Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Производителите на модра слива во Малешевијата полека како да се откажуваат од производството на слива. Производителите на модра слива од пехчевско, беровско и делчевско денеска дебатираа околу моменталното производство на сливата, нејзиниот квалитет, третирањето, како и проектите кои се планираат за подобрување на производството и откупот на сливата во наредниот период. Во рамки на настанот кој денеска се одржа во Пехчево, професорот ...
Некогаш најскапиот старт-ап во САД, WeWork е на пат да излезе од стечајната постапка, надевајќи се дека помалку обврски и канцеларии за изнајмување ќе вдахнат нов живот во него, пишува Би-Би-Си. Компанијата, која изнајмува заеднички канцелариски простор, е основана во 2010 година и претходно се сметаше за иднината на канцелариите, но имаше загуби за време на нејзината агресивна глобална експанзија. WeWork поднесе барање за стечај минатата ...
Државната Дума усвои закон за ратификација на четири протоколи, кои создаваат правна основа за реструктуирање на долговите на Србија кон Русија според голем број меѓувладини договори. Ова е јасно од одлука на законодавното тело, пренесе БГНЕС. Протоколите беа потпишани во Москва на 13 ноември 2023 година и во Белград на 21 ноември 2023 година. Тие ги менуваат договорите за обезбедување државни извозни кредити од Русија за Србија од 11 ...
Во последно време на светскиот пазар има значително зголемување на побарувачката на злато. Ако порано, пак, благородниот метал главно се извезуваше во западните земји, сега се почесто се испраќа во спротивна насока – на исток. Оваа промена во насоката на извозот на злато може да има крајно непријатни последици за САД, забележува Gold Eagle. Според податоците од јавни извори, Кина во првите два месеци од 2024 година увезла 367 метрички тони ...
Бруто домашниот производ на Европската унија во 2021 година претставуваше 15,2 отсто од светскиот бруто домашен производ, објави Меѓународната програма за споредба. Најголема светска економија е Кина со 18,9 отсто од светскиот БДП, потоа САД со 15,5 и Европската унија со 15,2 отсто, објави Евростат. Меѓу 20-те земји кои учествуваат во светскиот БДП со повеќе од еден процент се пет членки на ЕУ: Германија со 3,4, Франција со 2,4, Италија со ...
Европската комисија проценува дека ќе бидат потребни дополнителни финансии од приватни и јавни извори во износ од 620 милијарди евра годишно – со цел Унијата да ги реализира сите свои зелени и енергетски визии, како и дополнителни 125 милијарди евра годишно за инвестиции во дигитализација. Двете најголеми земји-членки на Европската унија – Германија и Франција – деновиве предложија дека во следните пет години треба да се направат напори за ...
Денеска во 15:15 часот, Биткоинот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance, поскапе за еден процент на 63.185,16 евра. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 27,38 милијарди евра. Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index) поврзан со Биткоин денес изнесува 73 во категоријата „алчност“, што значи дека инвеститорите се уште се оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин. Вредноста на итриумот ...
„Климатските промени се кинеска измама“, рече Доналд Трамп на еден од неговите митинзи во 2019 година, со што го негира овој глобален феномен. На бројни други митинзи, тој ги исмеваше турбините на ветер како убијци на птици кои прават повеќе штета отколку корист, спомна дека Америка може да живее само на нафта, гас и јаглен под нејзината површина, а исто така ги исмеваше и електричните автомобили. Неговата најблиска средина, која се занимава ...
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна минатата недела, додека курсот на САД во однос на европската валута остана непроменет. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на валутата на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,1 отсто, на 104,62 поени. Во исто време, вредноста на доларот во однос на европската валута остана речиси непроменета, па цената на ...
Цената на станбениот квадрат во Скопје е во постојан раст иако расте и изградбата на нови станови и згради во главниот град. Во Скопје, метар квадратен стан не може да се најде по 1.000 евра (освен во стари згради приградските населби) а во строгиот центар и населбите што важат за поелитни метар квадратен чини повеќе од 2.000 евра. Тоа значи дека ако сакате да живеете во стан од 60 квадрати, ќе треба да платите најмалку 120.000 евра. Но ...
Она што ги разликува луѓето од животните е тоа што раскажуваме приказни за да стимулираме колективна акција. Меѓународната финансиска архитектура (ИФА) е еден од централните наративи кои го обликуваа нашето економско размислување во изминатите осум децении. Нејзините институции, правила и клучни актери влијаат на начинот на кој економиите, владите, бизнисите и луѓето комуницираат финансиски, пишува Мајкл Краке, извршен директор за Германија ...
Техничката влада си го стори своето, изборите поминаа и сега се чека само да биде објавен новиот владин состав. Со оглед на фактот што проектите и плановите за трошењето се планирани од страна на претходната влада која со сигурност веќе оди во опозиција, тоа ќе значи и прекројување на државната каса. Според првичните најави кон крајот на јуни можно е да се очекува ребаланс на буџетот. Сега се отвора прашањето, со што ќе се соочи новата влада ...
Руската економија, според паритетот на куповната моќ, веќе стана четврта економија во светот во 2021 година, а во претходните две години ги задржа овие позиции, покажуваат пресметките на државната агенција РИА Новости врз основа на податоците на Светската банка. Организацијата ги ажурираше податоците за показателите за паритет на куповната моќ, од кои произлегува дека Русија ја зазеде четвртата позиција со учество од 3,8 отсто од глобалниот ...
Универзитетскиот професор Ванчо Узунов за ТВ21 за реконструкцијата на министерството за Економија тој вели „да не мислиме дека самата реорганизација по автоматизам ќе создаде подобар квалитет и ќе донесе нешто подобро“. – Тоа што се реорганизира министерството за Економија и во него се додава труд и пазар на труд целиот фактор работна сила има логика бидејќи тоа како дел беше досега несоодветно споено со социјална политика. Социјална ...
Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР. Според ова правило, ...
Тоа што загрижува последните две недели е цената на природниот гас, која расте, и тоа влијае и на цената на електричната енергија на пазарот ден однапред и на фјучерсите што ги следи РКЕ, за првпат по четири-пет месеци, има предвидувања дека цената на струјата во 2025 година ќе биде над 100 евра. Но, сепак, тоа споредено со цените од 250-300 евра е помалку, но не е на ниво од педесетина евра, а во моментов цената е 57 евра на мегават-час. ...
Сега е на највисоко ниво во последната година Екстремните временски услови во Европа можат да донесат изненадувања на пазарот на жито, предупредуваат експертите. Агроекономскиот аналитичар Жарко Галетин вели дека според некои проценки залихите на пченица ќе бидат најниски во последните десет години. Тој вели дека состојбата со другите земјоделски култури не е сјајна. Поради ова, посочува, светскиот пазар ќе биде во неволја. Жарко Галетин ...
На едно македонско семејство му требаат минимум околу 1.000 евра за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш не му стасуваат ниту 75 илјади денари за да ги подмири основните трошоци. Официјалните податоци велат дека од вкупниот број на вработени, кој изнесува нешто над 690 илјади, повеќе од 100 илјади се на минималец. Ова покажува дека на семејствата во кои еден е вработен и зема минимална плата, им ...
Во првиот квартал годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, за градежни материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска државниот завод за статистика… Во првиот квартал годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски ...
Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и ...
Индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е намалено за 1,2 проценти, а за 2,6 проценти во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство бележи опаѓање од 39,6 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а пораст во секторите Рударство и вадење на ...
Бруто платите на вработените во Германија значително се зголемија во првиот квартал од оваа година. Скокот на платите статистичарите го објаснуваат со големото зголемување на колективните договори и бонусите кои работниците ги добивале поради инфлацијата. Номиналните плати во првиот квартал се зголемени за 6,4 отсто во однос на истиот период минатата година, објави во средата Федералното биро за статистика. Истовремено, потрошувачките цени ...
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на економскиот форум „По бурата: Управување со енергетската и прехранбената стабилност на Западен Балкан“, во организација на аналитичкиот центар „Фајненс тинк“, истакна дека енергетскиот шок со кој се соочи светот изминатите две години беше посилен од кризата во ‘70-тите години од минатиот век. Овој ценовен шок ги опфати сите енергенти, за разлика од 70-те кога ...
ЕУ размислува за воведување забранувачки царини не само за житариците, туку и за сите други прехранбени производи од Русија и Белорусија, стана јасно по состанокот на Советот за трговија на ЕУ. На прес-конференција, белгиската министерка за надворешни работи Хаџа Лахбиб рече дека од 1 јули се воведуваат „забранувачко високи“ царини за житарките од Русија и Белорусија. Тие ќе бидат еднакви на 50% од пазарната цена. Тарифите ќе се зголемат на ...
Шпаркасе Банка АД Скопје ја стави во функција платформата за Отворено банкарство. Станува збор за регулаторно барање, кое стапува во сила во март 2026 година, и платформата е целосно усогласена со барањата од Законот за платежни услуги и платни системи и постојната регулатива на ЕУ. Како пионер во пласирање отворено банкарство, и институција посветена на задоволството на клиентите и подобрување на банкарското искуство, Шпаркасе Банка е ...
Пензионерите ги одбројуваат деновите до исплатата на мајската пензија. Трета по мартовското усогласување од 5,3 насто. Процентите, сигурно, не влијаеле врз пензионерскиот стандард, исто како што не прават драстична разлика во статистиката на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување. Последните податоци се за април, кога просечната исплатена пензија изнесувала 21.299 денари. Во тие рамки просекот на семејната пензија е 16.772 денари, ...
Периодите на промена на власта имаат најголемо влијание при вработување во јавниот сектор. Невладините организации објавија ново истражување кое потврдува дека изборните процеси и тоа како влијаат на динамиката на привремените вработувања и консултанските услуги. Во анализата се опфатени периодите во кои на власт биле двете најголеми политички партии, а наодите велат дека едните повеќе преферирале консултански услуги, додека другите повеќе ...
Внимателно со трошењето на народните пари и зголемувањата на платите и пензиите. Академиците со порака до идната влада –приоритет да биде намалување на дефицит, затоа што буџетот е во тешка состојба. Мора да се внимава на што се троши секој денар, но и да не се подгрее инфлацијата – Ако има фискална недисциплина и ако буџетот троши многу, нема централна банка што може да ја спречи инфлацијата. Ние тука, имаме проблем – големи буџетски ...
Профитот на американскиот банкарски сектор се зголеми за 79,5 отсто на 64,2 милијарди долари во првиот квартал од 2024 година, најмногу благодарение на тоа што големите банки не мораа да плаќаат милијарди специјални даноци што им беа наметнати минатата година за да ги покријат трошоците настанати поради банкрот. Федералната корпорација за осигурување на депозити (ФДИК) соопшти дека поголемиот дел од повисоките профити се резултат на тоа што ...
Србија должи повеќе од 36 милијарди евра – вака беше јавниот долг на крајот на март годинава, кога беше објавен последниот извештај. За различни проекти се подигнати кредити до 920 милиони евра, а тој е земен од Обединетите Арапски Емирати. И како сумите да не се доволно големи, се плаќа и огромна камата на нив. Србија должи нешто повеќе од 36 милијарди евра, што значи дека нашиот јавен долг е 47,7 отсто од бруто домашниот производ, а според ...