Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Прволигашкиот фудбал денеска се враќа на сцена, по репрезентативната пауза. По елиминацијата во Купот на Македонија, Башкими се фокусира кон обврските во домашното првенство, па денеска во 10. коло, кумановци ќе се сретнат со Шкупи, кој до овој момент има освоено само еден бод. Напаѓачот на Башкими и поранешен играч на Шкупи, Емануел Аворнио, смета дека трите бода ќе останат во Куманово. „Откако бевме елиминирани од Купот на Македонија, ...
Во паузата поради настапите на македонската репрезентација, фудбалерите на Шкупи интензивно се подготвуваа за продолжението на сезоната, кое денеска продолжува со два натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. Ардит Дестани, крилниот напаѓач на чаирчани и стрелец на два гола во досегашниот тек од првенството, верува дека на гостувањето против Башкими, Шкупи може да стигне до позитивен резултат. „Се одморивме, но и максимално се ...
Со продолжението на натпреварите од Првата македонска фудбалска лига, денеска во 10. коло Арсими гостува во Кавадарци, каде ќе се соочи со екипата на Тиквеш, која е позната по својата цврста и борбена игра на домашен терен. Арсими ја заврши неделата со интензивни тренинзи и детална анализа на противникот, со цел подобрување на сопствената игра во сите линии. Крилниот напаѓач Шпенд Асани вели дека тимот е целосно подготвен и мотивиран. “Работевме ...
Македонскиот репрезентативец Тихо Костадинов и неговата Сигма Оломуц ремизираа (1-1) во 2. коло од Конференциската лига на УЕФА пред своите навивачи против полски Раков. Костадинов одигра 65 минути на дуелот, на кој домашните до бод дојдоа со гол во финишот од средбата. Кристал Палас беше шокиран на домашен терен од АЕК Ларнака, доживувајќи пораз од 0-1. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови ...
Динамо Загреб со голот на Варела во 96. минута успеа да се спаси од пораз на гостувањето против Малме во 3. коло од Лигата на Европа, на крајот ремизирајќи 1-1. Швеѓаните имаа предност од 45. минута кога пред паузата поведоа со 1-0, но Варела во шестата минута од судиското продолжение успеа да донесе бод за хрватскиот тим. Ако Динамо се спаси, Рома не успеа да се спаси пред Виторија Плзен, доживувајќи пораз во Рим од 1-2. Селтик, пак, со пресврт ...
Кошаркарите на Куманово ја запишаа и третата победа на стартот од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, триумфирајќи убедливо со 99-81 против екипата на Феникс. Пред своите навивачи, кумановци уште во првата четвртина најавија дека ќе атакуваат на триумфот добивајќи ја со 24-19. Веќе се беше јасно по вториот период од играта кој го добија со 29-10. Во второто полувреме се продолжи во ист стил за конечен убедлив триумф. До победата ...
Кошаркарите на Жалгирис ја победија Барселона со 73-88 во натпреварот од шестото коло на Евролигата. Тимот од Каунас до победата го предводеше Маодо Ло, кој постигна 20 поени и додаде уште пет асистенции во својот настап. Силван Франциско додаде 14 поени, како и Давидс Сирвидис. Мозес Рајт исто така беше двоцифрен кај гостите со 10 поени и седум скока. Џоел Пара пружи најголем отпор со 17 поени. Торнике Шенгелија заврши со 13 поени, а Томас ...
Кошаркарите на Црвена Звезда продолжуваат со победите по доаѓањето на новиот тренер на клупата на тимот, Саша Обрадовиќ. Белграѓани вечерва пред своите навивачи ја победија Басконија со 90-72 во 6. коло од Евролигата. Звезда на тој начин ја продолжи својата триумфална серија од доаѓањето на тренерот Саша Обрадовиќ, а ова беше нејзина четврта победа по ред во Евролигата. По нерешениот резултат во првото полувреме и многуте маки, домашните одиграа ...
Македонскиот шампион, екипата на Е. Пелистер доживеа убедлив пораз на гостувањето против актуелниот европски шампион Магдебург во 6. коло од Групата Б во Лигата на шампионите. „Пелистерци“ загубија со двоцифрена разлика од 36-26. А, натпреварот почна со одржувачки ритам на македонските ракометари кои умешно парираа на фаворитот низ првите 20 минути. Но, потоа Магдебург се одлепи и на полувремето дојде до предност од убедливи 19-13. Во, второто ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Глазгов Ренџерс доживеаја дебакл на гостувањето против норвешки Бран во 3. коло од Лигата на Европа. Ренџерс загубија со убедливи 3-0 во натпревар во кој Миовски ги одигра последните 30 минути на средбата. Македонскиот напаѓач во игра влезе во 64. минута од средбата при водство од веќе 2-0 за домашните кои до крајот постигнаа уште еден погодок за триумф со три гола разлика. Португалска Брага, ...
Тажни вести ја потресоа Босна и Херцеговина денеска, но и целиот балкански регион. Поранешниот фудбалер од Орашје, Јосип Лукачевиќ, почина на само 42-годишна возраст. Лукачевиќ синоќа пред почетокот на тренингот доживеал тежок мозочен удар. И покрај итната операција, лекарите денеска потврдија дека починал. Својата фудбалска кариера ја започна во Орашје, од каде што се пресели во Хајдук Сплит, каде што играше како лев бек. Беше препознаен како ...
Македонската судијка, интернационалката Ива Пројковска доби ново признание од Судиската комисија на УЕФА за својата успешна досегашна арбитража на меѓународната сцена. Таа е одредена да биде главен судија на првиот меч од полуфиналето во Лигата на нации меѓу Германија и Франција кој ќе се одигра на 24 октомври во Дизелдорф. Ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиоски, втор помошник е Сташа Спур, четврти судија Александра Чешен, и двете од Словенија. ...
Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија стигна до првата историска победа во Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над ирски Шелбурн со 1-0 во меч од 2. коло од новата сезона во Конференциската лига на Европа. Двата тима тргнаа внимателно од самиот старт на мечот, па првите десет минути не донесоа никакви возбудувања на теренот на „Тодор Проески“. И во следниот период натпреварот не ни донесе возбудувања, па по половина прво ...
Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија стигна до првата историска победа во Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над ирски Шелбурн со 1-0 во меч од 2. коло од новата сезона во Конференциската лига на Европа. Тренерот на тетовци Јетон Беќири по мечот изјави дека е задоволен од победата, но дека Шкендија има уште многу што да покаже. „Задоволен сум од победата во Конференциската лига. Почнавме скромно уште во јули во ...
Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија стигна до првата историска победа во групна фаза од клупските натпреварувања во Европа за една македонска екипа, откако вечерва на домашен терен славеше над ирски Шелбурн со 1-0 во меч од 2. коло од новата сезона во Конференциската лига на Европа. Претходно, Вардар во сезоната 2017/2018 беше дел од Лигата на Европа, но во шест натпревари во групната фаза имаше само едно реми и пет порази. Ова е прва ...
Шпанскиот план за одигрување натпревар на друг континент (Вилјареал – Барселона во Мајами) пропадна, па сега се врши серизен притисок за истото да се случи и за италијанското првенство. Серија А веќе договори дуелот меѓу Комо и Милан во февруари 2026 да се игра во Перт, Австралија, добиено беше и зелено светло од УЕФА, но се погласни се барањата италијанската лига да не се сели надвор од границите на оваа земја. На иницијативата се приклучија и ...
Чаби Алонсо доби одлична вест на неколку дена пред големото дерби со Барселона, откако Дин Хујсен ја доби трката со времето и ќе биде „фит“ за своето прво „Ел Класико“ во кариерата. Во ситуација кога се повредени и Алаба и Ридигер, Алонсo немаше преголем избор, па против Јувентус во ЛШ тргна со единствените двајца здрави централни дефанзивци, Асенсио и Милитао. Токму затоа, многу значајна е денешната информација дека Хујсен ги надминал ...
Партизан го мина целото лето барајќи нов центар, оваа позиција стана уште подефицитарна по заминувањата на Дејвис и Копривица, а последните информации говорат дека белградските „црно-бели“ конечно нашле играч кој ќе им помогне во борбата под обрачите. Српски „Курир“ пренесува дека новото засилување на Партизан ќе пристигне од Реал Мадрид, Бруно Фернандо веќе ги договорил личните услови и до крајот на оваа седмица треба и официјално да му се ...
Во најновата осма епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев, заедно со својот гостин Горан Попов, за се во македонскиот фудбал. Осврнувајќи се и на својата биографија, Горан Попов се потсетува и на неговиот инцидент со англискиот репрезентативец и легенда на Манчестер сити, Кајл Вокер, кој во моментов се уште игра за Барнли. Попов и Вокер во 2012 година, во периодот кога Попов ...
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија игра без голови 0-0 против ирски Шелбурн на домашен терен во првиот историски натпревар на домашен терен во Конференциската лига на УЕФА. Двата тима тргнаа внимателно од самиот старт на мечот, па првите десет минути не донесоа никакви возбудувања на теренот на „Тодор Проески“. И во следниот период натпреварот не ни донесе возбудувања, па по половина прво полувреме на семафорот се уште стоеја почетните 0-0. ...
Рафаел Бенитез е подготвен за враќање на фудбалот откако трофејниот стратег ја прифати понудата за да застане на кормилото на грчкиот гигант Панатинаикос.„Зелените“ од Атина слаб ја почнаа сезоната и моментно се наоѓаат на седмото место на табелата, со осум бода заостанување зад лидерот ПАОК, што беше причина за палење на алармот и тренерска смена во овој клуб. Бенитез беше прв пик на претседателот Јанис Алафузос, а првата рунда разговори се ...
Лионел Меси ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако денеска потпиша нов едногодишен договор со тимот на Интер Мајами. Аргентинецот влезе во последните три месеци од актуелниот договор со американскиот, на маса имаше атрактивни понуди, но сепак реши да остане лојален на овој проект, потпишувајќи договор до крајот на 2026 година. Со ова, се реализираат најавите дека најдобриот светски фудбалер планира да остане во МЛС-лигата за да биде ...
Баерн игра одлично од стартот на сезонава во која баварскиот гигант ниже победи во сите натпреварувања, а навивачите имаат нова причина за задоволство – откако Џамал Мусиала направи значаен чекор напред во рехабилитациската програма по хорор повредата заработена за време на клупскиот мундијал летово. Германскиот репрезентативец имаше скршеница на ногата и се најавуваше дека ќе се врати на терените следната година, но Мусиала одлично се ...
Тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс, беше уапсен рано утрово како дел од истрагата на ФБИ под сомнение за вмешаност во нелегални активности поврзани со спортско обложување, објавува ESPN. Според американските медиуми, Билапс е приведен како дел од поширока истрага за манипулации со обложување во НБА, во која беше уапсен и Тери Розиер, кошаркар на Мајами Хит. Истражителите веруваат дека некои членови на лигата биле поврзани со ...
Спенсер Динвиди пред неколку дена стана достапен на пазарот по раскинот на неговиот НБА-договор, по што бројни евролигашки екипи покажаа сериозен интерес даго доведат одличниот бек во своите редови. Прв со сериозна понуда се јави Ефес, интерес покажаа и Олимпијакос, Макаби и Партизан, но сосема неочекувано овој искусен кошаркар за следна дестинација во кариерата го избра – Баерн Минхен. Баварскиот гигант попладнево се пофали со значајниот ...
Српскиот кошаркарски судија Урош Николиќ заврши во притвор откако денеска беше уапсен како дел од голема полициска акција против „Врачарскиот клан“. Како што информираат српските медиуми, во домот на Николиќ при претресот биле пронајдени 250.000 евра во готово, по што тој посочен како еден од главните во ова злосторничко здружување. Евролигата експресно реагираше и преку соопштение објави дека Урош Николиќ е суспендиран на неопределено време, се ...
Никола Малешевиќ повторно даде значаен придонес за победата на Пелистер над Преивидза, постигнувајќи вкупно 18 поени, но и што е најважно, реализирајќи ги двата клучни напади кога гостите дојдоа на само два поена негатива. Со тоа, „пелистерци“ стигнаа до толку посакуваната прва европска победа во клупската историја и си ги задржаа шансите за пласман во следната фаза од ФИБА Европа купот. „Ова беше прв европски меч во Битола и ми беше чест што ...
Јошко Гвардиол дојде во Манчестер Сити пред две години и веднаш се етаблираше како еден од столбовите на тимот на Пеп Гвардиол. Сепак, малкумина знаат дека лесно можеше да тргне по друг пат и да се откаже од фудбалот. Самиот Гвардиол го призна ова во интервју за „BBC Sport“.Тоа се случило кога имал 16 години додека бил дел од Динамо Загреб. „Размислував да се откажам од фудбалот, бидејќи ми се допаѓаше и кошарката. Не бев сигурен дека сакам да ...
Судиската комисија при АБА лигата излезе со официјално соопштение во кое ги појасни спорните ситуации од последните две минути на натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Сутјеска (83-77), одигран синоќа во Никшиќ. Во него се наведува дека судиите направиле две грешки со кои директно влијаеле на резултатот во финишот на мечот, со што македонскиот клуб бил драстично оштетен. „Првата ситуација се случила на 1:22 минута до крајот на последната ...
Извршниот одбор на Европската ракометна федерација објави започнување на ново репрезентативно натпреварување, кое ќе се вика Европски ракометни игри и кое треба да се игра на секои четири години. Премиерното натпреварување ќе се игра во 2030 година. Како што е најавено, осум од најдобрите машки и женски екипи од Европа ќе учествуваат на Европските ракометни игри, а на победниците ќе им биде загарантирано место на Олимписките игри. Новото ...