Собранието на Косово, со 56 гласа „за“ и четири воздржани, денеска не го избра лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, за премиер. Претседателот на парламентот, Димаљ Баша, по гласањето изјави дека постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите. Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар, а во случај ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон ја истражува можноста за резолуција на ОН или меѓународен договор за распоредување мултинационални мировни сили во Појасот Газа, а прашањето денеска ќе се дискутира во Катар. „На многу од земјите што изразија интерес за учество на некое ниво – без разлика дали е финансиски, човечки ресурси или и двете – ќе им треба тоа (резолуција на ОН или меѓународен договор), рече Рубио во ...

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин на огнот во малезискиот главен град Куала Лумпур денеска во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој интервенираше во јули за да се заврши нивниот петдневен граничен конфликт. 🇹🇭🇰🇭🇺🇸Thailand & Cambodia signed peace declaration in Trump’s presence at ASEAN summit in Kuala Lumpur Agreement provides release of 18 Cambodian prisoners to Thailand. *🇲🇾Malaysia will ...

Од вчера, Милорад Додик официјално повеќе не е претседател на Република Српска (РС), бидејќи стапи на сила одлуката за назначување на Ана Тришиќ Бабиќ за вршител на должноста претседател на РС. На 18 октомври оваа година, Народното собрание на Република Српска донесе Одлука со која Тришиќ Бабиќ е вршител на должноста претседател на Република Српска до изборот на нов претседател. Со одлуката, функцијата на досегашниот претседател на РС, ...

Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на маалски митинзи во Брвеница, каде ќе се обрати и ...

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, остро реагираше на најновите случувања поврзани со одбележувањето на настан што, според него, во македонската историографија се оценува како почеток на српската окупација над Вардарска Македонија. „Овој настан, во сред Северна Македонија, се одбележува во присуство на вицепремиер во македонска влада, заедно со рускиот амбасадор во државата“, напиша Хоџиќ на социјалните мрежи. Тој посочи дека ...

Европската унија развива нов план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа го критикуваше официјален Пекинг за проширување на ограничувањата за извоз на критични суровини. Европската унија со години се обидува да ја намали зависноста од увоз на критични суровини од Кина, вклучувајќи суровини потребни за транзиција кон почиста енергија, ...

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, не ја исклучува можноста повторно да влезе во претседателската трка во 2028 година. Во своето прво интервју во Велика Британија, за Би-Би-Си, Харис изјави дека „веројатно еден ден ќе има жена претседател“ и додаде дека „можеби тоа ќе бидам јас“. Харис, која минатата година загуби од републиканскиот кандидат Доналд Трамп, ги отфрли анкетите кои ја прикажуваат како аутсајдер во редовите на ...

Американската војска веќе два месеца испраќа воени бродови, борбени авиони, бомбардери, маринци, беспилотни летала и шпионски авиони во Карипското Море, што е најголемото распоредување на сили во регионот во последните децении. Бомбардерите со долг дострел Б-52 извршија демонстративни напади покрај брегот на Венецуела, претседателот Трамп го одобри распоредувањето на ЦИА, а кон Карибите е испратен и носачот на авиони и најголемиот воен брод ...

Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. -Очекувам дека на крајот од овие избори, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат 59 градоначалници, рече тој, додавајќи дека во 58 ...

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска. Нејзината ривалка Хедер Хамфрис, од владејачката партија на десниот центар, денеска го призна поразот откако прелиминарните резултати покажаа голема разлика во гласовите меѓу кандидатите, објави британскиот весник „Гардијан“. – Катрин ќе биде наш претседател и ќе биде мој претседател и навистина ѝ посакувам се најдобро, изјави Хамфрис. Предзиборните ...

Турција најверојатно ќе биде исклучена од стабилизациската сила од 5.000 војници што треба да биде формирана во Појасот Газа, откако Израел јасно стави до знаење дека не сака турски војници да учествуваат во неа. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека услов за формирање на мултинационалната сила е Израел да биде задоволен со националниот состав на нејзините членки. Оваа сила треба да спречи безбедносен вакуум кога ќе започне ...

Литванија, членка на НАТО, ги затвори своите два најголеми аеродроми и гранични премини со Белорусија во петокот откако временските балони со хелиум влегоа на нејзина територија, што е трет ваков инцидент во балтичката земја овој месец. Воздухопловството во европската област е постојано попречено во последните недели од беспилотни летала и други воздушни упади, вклучително и на аеродромите во Копенхаген, Минхен и балтичкиот регион, пишува ...

Министерството за финансии на САД воведе санкции за претседателот на Колумбија, Густаво Петро, неговата сопруга и син, како и за министерот за внатрешни работи на таа земја, Армандо Бенедети. Американската администрација тврди дека Петро има врски со трговијата со дрога, јави Блумберг. Трамп го нарече претседателот на Колумбија „нелегален лидер на пазарот на наркотици“, обвинувајќи го дека дозволува трговијата со дрога да се шири под негово ...

Анализа на Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ) (Civil Hybrid Threats Monitoring) На 23 октомври 2025 година, порталот Provereno.mk објави текст со наслов „Захарова ‘објаснува’ зошто Латвија ја мрази Русија и што премолчува“, во кој се пренесува изјава на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од руската државна агенција ТАСС, која ја пренесува нејзината објава на Телеграм. URL: ...

Русија започна напад врз Кијив ноќта на 25 октомври со балистички ракети. Експлозии се слушнаа непосредно пред 4 часот наутро по локално време, според новинарите на Кијив Индепендент од терен. Најмалку едно лице е убиено, а 10 се повредени во нападот, според Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Кијив. Нападот се случи само неколку дена по најновиот голем напад на Русија врз украинските градови ноќта на 22 октомври. ...

Советникот на партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК) во Неготино, Љубе Темелков, излезе со демант по објавите дека упатил експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница. Темелков реагира на написите во кои беше пренесена неговата објава на социјалните мрежи од 20 октомври, во која тој, по првиот круг на локалните избори, напиша: „Ѓупците од Криволак со ѓупска работа решаваат со нас 15.000 во Неготино дали ...

Церемонијата на потпишување и конференцијата на високо ниво на Конвенцијата на ОН против сајбер криминал, позната и како Ханојска конвенција, се одржа денеска во Виетнам. На состанокот насловен како „Сузбивање на киберкриминалот – Споделување на одговорностите – Обезбедување на нашата иднина“ присуствуваше генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и лидери и високи претставници од околу 110 земји и бројни меѓународни организации. ...

Изминаа шест дена од првиот круг на локалните избори 2025. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември (недела), според податоците на Државната изборна комисија, во 32 општини и Градот Скопје. Во меѓувреме во Македонски Брод и за Могила двајца од кандидатите се повлекоа од трката за градоначалник во вториот круг на изборите, но од ДИК велат дека и за двете општини постапката продолжува и дека ќе се печатат избирачки ливчиња. Седум дена пред вториот ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ја осуди, како што рече, „лудата агресија“ на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, посочувајќи дека поддршката на Алијансата за Украина дава јасни резултати на бојното поле и додавајќи дека американските тарифи вршат дополнителен притисок врз Русија. По самитот на „Коалицијата на подготвените“ во Лондон, Руте рече дека состанокот бил „многу продуктивен“ и ја поздрави иницијативата ...

Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина изјави попладнево францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку видео конференциска врска од Париз се вклучи на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што се одржува во Лондон. -Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина, капацитетите за воздушна одбрана, капацитетите за удар со долг дострел, беспилотните летала и системите против беспилотни летала“, ...

САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ со Дехран Муратов и Џабир Дерала, за скандалозниот, експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница во Неготино на советникот од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков. Наместо извинување, неговиот демант повторно ја оправдува реториката и го потврдува проблемот со националистички и омаловажувачки изрази кон ромската заедница. Дали станува збор за демант или потврда на ...

Прелиминарна истрага на Европската комисија утврдила дека Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) со тоа што не ја исполниле својата обврска да им овозможат на истражните органи соодветен пристап до јавни податоци. Дополнително, Комисијата заклучи и дека Инстаграм и Фејсбук ги прекршиле и своите обврски да им обезбедат на корисниците едноставни механизми за известување за илегални содржини, како и да ...

ДРАГАН МИШЕВ Откако Трамп изгледа конечно сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компаниим Роснефт и Лукоил во обид да извршат притисок врз Москва да преговара за мировен договор во Украина. Роснефт и Лукоил се столбови на руската економија. Заедно, тие сочинуваат речиси половина од извозот на сурова нафта во земјата, околу 3,1 милиони барели дневно, според руските ...

Врховниот суд на Обединетите нации издаде правно мислење во кое се наведува дека Израел, како окупаторска сила, е должен да соработува со агенциите на ОН за да се олесни хуманитарната помош во Газа, што е прекор за блокадата што ја наметна на палестинската енклава претходно оваа година, објави Си-Ен-Ен. Меѓународниот суд на правдата, исто така, во своето советодавно мислење наведе дека Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1339 ден од руската војна во Украина објави за уште еден ден на руски терор врз недолжното цивилно население на Украина. Ден 1339 Уште еден ден на руски терор Обстрелите врз Херсон им го одзедоа животот на 3 луѓе а уште 22 се ...

Кина и Индија се повлекуваат од купувањето руска нафта откако претседателот Трамп во среда воведе санкции врз двајца од најголемите извозници на Москва, пренесува Њујорк Пост. Ројтерс во четврток објави дека кинеските државни нафтени компании ПетроКина, Синопек, ЦНООК и Женхуа Оил ги прекинале купувањата на руска нафта по море откако Министерството за финансии објави санкции врз Роснефт и Лукоил, наведувајќи го „недостатокот на сериозна ...

Во изненадувачки потег, американскиот претседател Доналд Трамп ги објави првите санкции на неговата администрација врз Москва откако ја презеде функцијата – чекор за кој аналитичарите велат дека би можел да создаде нови пречки за рускиот нафтен сектор, пренесува Кијив Индипендент. САД воведоа санкции врз двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, на 22 октомври, со цел да извршат притисок врз Кремљ да се согласи на прекин на ...

Наслов на написот: „Река Унгарци маршираат преку Дунав за поддршка на Орбан: Не сакаме да гинеме поради Украина“ Извор: Kanal5.com.mk (анонимен автор) Датум: 23 октомври 2025 Оценка: Написот претставува реален настан (митинг во Будимпешта), но функционира како пропаганден засилувач, а не како професионално новинарско известување. Преку некритичко пренесување на говорот на Виктор Орбан, текстот ја легитимира реториката насочена против Европска ...

Пред 69 години, на 23 октомври 1956 година во Будимпешта, започна унгарското востаие, кое беше обид за национална револуција против владата на Унгарската Народна Република и политиките предизвикани од потчинувањето на владата на Советскиот Сојуз. Востанието траеше 15 дена пред да биде задушено од советските тенкови и трупи на 7 ноември 1956 година (надвор од Будимпешта, престрелките траеја најмалку до 12 ноември 1956 година). Илјадници беа ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1018
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
55%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
86%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
41%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
58%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.57
57%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
59%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
44%
1016
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
67%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0527

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09