Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Македонија ќе гостува на Данска пред полни трибини во Копенахген, откако данската федерација ги продаде сите билети за натпреварот кој се игра во четврток. Тоа значи дека атмосферата ќе биде пеколна за нашата репрезентација, во обидот да ја мине првата од двете пречки до Мундијалот. Стадионот „Паркен“ во Копенхаген има капацитет од околу 38.000 гледачи, а околу 1000 ќе бидат симпатизери на Македонија, кои ќе се најдат на трибините. Победникот ...
Матијас Алмеида повеќе не е тренер на Севиља , официјално објави андалузискиот клуб. Раководството на елитниот шпански тим одлучи да се раздели со аргентинскиот специјалист по последниот пораз од Валенсија со 0:2 , во кој тимот остави крајно загрижувачки впечаток. Матијас Алмеида повеќе не е тренер на Севиља , официјално објави андалузискиот клуб. Раководството на елитниот шпански тим одлучи да се раздели со аргентинскиот специјалист по ...
Откако се раздели со Франческо Табелини, Париз одлучи да најде решение во тренерскиот штаб, па Џулиус Томас беше назначен за привремен тренер до крајот на сезоната . Томас има само 27 години и со тоа стана најмладиот главен тренер во историјата и на Евролигата и на француската ЛНБ Про А лига, што покажува колку клубот им верува на младите експерти и на сопствениот систем на работа. Тој веќе беше дел од тренерскиот штаб, откако пристигна во ...
Селекторот на италијанската репрезентација Џенаро Гатузо, мораше да менува во составот на својата селекција пред бараж натпреварите за пласман на Мундијалот. Првиот натпревар Италија го игра против Северна Ирска, а потоа ако го мине, ќе игра со подобриот од дуелот Велс – Босна и Херцеговина. Федерико Киеза се најде во составот после долго време. Меѓутоа поради повреда тој мораше да го откаже настапот, па така на негово место Гатузо го повика ...
Полскиот ракометар Марек Марцинијак, ќе го напушти Вардар по завршување на сезоната, јавуваат полските медиуми. Репрезентативецот на својата земја по завршувањето на авантурата во „црвено-црните“, ќе се врати во Полска. Во игра се два клуба, и тоа Калиш и Сласк Вроцлав. 30-годишното десно крило во минатото беше дел од Заглебје Лубин, Вибрзеже Граск и Зуково. За Полска одигра 13 меча и постигна 24 голови. Крадењето авторски текстови е казниво ...
Саша Дум, поранешен фудбалер и еден од поголемите фудбалски таленти, никогаш не исплива на површина како што тоа го направија дел од неговите соиграчи. Некогашната голема надеж на Баер Леверкузен, сега работи во едно сосема друго издание, а за тоа признава дека е самиот виновен. Во тие години додека го носеше дресот на Леверкузен, многумина веруваа дека гледаат играч кој ќе биде столб на тимот со години, но и стандарден член на германската ...
Фудбалерите на Барселона успешно ја завршија својата задача и во 29-то коло од шпанската Ла Лига го победија Рајо Ваљекано на својот „Камп Ноу“ со минимален резултат од 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Араухо, кој со глава го погоди корнерот во 24-тата минута и ѝ донесе водство на Барселона. Домашниот тим можеше да ги освои трите бода на поелегантен начин, но пропушти голем број добри шанси. На крајот, можеше дури и да биде ...
Француската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор по Светското првенство во 2026 година, а се чини дека името е веќе познато. Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, потврди дека одлуката е донесена однапред, иако идентитетот на наследникот на Дидие Дешамп сè уште не е официјално објавен. Иако Федерацијата и натаму молчи за името, познато е дека тоа ќе биде прославениот играч на „триколорите“ Зинедин Зидан, ...
На „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува мал летен ремонт на тимот на Реал Мадрид. Особено се очекуваат промени во одбраната на „кралевите“, која оваа сезона има доста проблеми, и покрај тоа што беа донесени Хујсен, Трент Александар-Арнолд и Карерас. Се шпекулираше дека на неколку играчи Реал Мадрид ќе им се заблагодари и ќе им ја покаже излезната врата. Пред се тука се мисли на Давид Алаба, а пред заминување беше и Антонио Рудигер. И додека ...
Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција. За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и зајакнување на регионалната соработка. ...
Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев, пред натпреварот на нашата репрезентација против Данска во Копенахген во рамките од баражот за пласман на Светското првенство, истакна надеж дека ќе се повтори Палермо од пред четири години, кога нашата репрезентација направи чудо и ја елиминираше Италија во баражот за пласман на Светското првенство. Панчев во интервју за „Flashscore“ истакна дека Македонија не смее да се откаже онапред и покрај ...
Дејан Бодирога, претседател на Евролигата, најави промени во елитното натпреварување. Со месеци се шпекулираше за Евролигата и НБА Европа, за бројот на натпреварувачи, промената во форматот на елитното натпреварување и „пресвртот“ во Европа. Па, Дејан Бодирога сега информираше за следните чекори на Евролигата. „Мислам дека оди во вистинската насока. Евролигата е многу силна денес и напредува од година во година. Мораме да најдеме решенија со ...
Есенскиот првак на Третата лига – Југозапад, екипата на Караорман од Струга, кој имаше големи амбиции да се врати во Втората лига уште во првото коло на пролетниот старт доживеа тежок пораз на гостувањето во Дебар од Кораби дури со 4-0 и мораше да го препушти првото место на табелата на Влазними јунајтед. Трета лига – Југозапад 10. коло Влазними – Демир Хисар 2-1 Кораби – Караорман 4-0 Славеј – Кравари 3-1 Напредок – Света Тројца 1-1 Слободна ...
Двајца наши млади фудбалски судии од денеска ќе се појават на меѓународната сцена откако добија покана од Судиската комисија на УЕФА. Влатко Илиески од Прилеп ќе биде еден од главните судии на квалификацискиот турнир „Б“-група, за настап на Европското првенство , играчи до 17 години што ќе се одржи од 23 до 31 март во турскиот град Анталија. Ќе му помага Александар Ѓурковски од Куманово. На турнирот ќе учествуваат репрезентациите на ...
Манчестер сити го победи Арсенал со 2-0 во финалето на Карабао Купот на Вембли и го освои првиот трофеј во сезоната. Двата гола ги постигна Нико О’Рајли, во 60. и 64. минута. Младиот 21-годишник постигна два гола со глава за само четири минути од второто полувреме и го предводеше тимот на Пеп Гвардиола до уште еден трофеј. „Секогаш е важно да се освои трофеј. Овој е посебен бидејќи зад нас имаме тешки две недели. Игравме против најтешкиот ...
По неочекуваниот пораз од тимот на Работнички, фудбалерите на Башкими се максимално фокусирани и решени да ги освојат наредните три бода со цел да ја осигураат својата позиција во средината на табелата во Првата лига. Оптимизмот во таборот на кумановци се заснова и на последниот меѓусебен дуел на овие две екипи, во кој Башкими извојува чиста победа од 2-0 со головите постигнати од страна на Ор и Рибеиро. Напаѓачот на Башкими, Филип ...
Реал Мадрид триумфираше синоќа со 3-2 во градската дерби пресметка во Ла Лига против Атлетико Мадрид. Реал стигна до победата во 72. минута со голот на Винисиус за 3-2. Сепак, мечот не беше без драма, бидејќи „кралевите“ беа во негатива од еден играч набрзо откако Валверде доби директен црвен картон. Уругваецот го „исчисти“ Алекс Баена, а судијата му покажа директен црвен картон без многу размислување. Иако домашните реагираа на таа одлука, ...
Македонската репрезентација се подготвува за првиот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Во составот повторно е Бобан Николов, кој се враќа во националниот тим по двегодишна пауза. Искусниот играч за врска верува во квалитетот на репрезентацијата и можноста за изненадување во Копенхаген. „Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја ...
Црната низа на Тотенхем продолжи и овој викенд, па сега само еден бод го дели овој тим од местото што води кон Чемпионшип. Вчера, лондонскиот клуб играше на својот стадион против директниот ривал во борбата за опстанок, Нотингем Форест, кој полесно од очекуваното доби три бода и победи со 0-3. Сепак, главна тема по натпреварот е хрватскиот тренер Игор Тудор, кој не се појави на прес-конференцијата по натпреварот, а многумина веруваа дека ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска од 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките на комплексот Куќа на фудбалот во скопски Аеродром ќе одржи отворен тренинг за сите фанови на националниот тим. Македонија ќе одработи отворен тренинг за сите свои навивачи, поддржувачи и љубители на фудбалот пред утрешното заминување за Данска на баражот од плеј-офот за пласман на СП 2026. „ТЦ „Петар Милошевски“ отворен за сите, ...
Изминатава ноќ Денвер Нагетс ги победија Портланд Треил Блејзерс со 128-112 во НБА лигата. Кога Денвер Нагетс играа во недела навечер според централноевропско време, тие најчесто бележеа порази и верувале или не, загубија 11 пати по ред. Овој пат беа домаќини на Портланд Треил Блејзерс и ја прекинаа серијата од 11 порази во терминот во недела вечер за да стигнат до важна победа број 43 во регуларната сезона. Уште еднаш, херој во победата беше ...
Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид и се сели во американскиот Орландо. Трансферот е договорен и тој синоќа веќе одлетал за САД на потпис на договорот со новиот клуб. После тоа, се враќа во Шпанија за да му помогне на Атлетико да се обиде да го освои Кралскиот Куп и Лигата на шампионите до крајот на сезоната. Оваа вест синоќа ја објави „Марка“. За најголемите шпански спортски медиуми, оваа вест среде ноќ го стави и лудото мадридско ...
Еден од најдобрите дански репрезентативци, напаѓачот на Наполи, Расмус Хојлунд од еден специфичен амбиент од неговата кујна во домот во Неапол, во разговор за данската телевизија „Тв2“, порача дека воопшто не резервирал летен одмор затоа што верува дека неговата селекција ќе оди на Светското првенство 2026. Данска веќе во четврток (26 март) во Копенхаген ја пречекува Македонија на „Паркен“ во полуфиналниот плејоф мундијалски бараж. А, Хојлунд ...
По одличниот двомеч во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, Реал Мадрид славеше синоќа со 3-2 против Атлетико во Ла Лига. Фудбалерите на Реал немаа право на неуспех ако сакаа да го следат темпото на Барселона, која имаше седум бода предност пред нив пред вечервашното дерби. Иако атмосферата во соблекувалната на Реал значително се подобри во последно време, шпанските медиуми пишуваат за тоа што се случило пред ...
Фудбалерите на Реал Мадрид со блиц-криг за само три минути успеаја да стигнат до целосен пресврт против Атлетико Мадрид во градското дерби како дел од 29. коло во шпанската Ла лига. Гостите водеа со 0-1 со голот на Локман во 23. минута. Сепак, во вториот дел Брахим Дијаз беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот, а Реал Мадрид доби пенал кој успешно во 52. минута го реализираше Винициус Жуниор. Само три минути подоцна беше и 2-1 со ...
Фудбалерите на Интер и трет натпревар во низа не успеаја да стигнат до победа во домашниот шампионат откако вечерва ремизираа само 1-1 на гостувањето кај Фиорентина во последниот натпревар од денешната програма од 30. коло во италијанската Серија А. Гостите стигнаа до водство од 0-1 уште во првата минута со погодокот на Еспозито. Иако брзо го начнаа голот на противникот, избраниците на Киву не успеаја да ја завршат работата, а казната дојде ...
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа во градското дерби против Атлетико со 3-2 во еден трилер натпревар како дел од 29. коло во шпанската Ла лига. Гостите водеа со 0-1 со голот на Локман во 23. минута. Сепак, во вториот дел Брахим Дијаз беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот, а Реал Мадрид доби пенал кој успешно во 52. минута го реализираше Винициус Жуниор. Само три минути подоцна беше и 2-1 со погодокот на Феде Валверде. Следуваше ...
Кошаркарите на Црвена звезда стигнаа до голема победа за што подобар пласман во лигашкиот дел од АБА лигата откако вечерва во вечното дерби на српската кошарка славеа на домашен терен против најголемиот ривал со 100-96. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а двете екипи си поделија по една четвртина што доведе до тоа на пауза да се замине со минимална позитива на гостинот од 24-26. Црвена Звезда одигра одлично во третиот ...
Пеп Гвардиола продолжува да жнее трофеи во англискиот фудбал, откако Манчестер сити ја освои титулата во Лига купот. „Граѓаните“ на Вембли беа подобри од Арсенал со 0-2 и со тоа стигнаа до првиот трофеј во сезоната. Со оваа победа, Пеп Гвардиола стана единствениот менаџер во историјата на англискиот фудбал со пет трофеи во Лига Купот. Ова е неговиот 19-ти трофеј вкупно откако седна на клупата на Сити во 2016 година. Покрај петте Лига Купа, ...
Фудбалерите на Сараево стигнаа до голема победа во битката за Европа, откако вечерва на домашен терен славеа во дербито на 26. коло во првата лига на Босна и Херцеговина. Херој на тимот на Сараево беше поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски кој во 64. минута го постигна погодокот вреден големи три бода за својот тим. Покрај Ристовски за домашниот тим настапи и вториот Македонец, Агон Елези. ...