Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ веднаш по одржаното Редовно Собрание на ФФМ одржа прес-конференција на која меѓу другото информираше дека новиот Статут на ФФМ, кој беше донесен денеска, е во функција и на стопирање на системска манипулација која се извршувала во минатото. Омерагиќ информираше дека од ноември до декември 2024 година, во последниот месец на претходното раководство се потрошени околу пет милиони евра наменети за развој на ...

Собранието на Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје го донесе новиот Статут на ФФМ што беше и најзначајната одлука на денешниот собир на делегатите на највисокиот орган во македонскиот фудбал. Со новиот Статут, конечно и прволигашите ќе добијат свои директни делегати во нависокиот орган на ФФМ, а од новините во Статутот на ФФМ, покрај десетте делегати на десетте прволигаши, согласно барањата на УЕФА и ...

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го нападна Нејмар , велејќи дека и покрај неговиот талент, никогаш не го сметал за играч од врвно ниво како Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Поранешниот напаѓач на Англија изјави дека кариерата и достигнувањата на Бразилецот не се импресивни. Коментарите беа дадени за време на интервју за подкастот „The Overlap“ и доаѓаат во време кога играчот на Сантос не е повикан од Анчелоти пред Светското ...

Екипата на Борусија Дортмунд, го продолжи договорот со својот капитен Емре Џан до 2027 година. Актуелниот договор на дефанзивецот истекуваше на крајот на сезоната, а раководството се одлучи истиот да го продолжи на уште една сезона. Џан во моментов е на рехабилитација од повреда, поради која ќе паузира до крајот на сезоната, и нема да биде во составот на Германија за Мундијалот во САД, Мексико и Канада. 32-годишниот фудбалер дојде во Дортмунд ...

Лука Модриќ пристигна како ѕвезда на залез на кариерата во италијанското Калчо, но она што го прикажа Хрватот во дресот на Милан ги надмина и очеккувањата на неговите најголеми фанови. Во таборот на Милан не кријат дека се воодушевени од настапите на хратскиот ветеран, а тренерот Масимилијано Алегри јасно стави до знаење дека клаузулата за автоматско продолжување за уште една година е подготвена за активирање, само доколку Лука изрази желба ...

Завршена е сезоната за македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски. Магдевски заработи тешка повреда на коленото на последниот натпревар на МЗТ Скопје против Тиквеш, па го очекува повеќемесечна пауза, со крај на натпреварите за сезонава. „Понеделничкиот дуел со Тиквеш ни донесе бодови, но не и радост поради повредата на Андреј Магдевски, кој при еден од пробивите кон противничкиот кош почувствува болка, падна и мораше да се ...

Денеска од 14:30 часот со дуелот во Кавадарци помеѓу Тиквеш и АП Брера, стартува 24. коло во домашниот шампионатот. Ова коло е последното пред репрезентативната пауза па секоја екипа посакува со поволен резултат да замине на истата. Кавадарчани пролетва играат како препородени. Освоени се голем број бодови, Тиквеш е далеку од опасната зона сега и се наоѓа на петтата позиција со 33 бода. „Секако дека годи кога добрите резултати и игри се ...

Од Кристијано Роналдо до Леброн Џејмс и Шохеи Охтани, еве ја комплетната листа на најплатените спортисти на планетата, презентирана од веб-страницата Flashscore , која се потпира на податоци од Форбс. Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот за 2025 година. 41-годишниот Португалец, кој моментално игра за Ал Наср во Саудиска Арабија, е на врвот на листата со вкупно 275 милиони долари. Фудбалската суперѕвезда заработила 225 милиони ...

Хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ, е пред заминување од Динамо Загреб после само шест месеци. Ливаковиќ оваа зима се врати на „Максимир“, и добро оди. Тимот на Динамо повторно граби кон нова титула во првенството, а враќањето на Ливаковиќ донесе сигурност меѓу диреците за „модрите“. Иако се чинеше дека Динамо без проблеми ќе то откупи, и дека после неуспесите во Фенербахче и во Џирона, ја најде вистинската средина, понудата од ...

Бесплатните кондоми наменети за учесниците на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, ги снемало за рекордни три дена, објави „Ла Стампа“. Според изданието, биле обезбедени 10.000 кондоми, што е драстично помала бројка за разлика од Летните олимписки игри во Париз, кога беа доделени 300.000 кондоми. Но, на Зимските игри се натпреваруваат 3000 спортисти, за разлика од летните кога се натпреваруваа тројно повеќе. Еден натпреварувач кој ...

Бетис, Астон Вила, Порто се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на Европа, откако вечерва обезбедија победи над своите ривали, и така им се приклучија на Нотингем Форест, Фрајбург, Селта Виго и Брага меѓу најдобрите осум. Во Рим ќе одлучуваат продолженијата, и евентуално пеналите, откако Рома и Болоња и на вториот меч одиграа нерешено. Екипата на Бетис на домашен терен го совлада Панатинаикос со убедливи 4-0, и така обезбеди пласман во 1/4 ...

Селекторот на репрезентацијата на Ирска, Хајмир Халгримсон потпиша нов договор со селекцијата непосредно пред почетокот на плеј-офот за место на Светското првенство. Договорот со исландскиот тренер е со важност до крајот на 2028 година, на кое Ирска ќе биде ко-домаќин. Ирците играат против Чешка во полуфиналето на плеј-офот, а потоа ако го добијат тој меч, ќе спојат со победникот од дуелот Данска – Македонија. Победникот од овој мини турнир ...

Преседанот поставен од Конфедерацијата на африкански фудбал (ЦАФ) да му ја одземе титулата на Сенегал од Купот на африкански нации и да му ја додели на Мароко предизвика верижна реакција. Така, Гвинеја побара, поради идентичната ситуација, да им биде доделена титулата шампион на Африка од пред 50 години! Фудбалската асоцијација на Гвинеја побара од ЦАФ да го промени исходот од Африканскиот куп на нации во 1976 година, наведувајќи инцидент ...

Не е тајна дека Ханси Флик е задоволен од она што Маркус Рашфорд го прикажува во дресот на Барселона, особено откако Англичанецот ја прифати улогата на резерва на крилните позиции, зад незаменливите Рафиња и Јамал. Челниците на Барса сакаат да го задржат напаѓачот што е пристигнат на позајмица од Манчестер јунајтед, но нивниот план беше експресно одбиен од страна на „црвените ѓаволи“. Имано, каталонците не сакаат да ја активираат клаузулата ...

Селекторот на Соединетите Американски Држави, Маурисио Покетино, заработи нешто повеќе од пет милиони долари во текот на првите седум месеци на функцијата. Покетино беше именуван да го наследи Грег Берхалтер на 10. септември 2024 година и добил 5.016.917 долари во фискалната година што завршува на 31 март 2025 година, според објавената даночна пријава на американскиот фудбал. Платата на Покетино за тој период изнесувала 2.516.917 долари, а ...

Битката за Лигата на шампионите во Германија заврши со убедлива победа на Лајпциг од 5-0 во дуелот со Хофенхајм. „Биковите“ уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот, откако водеа со 4-0. Два гола на Груда и два на Баумгартнер ја донесоа таа предност од четири гола разлика, а во вториот дел Хенрикс го постави конечниот резултат. Со оваа победа Лајпциг се израмни со бодови со Хофенхајм, и сега двата тима имаа по 50 бодови. ...

Нов кошаркарски поредок во Европа би можел да ја види светлината на денот. Деловите полека се спојуваат, но едно е особено важно. Доаѓањето на Чус Буено како генерален менаџер на елитното европско натпреварување послужи како мост помеѓу Стариот континент и Соединетите Американски Држави, што би можело да донесе синергија во двете најпопуларни клупски натпреварувања во светот. „Имам одличен однос со Адам Силвер и Марк Тејтум, тие ја отворија ...

Хјустон Рокетс наводно жалат што го доведоа Кевин Дурант. Хјустон Рокетс се согласија на блокбастер размена со Феникс Санс во летото 2025 година, а дури седум тима учествуваа во договорот. Како заклучок, Рокетс ги добија Кевин Дукент и Клинт Капела, а Феникс Санс ги добија Џејлен Грин, Дилон Брукс, пет пика (три први рунди) и Деквон Плауден. Според Ашиш Матур, кошаркарски новинар, има голем број луѓе во организацијата на Хјустон Рокетс кои ...

Комисијата за натпревари при ФФМ ги утврди термините за одигрување на полуфиналните натпревари во Купот на Македонија. За место во големото финале ќе се одиграат две средби на домашен и гостински терен, а како и во четвртфиналето и на овие натпревари ќе се користи ВАР технологијата. Првите натпревари во кои се среќаваат Охрид Лихнидос – Силекс и Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново ќе се одиграат на 22 април додека реванш дуелите на ...

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Влатко Колев го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на Европско првенство. На турнирот во Словенија од 25. до 31. март, нашата селекција е во група со домаќинот и силните репрезентации на франција и Германија. Колев за претстојниот турнир ќе смета на следните фудбалери: ГОЛМАНИ: СУЉОВИЌ Амин (Скопје), ДЕНКОВСКИ Даријан (Слога ...

Фудбалската федерација на Македонија ги промовираше новите дресови кои нашата репрезентација за првпат ќе ги носи следниот четврток во баражот против Данска за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „По деценија тишина – повторно во жолто. Боја што не е само избор, туку чувство. Боја што ја баравте. И ја враќаме – заедно“, информираат од ФФМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...

Фудбалерите на еден од најтрофејниот македонски клубови, Работнички успеаја да ја запишат петтата победа во последните шест натпревари и со тоа да ги зголемат шансите кои беа на ниво на теорија за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Тие денеска во меч од 24. коло славеа на домашен терен против Силекс со 2-0. Херој за тимот од Дебар маало беше Поп Златанов кој беше стрелец на двата гола за својот тим во 13. и 34. минута. Тиквеш ...

После пласманот во полуфиналето на Купот со победата на пенали над Струга ТЛ, екипата на Шкендија ја очекува уште една гостинска задача и во Првата лига на Македонија, и дуел против Македонија ЃП. Шампионот влегува во пресметката со полн оптимизам, затоа што остана единствениот тим кој може на крајот да дојде до двата пехари, а дефанзивецот Мевљан Мурати очекува до крајот на сезоната екипата да го даде максимумот да дојде до двојната круна. ...

Фудбалската федерација на Македонија денеска во хотелот Хилтон во Скопје го одржа Редовното Генерално Собрание на ФФМ. На Собранието беа присутни 61 делегат од вкупно 65 делегати, со што Собранието полноправно одлучуваше. Меѓу останатите точки на дневниот ред, Собранието ги потврди суспензиите на ОФС Охрид и ОФС Кичево од две години, донесени претходно од УО на ФФМ, за нарушување на одредбите од Статутот на Собранието на ФФМ, и нарушување на ...

Собранието на ФФМ на денешната своја седница го усвои новиот Статут на ФФМ. По цели 15 години, за првпат измени на Статутот усогласен со барањата на УЕФА и ФИФА, претходно со измени и дополнување на Статутот на ФФМ. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ рече дека со овој Стату ќе нема повеќе клубови „на хартија“ и нема повеќе фиктивни натпревари. „Во корелација со УЕФА и ФИФА, после 15 години носиме нов Статут на ФФМ, носиме ред и поредок, со ...

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ денеска на Редовното годишно Собрание после една година како прв човек на Федерацијата, го истакна она што е сработено од неговото преземање на функцијата. Главен акцент, како што кажа Омерагиќ, е ставен на модернизацијата на тренинг центарот на ФФМ, потоа стадионот во Битола, новата трибина во Охрид, како и неколку вештачки терени во неколку општини, како и воведувањето на ВАР технологијата во Првата лига ...

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва ја анулираа негативата од првиот натпревар од 0-1 против Галатасарај славејќи на домашен терен со убедливи 4-0. Домаќините поведоа со голот на Доминик Собослаи во 25. минута со 1-0. До крајот на првиот дел Салах промаши пенал во судиското надополнување. На стартот на вториот дел на 2-0 зголеми Екитике во 52. минута. Само минута подоцна беше и 3-0 со ...

Со завршувањето на денешните натпревари познати се и четвртфиналните парови во Лигата на шампионите. Во најинтересниот двомеч ќе се сретнат најтрофејниот Реал Мадрид и германскиот гигант Баерн Минхен. Интересно се очекува да биде и во репризата на минатогодишниот дуел во кој ќе се сретнат англискиот и францускиот и европски шампион Ливерпул и Пари Сен Жермен. Во шпанското дерби Барселона и Атлетико Мадрид ќе ни понудат нов двомеч за паметење. ...

Ливерпул ја заврши цела работа против Галатасарај откако има предност од 4-0 во реванш натпреварот кој го игра на домашен терен во осминафиналето во Лигата на шампионите. Мохамед Салах имаше полувреме за заборав откако промаши шанса еден на еден против гостинскиот голман Чакир, но и не реализираше пенал во судиското продолжение. Сепак, во вториот дел покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња откако на маестрален начин ја затресе ...

Фудбалерите на англискиот шампион Ливерпул имаат ја анулираа негативата од првиот меч во Истанбул од (0-1), откако вечерва водат со истиот резултат на полувреме против Галатасарај во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол за „црвените“ во првото полувреме беше неверојатниот Собослаи во 25. минута. „Црвените“ можеа да имаат и 2-0, но Мохамед Салах промаши пенал во судиското надополнување. Liverpool [1] ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
81%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.06
88%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
63%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
86%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9559

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

152465.86