Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Сподели Демократската унија за интеграција со загриженост реагира на континуираните обиди на Христијан Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена. Неговата последна изјава – во која јавно сугерира со кого треба да коалицира Арбен Таравари – претставува опасен и неприфатлив обид за реконфигурирање на политичката волја на албанските гласачи. Ова е црвена линија што никогаш досега не е премината – и што никогаш нема да ...
Сподели СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата, рече претседателот Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање. Тој додаде дека клучен приоритет на СДСМ е да се промовираат личности со кредибилитет, реална поддршка од заедницата и капацитет за спроведување на програмите. „Да ги промовираме најдобрите кандидати од сите општини – луѓе од самите средини, кои имаат најголема ...
Сподели Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во честитката, тој истакнува дека јазикот е нашиот дом, корен и завет. „Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик. Гордо го славиме 5 Мај, денот кога македонската азбука беше озаконета и поставен темелот на нашиот јазичен идентитет. Јазикот е наш дом, наш корен и наш завет. Да го негуваме, развиваме и пренесуваме ...
Сподели Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Истрага е поведена и против уште едно лице за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 од Кривичниот законик. Првиот осомничен, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто ...
Сподели На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно. Политиката на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги даваат првите резултати. Нови дестинации, за уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, нови можности, развој на бизниси, повеќе туристи. Владата ...
Сподели Денеска, на 5 Мај, праќаме важни пораки за македонскиот јазик до сите Македонци, каде и да се, до познавачите и до почитувачите на македонскиот јазик, до идните поколенија Македонци. Денеска, камбаните одѕвонуваат на македонски јазик и за македонскиот јазик, не само тука, во татковината, туку секаде каде што се оние со кои ист јазик зборуваме и на ист јазик се разбираме ние, Македонците. Денес, сите говорители, вљубеници, ...
Сподели Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот ...
Сподели Романот Денот на црвот од Симона Јованоска е објавен во Хрватска во издание на издавачката куќа Неолит. Превод на хрватски е на Ивица Баковиќ. Ова е трет превод во регионот на наградениот роман на Јованоска (Роман на годината за 2021 г.), по преводите на бугарски и на српски јазик. За романот Денот на црвот хрватскиот издавач Неолит пишува: Денот на црвот во тмурното расположение на доцната есен ги усложнува и испреплетува ...
Сподели Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска, по повод 122 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, изјави дека неговите идеи, пораки и вредности се живи и актуелни и после еден век подоцна. „Фасцинантно е како денеска, повеќе од 1 век од времето во кое живеел и делувал нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, неговите пораки се актуелни,“ изјави Филипче. Тој потенцираше дека дел од визиите на ...
Сподели Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје. Одбележувањето започна со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија. ...
Сподели Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во интервју за ТВ магазинот „Трилинг” емитувано на 2 мај 2025 година, изјави дека Подготвителната седница за Законот за јазиците е закажана за 19 јуни 2025 година. Претседателот на Уставниот суд објасни дека поради трагедијата во Кочани, Судот еднаш ја одложи седницата, а неговите проценки се дека после локалните избори наесен веќе ќе има одлука на Судот. „На 19 јуни ќе ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 122 години од смртта на Гоце Делчев, еден од еден од најзначајните херои во историјата на Македонија – личност која со својата храброст, визија и пожртвуваност го обележа патот кон слободата. „На 4 мај 1903 година, Македонија го изгуби великанот, но доби вечен симбол на отпорот и саможртвата. Тој е дел од сè што Македонија претставува денес: ...
Сподели Македонија денес одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев, македонски национален херој и клучен деец на Македонската револуционерна организација. Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) бил идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. Тој загинал на денешен ден, 4 мај 1903 година кај селото Баница, Серско. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во ...
Сподели Денешниот ден не потсетува на тоа колкав голем титан, македонскиот народ имал, којшто имал не само локално, би рекол регионално па и пошироко значење. Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе остане за генерациите коишто следат. Оваа генерација политичари во македонската Влада има чест да го пренесе сеќавањето за неговото дело на оние генерации коишто следат, но истовремено и ...
Сподели На граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”. Вчера во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово ...
Сподели СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ј.(55) од Тетово поради ...
Сподели На дваесет и четвртиот ОФФест ќе се претстават врвни артисти од 8 земји од светот во веројатно најсилната програма во последниве години. Ѕвездата на фестивалот несомнено е грандиозната пејачка MARIA JOÃO. По Лисабон, ОФФест е првата европска концертна премиера на нејзиниот волшебен нов проект – Аbundância. Покрај João во програмата се присутни уште неколку големи звезди на таканаречената музика на светот, како Canzoniere Grecanico ...
Сподели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Министерството за внатрешни работи потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете министерства во областа на физичките подготовки и спортски активности. Со овој Меморандум за соработка се утврдува рамката помеѓу страните потписници за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно- научните, професионалните, ...
Сподели Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести и дезинформации. Главната фабрика за лажни вести и дезинформации, во отсуство на конструктивни политики се СДС и Венко Филипче, за што како партија имаат и осудителни пресуди за тоа. Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференција. Тие тврдат дека министри давале неколку илјади евра за ручеци, а во суштина и институциите демантираа ...
Сподели Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти. Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Дел од ...
Сподели Падот на Македонија за 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“, е уште еден алармантен показател за погрешната насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ. Репортери без граници оценуваат дека независните медиуми се изложени „на закани и напади“ и констатира дека владините функционери имаат тенденција да имаат “лоши и понижувачки ставови кон новинарите“. Наместо да работат ...
Сподели Во најновиот извештај на Репортери без граници (RSF), Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место. ЗНМ го смета извештајот за реален и балансиран приказ на состојбите, кој јасно ги посочува постојните предизвици и потребата од суштински реформи. Во правниот дел, извештајот нотира дека националното законодавство сè уште не е усогласено со европските ...
Сподели Општина Центар ги информира родителите на идните првачиња дека постапката за упис во прво одделение е поедноставена и целосно дигитализирана. Преку веб-страницата на Општината (www.centar.gov.mk), секој родител може брзо и лесно да провери во кое основно училиште припаѓа неговото дете и веднаш да поднесе апликација за запишување. Со пристап до делот „Урбанизам“ и избор на ГИС порталот, потребно е корисникот да се регистрира, а ...
Сподели На собраниската седница, владејачкото мнозинство повторно не ја надмина својата партиска суета и не гласаше за Предлог-законот на Левица за денови на жалост. Бидејќи во Македонија никако не е регулиран медиумскиот простор при денови на жалост, пратеничката група на Левица поднесе законско решение за регулирана медиумска програма без забавни и политички содржини за време на деновите на жалост, како и за воведување едноминутно ...
Сподели Во текот на вчерашниот празничен ден (01.05.2025), а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што ...
Сподели Со концерт на националниот ансамбл „Танец“, симболот на македонската култура и традиција, Македонија го одбележа својот Национален ден на светската изложба „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија. Со својот динамичен настап и автентична изведба на македонските народни ора и песни, „Танец“ остави силен впечаток кај многубројната публика и уште еднаш ја потврди улогата на културата како мост за поврзување меѓу народите. На настапот на ...
Сподели Најновата одлука за укинување на статусот на Медресата претставува опасен преседан што ги разнишува темелите на една рамноправна, демократска и инклузивна општествена структура. Ова не е техничка одлука – ова е директен напад врз правото на верско образование и врз слободите загарантирани со Уставот и законите на државата. Овој чин испраќа порака дека овој режим, е подготвен да ги жртвува основните принципи на правичност и верска ...
Сподели На 4 мај 2025 година, во Кристалната сала во Собранието, во 12 часот, Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката. Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година се доделува на научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотетката-лексички материјали“ ...
Сподели По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитничка на првата награда за 2025 година е Јасна Тоновска, асистентка и докторантка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за трудот со наслов „Волатилноста на меѓународните финансиски текови: ...
Сподели На 30.04.2025 во 16 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода С.Т.(39) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 милиметри, рамка со 10 куршуми калибар 7,65 милиметри и 46 други куршуми за пиштол, без никаква документација. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...