Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) – До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска. Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности. ...

Израел изврши напад на Газа, додека ИДФ и Хамас се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето, пренесува Би-би-си. Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас достигна критичен момент, бидејќи двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на примирјето. Израелските одбранбени сили велат дека Хамас „испукал противтенковски проектил и оган кон војниците на ИДФ“ во близина на Рафа, но милитантната група вели дека не е запознаена за ...

Со оглед на тоа дека со години се провлекува прашањето околу тоа кое ливче е важечко, а кое не, па често имаме извештаи во кои еден избирачки одбор се изјаснил на еден начин за начинот на кој е пополнето гласачкото ливче, а друг избирачки одбор на сосема поинаков начин, важно е да потсетиме на правилата, објави ЦИВИЛ. Организацијата ги потсетува избирачките одбори на едно добро познато и сè уште важечко упатство на Државната изборна комисија ...

Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани. Гласањето, според ДИК, досега се одвива непречено, без никакви проблеми, освен на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) каде поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба. На гласачкото место 1133 во Куманово каде се запишани 12 гласачи немало струја, гласањето се одвива без уред за ...

Изборниот ден во првиот круг на Локалните избори 2025 започна мирно и навремено, со исклучок на десетина избирачки места за кои набљудувачите на ЦИВИЛ пријавија дека доцнењето било од 5 до 20 минути, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на почетокот на првата прес конференција посветена на мониторингот на изборниот процес. Доцнење со отворањето на избирачките места се бележи во Скопје, Битола, Кичево и други општини низ целата земја. ...

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега од општинските изборни комисии, како и од избирачките одбори до ДИК не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности. Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број ...

Додека низ САД се одвиваат масовни анти-Трамп протести „БЕЗ КРАЛЕВИ“, Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth social објави видео креирано од вештачка интелигенција на кое се претставува со круна на главата како пилотира со борбен авион на кој пишува KING TRUMP (Кралот Трамп) додека буквално фрла измет врз американските граѓани кои демонстрираат. Trump posts AI video showing him literally dumping shit on America ...

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги ...

Огромни толпи учествуваа во протестите „Без кралеви“ против политиките на претседателот Доналд Трамп во градови низ САД, вклучувајќи ги Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Бостон, Мајами и Лос Анџелес, пренесува Би-би-си. Илјадници луѓе го исполнија иконскиот Тајмс Сквер и улиците околу Њујорк, со луѓе кои држеа знаци со слогани како „Демократија, а не монархија“ и „Уставот не е опционален“. Аналитичарите го нарекуваат ова најголемиот протест во ...

Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено ...

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, ...

Во земјава денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Во Избирачкиот список се запишани 1 832 415 избирачи кои треба да гласаат на 3474 избирачки места во земјата за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати. На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на ...

Изборниот ден во првиот круг на Локалните избори 2025 започна мирно и навремено, со исклучок на неколку избирачки места кои отворија со задоцнување. ЦИВИЛ – Центар за слобода почна со мониторингот на изборниот ден во 6:30 наутро, при што најголем дел од набљудувачите на организацијата го следеа отворањето на избирачките места. Со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ го отвори прес центарот со закажани четири термини за прес конференции во живо и ...

Одбраната на Путин не може да се спореди со ракетата Томахавк: ова е докажано во борба. Ги видов нејзините разорни ефекти од прва рака. Таа е во различна класа од повеќето крстосувачки оружја, пишува Хамиш де Бретон-Гордон во анализата објавена во британски Телеграф. Никогаш во полето на модерното војување, ниту едно тактичко оружје немало стратешко психолошко и физичко влијание што го менува играта, како што го има крстосувачката ракета ...

Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. – Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно ...

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, ...

Државната изборна комисија (ДИК) на 147. седница донесе одлука за поништување на потврдената листа на советници за Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), откако добила информација дека на листата се наоѓа починато лице. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека гласовите за оваа листа ќе се сметаат за неважечки, а случајот ќе биде проследен до Јавното обвинителство. Од ДНЕТ, пак, за ЦИВИЛ изјавија ...

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затвореници, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници, а според информациите на МИА најмногу во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница 147. отфрли седум приговори поднесени од граѓани за лично избирачко правo, а прифати три. Отфрлени како неосновани беа приговорите на Радица Радеска од Битола, Зилќафете Мемеди од Желино, Иџaл Камбери од Желино, Гордана Радеска од Битола, Јетон Далипи од Струга, Весна Трајкова од Кичево и Оливер Трајановски од Куманово. Прифатени, пак, беа приговорите на Божидар Алтипармаков од Битола, ...

Неполни два дена остануваат неодговорени нашите прашања упатени до премиерот Христијан Мицкоски во врска со посетата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на 15 октомври, која заврши без заедничка изјава. Прашањата што останаа без одговор, испратени преку официјалната мејл адреса на портпаролот, беа едноставни: Да потсетиме, по посетата, Фон дер Лајен се задржа само на објава на Х во која се вели „топката е во вашиот двор“. „Вашиот ...

Осмите Локални избори во Македонија што ќе се одржат в недела ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, ...

Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Како што истакна Кондарко, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на ДИК, денешното гласање генерално се одвива без никакви проблеми, ...

Денеска (18.10.2025) во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ, соопшти МВР. При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 ...

На 19 октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот со закажани четири термини за прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани. Во текот на целиот ден ќе се објавуваат извештаи од теренот, како и едукативни и други видео содржини што произлегуваат од „Демократски навигатор“, проект кој претставува стратешки одговор на дезинформациите и хибридните ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Во деновите кога кај нас се одбележуваше 30-годишнината од атентатот врз претседателот Глигоров, инаку речиси комплетно нерасветлен, често се споменуваше врската на тој настан со белградското милје. Она политичкото, околу тогашниот претседател Милошевиќ, но и околу криминалната монструозна полу подземна, полу надземна конструкција во која царуваше познатиот Аркан. И последниот осврт на авторите на емисијата „Код“ на ТВ Телма ...

Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало ...

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Драги сограѓанки и сограѓани, Јас сум дел од тимот на ЦИВИЛ, во тим од околу седумдесет луѓе што ќе ги следат локалните избори в недела. Повеќето од нас ќе бидат на терен, низ целата земја, за да придонесат изборниот ден да помине мирно, со почит и достоинство. Ве поканувам да бидеме заедно – како и секогаш досега – без разлика на етничката, верската, политичката или која било друга припадност и ориентација. Да се почитуваме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнаа денеска во Белата куќа, при што на прес-конференцијата пред средбата двојката изнесе конкретни предлози и оценки за натамошната поддршка во конфликтот во Украина. Трамп рече дека САД би можеле да размислат за испраќање ракети „томахавк“ во Украина, но истакна дека е важно Вашингтон да задржи доволен залихи за „својата безбедност“. „Ракетите ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
47%
1012
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
55%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
44%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
55%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.72
83%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
46%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
5.66
70%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
58%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
29%
1011
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
76%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
38%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84