Женската ракометна репрезентација на Германија е првиот финалист на Светското првенство на кое што се ко-домаќини со Холандија откако вечерва во првото полуфинале славеа против актуелниот шампион Франција со 23-28. Германките одиграа еден одличен натпревар во кој во сите шеесет минути го контролираа резултатот и на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до го лема победа во Ротердам. Во финалето Германија го чека подобриот од второто полуфинале ...

Ракометарите на Пелистер се вратија во трката за титулата во ракометната Супер-лига откако го надиграа Вардар во вечното дерби, што воедно беше и прв пораз на „црвено-црните“ сезонава. „Пелистерци“ се наоѓаа во променлива форма во пресрет на ова дерби, дојде и до тренерска смена што очигледно вроди со плод, па битолчани го зедоа скалпот на лутиот ривал. „Секако дека сме презадоволни од големата победа над Вардар. Ова е големо ривалство, во ...

Ракометарите на Алкалоид забележаа нова победа во домашниот шампионат откако вечерва без никакви проблеми славеа против МРК Куманово со убедливи 42-25 во меч од 17. коло од Суперлигата на Македонија. Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа сигурна предност од 20-12. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечен триумф на „фармацевтите“ од 42-25. Дури тројца ракометари кај победникот постигнаа по шест ...

Манчестер сити ќе биде домаќин на Кристал Палас во недела (15.00 часот), а Пеп Гвардиола не беше на прес-конференцијата пред овој меч. Како што потврди Манчестер Сити, Гвардиола не беше дел од прес-конференцијата од „лични причини“. Како што изјави клубот, отсуството на Гвардиола денеска на никаков начин не влијае на подготовките и на самиот натпревар, кој „граѓаните“ го очекуваат во недела. На официјалната прес-конференција го замени ...

Во последното коло, Арсенал го доживеа својот прв пораз во Премиерлигата оваа сезона на гостувањето кај Астон Вила. Пред мечот за Вулверхемптон покрај другите теми тој говореше и за формата на Виктор Ѓокереш кој не се снајде најдобро по неговото доаѓање на „Емирати“. „Две работи треба да се совпаѓаат – мора да го ставите играчот во најдобри можни услови за да „експлодира“ и да го даде својот максимум. Но, постојат и детали во самата улога, во ...

Поранешниот кошаркар на Партизан, а сега член на грчки Арис, Данило Анѓушиќ се осврна на ситуацијата во белградскиот клуб по заминувањето на Желимир Обрадовиќ. Српскиот кошаркар го носеше црно-белиот дрес три пати, а неговиот последен мандат „се совпадна“ со враќањето на искусниот тренер. Заедно ја освоија АБА лигата, по што одличниот шутер замина за Дубаи, а оттаму неодамна во Грција. „Никој не очекуваше дека ова ќе се случи. Многу е тешко ...

Репрезентацијата на Мексико, еден од домаќините на идниот Мундијал и еден од потенцијалните противници на Македонија на Светското првенство 2026 година, ќе го менува селекторот. Хавиер Агире, легендарниот селектор на оваа репрезентација донесе одлука да се повлече веднаш по завршувањето на собирот на најдобрите светски селекции. Веднаш по Мундијалот, Мексиканците добиваат нов селектор, а веќе е познато и кој ќе биде. Во прашање е Рафаел ...

Менаџерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер пред гостувањето на „Енфилд“ кај Ливерпул, кажа дека е среќен што се среќава со еден од најдобрите екипи во Премиерлигата, напоменувајќи дека има големи шанси да дојде до добар резултат. Хирцелер кажа дека не се оптоварува многу со противникот и дека без оглед на нивната ситуација, оди на победа. „И ние како и нашиот противник имавме свои подеми и падови од почетокот на сезоната, веројатно има два тима ...

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во Струмица одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. На средби, селекцијата предводена од Димитар Капинковски залебележа победа со 2:1. Во рамките на првиот контролен натпревар, нашата селекција уште по првите 45. минути со два постигнати погодоци го реши прашањето на победникот. Двоен стрелец за Македонија беше Дитмир Хоџа. Фудбалерот на Работнички во 20. минута го ...

Менаџерот на Ренџерс, Дени Рел, вели дека клубот ќе „мора внимателно да ја разгледа“ состојбата на македонскиот фудбалер Бојан Миовски откако тој мораше да биде заменет во поразот од 2-1 од Ференцварош во Будимпешта. Миовски, кој му донесе рано водство на Ренџерс со извонреден гол, се чини дека претрпе повреда во второто полувреме пред да биде заменет. Зборувајќи по натпреварот, Рел призна дека повредата може да биде повеќе од мал проблем и ...

Само неколку месеци откако дојде во Фиорентина, Един Џеко би можел да си замине од Фиренца, но и натаму да остане во Италија. На Џеко не му оди најдобро во „виолетовите“ со оглед дека тимот е закован на дното во Серија „А“, а тој нема многу простор за игра. Според информациите од Италија, би можел да се приклучи на тимот на Џенова. Тренерот на овој тим Даниеле де Роси е голем пријател и фан на Џеко, па би бил среќен да го има на располагање ...

Капитенот на Кристал Палас и репрезентативец на Англија, Марк Гуехи летоска веќе беше виден во дресот на Ливерпул, но трансферот пропадна во последен час. Го стопираше менаџерот на Палас, Оливер Гласнер, затоа што клубот не се согласи да му донесе замена. Гуехи тоа го прифати и продолжи да пружа добри партии во дресот на Кристал Палас, тоа му донесе и место во англиската репрезентација, но сега го чека летото кога му истекува договорот со ...

Продолжува сагата околу Мо Салах во Ливерпул. Односот на релација играч – клуб е нарушен откако Египќанецот даде изјава по мечот со Лидс, која предизвика веднаш реакција кај тренерот Арне Слот кој се реши да го исклучи својот играч од групата на играчи за мечот против Интер во Лигата на шампионите. Пред новото коло во Премиерлигата, Слот беше прашуван за односот со Салах и за можноста да биде вратен повторно во „погон“ за англискиот првак. ...

Кошаркарите на Пелистер се решени да ја остават зад себе разочарувачката мини-серија од два порази (три во последните четири рунди од Супер-лигата) и викендов да се вратат на триумфални патеки. „Зелено-белите“ утре со почеток во 17 часот ги очекува гостување во Кавадарци против Тиквеш, меч во кој избраниците на тренерот Даскаловски се мотивирани да одиграат стопроцентно, да стигнат до победата и да се обидат што поскоро да се вмешаат во ...

Кошаркарската федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: ● натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“, ● женски сениорски All Star натпревар, ● машки сениорски All Star натпревар. Во двата сениорски натпревари ќе ...

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација во состав Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на У.О. на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ (on-line присутен), денеска одржа работен состанок на кој се анализираше актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот ...

Францускиот голгетер Карим Бензема нема да го продолжи договорот со саудискиот клуб Ал-Итихад. Тој ќе ја напушти екипата како слободен агент на крајот на сезоната, и веројатно ќе се врати во Европа. Според последните најави, Бензема би немал ништо против одново да го облече дресот на Лион, и таму да ја заврши кариерата. Бензема во минатото се етаблираше како еден од најдобрите играчи на францускиот клуб, пред да замине во Реал Мадрид каде што ...

Без сомнение, Кристијано Роналдо и Лионел Меси одбележаа една цела огромна епоха на фудбалот. Посебно кога едниот беше член на Реал Мадрид, а другиот на Барселона, кога и нивното меѓусебно ривалство беше на врвот. Секогаш ќе има контроверзии околу тоа кој е подобар играч од двајцата, а Клаудио Маркизио, поранешниот соиграч на Роналдо во Јувентус, го даде својот став, со совет и за младите луѓе на кого да се угледуваат. „Кристијано Роналдо… ...

На Реал Мадрид не им оди добро ниту на резултатски план периодов, но ниту на останатите полиња од работата на клубот. Во последните неколку месеци не можеа да најдат заеднички јазик ниту за една од најголемите ѕвезди во клубот – Винисиус Жуниор. Имено, Бразилецот упорно не сака да го прифати она што му го нудат челниците на Реал Мадрид и сака да истрае во својот план и да биде оној што одлучува какви приходи ќе има. Моментално, Винисиус ...

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на вчерашната своја седница разгледа повеќе теми поврзани со организацијата и координацијата на претстојните натпреварувачки обврски, програмите за развој и промоција на ракометот, како и активностите кои следуваат во наредниот период на националните селекции. Како што информираат од РФМ, изнесени се предлози и насоки за унапредување на работата на федерацијата, со фокус на подобра ...

По вчерашниот пораз од Струга пред своите навивачи, екипата на Радовиш, очигледно ќе има нов тренер за продолжението на сезоната. Досегашниот тренер Александар Долдуров си поднесе оставка од клупата на тимот, откако нанижа 16 порази во исто толку натпревари сезонава во Суперлигата на Македонија. Долдуров е човекот кој минатата сезона го врати Радовиш во елитата, но по лошите резултати сега се одлучи на повлекување. Радовиш до крајот на ...

Вардар ги продолжува настапите во главната рунда на Лигата на Европа, каде во групата 3 за противници ги добија германскиот тим Мелсунген и португалската екипа Бенфика. Европската ракометна федерација ЕХФ направи промена во распоредот. Вардарци требаше првиот меч да го играат дома со Мелсунген, сепак, дојде до промена. Така Вардар на стартот ќе патува во Лисабон на мегдан со Бенфика. Во второто коло ќе го пречекаат Мелсунген, а потоа во ...

Веќе е стартувана првата фаза од пријавувањето за купување билети за натпреварите на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. А, цената на билетите ги збесна навивачите ширум светот. Позната е и цената на билетите за евентуалните натпревари на Македонија во Групата 1 кои ќе се играат во Мексико и во Атланта, САД. Цената на билетите за овие натпревари, во однос на некои поатрактивни дуели, е далеку пониска но, се чини, сепак и тоа ...

Разговорите за нов тренер на Црвена Звезда очигледно нема да се смират ниту по синоќешната победа на тимот на гостувањето против Штурм во Грац во Лигата на Европа. Тренерот Владан Милојевиќ повторно ја префрли топката на раководството на Црвена звезда кога станува збор за разговорите за тренерската позиција. Неговиот договор со црвено-белите истекува на крајот од годината, се споменува доаѓањето на Дејан Станковиќ на клупата, а Милојевиќ, ...

Иако беше пречекан во Мадрид како човекот со кој започнува новата ера на Реал, Чаби Алонсо се соочува со отказ од функцијата тренер на кралскиот клуб по само 28 натпревари. Незадоволството е големо меѓу челниците на Реал Мадрид, поразите против Манчестер Сити и Селта за неколку дена само ја продлабочија кризата и се повеќе се шпекулира дека Чаби наскоро ќе стане поранешен. Ултиматумот за 44-годишниот стручњак е победа во првенството над ...

Се, кога е во прашање Ливерпул изминативе денови, е поврзано со Мохамед Салах и неговата одлука јавно да го прозива тренерот Арне Слот, по што за Египќанецот настана вистински хаос со „отстранувањето“ од тимот. Салах одлучи јавно да проговори и да каже дека повеќе нема никаква врска со Слот по ремито на Ливерпул од Лидс, во кое не доби можност за настап. Па, сега, и тоа како е веројатно дека Салах ќе го напушти Енфилд веќе во јануари и со тоа ...

Повторно, кој друг ако не Никола Јокиќ во центарот на вниманието на натпреварите од НБА лигата. Неговиот Денвер победи против Сакраменто со 136-105. Јокиќ повторно ја украде целата слава бидејќи одигра навистина неверојатно, за малку останувајќи без трипл-дабл. За само 29 минути минати на теренот, Јокиќ постигна 36 поени, имаше 12 скока и осум асистенции. Сепак, тој не стигна до „трипл-дабл“, а причината е што тренерот, исто како и повеќето ...

Шкендија има одлична европска сезона која го носи тимот кон историска европска пролет, за првпат во историјата на македонскиот клупски фудбал. Извонредна претстава на избраниците на Јетон Беќири и синоќа со победата од 2-0 против словачкиот шампион Слован Братислава во Скопје, која, пак, носи и дополнително плус рејтинг поени за Македонија на клупската рејтнг листа на УЕФА. Па, синоќешниот триумф донесе +0.500 поени за Македонија на листата, ...

Рома убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Селтик во 6. коло од Лигата на Европа. „Волчицата“ триумфираше во Шкотска со три гола уште во првото полувреме. Гостите најпрво уште во 6. минута поведоа со голот на Скејлс, а потоа Фергусон постигна два гола за 0-3 веќе по првите 45 минути. 🚨🇪🇺 | GOAL: EVAN FERGUSON DOUBLES THE LEAD FOR ROMA! Celtic 0-2 Roma. pic.twitter.com/6CXlgna9cg — TheGoalsZone (@TheGoalsZone) December 11, 2025 ...

Кошаркарите на Армани го победија Панатинаикос на свој терен со 96-89, во 15. коло од Евролигата. Армани до победата го водеше Армони Брукс со 26 поени, пет скока и две асистенции, по него следуваше Зак Ледеј со 15 поени и четири скока. Шевон Шилдс исто така имаше двоцифрен број на поени -13, со три скока и асистенции, додека Џош Ниебо постигна 10 поени со пет скока. Кај Панатинаикос се истакна Костас Слукас со 19 поени и седум скока, по него ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
68%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
83%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
81%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
91%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Паладиум

53434.54

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Бакар

11.66

Сребро

2457.28

Калај

48.47