Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Премиерлигата го казни Челси со 10,75 милиони фунти и едногодишна забрана за трансфери, која беше заменета со двегодишна условна казна. Покрај тоа, им беше забрането и трансфер од академиите девет месеци. Казната веројатно ќе беше многу построга доколку Челси не ги пријави неправилностите. Новите сопственици, за време на процесот на преземање на клубот, ги забележаа неправилностите и ги пријавија во Премиерлигата, Фудбалската асоцијација на ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе ќе биде дел од тимот на Реал Мадрид за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, објави денеска шпанскиот клуб. Мбапе не играше од 21 февруари поради повреда на коленото поради која пропушти пет натпревари, вклучувајќи ја и победата на Реал од 3-0 над Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите минатата недела. Французинот е во составот од 26 играчи што го ...
Кошаркарите на Пелистер максимално мотивирани го дочекуваат денешниот дуел со Гостивар (19 часот, сала „Боро Чурлевски“ во Битола), меч на кој „зелено-белите“ сакаат да стигнат до нова суперлигашка победа. „Пелистерци“ неочекувано загубија од Гостивар во првиот круг од суперлигашката сезона, јасно предупредување дека овој тим не смее да биде потценет и дека до триумф може да се стигне само со максимално залагање од првата до последната ...
Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојните квалификациски натпревари против Италија и Ерменија. Станиќ за овие две средби на располагање ќе има 23. фудбалери меѓу кои има и неколку нови имиња. ГОЛМАНИ: Васко Василев (Струга Трим Лум), Љупче Џеков (Силекс), Никола Филевски (Брегалница). ОДБРАНА: Марко Стоилевски (АП Брера), Андрија ...
Мануел Нојер , Јонас Урбиг и Свен Улрајх се повредени, што би можело да му отвори врата на 16-годишниот Леонард Прескот да се најде во првиот тим на Баерн Минхен. Се очекува младиот играч да го има своето деби во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта во среда. Тоа ќе биде негово деби во првиот тим. Прескот тогаш би имал точно 16 години и 176 дена. Тоа би го направило четири години помлад од Нојер кога го направил ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го прошири списокот за пријателскиот натпревар против Австрија во рамките на ЕХФ неделата, повикувајќи уште еден ракометар, во името накружниот напаѓач на Вардар 1961, Кристијан Атанасовски. Ова ќе биде дебитантски настап на сениорско ниво за Атанасовски. Од ростерот отпадна пивотменот Марко Стојковиќ, а во тимот нема да бидат ниту искусните Маркоски, Митревски, ...
Силекс и после мечот со Пелистер, и натаму нема триумф на домашен терен оваа година. Кратовскиот тим одигра без голови против Пелистер во пресметката од 23. коло во ПФМЛ. Во првиот дел Пелистер беше подобар противник и имаше две шанси преку Булатовиќ и Спировски, но Џеков ја сочува мрежата, а Донов се закани кај кратовскиот тим, меѓутоа Јовчевски одбрани. Во вториот дел Пелистер продолжи со шансите, Булатовиќ одново се закани, па Ивановски, ...
Судиската комисија на Кошаркарската федерација на Македонија му одговори на Работнички за нападите кои што ги имаше клубот од градски парк кон судиската тројка која ја делеше правдата на мечот против Феникс. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на Судиската комисија на МКФ. „Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Северна Македонија ја информира јавноста дека согласно Пропозициите за натпреварување и актите на ...
Усман Дембеле минатата сезона стана најдобриот играч на ПСЖ. Ја предводеше екипата до тројна круна, до прв трофеј во Лигата на шампионите, а потоа ја освои и Златната топка. Французинот пристигна во Париз од Барселона летото 2023 година, и според последните информации од Франција, веќе се заситил со играње за овој тим, и сака нов предизвик. Во минатото Дембеле беше дел од Барселона, каде имаше големи проблеми со повреди, за во ПСЖ, конечно, ...
По завршувањето на сезонава, Ељиф Елмас ќе треба да се врати во германски Лајпциг, само доколку Наполи или некој друг не одлучи да го откупи неговиот договор. Долго време се претпоставува дека Наполи ќе го ангажира повторно со перманентен трансфер, откако во последно време се наметна како еден од клучните играчи на тимот на Антонио Конте. Но, ако тоа не се случи, тогаш на лето сигурно ќе замине во друг клуб, односно нема да остане во Лајпциг. ...
Со голот на Мухарем во 11. минута од средбата, во Куманово предност има тимот на Работнички во мечот против Башкими. Мухарем доби една топка, изби сам пред голот на Јашар и рутирнирано го совлада. Во Кратово Силекс и Пелистер нема голови. Пелистер ја имаше најдобрата шанса, кога Булатовиќ по акцијата со Керим се закани, но Џеков одлично одбрани. Донов имаше удар од далечина, но Јовчевски одбрани во корнер. Потоа Спировски можеше да донесе ...
Информацијата дека Дмитро Хориха заминува од Вардар, доби потврда откако и тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ потврди во интервју за „Спортске новости“. Следна дестинација за Украинецот со македонски пасош ќе биде унгарскиот тим Пик Сегед, откако постигнал договор со овој тим, а договорот стапува на сила од почетокот на следната сезона. „Бараме две засилувања. Следната сезона Хориха оди во Сегед, а доаѓа Љевар. Ни се приклучија Воркапиќ и ...
Барселона и тренерот Ханс-Дитер Флик се согласија да го продолжат договорот до 2028 година. Сегашниот на Германецот истекува во 2027 година, но се чини дека истиот ќе биде продолжен на уште една сезона. Тоа веројатно ќе биде и последниот „мандат“ на Флик во Барса, и потоа ќе дојде до разделба, објави „Диарио Спорт“. Официјалното продолжување ќе биде објавено наскоро. Преговорите биле започнат кон крајот на минатата година, но условот бил ...
Тренерот на Милан , Масимилијано Алегри, се чинеше дека се откажал од Скудетото по поразот од 1-0 од Лацио во неделата. Тој рече дека клубот мора да биде реалистичен, велејќи дека тоа е превисока цел во оваа фаза. Тренерот потсети дека целта на тимот никогаш не била титулата, туку играњето во Лигата на шампионите идната сезона. „Ги знаевме тешкотиите на овој натпревар, бидејќи навивачите се враќаа на стадионот и беше многу важно за Лацио. ...
Македонската репрезентација на 26. март го игра бараж натпреварот против Данска за пласман на Светското првенство. Данците ќе ја нагостат репрезентацијата на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, а потоа победникот игра со победникот од мечот Чешка – Ирска за учество на Мундијалот. И покрај тоа што Данска во голема мера ќе ја има поддршката на мечот на „Паркен“, сепак, и Македонија ќе има навивачи. Според информациите од ФФМ, остануваат во ...
Еден од најсилните и најдоследните играчи оваа сезона, Доминик Собослаи , не го криеше своето разочарување што Ливерпул повторно прими израмнувачки гол во доцниот натпревар против Тотенхем и ја пропушти шансата да влезе меѓу првите четири екипи во Премиер лигата. По осми пат оваа сезона, тимот од „Енфилд“ прима гол во 90-тата минута или во продолжението. Секој од тие голови придонесува за загубени бодови и се подалеку од местата кои носат во ...
Бруно Фернандеш повторно е херој на Манчестер Јунајтед. Иако не постигна гол, тој повторно забележа две асистенции во победата од 3:1 над Астон Вила. Бруно со тоа стигна до својата 16-та асистенција во оваа сезона во Премиер лигата, со што го надмина рекордот поставен од Дејвид Бекам. Во сезоната 1999/2000 во дресот на Јунајтед, тој регистрираше 15 лигашки асистенции, што до вчера беше рекорд на тимот од „Олд Трафорд“. Бруно не го крие ...
На списокот на новиот македонски селектор Гоце Седлоски е и стандардниот левокрилен дефанзивец Езгијан Алиоски, но неговиот настап на бараж-пресметката за пласман на СП 2026 се уште е неизвесен поради повреда. Седлоски информираше дека од неговиот тим, швајцарскиот Лугано не дозволува негово доаѓање во Скопје на репрезентативниот собир, поради што неизвесен е неговиот настап против Данците. „Муслиу беше повреден, тренираше и играше за вториот ...
Македонија без драматични промени во составот во однос на досегашната селекција на ростерот, со новиот селектор Гоце Седлоски, ќе ја очекува пресметката против Данска во баражот за пласман на СП 2026 во САД, Канада и Мексико. За самата пресметка со Данците на 26 март, Седлоски нагласи дека веќе има во главата со кои 11 би истрчале во Копнехаген. „Данска има повредени играчи и има проблеми со тимот. Но фокусот е само на нашата репрезентација. ...
Работнички пролетва треба да надоместува голема бодовна негатива во однос на конкурентите ако сака да обезбеди опстанок во елитата и следната сезона. Оттаму, тимот од Дебар Маало мора да победува и да освојува бодови, па таква е мисијата и за денешното гостување во Куманово каде ќе се сретне со Башкими. Еден од оние кои е во најдобра форма е младинскиот репрезентативец Никола Манојлов. Тој беше стрелец во последните две победи на Работнички, ...
Новиот македонски селектор Гоце Седлоски го соопшти списокот на репрезентативци за престојните бараж пресметки против Данска, а потоа против Чешка или Ирска во обидот за пласман на СП 2026. Согласно претходните најави на списокот се само три нови имиња, без драматични промени во тимот во однос на досегашната селекција на Милевски, левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера, Колумбиецот со македонски пасош од Борац Бања Лука, офанзивецот од ...
Новиот македонски селектор Гоце Седлоски го соопшти списокот репрезентативци за престојната бараж пресметка со Данска на 26 март во Копенхаген, во обидот за пласман на СП 2026. Нема драматични промени во списокот на Седлоски, кој на денешната прес-конференција дека нема многу промени, само неколку освежувања и повратници во тимот од претходниот период. „Одлучив да не менувам многу во кадарот само да освежиме со некои играчи и со некои ...
Добри вести за Реал Мадрид пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити, кој се игра утре од 21 часот во Манчестер. Најдобриот напаѓач на „кралевите“, Килијан Мбапе дефинитивно се опорави од повредата, и ќе биде во комбинација за настап на утрешниот дуел во Англија. Претходно и тренерот Арбелоа обелодени дека се реални шансите Французинот да се врати за реваншот против Манчестер Сити во осминафиналето од ЛШ. ...
Пелистер денеска од 14:30 часот гостува на Силекс во Кратово во 23. коло од ПМФЛ, во и тоа како значаен натпревар за бодови во битката за опстанок. За тоа е свесен и капитенот на тимот, офанзивецот Мирко Ивановски. „Влегуваме во последниот круг од сезоната, со тежок распоред во следните четири-пет кола. Но, нема што да загубиме, одиме во Кратово да освоиме бодови“ – вели Ивановски, кој се осврнува и на зборувањата последните денови за лошата ...
Македонија точно една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и денеска се уште свежо ги чувствува раните од големата трагедија во Кочани во која животот го загубија 63 лица. Македонија денеска се сеќава на нивната младост, никогаш не заборавајќи ја трагедијата која засекогаш ќе носи огромна болка. Со сеќавање и Фудбалската федерација на Македонија, од каде нагласуваат дека ова не е само сеќавање на една трагедија, но пред се ...
Петте членки на женската фудбалска репрезентација на Иран ги повлекоа своите барања за азил и ја напуштија Австралија, враќајќи се во Иран. Ова е најновиот во низата пресврти за фудбалерките кои првично побараа заштита за време на женскиот Азиски Куп. Си-ен-ен известува дека во Австралија останале само две Иранки со хуманитарни визи, откако имиграциските власти спроведоа низа процедури. Девојките побараа претходно азил, тврдејќи дека се ...
Игор Тудор имаше жестока конфронтација со новинарот на „Скај Спортс“, Патрик Дејвисон, во напнато интервју по вчерашниот натпревар на Тотенхем против Ливерпул. Тотенхем дојде до првиот свој бод под водство на Тудор. Тимот претходно забележа четири порази по ред, вклучувајќи ги и поразите против Арсенал и Атлетико Мадрид. Хрватот разговараше со Дејвисон од „Скај Спортс“ по натпреварот впуштајќи се во жесток „судир“. „Дали покажавте дека можете ...
Големиот трансфер на Флоријан Вирц во Ливерпул минатото лето предизвика огромни очекувања, но се чини дека германскиот репрезентативец сè уште не го оправдал епитетот на едно од најскапите засилувања во историјата на клубот. Вирц пристигна на „Енфилд“ од Баер Леверкузен за повеќе од 100 милиони фунти, станувајќи рекордно засилување на Ливерпул, но почетокот на неговиот престој во Премиерлигата не помина како што многумина се надеваа. Поради ...
Њујорк Никс ги победија Голден Стејт Вориорс со 110-107 изминатава ноќ во НБА лигата. Њујорк Никс по „дебел“ дефицит и голема негатива од дури 21 поен, успеаја да дојдат до пресврт и да ги победат Голден Стејт Вориорс, кои не беа комплетни. Стеф Кари го пропушти 17-от натпревар по ред, а ги немаше неговиот брат Сет, ниту Ал Хорфорд, Дрејмонд Грин, Кристапс Порзингис и Дионтонио Мелтон, додека Џими Батлер ја заврши сезоната одамна. Ова беше ...
Шкендија со победата од 1-0 против Арсими ја продолжи битката за шампионската титула со Вардар сезонава, повторно доаѓајќи на минус три бода од лидерот. Тренерот Јетон Беќири по вчерашниот триумф истакна дека е задоволен од прикажаното и освоениети три бода. „Задоволен сум од трите бода кои се најважни, но не бев задоволен од играта и интензитетот на тимот во одредени моменти. Се чини дека постои еден вид летаргија кај играчите, можеби тоа е ...