„Исцрпувачките“ санкции не доведоа до недостиг во продавниците. Полиците на руските супермаркети се полни. Целосната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година не само што предизвика меѓународен гнев, туку и бран санкции чија цел е да ја ослабне способноста на Кремљ да води војна против својот сосед. Имотот на Русија во странство беше замрзнат, нејзината економија беше отсечена од глобалниот финансиски систем, нејзиниот извоз на ...

На Волстрит вчера индексот С&П 500 достигна нови рекордни нивоа, исто како и Насдак, што најмногу се должи на натамошниот раст на цените на акциите во технолошкиот сектор. Дау Џонс загуби 0,17 отсто, на 38.647 поени, додека С&П 500 зајакна 0,23 отсто, на 5.433 поени, а Насдак зајакна 0,34 отсто, на 17.667 поени. По четири дена раст, С&П 500 и Насдак достигнаа нови рекордни нивоа. Во исто време, најмногу пораснале цените на ...

Големите инвестиции ја заобиколуваат Бугарија и одат во земји надвор од ЕУ Нивото на инвестиции во Бугарија е на рекордно, историски најниско ниво. Односно, инвестициите во основни средства во однос на БДП постојано процентуално паѓаат и гледаме дека големите инвестиции ја заобиколуваат Бугарија и одат во земји надвор од ЕУ, како Србија. Бугарскиот бизнис отсекогаш сакал едно – политичарите да создадат соодветен деловен амбиент за развој на ...

Климатските промени имаат влијание врз производството на храна, но на експертите потребни им се долгододишни податоци за да направат една квалитетна анализа и стратегија. Според мерењата на УХМР последните години се потопли, а со тоа и вегетацијата на растенијата е поместена за две до три недела. Оваа година временските прилики беа погодни за житните култури. Бубе Трајковски, кој е еден од најголемите производители на житни култури во ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13 763 912 илјади денари. Градени се вкупно 2 020 објекти и завршен е вкупно 2 331 стан со вкупна површина од 299 224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 196 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2. По региони, најмногу се градело во Полошкиот регион, потоа ...

Минатогодишното истражување на американската компанија Галуп утврди дека секојдневните негативни емоции на вработените ја чинат светската економија дури 8,9 трилиони долари, што е девет отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП). Во истражувањето учествувале 128.278 вработени од 140 земји. Имено, 20 отсто од споменатиот број луѓе кои учествувале во истражувањето изјавиле дека секојдневно се чувствуваат осамено, луто или тажно, додека ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да и помогне на нејзиното економско закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредитирање е „цврсто на вистинскиот пат“. Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, која вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви. Во вчерашното соопштение ММФ наведе дека неговиот Извршен одбор го завршил осмиот ...

Само 45 милиони евра наплатила државата од концесиски надоместок за експлоатација на минерални суровини од 348 концесии доделени на 257 концесионери во период од 2018 до 2022 година, покажуваат податоците од последниот ревизорски извештај. Концесионерите доцнат со уплата на надоместоците, а дел од нив самоиницијативно ги прошириле границите на концесиските површини, утврдиле ревизорите. Во однос на експлоатацијата на мермерот кој е во фокус ...

Златната индустрија се бори да го одржи растот на производството бидејќи депозитите стануваат сè потешко да се најдат, објави Светскиот совет за злато, цитиран од „CNBC“. „Имавме рекорден прв квартал во производството во 2024-та година, што беше зголемено за 4% од година во година. Но, мислам дека поголемата слика за рударството е тоа што во основа се зголеми околу 2016-та, 2018-та година и оттогаш не сме забележале раст“, рече Џон Рид, ...

Земјоделието трпи штети од климатските промени. Решението е во употреба на современи агротехнички мерки, велат земјоделците, но и во соработката меѓу земјоделската наука и пракса. На земјоделскиот факултет на УГД се одржа меѓународно научно советување… Климатските промени имаат директно влијание врз земјоделието. Годишните сезони се поместени за две до три недели порано. Порано започнуваат и земјоделските активности. За да се справат со ...

Во Албанија, првото тромесечие од годинава забележано е намалување на платите и во јавниот и во приватниот сектор во однос на крајот на 2023 година. – Според државниот институт за статистика, ИНСТАТ, просечната бруто месечна плата во првиот квартал од 2024 година, изнесува 73. 641 лека (736 евра) од 75 илјади (750 евра) на крајот на минатата година. Тоа значи дека просечната плата е помала за речиси 2 отсто, објави агенцијата Балкан веб. ...

Компанијата Фортонмка претставувајќи ги интересите на својот клиент Скопски пазар АД, успешно реализира продажба на компанијата ЛИДЛ, земјиште од 16.000 м2 во Скопје, на кое се наоѓа објектот на некогашниот „Бриколаж“ во скопската населба Гази Баба. Фортонмка со ова уште еднаш ја покажа својата висока експертиза во делот на управувањето со комерцијалните недвижности, успешно водејќи го целиот купопродажен процес од самиот почеток. ...

Кина изразува силно незадоволство и се спротивставува на планот на ЕУ за воведување привремени царини за увоз на кинески електрични возила, соопшти кинеското Министерство за трговија, истакнувајќи дека потегот на ЕУ ги игнорирал фактите и правилата на Светската трговска организација (СТО), политизирајќи економски и трговски прашања. – Кина апелира до ЕУ веднаш да ги исправи своите лоши потези, да го спроведе важниот консензус постигнат на ...

Цената на лебот се зголемува за 10 проценти. Причина, зголемената цена на пченицата на светските берзи. Новото поскапување ги налути граѓаните, велат и другите прехранбени производи се поскапени… Новото поскапување на лебот за 10 проценти ги налути граѓаните. Тие се жалат дека сè живо поскапело, а сиот товар, како што велат, паѓа врз и онака истенчениот семеен буџет, особено врз оние семејства кои во големи количини и често го купуваат овој ...

Регулаторната комисија за енергетика, донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година. Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар) Масло ...

Квалитетното управување со податоците е предуслов за ефикасно извршување на задачите во современите централни банки. Оттаму, за понатамошно унапредување на работењето на Народната банка во оваа област, од посебно значење е билатералната соработка со Народната банка на Австрија, во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ. Во периодот од 3 до 5 ...

Народна банка на последната седница оцени дека монетарната политика во земјава треба да остане затегната и со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно. Ваквата одлука следи и покрај тоа што Европската централна банка, ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени. Според новата каматна стапка на ...

Светска банка ја зголеми прогнозата за светскиот економски раст, оценувајќи дека оваа година ќе изнесува 2,6 отсто, поддржан од растот на САД. Тоа е повисоко од глобалниот раст од 2,4 отсто за 2024 година што Светска банка го предвиде во претходната прогноза во јануари. Таа предвидува дека економскиот раст во светот годинава ќе биде ист како и во 2023 година, односно 2,6 отсто. Банката предупреди дека растот е сè уште бавен според минатите ...

Учеството на еврото во девизните резерви е намалено во 2023 година во корист на доларот и јенот, но и на „нестандардните валути“ како што е кинескиот јуан, објави во средата Европската централна банка (ЕЦБ), предупредувајќи дека неговата иднина би можела „релевантно“ да биде одредена од западните санкции против Русија. Учеството на еврото во девизните резерви минатата година се намали за цел процентен поен, на 20 отсто, утврди ЕЦБ. Уделот на ...

Повеќето луѓе поминуваат голем дел од својот живот на работа, па не е изненадување што нашите работни места во голема мера влијаат на нашето целокупно ментално здравје и благосостојба. Иако работата може да предизвика стрес, тага и гнев во нашите животи, таа исто така може да донесе задоволство, смисла и среќа. Според анкетата на „Gallup“ за состојбата на светот на работното место во 2024-та година, 34 отсто од глобалните испитаници велат ...

Компанијата „Пауер Чајна“ ја приклучи на мрежа најголемата соларна централа во светот со капацитет од 3,5 гигавати, која се наоѓа во близина на градот Урумчи во автономниот регион Ксинџијанг. Новиот соларен проект зафаќа површина од 809 квадратни километри и, според планот, ќе произведува 6,09 терават-часови електрична енергија годишно и ќе снабдува околу три милиони домаќинства во Кина, пишува порталот Енердата. Покрај тоа, Кина го најави ...

Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати ...

До 2030 година, зголемувањето на глобалното производство на нафта ќе го надмине растот на побарувачката за овој енергетски производ и ќе создаде вишок капацитет што последен пат беше забележан во екот на пандемијата на коронавирусот, се вели во среднорочниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавен денеска. Организацијата со седиште во Париз предвидува дека растот на побарувачката на нафта постепено ќе се забави до 2030 ...

Во годината кога славиме 15 години успешно работење на финансискиот пазар, со задоволство ве известуваме дека КБ Публикум инвест АД Скопје станува КБ ИНВЕСТ АД Скопје. Промената на името на Друштвото значи нов импулс за уште поголем раст и развој врз основа на веќе цврсто поставени вредности и стандарди во работењето. КБ ИНВЕСТ добива дополнителен стимул за уште подобри деловни резултати благодарејќи и на засилената позиција на Комерцијална ...

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, е оценето на вчерашната седница на ИО на Народна банка. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната ...

ВМРО-ДПМНЕ одлучило да го предложи поранешниот вицепремиер за еконосмки прашања Зоран Ставрески за следен гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори. Аргументите да се поддржи кумот на поранешниот премиер Никола Груевски биле работно искуство што го имал во Светска банка и раководењето со Министерството за финансии. Ставрески на таа позиција би дошол како независен експерт, бидејќи не станува збор за член на ВМРО-ДПМНЕ. Од јули ...

Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) нема да ја промени основната каматна стапка ниту по јунскиот дводневен состанок што почнува денеска. Ова е мислењето на огромното мнозинство американски финансиски аналитичари, со оглед на актуелните трендови на инфлација и условите на пазарот на трудот. Судејќи според сите изјави на претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Џером Пауел и другите членови на ФОМЦ, централната банка најпрво сака да ...

Иднината на монетарните трансакции, зајакнувањето на плаќањата преку прифаќање на методите, поддршката за малите и средни претпријатија и имплементацијата на вештачката интелигенција во дигиталните финансиски текови, беа само дел од темите за кои се разговараше на бизнис форумот Visa SEE 2024. Годишната конференција која се одржа во Котор, беше посветена на технолошките иновации во платните системи и финансиската вклученост собра над 120 ...

Во државава во април годинава се регистрирани 81.752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2 проценти од странските туристи, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 од Германија, 5.006 од Србија, 2.766 од Грција, 2.319 од Бугарија, 2.116 од Хрватска, 1.892 ...

Индексот на ФАО во мај 2024 година сѐ уште е понизок за 2,9 отсто во споредба со истиот месец од 2023 година и сѐ уште значително е понизок, за 26 отсто, во споредба со мај 2022 година кога го достигна врвот. Кај нас цените на храната значително подоцна го достигнаа врвот, така што и надолното приспособување што се случуваше на берзите изминатите месеци сѐ уште не е целосно пренесено. Во согласност со најновите очекувања, оваа година цените ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
53%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
48%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.79
56%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
62%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
54%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
48%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
37%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
44%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
60%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0223

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Платина

66101.93

Бакар

12.64

Цинк

0.00

Сребро

2583.47

Кобалт

45.39

Злато

151875.00

Паладиум

48065.37

Алуминиум

3.50

Родиум

319899.93

Калај

54.78

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89