседателката на Советот, Габриела Илиевска. Советот изгласа ребаланс на буџетот на кој самиот е предлагач и ја надминува законската рамка за 116.000.000 денари, поради што ...
На 11.07.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола ги лишиле од слобода М.Ј. и Ј.Б., двете лица од Битола. Имено, при претрес извршен со наредба од Основен суд Битола во дом и помошни простории кај М.Ј. од Битола, биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со 8 куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 ...
Доцна синоќа по завршувањето на седницата на Совет, градоначалникот Тони Коњановски со реакција Новото мнозинство на СДСМ и Поинаку го направија токму она на што предупредив утрово. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, продолжува со популизам и своеволие да и штети на Битола. Вакво незаконско работење од страна на претседател на Совет, не е запаметено досега во Битола. И покрај, предупредувањата од општинската администрација, за ...
По повеќечасовна жолчна дискусија, многу паузи, натегања, партиски препукувања, нешто по полноќ Советот со 29 гласови „за“ го изгласаа ребалансот на буџетот за 2023 година со вклучени 23 амандмани предложени од Поинаку, Левица, СДСМ и ДОМ. За гласњето на измените во буџетот во салата отсутни беа советниците на Левица. Тие излегоа надвор од салата непосредно пред гласањето на ребалансот, а потоа се вратија на седницата за време на гласањето на ...