Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Погледите на спортска Македонија се насочени кон баражот што фудбалерите ќе го играат вечерва во Копенхаген, но неколку часа претходно нашите ракометари ќе ги дознаат противниците за квалификациите за ЕП 2028 што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и во Швајцарија. Ждрепката е закажана од 18 часот во Лисабон, а Македонија се наоѓа во вториот шешир, што значи дека за противници нема да можеме да ги имаме Србија, Италија, Фарските Острови, ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Кој е составот со кој Македонија ќе се спротистави на Данска среде Копенхаген во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2026!? Сега веќе дефинитивно се насетува формацијата 3-5-2, во која како последен бедем пред голот на Столе Димитриевски треба да биде тројката Муслиу, Зајков и Велковски или Серафимов, со деби настап по левата страна на Колумбиецот со македонски пасош Херера, на местото на ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Во Копнехаген, бараж-пресметката меѓу Данска и Македонија, ја следи и екипа од националната мексиканска телевизија ТВ Ацтека, која известуваше и од тренингот на македонската репрезентација синоќа од „Паркен стадионот“. Ништо невообичаено, ако се знае дека Мексиканците како домаќини на Светското првенство 2026, како последен противник во својата група ја очекуваат репрезентацијата токму од овој костур од ...
Мохамед Салах објави дека си заминува од Ливерпул на крајот од сезонава, по што веднаш се јави неговиот агент кој стави до знаење дека „фараонот“ се уште се нема договорено со нов клуб, туку истото ќе го стори по завршување на сезоната со „црвените“. Информациите сепак велат дека преговорите се во напредна фаза, а еден клуб важи за апсолутен фаворит во трката по Салах. Ал Итихад е тимот што нецели две години беше во офанзива да го доведе ...
Џенаро Гатузо се соочи со бројни проблеми во пресрет на овој бараж период, но италијанскиот селектор конечно доби и добра вест за вечерашниот дуел со Северна Ирска. Најдобриот италијански дефанзивец Алесандро Бастони ги надмина проблемите со повредата и ќе може да стартува од првата минута на вечерашниот натпревар, сооштија италијанските медиуми. Бастони ги пропушти последните два меча на Интер во Калчо-лигата поради оток во пределот на ...
Златко Далиќ веќе девет години со огромен успех ја води Хрватска, но на скромниот стратег му пукна филмот по најновите шпекулации дека е подготвен да си замине од кормилото на „коцкестите“ по завршувањето на мундијалот. Договорот на Далиќ истекува на крајот од СП 2026, дел од медиумите тврдат дека тој веќе има договор за нов ангажман, но хрватскиот селектор јасно стави до знаење дека единствен негов фокус во моментов е работата со ...
Најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев за ЕКИПА за се она што не очекува низ плејоф пресметките од баражот за пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Најпрво полуфиналето против Данска вечерва (20:45 часот) во Копенхаген. ======================================== Натпреварот против Данска во Копенхаген во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство и дефинитивно е уште една шанса за оваа наша ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Македонскиот селектор Гоце Седлоски одлучи кои четворица од претходноповиканите ќе мора вечерашниот натпревар (20:45 часот) против Данска во полуфиналето од баражот за СП 2026 да го следат од трибините на „Паркен“ во Копенхаген. Во Копенхаген допатуваа вкупно 27 фудбалери, а во официјалниот записник за вечерашниот дуел може да се најдат 23 имиња. Па, според одлуката на Седлоски, на трибините ќе бидат ...
Дисциплинската комисија на УЕФА конечно донесе одлука за Бенфика по хаосот што се случи во второто полувреме од дуелот со Реал Мадрид, кога навивачите фрлаа со врди предмети кон Винисиус, воедно и расистички навредувајќи го бразилскиот ас во таборот на „кралевите“. Португалксиот гигант ќе треба да плати 40.000 евра, од кои 25.000 се за фрлање предмети од трибините. Помошниот тренер Педро Мачадо доби суспендија од еден натпревар, а Бенфика ...
Данска ќе стори се за да стигне до победата во регуларните 90 минути, но домаќинот се подготвува и за „план Б“, доколку патникот во следната рунда од баражот мора да биде решен со пенал-рулет. Данскиот селектор обелодени дека дел од последните два тренинзи бил издвоен токму за тренирање на ударите од белата точка, доколку има потреба за такво нешто вечерва. „Трениравме пенали, тоа не е никаква тајна. Добро за нас е што имаат играно куп и ...
Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите на „нормалното“ во НБА-лигата откако српскиот центар одигра уште еден импресивен меч, стигнувајќи до втор фантастичен трипл-дабл за само 24 часа во најсилната лига на светот. Денвер го совлада Далас со 142-135, а Јокиќ повторно беше незапирлив, за 38 минути на теренот стигнувајќи до 23 поени, 21 скок и 19 асистенции. Најефикаен беше неговиот соиграч Џамал Мареј, кој броеше до 53 поени, само ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска на „Паркен“ стадионот во Копенхаген од 20:45 часот против Данска ја очекува уште еден историски бараж натпревар за пласман на свое прво учество на светско првенство во историјата. Еден од најистакнатите репрезентативци во историјата на македонскиот фудбал, Александар Васоски, на гостувањето на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ неизбежно се осврна токму и на дуелот со Данците, и можноста Македонија да ...
Кошаркарите на Црвена звезда стигнаа до голема победа во борбата за плеј-оф во Евролигата откако вечерва славеа на гостувањето кај Басконија со 100-108 во последниот натпревар од 33. коло во елитното натпреварување. Натпреварот почна ефикасно од двете страни. Двете екипи погодуваа од секоја позиција, а по десет минути игра гостите имаа минимална предност од 27-28. Во вториот период следеше голем пад на белграѓани, па домаќините тоа го ...
Комесарот на НБА, Адам Силвер, одржа прес-конференција, каде што прво ја информираше јавноста дека дефинитивно е одлучено лигата да се прошири со уште две франшизи, но се осврна и на прашањето за НБА Европа и Евролигата. Како што се очекуваше, едно од прашањата за Силвер беше поврзано со проектот НБА Европа околу новата Евролига и дали се очекува таа лига да започне на есен 2027 година. „Да, имам чувство дека тој датум е во игра. Добро го ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Паркен“ во Копенхаген го имаше официјалниот тренинг пред утрешниот бараж полуфинален натпревар против Данска за пласман на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Moтивирани и максимално оптимистички нашите фудбалери го дочекуваат утрешниот меч против Данска во кој оваа генерација може да испише уште една златна страна во ...
Фудбалерките на Барселона направија голем чекор кон полуфиналето во женската Лига на шампионите откако вечерва славеа на гостувањето кај Реал Мадрид со 2-6 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч. Гостинките поведоа со 0-1 со голот на Пахор во 6. минута. Веќе во 13. беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Бругтс. Домаќинките намалија на 1-2 преку Каиседо во 30. минута, а до крајот на првиот дел беше 1-3 со погодокот на Паредес во 32. ...
Марјан Секуловски денеска ја имаше првата прозивка како тренер на Пелистер, откако го замени Милан Стојановски кој си поднесе оставка по последниот пораз од Струга ТЛ. Во првата изјава Секуловски изјави дека тимот до крајот на сезоната има само една цел, а тоа е опстанок. „Влегуваме во период од два месеци, ние имаме една и единствена цел, а тоа е да избориме опстанок. Едноставно тоа им го објаснив и на играчите, влегуваме во еден циклус, во ...
Реал Мадрид не планира да го потпише синот на Кристијано Роналдо во својата академија, објавија шпанските медиуми. Петнаесетгодишниот Кристијано Роналдо јуниор неодамна тренираше со тимот на Реал Мадрид до 16 години. Тинејџерот игра за младинскиот тим на Ал Наср, додека неговиот татко игра за првиот тим на клубот од Саудиска Арабија. Според медиумите, Реал не ја разгледува можноста да го доведе Роналдо јуниор. Нему му е дозволено да тренира ...
НБА го направи својот прв конкретен чекор кон можно проширување, откако Управниот одбор на лигата одобри понатамошно разгледување на проширувањето. Како што објави ЕСПН,сопствениците на франшизите гласаа за започнување на процесот на анализа на проширувањето на лигата на два пазара – Сиетл и Лас Вегас. Овој вид епилог не е изненадување, со оглед на тоа што темата беше дискутирана кон средината на месецот, кога беше објавено дека прашањето за ...
Македонскиот ракометен тренер Данило Брестовац испиша нова историја во својата кариера, овојпат на Блискиот Исток. Предводејќи ја екипата на Ал Араби, Брестовац и официјално ја обезбеди титулата во шампионатот на Катар на едно коло пред крајот на првенството. Со импресивен скор од 16 победи и само еден пораз, Ал Араби создаде недостижна предност од четири бода пред второпласираниот Ал Духаил. Успехот на Брестовац е уште позначаен со оглед на ...
Македонската репрезентација до 19 години одигра без голови 0-0 против Фарски острови на почетниот натпревар од квалификацискиот турнир во Холандија за пласман на Европското првенство. Иако избраниците на селекторот Димитар Капинковски важеа за апсолутни фаворити, не успеаја да ја крунисаат иницијативата и неколкуте изгледни шанси со погодок. Овој „кикс“ доаѓа во незгоден момент, пред клучните предизвици во групата каде се наоѓаат уште и ...
Како што се очекуваше и беше најавено, Фудбалската асоцијација на Сенегал поднесе жалба против одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал, која му ја одзеде на Сенегал титулата освоена на теренот во финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко. Арбитражниот суд за спорт во Лозана потврди во соопштение дека ја примил жалбата на Сенегал. На Мароко му беше досуден пенал во финишот на мечот, а Сенегалците беа бесни, голем број од нив ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Паркен“ во Копенхаген го имаше официјалниот тренинг пред утрешниот бараж полуфинален натпревар против Данска за пласман на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико. На тренингот селекторот Гоце Седлоски можеше да смета на сите расположливи сили со кои допатува во престолнината на Данска. Иако претходно се жалеше на ситна ...
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години доживеа несреќен пораз од Германија со 1-2 во првиот натпревар од елитната фаза на квалификации за пласман на континенталниот шампионат во оваа старосна граница. Германците поведоа со 0-1 уште во 3. минута со голот на Мирза. До крајот на првиот дел беше и 0-2 со погодокот на Веит во 25. минута. Македонија успеа да намали на 2-1 преку Мартин Џангаровски во 66. минута. До крајот нашите надежи ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди и селекторот Гоце Седлоски на прес-конференцијата во Копенхаген, пред утрешниот историски натпревар против Данска за пласман на СП 2026, се осврнаа и на изјавата на еден од најдобрите репрезентативци на Данска и соиграч на Елиф Елмас од Наполи, Расмус Хојлунд. Хојлунд на стартот од собирот пред дуелот со нашата селекција, за данските медиуми истакна ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Македонскиот селектор Гоце Седлоски е категоричен кога е во прашање целта со која Македонија допатува во Копенхаген на утрешниот натпревар против Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада. „Веднаш да кажам дека Македонија е пред голем предизвик, пласман на Светско првенство. Тоа е сон на сите нас кои работиме во фудбалот во Македонија…Ги одбрав ...
ЕКИПА во Копенхаген, Владимир Булатовиќ Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди вели дека секој во националниот тим е свесен за тежината на утрешниот натпревар, но и тоа како репрезентативците носат посебни емоции во желбата да се успее и да се помине Данска на патот до Светското првенство 2026. „Дојдовме тука за максимално да се надигруваме со противникот. Изминативе денови добро се подготвивме, направивме добри анализи на ...
Џенаро Гатузо е подготвен да ја предводи Италија во големиот предизвик – во претстојниот бараж „аѕурите“ да стигнат до посакуваниот билет за СП 2026 откако овој фудбалски гигант ги пропушти последните два мундијали. Италија утревечер ќе ја пречека селекцијата на Северна Ирска, а потоа во случај на победа ќе мора да игра финален бараж на гостински терен против подобриот од дуелот Велс – БиХ. Гатузо не крие дека се соочува со голем притисок, но ...
Данците внимаваат на Бојан Миовски како на главна закана по нивниот гол на утрешниот бараж, но исто така се свесни какви проблеми може да им создаде Лирим Ќамили. Затоа што овој дуел ќе биде од посебно значење за македонскиот репрезентативец кој е роден во Данска, настапува во оваа земја во дресот на Сондерјиске, а сега ќе има можност да го загорчи животот на оваа селекција. „„Ќе лажам ако кажам дека ми е сеедно, излегувам на терен во земјата ...
Микел Артета се соочува со сериозен проблем во пресрет на клучниот дел од сезоната откако Еберечи Езе заработи незгодна повреда на реваншот од ЛШ против Баер Леверкузен, за која деталните прегледи покажаа дека е од посериозна природа. Најпрвин Фудбалската Асоцијација објави дека Езе нема да може да настапи за Англија во мартовски контроли за мундијалот, за денеска да пристигне информација од таборот на Арсенал, дека овој одличен офанзивец ќе ...