Сподели Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во ...

Сподели Од вкупно издадените 1507 платни налози во текот на изминатите два дена (15/16.04.) од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 517 платни налози а по основ на непридржување до пропишаната брзина на движење беа евидентирани 259 прекршоци. Според статистичките бројки изречени се 103 прекршоци по основ на неносење ...

Сподели Во пресрет на претстојните Велигденски празници, сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот. Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре (18.04) ќе работат со следниот временски распоред: Пункт Пролет – двосменски од 07.30 до 19.30 часот; Пункт МТВ – двосменски од 07.30 до ...

Сподели За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција. „Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија на синоќешната седница ја разгледуваше актуелната политичка ситуација во Македонија и случувањата во владиниот партнер, Коалицијата Вреди“, рече портпаролот, Никола Мемов. „Движењето ЗНАМ има конзистентност во ...

Сподели Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П. беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и му беше изречена казна затвор во траење од две години. Жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според ...

Сподели Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ испрати поздравна телеграма по повод изборот на новата влада на Р Србија на чие чело е премиерот Ѓуро Мацут. „Господине Мацут, во име на Србите во Македонија и во мое лично име, по повод вашиот избор за претседател на српската Влада, упатувам искрени честитки, со надеж дека Владата што ќе ја водите ќе продолжи со политиката на севкупен развој на ...

Сподели Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехрамбени производи побара од Министерството за економија продолжување на рокот за изработка на веб-страница на правните субјекти коишто подлежат на обврската за објавување ценовници. “Имајќи ги предвид тековните околности и предизвици со кои се соочуваат нашите членки во процесот на дигитална трансформација, упатуваме официјално барање до Министерството за економија за ...

Сподели На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени, а нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како ...

Сподели Успешно извршена петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и земени материјали за коскени ткива. Извршена е и прва баријатриска интервенција на Дигестивна хирургија, со буџет од Фондот. Трансплантацијата на црн дроб и бубрези е извршена непосредно пред трагичниот настан во Кочани. Благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на загуба, покажуваат големина и хуманост, спасуваат човечки животи. Огромна ...

Сподели Како резултат на мерките донесени од почетокот на годината, односно ограничување на маржите на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигена во март имаме намалување на инфлацијата на годишно ниво која изнесува 2,7%, додека во март месец споредено со февруари е забележана дефлација од -1,3%, според податоците на Државниот завод за статистика. Владата на предлог на Министерството за економија и труд на почетокот на ...

Сподели СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од општина Врапчиште и А.К.(52) од Република Албанија, одговорно лице во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. При контрола и претрес било констатирано дека правното лице одгледувало канабис за медицински цели во услови спротивни на законските одредби, ...

Сподели Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител на РС Македонија денеска одржаа состанок со стручни лица од повеќе области со цел планирање и координација на следните активности за обезбедување докази. Иако увидот на лице место формално е завршен, вештите лица кои вршат испитувања и анализи за потребите на постапката, по наредба на јавен обвинител, на лице место ...

Сподели Мандолинскиот оркестар „Скопје“, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри, вечер ќе одржи Пролетен концерт во фоајето на Музејот на македонската борба, посветен на трагичниот настан во Кочани. На програмата сe композиции и оперски арии од: В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Ф. Тости, Љ. Бранѓолица, Ф. Лехар, Џ. Верди, Ф. Шуберт, Г. Коларовски, П. Маскањи, а како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски – тенор, Александра ...

Сподели Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници. Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како ...

Сподели Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем и уште еден доказ за селективната правда која станува алатка на политичка пресметка. Станува збор за лица кои, според сите стручни и академски мислења, немаат никаква врска со трагедијата, но сепак се држат во притвор додека вистинските одговорни, заштитени од владејачката структура, остануваат недопирливи. Со право граѓаните реагираат дека доколку на кое ...

Сподели На 16.04.2025 во 02.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик. Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. Додека, по преземени мерки било констатирано ...

Сподели Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи. Поплаките се во континуитет на една тема – одржувањето на хигиената. Граѓаните на Карпош кои што живеат во индивидуални станбени објекти никогаш не се жалеле на подигнувањето на кантите за смет. Тие секогаш и редовно се подигаа два пати неделно, во сите индивидуални населби. За жал, ...

Сподели Мрежата за заштита од дискриминација бара повлекување на одлуката на одлуката на Владатa за именување на Петар Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности. Сметаме дека назначување на човек кој со своето однесување на социјалните медиуми секојдневно ги ...

Сподели Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на спроведените 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и ...

Сподели Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, човекот кој е на чело на системот што требало да спречи ваква катастрофа, не само што не поднесе оставка, туку бега од одговорност како да воопшто не бил тој и неговите началници одговорни на денот на пожарот. Ако се следи истрагата се добива впечаток дека настанот се случил во некое друго време со некоја друга власт. Поминаа точно 30 дена од трагедијата во Кочани, а Тошковски сè ...

Сподели Во СДС остануваат глуви при уши и слепи при очи. Речиси секојдневно јавноста е информирана за истрагата што се врши во контекст на случајот во Кочани. Надлежните тоа го прават во рамки на законските овластувања. Се разбира ако СДС воопшто знаат што е работа согласно закон и процедура. Според приложеното од СДС не знаат ништо, ниту кој води истрага, ниту која институција какви надлежности има, се разбира и да ги прашаме кој за што е ...

Сподели Во пресрет на Велигден, в среда (16 април) во 20 часот Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, традиционално, со спектакуларен концерт во Националната опера и балет, го одбележува овој верски празник, длабоко вкоренет во македонската духовна и културна дефиниција. Во програмата се најавени изведби на стилизирани кореографии на ората „Мијачко“, „Поречки игри“, „Кавадарка“, „Преспански игри“, „Драчевка“, како и изведба на ...

Сподели Во среда, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи својот велигденски концерт насловен „Per Aspera ad Astra“ (Низ трње до ѕвездите). На концертот за првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално-инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот ...

Сподели Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес имаше работен состанок со представници на невладини организации и здруженија на граѓани кои работат во областа на животната средина, на кој информираше околу Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година. Меџити на ...

Сподели Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кој се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие неколку дена, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, а се обидуваме да договориме уште најмалку два лета со Ер Арабиан, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на официјалната владина посета на Обединетите Арапски Емирати. Во ...

Сподели Општина Центар ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе се одржи од 15 до 20 април. По успешните акции во февруари и март, жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена поставени на следниве локации: – ДЕБАР МААЛО – ПАРК ул. „Наум Наумовски Борче“ – кај Партизан – ДЕБАР МААЛО ул. „Алберт Ајнштајн“ кај КСП – Центар Јадро – БУЊАКОВЕЦ ул. „Киро Крстевски Платник“, кај кривината со ...

Сподели Врвниот македонски гитарист, композитор и музичка легенда, Влатко Стефановски, со два концерта на 9 и на 10 мај во Македонската филхармонија, ќе ја одбележи својата импозантна 50-годишна кариера. Покрај најавата за концертите, вчера пред јавноста беа претставени и неговите најнови винилни изданија за „Кроација рекордс“, како и персонализираните гитарски жици од светски познатата компанија „Thomastik-Infeld“ од Виена, кои од ...

Сподели Коалицијата ВЛЕН уште еднаш го реафирмира својот претходен јавно искажан став. Не сакаме ниту еден Албанец да биде виновен за колективната трагедија во Кочани. Не сакаме ниту еден Албанец, без разлика на политичката припадност да биде виновен за човечки жртви. Искрено посакуваме сите сегашни и поранешни функционери Албанци да ја докажат својата невиност, во фер, транспарентна правосудна постапка која ќе биде базирана исклучиво на ...

Сподели Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и нашата најстара и најреномирана високообразовна установа, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Потпишувањето на Меморандумот ја потврдува заедничката определба на Министерството и Универзитетот за поврзување на културата со образованието, теоријата со ...

Сподели Настанот понуди богата програма со активности за сите генерации. Посетителите имаа можност да учествуваат во спортски предизвици како турнири во 3×3 баскет, натпревари во забивање, шутирање од далечина и интерактивни демонстрации на олимписките вредности. Покрај спортскиот дел, вниманието го привлекоа и информативните пунктови каде граѓаните можеа да се информираат како да се вклучат како волонтери или поддржувачи на претстојниот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Калај

48.47

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Паладиум

53434.54