Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Таткото на норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд, Алф Инге Халанд, повторно ги поттикна шпекулациите за иднината на својот син, откако во интервју за ДАЗН зборуваше за можноста тој еден ден да заигра за Реал Мадрид. Пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Норвешка и Бразил, таткото на Халанд беше прашан дали неговиот син би можел во иднина да заврши на „Сантијаго Бернабеу“. „Не сакам премногу да зборувам за други клубови. ...
Младиот и талентиран фудбалер, кој е стандарден член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, веќе и официјално беше промовиран во дресот на Спартак Суботица. Ангелевски ги помина комплетните подготовки со тимот на Спартак, каде што уште на самиот почеток ги покажа своите квалитети. На пријателскиот натпревар против ерменскиот состав Алашкерт, тој веќе го запиша својот прв погодок во новиот дрес. Во изминатата сезона, Ангелевски ...
Доналд Трамп и Џани Инфантино ја отворија „Пандорината кутија“. Од вчера, реално, секоја национална асоцијација, па дури и самите влади на државите, имаат целосно право да вршат притисок врз ФИФА и да лобираат кај нејзините лидери за последователно поништување на одлуките на судијата. Ова се директните последици од големата контроверзност во која се вклучени ФИФА и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој не го криеше фактот дека побарал и ...
Бразилскиот напаѓач Нејмар го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал во понеделник откако неговиот тим загуби од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство. 34-годишникот постигна утешен гол во поразот на Бразил од 2-1, што беше нивното најрано испаѓање од Светското првенство од 1990 година. Емотивниот Нејмар во солзи го доживеа поразот и елиминацијата од Мундијалоит. „Се обидов, се обидов. Сега е готово. Почнав тука, ...
Португалскиот селектор Карлос Квеирош се повлече од функцијата селектор на Гана по само три месеци на чело, откако тимот беше елиминиран од Светското првенство во осминафиналето. Гана заврши трета во Групата Л пред да загуби со 1-0 од Колумбија во првото коло од натпреварувањето. 73-годишниот Квеирош беше на своето петто Светско првенство, претходно ги предводеше Иран, Португалија и Египет на Мундијалите. Поранешниот тренер на Манчестер ...
Играчот од средниот ред Канг-ин Ли ќе го напушти Пари Сен Жермен ова лето и ќе се врати во Шпанија каде што играше за Валенсија и Мајорка. Одличниот фудбалер кој може да игра на средниот ред и на десната страна не може да ги добие посакуваните минути во француската престолнина, а на клубот сигурно му е потребен простор за доведување нови имиња, па затоа беше одлучено дека е најдобро да го продадат. Тој ќе стане засилување за Атлетико Мадрид ...
Фелипе Луис, екс играчот на Атлетико Мадрид, почнува нова ера како тренер. Откако направи големи успеси со Фламенго, сега го презеде кормилото на францускиот тим Монако. 41-годишниот Луис со Фламенго го освои Бразилскиот Куп, Супер-купот на Бразил, Кампеонато Кариока во 2025 година, Бразилското првенство во 2025 година и престижниот Копа Либертадорес во 2025 година , постигнувајќи рекорд од 62 победи , 21 нерешено и 16 порази во две сезони на ...
По контроверзната елиминација на Хрватска од страна на Португалија од Светското првенство, Португалците се соочуваат со нов предизвик вечерва во Далас во осминафиналето против Шпанија , со почеток во 21 часот по локално време. Пред натпреварот, Кристијано Роналдо покажа знаци на нервоза на прес-конференцијата пред натпреварот и влезе во вербална расправија со еден новинар. Стануваше збор за Бразилецот Марсело Бехлер, новинар и коментатор на ...
Кошаркарот на Басконија, Тимоти Луваву-Кабаро, е желба на многу тимови, а прва во редот беше Барселона, сè до кога Реал Мадрид ја презеде улогата на главен фаворит за неговите услуги. Како што објавија шпанските медиуми, се очекува Мадрид многу наскоро да финализира сè во врска со кошаркарскиот крилен играч, а договорот наскоро ќе биде официјализиран. Луваву во сезоната 2025/26 имаше просек од 18,3 поени, 3,4 скока и 1,9 асистенции за 25 ...
Кралската белгиска фудбалска асоцијација ќе се жали на одлуката на ФИФА за поништување на забраната за американскиот напаѓач Фоларин Балогун пред нивниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство, објави „Атлетик“. Белгијците испратија официјално жалба до управното тело на светскиот фудбал. Вчера стана јасно дека Дисциплинската комисија на ФИФА ја укина суспензијата на Балогун, дозволувајќи му да учествува во претстојниот натпревар ...
И официјално, Оливер Гласнер е новиот менаџер на Нотингем Форест, откако денеска беше назначен од страна на „шумарите“. Досегашниот предводник на Кристал Палас направи историја со овој тим, и се поврзуваше со гигантот Милан, но на крајот се одлучи да ја прифати понудата од Нотингем Форест и да остане во Премиерлигата. Гласнер во минатото беше тренер и во Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт, пред да дојде во Премиерлигата. Направи историја со ...
Едвај обезбедија опстанок во неодамна завршената сезона, а сега Тотенхем тргнува кон врвот во Премиерлигата. Откако ги ангажираа Енди Робертсон и Жан Пол вак Хеке, сега го потпишаа и одличниот италијански фудбалер од средниот ред, Сандро Тонали. Овој трансфер беше најавуван во последните неколку дена, но малкумина кои веруваа дека ќе се случи со оглед дека Италијанецот имаше понуди да замине во далеку поголеми клубови и да игра во Лигата на ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Португалија нема врзано две победи во нокаут фазата од мундијалите уште од 2006 година. Португалците немаат примено повеќе од еден гол на последните девет меча што ги одиграа. Луис ...
Многу прашина крена поништувањето на суспензијата на Фоларин Балогун од САД, кој и покрај тоа што беше исклучен на мечот со Босна и Херцеговина, ќе може да игра во 1/8 финалето против Белгија. ФИФА изненадувачки се реши да му ја поништи суспензијата, а фудбалскиот свет и белгиските медиуми се „огрочени“ од скандалозната одлука, во која сметаат дека се замешал и американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа недела, Дисциплинската комисија на ...
Кристијано Роналдо ќе го предводи нападот на Португалија во вечерашната дерби-пресметка со Шпанија што ќе покаже која од овие две соседни земји ќе се пласира во четвртфиналето од СП 2026. За Роналдо ова е пресметка со добри познаници, ако се знае дека Кристијано досега има одиграно десет натпревари против „црвената фурија“, при што има забележано само две победи, наспроти четири реми и четири порази. Една од двете победи беше токму на првиот ...
Хавиер Агуире потврди дека се повлекува од функцијата селектор на Мексико откако оваа репрезентација беше елиминирана во осминафиналето од Англија. Искусниот стратег од претходно го имаше најавено своето заминување од националниот тим, се надеваше на поголем успех по четирите импресивни победи во низа, но серијата беше запрена на синоќешниот трилер-дуел со Англија. „Овие пет натпревари беа незаборавни. Си заминувам со огромна гордост, секако ...
Бразилците со големи надежи отпатуваа на СП 2026, верувајќи дека со Карло Анчелоти како селектор можат да стигнат далеку, зошто да не и да се искачат по шести пад на врвот на светскиот фудбал. Сонот се претвори во кошмар откако „кариоките“ синоќа неочекувано загубија од Норвешка и за првпат по 1990 година се елиминирани во мундијалско осминафинале. „Ова е едноставно необјасниво. Мораме да бидеме мажи, да прифатиме дека ова беше тотален ...
Секоја чест на Ерлинг Халанд за двата гола за победа, но Норвешка немаше да биде во ситуација да се бори за триумф во финишот ако на голот го немаше фантастичниот Ерјан Ниланд. Искусниот 35-годишен чувар на мрежата го одигра мечот на кариерата бранејќи се што можеше, почнувајќи од пеналот на Бруно на стартот, неколкуте шанси на Бразил при 0-0, а потоа и со феноменално спречениот автогол со кој Бразил ќе израмнеше на 1-1, непоредно пред ...
Во таборот на Белгија максимално оправдано се бесни по преседанот на ФИФА, откако дисцилпинската комисија за првпат во историјата реши да не санкционира црвен картон на мундијал со суспензија, па така Балогун ќе може да го предводи нападот на САД на вечерашниот осминафинален натпревар против Белгијците. Селекторот Руди Гарсија во изминатите денови подготвуваше тактика за ривалот без Балогун, но сега експресно ќе мора да менува по ...
Англија се пласираше во четвртфиналето, Томас Тухел еуфорично прослави, но германскиот стратег на чело на „гордиот албион“ се пожали и на судискиот критериум. Судијата Алиреза Фагани од Австралија имаше полни раце работа во вториот дел, најпрвин му покажа црвен картон на Кванса, а потоа досуди и два пенала (по еден на двете страни). „Да бидам искрен, судиите на ова светско првенство едноставно не се доволно добри. Судиите на терен не се ...
Шокантната одлука на ФИФА да го казни американскиот голгетер Балогун само со условна казна за црвениот картон против БиХ предизвика бурни реакции од речиси целокупната фудбалска јавност. Сосема неочекувано, исклучок е Златан Ибрахимовиќ, кој ја поздрави ваквата одлука на светската куќа на фудбалот. Многумина очекуваа Швеѓанецот без влакна на јазикот да ги критикува челниците на ФИФА за ваквиот преседан, но се случи токму спротивното. „Мислам ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Ерлинг Халанд е само втор европски фудбалер во историјата кој постигнал погодоци на првите четири мундијалски меча на кои настапил. Првиот е Кристијан Виери на СП 1998. За првпат во историјата на СП, тројца различни фудбалери постигнале по седум гола на еден мундијал. Халанд, Мбапе и Меси се израмнети ...
Нејт Сестина уште кон крајот на минатата година доби македонски пасош, но незгодната повреда придонесе тој да почека за дебито за нашиот национален тим. Крилниот кошаркар конечно за првпат го облече дресот на Македонија на вчерашниот триумф над Луксембург, по што Сестина замина на лекарски прегледи и потпис со нов клуб откако му истече договорот со Олимпија Милано. Француски Асвел ќе биде новата дестинација во кариерата на новиот македонски ...
ФИФА го навлече бесот со одлуката суспензијата на американскиот голгетер Балогун да биде заменета со условна казна, со што се овозможи овој фудблер да настапи на вечерашниот дуел од осминафиналето на СП 2026 против Белгија. И додека користењето на „членот 27“ од правилникот е преседан во мундијалската историја, мора да се напомене дека истиот беше искористен минатата година – и тоа во корист на Кристијано Роналдо. Дали се сеќавате кога ...
Бразилската јавност е бесна на селекторот Карло Анчелоти поради одлуката по досудениот пенал за „кариоките“ ударот од белата точка да го изведе Бруно Гимараеш, а не Винисиус, кој беше вистински лидер на Бразилците на овој мундијал. Помошникот Давиде Анчелоти веднаш по натпреварот објави дека таа одлука била донесена уште пред почетокот на осминафиналето, а селекторот Карло Анчелоти на прес-конференцијата обелодени дека Вини не бил ниту меѓу ...
Џордан Хендерсон не одигра ниту минута на трилер-мечот со Мексико Сити, но сепак се најде во центарот на вниманието, со повредата што ја заработи ри англиската прослава на големиот триумф. Имено, екс-капитенот на Ливерпул се обиде да ги прескокне видео-бим рекламите, но не успеа, а приземјувањето беше незгодно, па Хендерсон остана да лежи во агонија на теренот и мораше на носилки да биде изнесен… Првите информации говорат дека станува збор за ...
Неверојатниот Ерлинг Халанд ја продолжи феноменалната серија – 14 меча во низа за Норвешка во кои најмалку по еднаш ги матирал противничките голмани. Синоќешниот дуел беше специјален, Халанд со два гола го урна големиот Бразил, носејќи им на Норвежаните историски прв пласман во четвртфиналето од еден фудбалски мундијал. „Мојот живот – тоа е давање голови. Да бидам искрен, не знам ништо друго да правам во животот, едноставно сум таков…“, ...
Многумина очекуваа триумф на Бразил и прослава со „самба“ на трибините на стадионот во Њу Џерси, но синоќа бевме сведоци на големо изненадување на теренот, а потоа и на феноменална прослава на трибините. Норвежаните ја продолжија традицијата, секоја победа ја прославуваат со „веслање“ и тоа тимот седнат на тревата, пред навивачите на „црвената трибина“. Овојпат улогата на „диригент“ му припадна на Ерлинг Халанд, кој раководеше со оваа фешта…. ...
Џуд Белингем донесе огромна радост на цела Англија откако со два гола го предводеше „гордиот албион“ до голема победа над Мексико и пласман во четвртфиналето од СП 2026. „Ова дефинитивно ми е најубавата ноќ во репрезентативната кариера. Свесен сум за притисокот, за одговорноста што секој од нас ја носи, но веерувам дека оваа победа уште повеќе ќе ни ја зголеми самодовербата. Имаме извонредни фудбалери кои можат да се носат со секого, да ...
Англија е нов четвртфиналист на овој мундијал откако „гордиот албион“ во супердраматиченн меч славеше над домаќинот Мексико со 2-3, обезбедувајќи дуел со Норвешка. Англичаните со овој триумф станаа прва селекција што како победник го напушта „Азтека“ стадионот, каде Мексиканците не знаеја за пораз на досегашните десет одиграни натпревари. Џуд Белингем е ѕвездата што го реши овој натпревар, откако асот на Реал Мадрид постигна два гола за три ...