Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер вечерва ќе му гостува на актуелниот континентален првак Магдебург, во натпревар од 6. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Тренерот Гарабаја на овој меч нема да може да смета на словенечкиот интернационалец Ник Хенигман. Сепак, најдобриот ракометар на битолчани Филип Кузмановски вели дека ќе биде задоволство да се игра против големиот фаворит. „Магдебург ми буди пријатни спомени, бидејќи беше ...

Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден… СИНГЛ НА ДЕНОТ Јанг Бојс – Лудогорец 1 и 3+ И двата тима не се во сјајна форма во моментов. Јанг Бојс влегува во мечот по два последователни порази, особено оној во Лозана од 5-0 на 5. октомври. Но, и Лудогорец не може да се пофали со добри игри во последните натпревари. Со оглед дека дуелот ќе се игра на специфична вештачка трева, предноста е на страната на Јанг Бојс, а по традиција кога овој ...

Голманот на Реал Мадрид , Тибо Куртоа, се обрати на медиумите по победата од 1-0 над Јувентус во Лигата на шампионите. Искусниот белгиски голман не пропушти уште еднаш да го отпушти раководството на Ла Лига во врска со озлогласениот натпревар Виљареал – Барселона , кој требаше да се игра во Мајами, но на крајот, оваа идеја пропадна. Тој искоментира дека секој мора да добие подеднакви услови, и мора секој против секого да игра на својот стадион. ...

Групната фаза од Лигата на Конференции вечерва „дебитира“ во Македонија. Во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“ Шкендија го пречекува Шелбурн, во првиот натпревар од групната фаза во ова европско натпреварување, кое го избори тетовскиот тим благодарение на одличните квалификации летоска. Химната на Лигата на Конференции ќе одекне на најголемиот стадион, и после осум години еден тим од ПМФЛ игра во групна фаза на едно натпреварување. До ...

Поразот што го доживеа Јувентус во Мадрид против Реал ја продолжи серијата на торинскиот клуб без победа на дури седум последователни натпревари. Тимот под водство на хрватскиот тренер Игор Тудор, поминува низ тежок период во кој резултатите и играта не инспирираат оптимизам. По два последователни порази, од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и од Комо во Серија А, „Старата дама“ сега е во најдолгата серија без победа од сезоната 2008/09. Во ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот ја коментираше убедливата победа на својот тим над Ајнтрахт Франкфурт со 5-1 во третото коло во Лигата на шампионите. Триумфот на „црвените“ дојде после четири последователни порази во сите натпреварувања. „Ни беше потребна оваа победа. И уште повеќе, ни требаше уште еден ваков натпревар со многу шанси, но и играчите да бидат наградени со триумф. Видов многу сличности со минатите натпревари, затоа што противникот ...

Холандскиот репрезентативец и член на Ливерпул, Џереми Фримпонг доживеа повреда на гостувањето во Франкфурт во рамките од третото коло во Лигата на шампионите. Неговиот тим успеа да победи со 1-5 на ова гостување, меѓутоа сега десниот бек е загубен на неколку недели. Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот после натпреварот кажа дека Холанѓанецот ќе мора да паузира во следните неколку недели, потврдувајќи ја лошата вест од која стравуваа фановите на ...

Фудбалерите на Јувентус загубија од Реал Мадрид со 1:0 во третото коло од Лигата на шампионите, со бледата игра на Душан Влаховиќ. Српскиот фудбалер истакна за италијанскиот „Скај Спорт“ дека неговиот тим не личи на неговото ниво. Србинот се помалку добива шанси од првите 11 во Јувентус, а вчера ја доби таа прилика, но не успеа да ја искористи. И покрај добрата игра во првите 15 минути, сепак, Реал Мадрид доминираше во останатите 75, и на крајот ...

Голманот на Арсенал, Давид Раја е убеден дека неговиот тим може да се бори за сите титули во оваа сезона. Голманот на лондонскиот клуб ова го одговори на прашањето дали екипата може да се бори за трофеј повеќе. Раја беше еден од хероите на „топчиите“ во победата на својот тим над Атлетико, и рече дека тимот сега има широк играчки кадар да се бори на сите фронтови. „Мислам дека можеме да се бориме за трофеј повеќе. Ширината на нашиот тим е ...

Џаред Батлер е новиот кошаркар на Црвена Звезда, официјално објави клубот од Белград. Она што беше најавено, токму се случи. Поранешниот шампион на НЦАА со Бејлор го облече црвено-белиот дрес и ќе биде одлично дополнување на тимот на тренерот Саша Обрадовиќ. Батлер има 25 години, висок е 191 сантиметар и игра на позицијата плејмејкер. Се карактеризира со добра игра во нападот, сигурен шут, но и преглед на играта. Американецот еднаш беше 40-ти ...

Познатиот кошаркарски судија Урош Николиќ (40) е уапсен вчера во голема полициска акција, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, под сомнение дека е дел од организирана криминална група за која се сомнева дека вршела тешки кривични дела, пренесува „Блиц“. Николиќ бил приведен во меѓународна полициска операција во која биле приведени вкупно 10 лица. Николиќ е судија кој дели правда на натпревари од кошаркарската Евролига. ...

Најновите фотографии од Софија Милошевиќ се доста провокативни. Српската манекенка, со својот избраник Лука Јовиќ, се пресели во Атина, каде што централниот напаѓач од неодамна игра за АЕК. Судејќи според најновите објави на Софија Милошевиќ на социјалната мрежа Инстаграм, таа ужива во ново поглавје во својот живот. Најновите фотографии привлекоа големо внимание. На нив, Софија позира покрај базенот, а костимот за капење не остава многу на ...

Албанскиот новинар Лоренцо Јемини вети шоу ако Албанија ја победи Србија во Лесковац во саботниот натпревар во квалификациите за СП 2026. Пред големиот квалификациски натпревар меѓу Србија и Албанија, кој ќе се игра во сабота навечер во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, албанскиот новинар и спортски коментатор Лоренцо Јемини даде провокативна изјава која веднаш го привлече вниманието на јавноста. „Се надевам дека ова ќе биде ...

Баерн Минхен синоќа со 4-0 го совлада тимот на Бриж во третото коло во Лигата на шампионите, и така влегоа во историјата на фудбалот, барем кога станува збор за ТОП 5 лигите во Европа. „Баварците“ станаа првиот тим кој успеал да ги добие сите први 11 натпревари во сите натпреварувања. Тоа му нема успеано на ниту еден друг тим во најсилните лиги во Европа како што се Серија „А“, Бундеслигата, францускаа Лига 1, англиската Премиерлига и шпанската ...

Француската НБА суперѕвезда и член на Сан Антонио Виктор Вембањама, се врати во полна форма со 40 поени и 15 скока на отворањето на сезоната во НБА. Французинот ја пропушти репрезентативната обврска за подобро да се подготви за новата сезона откако крајот на минатата година го помина борејќи се со згрутчување на крвта. Првиот избор во 2023 година му покажа на првиот избор оваа година, Купер Флег, во рангирањето на Далас што е потребно за да се ...

Фудбалерите на Ливерпул имаат предност од 1-3 на полувреме против Ајнтрахт Франкфурт во натпревар од третото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Домаќините на овој меч покажаа вистинска класа пред почетокот на натпреварот. Кога на големиот екран на стадионот во Франкфурт се покажаа имињата на резервите на гостите на него стоеше и името на трагично починатиот Диого Жота. This is a touch of class from Frankfurt in their game vs ...

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид останува стоотстотен сезонава во Лигата на шампионите откако во дербито на вечерта од третото коло славеше на домашен терен против Јувентус со минимални 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 58. минута кога Џуд Белингем на асистенција на Бразилецот, Винициус Жуниор го постигна погодокот вреден три бода за „кралскиот клуб“. Real Madrid [1] – 0 Juventus – J. Bellingham 57' byu/Big-Education-916 ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје по воведниот триумф од пред две недели, вечерва го забележа првиот пораз во второто по ранг регионално натпреварување, АБА 2 лигата. Тие вечерва беа поразени на гостувањето во Црна Гора кај Сутјеска со 83-77. Аеродромци одиграа одлично во дефанзивата во првото полувреме па на пауза заминаа со позитива 27-37. Избраниците на Васко Атанасов како да се изгубија во вториот дел, а домаќините со одлична игра ...

Кошаркарите на Макаби Тел Авив стигнаа до изненадувачка победа во „Пионир“ во Белград откако во трилер меч славеа против најтрофејниот европски тим Реал Мадрид со 92-91. „Кралевите“ одиграа добро во првиот период па по десет минути игра имаа позитива од 17-27. Номиналните домаќини одиграа неверојатен втор период во кој постигнаа дури четириесет поени, па на полувреме имаа предност од 57-48. Во вториот дел натпреварот влезе во неизвесна завршница ...

Пелистер стигна до првата европска победа во клупската историја откако битолчани во премиерниот меч на домашен терен го декласираа словачкиот претставник Приевидза со резултат 90-83. „Пелистерци“ одиграа импресивно второ полувреме во кое целосно го го издоминираа противникот и си го трасираа патот до победата, најавувајќи дека се решени да се борат за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. По мечот тренерот на битолчани Боро Даскаловски ...

Фудбалерите на Галатасарај имаат предност од 3-0 на домашен терен против БОДО Глимт во натпревар од 3. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Навивачите на турскиот великан во текот на мечот истакнаа транспарент со поддршка за Палестина во војната со Израел. На трибините во Истанбул беше изваден транспарент на кој пишуваше „Стоп на геноцидот“. Galatasaray fans ahead of their UCL game against Bodo/Glimt. #GSvBG I’ll say it again ...

Фудбалерите на Атлетик Билбао славеа на домашен терен против шампионот на Азербејџан со 3-1 во натпревар од 3. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 преку Леандро Андраде уште во 50 секунда од натпреварот. До крајот на првиот дел домаќините израмнија преку Гурузета во 40. минута. Во вториот целосен пресврт (2-1) донесе Наваро во 70. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Гурузета во 88. ...

Интересен момент се случи на натпреварот меѓу Челси и Ајакс во Лигата на шампионите во кој домаќините имаат водство од 2-1. Во 17. минута главниот судија на мечот Феликс Цвајер додели црвен картон на фудбалерот на гостите Тејлор. Тој беше повикан од ВАР собата да ја прегледа ситуацијата. Се доближи до екранот на „Стемфорд бриџ“ и буквално не гледаше ниту секунда и се одлучи да ја потврди својата одлука. Referee wastes no time at the VAR screen ...

Фудбалерите на Реал Мадрид и Јувентус играат без голови 0-0 на полувреме во натпревар од третото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. И двете екипи имаа по неколку шанси во првиот дел, но сепак на крајот мируваа мрежите. Баерн Минхен има убедлива предност против Бриж од 3-0. Ливерпул иако губеше со 1-0, сепак до полувреме успеа да направи целосен пресврт 1-3 против Ајнтрахт Франкфурт. Eintracht Frankfurt 1 – [3] Liverpool – I. Konaté ...

Пелистер стигна до првата европска победа во клупската историја откако битолчани во премиерниот меч на домашен терен го декласираа словачкиот претставник Приевидза со резултат 90-83. „Пелистерци“ одиграа импресивно второ полувреме во кое целосно го го издоминираа противникот и си го трасираа патот до победата, најавувајќи дека се решени да се борат за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. Останува да се жали што триумфот не е уште ...

Натпреварот меѓу Куманово и Феникс кој требаше да се игра вечерва во кошаркарскиот шампионат на Македонија е одложен. Според неофицијални информации причината за одложувањето е лошата состојба на паркетот во спорстката сала во Куманово. На паркетот има вода и премногу се лизга, па официјалните лица не дозволија натпреварот да започне. Според информациите кои доаѓаат од Куманово натпреварот е одложен за утре.  Крадењето авторски текстови е ...

Ракометарите на Спортинг Лисабон забележаа нова победа во елитното натпреварување откако вечерва славеа на гостувањето кај норвешки Колштад со 30-34 во натпревар од 6. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Домаќините одиграа подобро во првото полувреме и веќе на пауза имаа позитива од четири гола 19-15. Сепак, Португалците одиграа неаверојатно во вториот дел во кој направија целосен пресврт и на крајот славеа со 30-34. Во вториот меч од ...

Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија Шкендија утре на домашен терен ќе го пречекаат Шелбурн од Ирска во вториот натпревар од новата сезона во Конференциската лига на УЕФА. Тетовци вечерва го одработеа официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во Скопје во одлична атмосфера. Мечот меѓу Шкендија и Шелбург е закажан за утре со почеток во 18.45 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...

Осминафиналето во Купот на Словенија за сезоната 2025/2026, донесе резултат каков не памети фудбалскиот свет во последно време. На дуелот меѓу нисколигашите Бистрица од Словенска Бистрица и тимот на Стојнци, на крајот на семафорот имаше нереален резултат. Второлигашот Бистрица победи со резултат од 18-0. Првото полувреме веќе даде навестување дека овој натпревар може да биде посебен во многу погледи. Бистрица го доби првото полувреме со 10-0, а ...

Црвена Звезда игра препородено по отказот на Јанис Сферопулос и превземањето на составот од страна на Саша Обрадовиќ. Белграѓани имаат голема шанса да ја продолжат победничката низа на мечот против Басконија на кој ќе ја имаат улогата на фаворит. А, пред натпреварот добри вести за навивачите на „црвено-белите“ соопшти српскиот стратег кој потврди дека во тимот се враќаат неколку важни кошаркари. „Се враќа Добриќ. Во тимот ќе биде и Плавшиќ кој ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.26
93%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
80%
1006
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.77
89%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
72%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1012
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Калај

40.48

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Никел

473339.37

Бакар

10.95

Платина

52952.77

Цинк

3.23

Сребро

1878.05