Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: Референт за присилна наплата во сектор плаќања во земјата Потребни квалификации: Одговорност и задачи: Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија на e-mail: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 24.12.2021 година. Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за ...
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: Раководител на Сектор Плаќања во земјата Потребни квалификации: Одговорност и задачи: Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија на email: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 24.12.2021 година. Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на ...
Граѓани, фирми и институции вложија 7,5 милијарди денари (122 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите девет месеци годинава. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 18 отсто (19 мил.евра) во споредба со истиот период во 2020 година. Бројот на склучени договори за осигурување во овој период е зголемен за 32 отсто и надмина 1,13 милиони, покажуваат официјалните податоци ...
Меѓународниот монетарен фонд уште еднаш ја потврди стабилноста на денарот и на банкарскиот систем во земјава. Во изјавата од последната редовна мисија на ММФ во земјава се наведува дека фиксниот девизен курс на денарот e сидро на стабилноста, поддржан од соодветното ниво на девизните резерви. Меѓународниот монетарен фонд оценува дека банкарскиот систем се покажа како стабилен и силен за време на пандемијата и дека и понатаму останува добро ...
Ист Гејт Мол и Комерцијална Банка известуваат дека „Ист Гејт подарок-картичката“ е на понуда и доаѓа токму во пресрет на најубавите празници во годината. „Ист Гејт подарок-картичката“ е достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари, со цел да биде вредна за дарување во секоја прилика и со најразличен повод – и може да се набави во сите експозитури на Комерцијална банка. Подарок картичката е ...
Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. „Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата ...
Во Новата година обично влегуваме со свежи планови и цели кои сакаме да ги постигнеме во следните 12 месеци. Меѓу најважните, особено денес секако се финансиските одлуки – како да се одржи или зголеми домашниот буџет и како да се оддржи и зголеми заштедата. Сите би сакале да имаме одреден фонд на средства било за „црни денови“ или за планирање на нешто што ќе не израдува. Постои одредена стратегија што можеме да ја ...
Во време кога во глобални рамки е потребно натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението, исклучително важно е што Народната банка презема големи чекори во оваа сфера. Особено важен чекор е и усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, со што земјата се издвојува меѓу првите од регионот коишто имаат стратегиска подготвеност за координиран пристап и ...
Основната каматна стапка и натаму изнесува 1,25%, а на денешната аукција ќе се понуди непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи. Со ова, се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. Ова беше заклучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната ...
Зошто за празниците не си допуштите нешто што отсекогаш сте посакувале? Заслуживте. Ајде, затворете ги очите. Што ви паѓа прво на памет? Супер, сега можете веднаш да тргнете кон остварување на вашата желба и тоа онлајн со пополнување апликација за брз кредит. Од вашата желба ве делат само неколку чекори. Има многу среќни приказни. Нека и вашата зимска приказна биде таква. Искористете прилика да се опуштите и да уживате во празничните моменти ...
Согласно последните објавени податоци од Државниот завод за статистика евидентен е растот во користењето на интернет од Македонците и онлајн купувањето во 2021 година. Интернет банкарството во 2021 година се користело за 104% повеќе од минатата година. Граѓаните и компаниите се повеќе ги ползуваат придобивките од користењето на интернетот и можноста да ги комплетираат секојдневните активности онлајн, без разлика дали станува збор за бизнис ...
Дигиталните технолошки решенија на кои се засноваат отвореното банкарство и брзите, или инстант плаќањата се само бројни иновации коишто ветуваат револуција на финансиските услуги и најавуваат сосема нови удобности за плаќањата. Но, тие се и предизвик за регулаторите – да се олесни пристапот за новите учесници на пазарот на платежни услуги. Народната банка веќе прави големи залагања и има стратегиска цел согласно со која, во периодот ...
Денес сите ние треба да бидеме поодговорни за своите лични финансии од кога било досега. Системите за пензиско осигурување и социјална помош се во една тешка и напната позиција, што особено се комплицира со зголемувањето на животниот век на населението. Финансиските пазари брзо се менуваат, технологијата, новите и посложени финансиски производи стануваат наше секојдневие. Опсегот на финансиски производи од кои луѓето треба да избираат е ...
Осигурителните компании за неживот во првите девет месеци исплатија над 55.000 штети што е за 20 отсто повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на исплатите од 90 отсто има кај приватното здравствено осигурување, а кај осигурувањето имот вредноста на исплатените штети е 7,6 милиони евра или 22,6 отсто повеќе од лани. Осигуреници наплатија 2,89 милијарди денари (47 мил.евра) штети од осигурителните компании за неживотно ...
Уште една привилегија плус за корисниците на Интернет банка на Комерцијална банка. Од удобноста на својот дом, од канцеларија или од кое било друго место можат он-лајн да ја блокираат или деблокираат својата картичка. Блокирање на картичка преку оваа апликација ќе може да извршат сите клиенти кои имаат увид во своите сметки преку Интернет банка. Услугата деблокирање, односно повторно активирање на претходно блокирана картичка, е достапна за ...
Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ЗА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДИ ЛОКАЦИЈА: ДЕЛОВНА ЗГРАДА СКОПЈЕ Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и ...
Народната банка ги демантира информациите објавени на некои портали и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од централната банка. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани. Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ...
Дури 90% од компаниите и институциите кај нас се свесни за придобивките коишто ги носи дигитализацијата за финансиските услуги. Над 70% инвестираат во дигитална трансформација. Финтек-секторот сѐ побрзо се шири во индустријата на плаќањата, којашто бара нови начини за намалување на трошоците, за зголемување на безбедноста и за подобро искуство на клиентите. Задачата на регулаторите е да создадат соодветна, регулирана средина во која ќе се ...
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 08.12.2021 година (среда) заради празнување на Денот на Свети Климент Охридски. Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да се користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање се веб и мобилните апликации Интернет банката и мБанка. За корисниците на платежни картички, 24/7 ...
Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЛОКАЦИЈА: ДЕЛОВНА ЗГРАДА СКОПЈЕ Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку ...
Со цел да се доближи повеќе до своите клиенти и да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, НЛБ Банка, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започна промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг. Согласно својата стратегија за општествено одговорно делување, а во насока на промоција на одржливоста и еколошкиот пристап во ...
Акциите на азиските берзи денеска пораснаа, исто како и на Волстрит ден претходно, бидејќи се намалија стравувањата од новиот сој омикрон на коронавирусот, а новите економски стимулации во Кина ги охрабрија инвеститорите. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, утринава во 7 часот порасна за 0,6 проценти, откако вчера се лизна на своето едногодишното најниско ниво. На берзата во Токио индексот Никеи скокна за повеќе од два ...
Комерцијална банка континуирано ја проширува палетата на кредитни производи и дигитални услуги кои се прилагодени на потребите и можностите на клиентите. Во услови на пандемија и голема неизвесност, атрактивните потрошувачки и станбени кредити ги направивме уште поповолни со полисите за осигурување од групацијата Триглав, воведовме штедење без книшка и отворивме дигиталните канали и зони кои 24 часа им обезбедуваат банкарски услуги на ...
Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија ја организира Тринаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура: „Плаќањата во дигиталната ера: од внатре кон надвор“, којашто ќе се одржи на 9. и 10 декември 2021 година. Конференцијата за првпат ќе се одржи во виртуелен формат, поради пандемијата на ковид-19. Конференцијата има меѓународен карактер, со присуството на претставници на Европската ...
Во време на памндемија и економска неизвесност, Капитал Банка продолжува да расте и да ја зацврстува капиталната структура. Банката во овој период е во сериозна фаза на докапитализација со околу пет милиони евра, што ќе и овозможи посилен развој, а во блиска иднина се очекува да добие и проширување на лиценцата за работа со странство. Во интервју за Фактор, претседателот на Управниот одбор на Капитал Банка, Цветан Петринин, открива дека ...
Проекциите на Народната банка, коишто се многу блиску до проекциите на меѓународните финансиски институции, упатуваат на натамошно постепено закрепнување на македонската економија – за следната година се очекува раст од 3,9%, со што би се достигнало и би се надминало преткризното ниво на економски раст. Сепак, постојат ризици поврзани пред сѐ со натамошниот развој на пандемијата со појавата на новите соеви, што бара внимателно следење ...
НЛБ Банка од 1 декември 2021 година започнува промотивна кампања за Visa Business картичките за правни лица која ќе трае до 31 декември 2021 година. Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Visa Business картичките. Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Visa Business картичките во промотивниот период ќе ја добијат картичката без членарина за првата година, додека сите нови и постоечки ...
Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени ...
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, НЛБ Банка подготви промотивна кампања за потрошувачките кредити. Овој декември клиентите ќе можат да ги реализираат своите планови благодарение на промотивната понуда со подолг рок на отплата, едноставна процедура и низа други придобивки. Имено, во периодот од 1 до 31 декември клиентите ќе можат да аплицираат за потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци и без трошоци за одобрување. ...
Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави есенското издание за 2021 година на својата анкета за банкарското кредитирањево ЦИЈИЕ. Извештајот ги истражува стратегиите на меѓународните банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) и пазарните услови како што ги оценуваат банките кои работат таму. Извештајот обезбедува анализа и споредба на ниво на регион и на ниво на поединечни земји. Објавувањето на анкетата во есента ...