Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Сончево и малку посвежо денеска со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена. Од сабота следува период на ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) во недела е 7 јули, ден на Св. великомаченица Недела. Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше ...
Во продолжение целото обраќање до јавноста од страна на родителите: Обраќање до пошироката јавност Во врска со состанокот со премиерот на Владата на РСМ – 07.07.2025 година Ние, родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, чувствуваме обврска јавно да се обратиме, поради се погласните шпекулации и неточни информации околу нашите поднесени барања до државниот врв на РСМакедонија. Што се случи? На 01.07.2025 година, ...
Еден човек загина денеска во пожар во Струмица, а телото го пронашле пожарникарите во изгорениот стан на четвртиот кат од зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“ во градот. Нема информации за возраста на починатиот човек. Противпожарната единица од Струмица соопшти дека околу 15 часот и 30 минути интервенирала со три возила и седуммина пожарникари-спасители, кои успешно го изгаснале пожарот. Сите други станови во зградата биле заштитени од огнот, а ...
Пред малку градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот фејсбук профил објави дека со Синдикатот на УПОЗ постигна договор – септемвриската плата на сите вработени во администрацијата на Општина Струмица ќе биде зголемена за 20%. Неговит статус ви го пренесуваме во целост. Со Синдикатот на УПОЗ постигнавме договор – септемвриската плата на сите вработени во администрацијата на Општина Струмица ќе биде зголемена за 20%. ...
Поради продор на посвежа воздушна маса од север, денес (четврток 17 јули) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и развој на грмотевични конвективни облачни јадра на повеќе места. Од овие конвективни облачни јадра на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено во северните, централните и во источните предели ...
Уште една тажна вест ја потресе македонската фудбалската јавност. Младиот талент на ГФК Охрид, Анастас Каровски, трагично го загуби животот на само 16 години, објави Спортспорт.мк Фудбалскиот клуб Охрид преку социјалните мрежи се прости од својот млад фудбалер искажувајќи болка. Анастас е жртвата во трагичната сообраќајна несреќа која се случила на патот Охрид – Свети Наум. „Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна ...
Од срцето на мама и тато: Да и помогнеме на Стефанија да зачекори!! Ние сме мајка и татко на нашата Стефанија. Таа има 15 години. И секој нејзин ден е борба – борба за чекор, за стабилност, за малку детска слобода… за живот без болка.Стефанија се роди со тешка дијагноза. Од првиот нејзин здив, таа не знае што значи лесно движење. Нозете и половината и се слаби, секој чекор и е мака. Помина низ неколку операции, гледавме како лежи, трпи, се ...
Малолетник го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача. Несреќата се случила околу 1:40 часот, кога мопед управуван од 16-годишно момче од Охрид излетал од коловозот и удрил во метален столб, на потегот меѓу Рача и стариот влез за хотелот „Парк“. Возачот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде подоцна им ...
На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се ...
50 лица загинаа во голем пожар во хипермаркет во градот Ал-Кут во источен Ирак, објави државната новинска агенција ИНА, повикувајќи се на гувернерот на покраината. што кружат на социјалните мрежи покажуваат пламен како ја зафаќа петкатна зграда во Ал-Кут преку ноќ, додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Ројтерс не можеше независно да ги потврди видеата. Причината за пожарот сè уште не е позната, но гувернерот најави ...
Обдукцискиот преглед на тринаесетмесечното момче од Србија кое почина во вторник на Халкидики е завршен, а наодите укажуваат на задушување поради консумирање на јаткасти плодови, соопшти ЕРТ. Бебето било на плажата во Ситонија со своето семејство кога, според грчките медиуми, за време на нивниот престој таму, детето наводно јадело јаткасти плод. Кратко по 18:30 часот, детето покажало симптоми на задушување и настанала паника. Доктор кој бил ...
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 27 до 39 степени Целзиусови. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со ...
Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 43 минути ...
Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, говореше и за состојбите во културата. Според него, најлош министер до сега бил Ештреф Алиу, а најдобар Слободан Унковски. Сепак, посочува, актуелниот министер Зоран Љутков ќе го надмине и најлошиот. „Тоа е министерот за култура, актер, кој доби 800 тужби од своите колеги актери, затоа он е јаден, тој е послушник, после им ја намали платата на колегите. Сам си пукаше во нога. ...
ВОНРЕДНО Регистриран силен земјотрес со јачина од 7,2 степени – еве каде е епицентарот Силен земјотрес со јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди полуостровот Алјаска, со епицентар лоциран на околу 59 километри јужно од градот Сенд Поинт и на 949 километри јужно-југозападно од Анкориџ. Земјотресот се случил во 12:37 часот по локално време (20:37 UTC), на длабочина од 10 километри. Алјаска често е погодена од силни ...
Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево. Командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот. -Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави, ...
Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени лица. Од АМСМ претходно информираа дека во 16:00 час. на регионалниот пат Р-1101 Битола – Прилеп кај клучка с. Тополчани поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот за ТМВ ќе биде во прекин, а патничките возила ќе се пропуштаат неизменично. Фото: Роберто ...
Две сообраќајни незгоди попладнево во Македонија. АМСМ со важна информација за сите кои патуваат. Од 15:45 час. поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај рас, с.Кравари за с. Бистрица сообраќајот ќе биде пренасочен низ с. Бистрица по регионален пат Р-2333. Во 16:00 час. на регионалниот пат Р-1101 Битола – Прилеп кај клучка с. Тополчани поради случена сообраќајна незгода, ...
Трагедија се случи на Халкидики во вторник попладне, кога 15-месечно бебе, по потекло од Србија, почина откако наводно се задавило со храна, објавува thestival.gr. Според грчките медиуми, инцидентот се случил во вторник околу 18 часот, а бебето, по потекло од Србија, било во продавница со својот татко (31) и мајка (32) во областа Ормос Панагиас во Ситонија. Веднаш била повикана брзата помош EKAB, која го подигнала момчето и го ...
Ноќеска во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа ...
Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) објави дневен преглед на состојбата со ризикот од пожари во земјата. Според најновите податоци, метеоролошкиот индекс на пожар (FWI) покажува многу висок ризик на голем дел од територијата. Висок ризик е забележан во западните делови на земјата, како и во околината на Струмица, Валандово и Богданци. Среден ризик има во Осоговските Планини, додека на Шар Планина ризикот се движи од ...
Пристигна убава вест: Власта доделува по 15.000 денари на оваа група граѓани Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција најави конкретна мерка за поддршка на студентите – ваучери во вредност од 250 евра (15.300 денари) за набавка на персонален компјутер, лаптоп или таблет. „Секој редовен или вонреден студент на додипломски студии, запишан на државен или приватен факултет и до 29 години возраст, ќе добие техничко ...
Доста е! Се навршуваат 2 години откако сум дипломиран и лиценциран доктор по општа медицина. 6 години учев – ден, ноќ, празници, додека другите излегуваа, јас дежурав над книги, вежби и пациенти. Факултетот беше тежок – и треба да биде, затоа што станува збор за човечки животи. Но, тоа што следуваше по дипломата – тоа е пекол кој не го заслужив. Две години. Без шанса да работам она за што се жртвував – не затоа што не сум способна, туку ...
Светската здравствена организација (СЗО) ги повикува земјите да ги зголемат даноците на засладените пијалоци, алкохолот и тутунот за 50 проценти во следните 10 години за да се справат со хроничните проблеми со јавното здравје. Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека овој потег ќе помогне во намалувањето на потрошувачката на овие производи, кои го зголемуваат ризикот од болести како што се дијабетес и некои видови на рак, и ...
Беше голема ѕвезда, но нејзиното срце не издржа Во моментот кога доживеала срцев удар, предизвикан наводно од инјекција за убавина, таа не била сама дома, туку со семејството. Нејзиниот сопруг веднаш ја однел во болница, но докторите иако направиле се’, не можеле да ја спасат. Шефали Џаривала е позната индиска актерка и модел, најмногу позната по индиските музички спотови и филмови. Стана популарна со појавувањето во ремиксот на спотот ...
Популарното квиз-шоу „Се или нешто“ што веќе со години го води Лила Филиповска важи за една од најгледаните емисии. Македонските гледачи обожаваат да гледаат како натпреварувачите се борат да освојат што поголема сума на пари, а многу пати се случува гостите да раскажат некоја интересна случка од нивните животи. Квиз шоуто „Се или нешто“ долги години се емитува на малите екрани, а верните и бројни гледачи на популарната игра со банкарот, ...
Пред повеќе од дваесеттина години една млада невеста од Преспа, имала проблематична бременост. Го изгубила бебето. Сонувала сон да го земе стариот нож од црквата Света Петка од Брајчино и цела година да го држи под својата перница. Направила така. Родила од Бога дарувана прекрасна ќерка. Луѓето кои се грижат за оваа манастирска црква, не сакале ништо да кажат за ножот, но признале декаи другу луѓе по сон дошле да бараат лек тука. Друга, ...
Топлотните бранови стануваат се почести: Високите летни температури претставуваат предизвик за здравствените системи и инфраструктурата Како последица на глобалното затоплување, топлотните бранови стануваат се почести, а температурните рекорди паѓаат еден по друг. Според прогнозите на метеоролозите, температурите во текот на летото би можеле да достигнат 46-47 степени Целзиусови и тоа веќе во текот на овој век, а не во далечната иднина како ...
За четири хороскопски знаци започнува период на преродба и ги очекува вистинска среќа и успех. По годините поминати во страдање поради неповолниот распоред на планетите и ѕвездите во нивниот хороскоп, дојде времето да бидат наградени. Имено, планетата Уран, која симболизира ненадејни подвизи и бунт против старите навики, полека излегува од знакот бик, каде што се наоѓа уште од 2018 година. Овој седумгодишен циклус донесе многу потреси, ...