Сподели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од ...

Сподели Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел ...

Сподели Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради последните одлуки на Апелациониот суд Скопје од април 2025 година, со кои беа одбиени жалбите на новинарите нападнати за време на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Овој датум останува запаметен како ден кога брутално беа прекршени правата на новинарите и медиумските работници. Наместо да биде потврдено дека нападите и заканите кон ...

Сподели Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје. Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во фокусот беа теми ...

Сподели Денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, информираат од Министерство за здравство. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под ...

Сподели СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура – „Григор Прличев“ во Охрид, За време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од ...

Сподели Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но силен роман објавен кон крајот на минатата, 2024 година за издавачката куќа „Или-Или“. Романот што започнува како потрага по личните приказни на сезонските работници во Сплит, Република Хрватска, ...

Сподели На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот. По документирање на настанот, против нив ...

Сподели Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, прогласен од УНЕСКО во 1995 година. На настанот ќе биде прочитана светската порака за книгата од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО, како и македонската порака која годинава ја напиша проф. д-р Славица Велева. Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април секоја година како ...

Сподели На Меѓународен Аеродром Скопје спречено е криумчарење на 76 парфеми. Патникот се определил на зелен канал, а при контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од Дубаи. Во друг случај на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на патник кој требало да патува со лет на релација Скопје – Лондон – Лутон биле пронајдени 260 пакувања од по 50 грама тутун. На ГП Табановце од страна на Службата за ...

Сподели На 4ти мај со почеток од 21 часот во Јавна Соба (Public Room) Скопје ќе има свој стенд ап настап насловен како Скопје-Beograd, Македонецот кој живее и работи во Србија, Мишо Бабиќ. Билети се продаваат на платформата на www.zlatenzab.mk Две шестини од Југославија доаѓаат да ве насмеат, или макар заедно да се распаднеме. Ако сакате апстрактен хумор, халуциногени фори и игри со зборови, ова ќе биде супер шоу за вас. Ако сте фанови на ...

Сподели Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење во однос на Предлогот за укинување на мерка притвор со предлог гаранција, поднесен од осомничен за сторено кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Во мислењето, јавниот обвинител истакна дека предлогот на осомничениот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција во недвижен ...

Сподели СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.П.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 13.10.2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената од дневниот пазар одзела 32.200 денари. СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без ...

Сподели Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари. „Враќањето на „Скопски саем“ во ...

Сподели Општина Карпош продолжува со засилен инспекциски надзор врз сите градилишта на своја територија, со цел да се обезбеди законска, безбедна и одговорна урбана изградба. Во текот на изминатата недела, од страна на градежен и комунален инспектор, како и со активно присуство на комуналните редари, беа спроведени над 50 контроли на терен. Како резултат на овие контроли, изречени се вкупно 26 казни и 17 опомени, со целосна примена на ...

Сподели На денешната прес конференција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ги најави активностите на партиско ниво пред претстојните Локални избори. Директорот на Центарот за комуникации и аналитика на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов информира дека Централниот одбор на партијата донел повеќе одлуки. Почнувајќи од утре, 23 април 2025 година во рамки на кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“ во следните 60 дена партиското раководство, сите избрани и ...

Сподели Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на РС Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за ...

Сподели Граѓанската иницијатива на ФБ страницата „Кочани“ упати порака и повик за обединување, заедништво и изградба на поинакво, посовесно и почитувано општество. Да го изградиме Кочани. Одново со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Им должиме. Децении наназад не учеа да молчиме. Да слушаме. Да веруваме. Не во себе, туку во партиите. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. ...

Сподели Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднсот на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност. ...

Сподели Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по повод смртта на Неговата Светост, Папата Франциско. “Со длабока тага ја примив веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциско – духовен водач кој зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет. Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или ...

Сподели Почитувани православни и католички верници, ве молиме прифатете ги нашите најискрени честитки за големиот празник Велигден со желби и молитви за среќна прослава во вашето семејството, благосостојба, здравје, радост и среќа. Овој викенд е посебен за православните и католичките верници ширум светот. Ова се денови на приближување еден до друг, но и на доверба меѓу нас. Како празник на воскресението и обновувањето, Велигден е симбол на ...

Сподели Во духот на Велигденските празници, дозволете ми да Ви упатам најсрдечни честитки, со желби за здравје, радост и семејна хармонија. Велигден е празник на надежта, обновата и победата на животот. Тоа е време кога се потсетуваме на важноста на солидарноста, меѓусебното почитување и човечноста – вредности кои се водилка и во нашата работа во јавната администрација. Нека празничните денови Ви донесат мир, благосостојба и нова сила за ...

Сподели Почитувани граѓани од христијанска вероисповед, почитувани пријатели, Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж и обнова. Овој значаен празник е можност повторно да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста ...

Сподели Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод најголемиот христијански празник Велигден, упатува честитка до граѓаните, нагласувајќи ја потребата од заедништво, социјална правичност и грижа за секој поединец – вредности кои ја обликуваат визијата за похумано и праведно општество. „Велигден е празник кој го слави животот, надежта и човечноста. Тоа е време на длабока духовна смисла и можност да се потсетиме дека ...

Сподели До: Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, свештенството, монаштвото и сите православни верници, Во овие свети денови на Христовото Воскресение, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки во мое лично име и во името на Владата. Воскресението на нашиот Спасител е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината. Нека оваа Пасха донесе духовна радост, мир и благослов во секое ...

Сподели 53 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ 2025, 9-31 мај 2025 / Македонска опера и балет Меѓународниот фестивал на оперската уметност „Мајски оперски вечери“ започнува на 9 маj, а ќе трае до 31 мај. Во рамките на овој реномиран фестивал ќе се изведат некои од најубавите, најграндиозните оперски претстави и една балетска претстава со настап на реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи, оперски и балетски солисти. Билети: ...

Сподели По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за персонализација Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок (18.04.2025 год.) и недела (20.04.2025 год. ) дежурна ќе биде ...

Сподели „Алкалоид“ АД Скопје е прогласен за апсолутен победник во категоријата најпосакуван работодавач за 2024 година, трета година по ред, според анкетата спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“. На манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, беа доделени награди за компании во повеќе категории, врз основа на анкетен прашалник спроведен на национално ниво во текот на 2024 година. Ова признание претставува особена чест за ...

Сподели Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска во Софија учествуваше на форумот „ЕУ го среќава Балканот“, во организација на Атлантскиот клуб од Бугарија и АЛДЕ групацијата од Европскиот парламент. Во дебатата со министри и заменици министри за надворешни работи или за Европа на земјите од Западен Балкан, Романија и Турција, заменик министерот Димитровски истакна дека Македонија е шампион ...

Сподели Пасхално послание † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Возљубени празникољупци, Собрани со торжествена радост, соединети со вера во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28

Калај

48.47

Злато

157055.75