После долго време, Барселона може да смета на својот голман Марк-Андре Тер Штеген. Ова го потврдија и од Барселона, но и тренерот Ханс Флик. Тер Штеген последен пат бранеше за Барселона против Виљареал во мај оваа година, што значи дека после шест и пол месеци се враќа меѓу диреците на каталонскиот клуб. Во меѓувреме, Германецот беше на излезна врата со оглед дека каталонскиот тим го ангажираше Жоан Гарсија од Еспањол, и моментално тој е прв ...

Во обидот да ја спаси катастрофалната сезона, Ливерпул во зимскиот преоден рок има намера да ја засили одбраната. Затоа наводно „црвените“ испратиле понуда од 38 милиони фунти за дефанзивецот на Галатасарај, Вилфред Синго. Синго има договор до 2030 година, а наводно во неговиот договор има клаузула која вклучува сума од 52 милиони фунти, но клубот од Истанбул може малку да попушти. Почетните разговори се веќе во тек, а изворите тврдат дека ...

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во текот на оваа недела ќе има два нови контролни натпревари, а противник е селекцијата на Црна Гора. Предводникот на националниот тим Димитар Капинковски на списокот има 26 играчи кои ќе конкурираат за место во екипата за дуелите што ќе се играат во Струмица. Првиот е на програмата утре (10 декември), а вториот ќе се игра в петок на 12 декември. СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ ПОВИКАНИ ЗА У-18 ...

Меси со 40 години се очекува да ја предводи Аргентина на следното Светско првенство во кое ќе оди да го одбрани пехарот освоен во Катар 2022 година, нешто во кое никој не успеал од 1962 година. Меси ги спомена своите пет фаворити за освојување на „Божицата“, по што фановите беа во шок. „Кога ја видов нашата група, бев убеден дека повторно ќе стигнеме далеку. Освојувањето на последното Светско првенство ми симна огромен товар од грбот. Сега ...

Играчот на Ливерпул, Мохамед Салах кој беше суспендиран од Ливерпул и не беше земен на гостувањето во Милано на мечот против Интер во Лигата на шампионите, се огласи со нова објава на социјалните мрежи. Египѓанецот сподели фотографија од салата за кревање товар каде што тренираше денеска, додека неговите соиграчи ги очекува дуел со италијанскиот вицепрвак. Немаше никаков текст во објавата. 33-годишниот фудбалер влезе во конфликт со тренерот ...

Барселона на крајот на сезонава треба да донесе одлука околу иднината на Маркус Рашфорд, односно дали ќе го откупи или ќе го врати во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа сега се појавува нова опција, односно белгиски талент кој ги мрси сметките околу иднината на Англичанецот. Станува збор за фудбалерот на Лион, Малик Фофана кој е опција за Барселона за идната година. Крилниот напаѓач долго време е мета на големи гиганти, тој беше поврзуван и со ...

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните. ТИМ НА 16. КОЛО Тринаесет победи, три нерешени средби и ниту еден пораз за Вардар во есенскиот дел од сезоната. Најтрофејниот македонски клуб ќе ја мине ...

Кристијан Пулишиќ беше херој на Милан во победата против Торино од 3-2. Иако само еден ден претходно лежеше во кревет со висока температура, тој влезе од клупата и постигна два гола за да му донесе победа на Милан од 2-3, откако неговиот тим губеше со 2-0. Настапот на Пулишиќ беше под голем знак прашалник до самиот ден на натпреварот. Поради високата температура, тој дури и не патуваше со тимот, туку им се придружи во Торино само неколку часа ...

Ситуацијата во Реал Мадрид е катастрофа, а како што пренесуваат шпанските медиуми Чаби Алонсо ќе добие отказ доколку загуби од Манчестер сити во Лигата на шампионите. Причина плус за оваа ситуација е и тоа што се случувало во соблекувалната на кралевите по поразот од Селта Виго на домашен терен со 0-2. По завршувањето на натпреварот во соблекувалната на мадриѓани се случувал вистински хаос. Како што пренесуваат медиумите од Пиринеите по мечот ...

Американскиот кошаркар Малик Бизли, како што стојат работите, нема да дојде во КК Партизан. Деновиве на големо се зборуваше дека Малик Бизл, ќе ги засили редовите на Партизан во моменти на голема криза. Сепак, како што стојат работите – нема ништо од тоа. Веста дека Бизли доаѓа во Србија прв ја демантираше неговиот агент Брајан Џангреис, кој за „Фронт Офис Спортс“ изјави дека имало разговори со црно-белите, но дека двете страни се далеку од ...

Легендарниот шпански голман и човек кој испишување историја со Валенсија, Сантијаго Кањисарес, даде свое видување за ситуацијата на Столе Димитриевски во шпанскиот ла лигаш. Кањизарес го советува најдобриот македонски голман дека најдобро за него ќе биде колку може побрзо да ја напушти средината. „Ако клубот во две сезони не реализира ништо од она што му било ветено, тогаш играчот мора да размисли за својата иднина. Искрено, Димитриевски ...

Долгогодишниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека единствениот виновник за кризата што ги тресе „црвените“ е Мохамед Салах. „Фараонот“ не е задоволен од драстично помалата минутажа во последно време, па затоа реши да ја отвори душата и не штедеше зборови кога стануваше збор за шампионот на Англија, особено за тренерот Арне Слот. „Мислам дека она што го направи по натпреварот е срамно. Секогаш кога Мо Салах ќе застане во ...

Кошаркарите на Феникс санс забележаа нова победа сезонава во НБА лигата откако синоќа во најинтересниот меч славеа на гостувањето кај Минесота тимбервулвс со 105-108. Марк Вилијамс со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 40 поени на Ентони Едвардс.  Во останатите два меча од синоќешната понуда: Индијана – Сакраменто 116-105 и Њу Орлеанс – Сан Антонио 132-135. Крадењето авторски текстови е ...

Познатиот грчки кошаркар Димитрис Дијамантидис изјави дека само Жељко Обрадовиќ од сите тренери во Европа може да предизвика излив на емоции и гест на наклонетост од навивачите, како оној што го покажаа фановите на Партизан откако познатиот стратег ги напушти црно-белите. Обрадовиќ поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Партизан по серијата лоши резултати, кои кулминираа со дебакл против Панатинаикос. Тоа е клубот каде што ...

Ракометнииот суперлигаш на Македонија Тинекс Пролет ја раскина соработката со Никола Матлиески кој повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога. За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по ...

Тренерот на Ливерпил, Арни Слот на пресконференцијата пред натпреварот од Лигата на шампионите против Интер говореше и за ситуацијата поврзана со Мо Салах, фудбалерот кој ја одбележа последната деценија во дресот на „црвените“, но оваа сезона не само што добива мала минутажата, туку беше и изоставен од составот кој ќе се сретне со италијанскиот клуб. Односите со тренерот се видно нарушени па Слот беше запрашан што мислел Салах кога изјави ...

Последното коло од Лигата на шампионите во 2025 година носи супердраматичен натпревар во Милано каде на Интер му гостува Ливерпул. Натпреварот е од големо значење за двата тима кои поминуваат низ турболентен период, особено Ливерпул чија резултатска криза се одрази и со незадоволство помеѓу фудбалерот кој ја одбележа последната деценија на „црвените“ Мо Салах и тренерот Арни Слот. Сепак проблемите на Ливерпул и изостанувањето на Салах од ...

Милан се врати на врвот на табелата во Серија А откако во последниот натпревар на 14. коло стигна до презначајен триумф на гостувањето кај Торино славејќи со 2-3 по голем пресврт. „Росонерите“ губеа со 2-0 по само 17. минути игра откако мрежата ја затресоа Влашиќ од пенал во 10. минута и Запата на асистенција на Хрватот седум минути подоцна, но веќе во 24. минута Рабио намали на 2-1. Пресвртот стигна во второто полувреме и го приреди Пулишиќ ...

Манчестер Јунајтед им се врати на победите во Премиерлигата откако во последниот натпревар од 15. коло славеше на гостински терен кај „фенерџијата“ Вулверхемптон со 1-4. Фернандеш донесе гостинска предност уште во 25. минута од средбата, но домаќините успеаја да заминат со нерешен резултат на полувремето благодарение на голот на Белегрејд во втората минута од судиското продолжение. Сепак „црвените ѓаволи“ ја потврдија фаворитската улога во ...

Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико ќе донесе и ново правило, потврди ФИФА. Сите играчи ќе добијат триминутна пауза на средина на полувремето со цел да се хидратираат. Оваа одлука е донесена со цел да се заштити здравјето и добросостојбата на фудбалерите, стои во објавата на светската куќа на фудбалот. За разлика од претходните турнири кога ова правило зависеше од временските услови, на престојниот ...

Историската „тројна круна“ освоена во сезоната 2024/25 е доволен аргумент за раководстовто на Фенербахче да му даде нов договор на тренерот Шарунас Јасикевичиус. Актуелниот евролигашки шампион ќе му понуди на литванскиот тренер договор со важност во следните две години и опција за соработка и за дополнителна година. Во текот на кариерата Јасикевичиус ги предводеше и Жалгирис и Барселона. И со овие два клубови успеа да стигне до завршницата на ...

Македонското вечно ракометно дерби помеѓу Е. Пелистер и Вардар кое ќе биде одиграно во среда со почеток од 18 часот ќе биде збогатено со присуството на двете навивачи групи во салата „Боро Чурлевски“. Оваа информација ја потврди скопскот состав на социјални мрежи барајќи и повеќе од потребна поддршка од своите навивачи во Битола. „Македонското ракометно дерби во среда ќе биде збогатено со присуство на нашите навивачи за кои ќе биде обезбеден ...

Македонскиот репрезентативен голгетер Бојан Миовски се најде во тимот на 16. коло во шкотското првенство откако одигра фантастичен натпревар предводејќи го својот Ренџерс до триумф од 0-3 против Килмарнок. Македонецот ги постигна првите два голови за својот тим отварајќи го патот кон шесттиот триумф во сезоната кој донесе искачување на четвртата позиција на табелата. Покрај Миовски во тимот на колото се најдоа и Џорџ, Мулиган, Халкет, ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше фантастичен викенд на кој со два голови го предводеше својот Ренџерс до триумф на гостувањето кај Килмарнок забележувајќи оцена од 8.1 со која доби место и во тимот на колото. Генијалноста на Македонецот не остана незабележана ниту од официјалниот профил на шкотското првенство кој на социјалните мрежи објави посебно видео посветено на Миовски. Clever finishing from Bojan Miovski 🤝@RangersFC | ...

Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал во 15. коло од Премиерлигата и се доближи на само два бода од лидерот на табелата. „Граѓаните“ триумфираа во натпреварот со Сандерленд, додека „топчиите“ загубија на гостувањето кај Астон Вила. По натпреварот за медиумите говореше хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол кој упати предупредување до Микел Артета и неговите избраници. „Се сеќавам на мојата прва асезона кога бевме на врвот и се боревме ...

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон е осуден на шест месеци затвор, односно условна казна од 18 месеци поради навредили коментари на социјалните мрежи. Сега 43-годишникот кој во текот на кариерата настапуваше за Манчестер Сити, Њуксал Јунајтед, КПР, Марсеј и Ренџерс е прогласен виновен за навредливи објави кон британскиот водител Џереми Вин, како и двете коментаторки Луси Ворд и Ени Алуко. Обвинителството пресуди дека неговите пораки ја ...

Искусниот швајцарски тренер Урс Фишер официјално е назначен за нов тренер на германскиот бундеслигаш Мајнц 04, потпишувајќи повеќегодишен договор. Дебито на 59-годишникот кој во минатото со успех го предводеше Унион Берлин од 2018 до 2023 година ќе биде на натпреварот против Лех Познањ во Конференциската лига. Фишер го очекува тешка задача во Мајнц со оглед на тоа што клубот нема победа од месец септември и се наоѓа на 18 место на табелата со ...

Првото вечно српско кошаркарско дерби во Евролигата помеѓу Партизан и Црвена Зевзда ќе биде одиграни на 12. декември, а во салата ќе присуствуваат навивачите и на двата тима, пренесуваат медиумите на северниот сосед. Партизан се одлучи на потег кој наиде на голема пофалба, да ги отвори вратите за илјада навивачи на вечниот ривал со цел одлична атмосфера во главниот град на Србија. Дерби натпреварите помеѓу овие два тима привлекуваат огромно ...

Искусниот американски кошаркар Лоренцо Браун мака мачи со повреди оваа сезона со што раководството на италијанскиот евролигаш се одлучи да доведе нов плејмејкер на негово место, пренесуваат италијанските медиуми. Шпанскиот репрезентативец го пропушти стартот на сезоната, а откако се врати на теренот по двемесечна пауза заработи нова повреда на рамото поради која го очекува нова долга пауза. Со оглед на тоа што има 35 години Олимпија нема да ...

Играчката кариерата на легендарниот германски фудбалер Лукас Подолски се наближува до крајот, а сосема јасно е дека тој ќе остане дел од најважната споредна работа на светот и откако ќе ги „закачи копачките“. Имено, поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Келн и Арсенал во последните пет години настапува за полскиот Горник, клубот за кој навива од детството и клубот во кој ќе остане и по крајот на кариерата откако купи 8.3 отсто од акциите со ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Цинк

3.25

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Бакар

11.69

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Кобалт

64.04