Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука што фундаментално ќе го промени професионалниот персонал во женскиот фудбал. Според новото правило, секој тим што учествува на женските турнири на ФИФА ќе мора да има барем една жена-тренер во својот персонал, или на главна или на помошничка позиција во стручниот штаб. Овој потег е осмислен како одговор на изразената недоволна застапеност на жените на тренерските позиции во врвниот фудбал. ...

Според англиските медиуми, крилниот напаѓач Михаел Олисе многу веројатно нема да го напушти Баерн Минхен во претстојниот летен преоден рок. Оваа вест доаѓа по бројните шпекулации што го поврзуваа со познатиот шпански клуб. Навивачите на Реал се надеваа на доаѓање на уште едно офанзивно засилување. Сепак, најновите информации сугерираат дека раководството на Баерн нема намера да се откаже од еден од своите клучни играчи. Олисе покажа ...

Англискиот селектор Томас Тухел објави поширок список од 35 фудбалери кои ќе бидат дел од мартовскиот собир на „гордиот албион“, како последна проба пред завршниот мундијалски собир и настапот на СП 2026. Како што најави Тухел, најпрвин ќе се соберат играчите кои досега немаат преголемо искуство во националниот тим, а потоа ќе им се приклучат најголемите „ѕвезди“. Неочекувано, во двете групи го немаше името на Трент Александер Арнолд, ...

Ливерпул ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Брајтон откако Мохамед Салах заработи повреда и отпадна од комбинација за последниот натпревар пред репрезентативната пауза. Салах се повреди во второто полувреме од дуелот со Галатасарај, повеќе детали засега не се откриваат, но Слот се надева дека најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер-лигата ќе биде „фит“ за клучниот дел од сезоната. „За нас е крајно ...

Џенаро Гатузо го објави поширокиот список од 28 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојните бараж за дуели за пласман на СП 2026. „Аѕурите“ се без учество на последните два мундијали и повторување на тој неуспех би бил историски фијаско, што го прави притисоко врз Гатузо уште поголем. Згора на тоа, селекторот не може да смета на пет фудбалери кои беа дел од неговите претходни списоци, и тоа дефанзивците Габија и Ди ...

Кристијано Роналдо е изоставен од списокот на португалската репрезентација за претстојните подготвителни натпревари пред Светското првенство поради повреда. Капитенот на Португалија се повреди на 28 февруари додека играше за својот клуб Ал Наср, водечкиот тим во саудиската лига, и сè уште не се опоравил од повредата. Затоа, тој нема да биде подготвен за пријателските натпревари против Мексико на 28 март на реновираниот стадион „Ацтека“ и ...

Дисциплинскиот комитет на ФИФА одлучи да го казни Израелскиот фудбалски сојуз по истрагата за наводите за дискриминација што претходно ги поднесе Палестинскиот фудбалски сојуз. Постапката беше покрената по 74-от Конгрес на ФИФА, кога Советот на ФИФА му наложи на Дисциплинскиот комитет да го истражи случајот. По анализата, беше утврдено дека израелскиот сојуз прекршил неколку обврски како член на оваа светска организација. Поради прекршување ...

Екипата на Наполи со минимални 0-1 триумфираше на гостувањето кај Каљари, и ја продолжи битката за второто место на табелата. Стрелец на голот беше Скот Мектоминеј уште во 2. минута, а потоа стравуваше до крајот за трите бода. Во вториот дел Политано имаше шанси и еден на еден, но Каприле успеа да одбрани. Каљари имаше неколку полушанси во финишот за израмнување, но недостасуваше реализација. Елиф Елмас остана на клупата цел натпревар и не ...

Првиот голман на Бразил, Алисон Бекер ги откажа настапите во репрезентацијата на Бразил за натпреварите со Франција и со Хрватска кои ќе се играат во САД, поради повреда. Чуварот на мрежата на Ливерпул имаше повреда и не бранеше на првиот меч со Галатасарај во Истанбул, но се врати за дуелите со Тотенхем и со Галатасарај на домашен терен. Селекторот Касло Анчелоти веднаш повика и негова замена. Тој го вклучи во составот голманот Хуго Соуза ...

Манчестер Јунајтед е на еден чекор од реализација на важни потписи, бидејќи преговорите за нови договори со Коби Мајно и Хари Магваер влегоа во завршна фаза. Иако сè уште има детали што треба да се договорат, клубот е оптимист дека наскоро ќе се постигне конечен договор со двајцата играчи. Младиот играч од средниот ред Маину моментално има договор до јуни 2027 година, со опција за продолжување за уште една година, а нов договор би го врзал со ...

Голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио, ќе биде подложен на операција на хернија следната недела, соопшти клубот од Премиер лигата, додавајќи дека операцијата би можела да го оддалечи 29-годишниот италијански репрезентативец еден месец од терените. Викарио настапи во секој лигашки натпревар за Тотенхем оваа сезона, а тимот е еден бод над зоната за испаѓање. „Постапката е планирана за да има што е можно помалку влијание врз нашата сезона“, ...

Пол Погба се врати на тренинзите на Монако откако се опорави од повредата на листот. Тој им се придружи на соиграчите на денешниот тренинг. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус ќе го пропушти натпреварот против Лион за време на викендот, но се надева дека ќе се врати во форма за време на репрезентативната пауза и ќе биде во форма после тоа. 33-годишниот фудбалер од средниот ред се врати на теренот по двегодишно отсуство во ...

Екипата на Ленс за момент се искачи на првото место на табелата во Лига 1, откако го совлада тимот на Анже со 5-1. Но, треба да се има во предвид дека Ленс има два меча повеќе од ПСЖ. Тавин во 13. минута, потоа Едуард во 25-тата, Сангаре во 39-тата донесоа предност од 3-0 по првите 45. минути. Едуард зголеми на 4-0, потоа Махине намали, а конечните 5-1 ги постави Удол со прекрасен гол во 72. минута. Крадењето авторски текстови е казниво со ...

Удинезе славеше триумф на гостувањето кај Џенова благодарние на два гола во второто полувреме од средбата. И покрај тоа што Џенова во првиот дел имаше голем број шанси, ја погоди и пречката, но на крајот не успеа да дојде до гол, а на другата страна гостите ги искористија своите шанси. Екелнкамп успеа да постигне гол со глава и да донесе предност. Одлично скокна по еден центаршут, и го совлада домашниот голман, а во финипот Дејвис ги постави ...

И покрај тоа што два пати водеа, фудбалерите на Манчестер Јунајтед на крајот мораа да се задоволат со еден бод од гостсувањето кај Борнмут. Мечот заврши 2-2, благодарение на пеналот кој го направи Хари Мегваер на девет минути пред крајот, а згора на тоа стоперот заработи и исклучување. Бруно Фернандеш со гол од белата точка донесе предност во 61. минута. Но, радоста на гостите траеше само шест минути, откако Кристи успеа да израмни во 67. ...

Воведниот натпревар од 29-то коло од шпанската Ла Лига се одигра на стадионот „Керамика“ во Виљареал, каде што истоимениот домашен тим го победи Сосиедад со 3:1. Благодарение на овој триумф, Виљареал ќе ја помине ноќта на третото место со 58 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид, додека Сосиедад има 38 бода на седмото место на табелата. „Жолтата подморница“ го почна мечот со гол. Во седмата минута од мечот Пепе изведе корнер од десната страна ...

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, како и обично, даде неколку интересни изјави, овој пат за „Кикер“. Во нив, шефот на Баварците зборуваше за различни теми. Тој кажа дека 100 милиони кои беа платени за Хари Кејн, се исплатија и дека во моментов би дал и повеќе пари за неговите услуги. „Многумина се чудеа кога Баерн плати 100 милиони евра за Кејн. И јас го имав истото мислење, но денеска би го купил и за 150 милиони евра. Хари ...

Актуелниот тренер на Милан, Масимилијано Алегри за карактеристиките на италијанскиот фудбал во контекст на неуспесите во европски натпреварувања. Ниту еден италијански тим нема во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, откако и Аталанта испадна од ова натпреварување, а претходно беа елиминирани и Јувентус и Интер од Галатасарај, односно Бодо Глимт. „Нема потреба да се потценува италијанскиот фудбал. Ние имаме свои уникатни карактеристики – тие ...

Актуелниот светски првак Аргентина, ќе игра пријателски натпревар пред Светското првенство против Мавританија и Замбија. Аргентина требаше да игра на „Финалисима“ против Шпанија во Катар, но мечот беше откажан поради конфликтот на Блискиот Исток. „Аргентинската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Мавританија, каде што ќе се збогува со своите навивачи пред да тргне да ја одбрани титулата на Светското првенство“, соопшти ...

Португалскиот голман Диого Коста е една од опциите за голманот на Јувентус следната сезона, според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“. Агентот на португалскиот интернационалец, Жорге Мендеш, го предложил трансферот . Според изданието, името на Диого Коста било ставено на маса за време на преговорите меѓу Хорхе Мендеш и клубот од Торино во врска со евентуалниот трансфер на Бернардо Силва од Манчестер Сити. Така, агентот работи на неколку ...

Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, изјави дека играчите на тимот не го разбрале отпуштањето на Енцо Мареска. Италијанскиот менаџер беше отпуштен од лондонскиот клуб во јануари, а на негово место дојде Лиам Розениор. Фернандез кажа дека сите биле изненадени од одлуката, особено што дошла сред сезоната, и тоа веднаш после освојување на титулата на светското клупско првенство. „Ни јас не го разбрав тоа. Понекогаш има работи што ...

Лос Анџелес Лејкерс се зацврсти на третото место во Западната конференција откако „езерџиите“ ја забележааа седмата победа во низа, втора во последните три дена над директниот ривал Хјустон роктс. Откако пред неколку дена славеа дома против „ракетите“, кошаркарите на ЛА Лејкерс вечерва го натераа Хјустон на капитулација и среде Тексас славејќи со 116-124. Во главна улога – Лука Дончиќ, Словенецот ја продолжи серијата неверојатни настапи ...

Леброн Џејмс изјави дека нема намера да учествува во сопственичката структура на потенцијална НБА франшиза во Лас Вегас, напуштајќи ги претходните планови. По победата на Лос Анџелес Лејкерс над Хјустон Рокетс (124-116), во која постигна 30 поени, Џејмс беше јасен кога го прашаа за темата. „Не, нема. Воопшто не планирам да бидам сопственик на Лас Вегас“, остро одговори Џејмс. Оваа изјава е пресврт од неговите претходни ставови, бидејќи јавно ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ го одигра најдобриот натпревар по враќањето во редовите на хрватскиот Задар. Задар славеше во домашниот шампионат против Кварнер со 90-78 во натпревар од 24. коло во Хрватскиот кошаркарски шампионат. Нашиот кошаркар беше најдобар поединец во својот тим завршувајќи го мечот со 15 поени, 10 скока, четири асистенции и една украдена топка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Најдобриот играч на Детроит Пистонс, Кејд Канингем ќе отсуствува од НБА паркетот подолго време бидејќи му е дијагностициран пневмоторакс. Информацијата ја пренесе НБА „инсајдерот“ Шемс Чаранија: „На ѕвездата на Детроит Пистонс, Кејд Канингем, му е дијагностицирана со „руптура на белите дробови“ (пневмоторакс) и се очекува да биде надвор од терените подолг временски период, изјавија извори за ESPN“, напиша Чаранија на Твитер. Пневмоторакс е ...

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона постигнала договор со Мозес Рајт, кој треба да го носи дресот на каталонскиот клуб од следната сезона. Американскиот центар моментално игра важна улога во Жалгирис од Каунас, а соработката со Барселона е планирана да трае до 2028 година, пишуваат европските кошаркарски инсајдери. Рајт има многу добра сезона зад себе во Евролигата, каде што има просек од 12,9 поени и 6,1 скока, што го прави ...

Организацијата на кошаркари во Израел остро се спротивстави на идејата сезоната да се заврши во „балон“ надвор од земјата, и покрај обидите на тамошната лига да најде решение по прекинот на натпреварувањето поради конфликтот со Иран. Управата на лигата ја разгледа можноста за преместување на натпреварите во странство со цел да се заврши сезоната, но играчите јасно ставија до знаење дека таквото сценарио не е прифатливо. „Исто како што беше ...

Македонскиот голман Столе Димитриевски, вечерва беше на мечот од Евролигата помеѓу Валенсија и Барселона. Гостите триумфираа на крај со 62-66. Димитриевски кажа дека на кошарка има поинаква атмосфера, и поголем притисок. „Одлична е атмосферата, поинаква од фудбалот. Има тука поголем притисок, и ми се допаѓа. Сакам да гледам меч против Партизан, тоа е дерби на Балканот“, рече Димитриевски. Потоа водителите му соопштија дека во конверзацијата ...

Кошаркарите на Баерн Минхен загубија со 74-87 од Дубаи на домашен терен во натпревар од 32. коло во Евролигата. Со тоа тимот на Ненад Димитријевиќ ги намали шансите за пласман во следната фаза. Германскиот тим одлично го почна мечот, и поведе во првиот период, но во вториот целосен пресврт на Дубаи и се стекна со добра предност, која ја зголеми и во текот на третиот период. На стартот од четвртата четвртина Дубаи имаше +14, предност од која ...

Кошаркарите на Партизан дојдоа до третата победа по ред во Евролигата, откако вечерва го победија Париз и тоа на гостински терен со 81-90. Сепак, се чини дека на крајот и двата тима нема да успеат да се пласираат меѓу првите 10 места, кои носат во следната фаза. Париз ја доби првата четвртина, но потоа потклекна во следните две кога Партизан го направи пресвртот, и водството го задржа до крајот на мечот. Хифи беше најефикасен кошаркар на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
81%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.06
88%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
63%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
86%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
91%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9559

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89