Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Андрес Иниеста е стрелец на историскиот гол што и ја донесе на Шпанија првата и единствена досега светска круна, а легендарниот плејмејкер има порака за актуелните репрезентативци на „црвената фурија“ во пресрет на утрешното финале со Аргентина – да не се фокусираат на Лео Меси и целосно неутрелизирање на најдобриот противнички фудбалер. Според Иниеста, кој мина долги години крај Меси во Барселона, тоа е невозможна мисија и наместо да се ...
Дидие Дешамп вечерва за последен пат ќе ја води француската репрезентација, во обид да стигне барем до бронзен медал на СП 2026 кога веќе не беше остварена големата желба – да се стигне до нова титула. Легендарниот стратег мина повеќе од една деценија на чело на „триколорите“, освои се што можеше со оваа селекција, воедно и му даде шанса на Килијан Мбапе да блесне на репрезентативната фудбалска сцена. Францускиот голгетер секогаш ја ...
Англија и Франција очекуваа да играат финале на овој мундијал и разбирливо е што со голема доза на разочарување ќе влезат во вечерашниот меч за третото место, за кој двајцата селектори се решија за бројни измени во однос на стандардните состави што ги практикуваат низ мундијалот. Така, Томас Тухел реши да ги остави на клупата двајцата најдобри фудбалери на Англија, Хари Кејн и Џуд Белингем, на чие место шанса вечерва ќе добијат Ајван Тони и ...
Партизан се соочува со огромни проблеми во формирањето на ростерот за наредната сезона, огромен дел од првотимците си заминаа, а белградските „црно-бели“ се уште се немаат пофалено со ниту едден нов кошаркар. Навивачите со право се нервозни, денеска се појави името на Торнике Шенгелија како потенцијално засилување, но набрзо стигна и „ладен туш“ од Барселона – грузискиот ас не може да си замине доколку не биде платена отштета, и тоа „солени“ ...
Лионел Меси стои на патот на Шпанија до новата светска фудбалска круна, но човек не може а да не се запраша во кој правец ќе се одвиваше фудбалската историја на мундијалите ако Меси го облечеше дресот на „црвената фурија“. Не дека Шпанците не се обидоа, туку се уште жалат што не успеаја да го убедат малиот Лео да заигра за оваа земја. Приказната е од 2000 година, кога Меси со својот татко Жорге доаѓа во Барселона. Само неколку месеци беа ...
Младинската репрезентација на Македонија игра се подобро во завршницата од Европското првенство – Б дивизија, во кое нашите кошаркари до 20 години разигруваат за пласман од 9. до 16. место. Откако вчера лесно ја декласираа Грузија, „црвено-жолтите“ попладнево одиграа уште еден извонреден натпревар, триумфирајќи над Холандија со преубедливи 89-60. Повторно имавме проблеми на самиот старт, па Холанѓаните ја добија првата четвртина со 16-23. ...
Битолски Пелистер запиша срамен пораз на првата контрола низ подготовките за новата сезона во второлигашкото друштво. Битолчани на првиот интернационален тест дуел загубија убедливо од грчки Паниониос со неверојатни 8-0 (3-0). Ова беше и прв натпревер на клупата на „зелените“ за новиот тренер Христов. Во останатите денешни пријателски натпревари, Работнички славеше против екипата на АП Брера со 1-0. Единствениот погодок за „романтичарите“ го ...
Челси предизвика „земјотрес“ на англискиот фудбалски пазар откако успеа да го договори трансферот на Морган Роџерс, крилниот фудбалер на Астон Вила кој важеше за еден од најпосакуваните играчи во Премиер-лигата летово. За Роџерс се интересираа и градските ривали Сити и Јунајтед, но се веруваше дека тој ќе се пресели во редовите на шампионот Арсенал. Се споменуваше отштета од 100 милиони фунти, но планот на „топчиите“ падна во вода откако во ...
Мајкл Карик дефинитивно очекуваше поинаков исход на првиот контролен меч на Манчестер јунајтед летово откако „црвените ѓаволи“ загубија со 1-0 на пријателскиот натпревар со Врексам. Стратегот на Јунајтед го почна дуелот со силен тим предводен од неколку стандардни првотимци (Мбуемо, Карик, Јоро, Шо, Маунт, новото засилување Сантош…), но „црвените ѓаволи“ беа под посакуваното ниво, примајќи и гол во 39. минута откако целата одбрана на Јунајтед ...
Jован Манев не го крие задоволството по реализираниот трансфер во Шкендија, клуб со кој македонскиот репрезентативец се надева дека ќе се закити со титулата во домашното првенство. Тој би требало да биде клучен адут на тетовци во дефанзивната линија, а екс-фудбалерот на Брегалница не крие дека очекува успех во дресот на новиот клуб. „Среќен сум што доаѓам овде, што станувам дел од Шкендија, По пет-шест години се враќам во Македонија, го носам ...
Аргентинскиот селектор Лионел Скалони со максимална почит гледа на шпанскиот национален состав во пресрет на големото финале, а кормиларот на „гаучосите“ имаше само пофални зборови за Ламин Јамал. Крилниот офанзивец можеби не блеска како што се очекуваше на овој мундијал, но сепак претставува константна опасност за противниците, свесен за тоа е и Скалони. „Како да го запреме Јамал? Мислам дека треба да го заклучиме во хотелската соба, така ...
Јувентус е во потрага по нова „деветка“ по заминувањето на Душан Влаховиќ, а за раководството на „старата дама“ нема дилема – тоа треба да биде Рандал Коло Муани. Французинот мина шест месеци пред една сезона блескајќи во црно-белиот дрес, но Јуве и покрај долгите преговори не успеа во намерата да го откупи договорот со ПСЖ. Коло Муани на крајот заврши на позајмица во Тотенхем, но не се прослави во Премиер-лигата, па летово се врати назад во ...
Раководството на Струга ТЛ потврди уште едно заминување од редовите на поранешниот шампион откако стружани се збогуваа од голманот Марко Ангелети. Италијанскиот голман пристигна во Струга минатото лето и беше стандарден на голот, не примајќи погодок на 15 меча од вкупно 29-те на кои ја бранеше мрежата на овој клуб. Тој имаше договор со Струга ТЛ на уште една сезона, но двете страни сепак се договорија за предвремен прекин на соработката со ...
Вејн Руни покажа дека е човек од збор, откако со пријателите влезе во чамец и мораше да весла во близина на Њујорк откако загуби облог. За што станува збор? Руни пред мечот меѓу Бразил и Норвешка во живо изјави дека Норвежаните немаат никаква шанса и дека доколку направат сензација, тој ќе весла по реката Мерси. Изјавата допре и до Норвежаните, па Халанд веднаш по победата го поздрави легендарниот напаѓач: Се радувам што ќе го видам Вејн како ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Дидие Дешамп вечерва ќе ја води Франција по 187. пат како селектор на „триколорите“, ова ќе биде негов 26. меч на мундијалите, што е рекорд на светските првенства. Пред поразот во ...
Шкендија продолжува со ангажман на квалитетни фудбалери со кои тетовци планираат да ја нападнат титулата и да се вратат на тронот на мак-фудбал, битка во која за главен ривал ќе го имаат актуелниот првак Вардар. Тетовци вчера го комплетираа трансферот на напаѓачот Марко Ѓорѓиевски, а од денеска нов член на Шкендија е и македонскиот репрезентативец Јован Манев. Овој 25-годишен дефанзивец се враќа во мак-фудбалот по 2023 година, кога по добрите ...
Во подкастот „Американски Екстра“, еден од гостите беше и хрватскиот новинар, Вики Ивановиќ, кој во разговор со својот колега Марк Шапит, го раскажа своето искуство од следењето на Светското првенство 2026 од САД. „Беше над сите очекувања. Ми беше многу интересно, особено затоа што одев со одредени предрасуди. Бевме бомбардирани со еден куп информации од негативна природа, како што се „тешко дека ќе добиете виза“, како и „внимавајте на ...
Грузиецот Торнике Шенгелија би можел да биде едно од најголемите имиња засилувања на Партизан ова лето. Според информации од неколку извори, грузискиот крилен центар е на листата на желби на црно-белите, кои се сериозно заинтересирани да го доведат во Белград. Ситуацијата на Шенгелија во Барселона сè уште не е целосно јасна, па Партизан сака да ја искористи евентуалната можност за негово заминување од каталонскиот клуб. Искусниот 34-годишен ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не можеше да каже дали ова Светско првенство е последно во кариерата на Лионел Меси. Аргентина и Шпанија ќе играат во финалето на Светското првенство 2026 во Њујорк во недела од 21 часот, а неизбежна тема беше Лионел Меси, кој на 39 години би можел да го игра последното светско првенство во својата кариера. „Не знам дали ова е неговото последно светско првенство. Мора да го прашате него. Тој никогаш не ...
Марк Кукуреља го објави своето пензионирање од шпанската репрезентација доколку ја победат Аргентина во финалето на Светското првенство 2026. Шпанскиот дефанзивец верува дека со освојувањето на европската и светската титула ќе ги исполни сите свои цели во националниот тим, а му даде и необично ветување на селекторот Луис де ла Фуенте. Дефанзивецот верува дека по освојувањето на трофејот, нема да има што повеќе да постигне за својата земја. Со ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел истакна дека никој од фудбалерите на Англија но и Франција не сакаат да се игра натпреварот за третото место на СП 2026, кој според него е бесмислен. „Ниту еден играч од Англија или Франција не сака да игра на овој натпревар. Сите сакаа да бидат во финалето. Сите се тука за да го добијат ова натпреварување, а не да го играат натпреварот за третото место. Но, така е како што е“, рече Тухел. Иако многумина се ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, пред финалето на Светското првенство 2026 против Шпанија изјави дека има максимално почитување кон својот ривал и дека неговиот стручен штаб со месеци ја анализира играта на „црвената фурија“. На прес-конференцијата пред големото финале, Скалони истакна дека практично сè го загрижува во врска со Шпанија, но се обиде да ја намали тензијата со малку хумор. Натпреварот за титулата светски шампион ќе се ...
Леброн Џејмс, кој наскоро ќе наполни 42 години и влегува веројатно во последната сезона од својата кариера, ја држи целата НБА во неизвесност. Во време кога не се знае каде легендарниот кошаркар ќе продолжи да игра, никој во лигата не прави никакви клучни потези. Поминаа повеќе од две недели откако објави дека ги напушта ЛА Лејкерс и станува слободен агент, но името на новиот клуб сè уште е непознато. Неизвесноста ги погодува не само ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2-1) во полуфиналето на Светското првенство 2026. Германецот изјави дека не жали за никаква промена и дека ја презема целата одговорност врз себе. На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се поизвесно ќе добие уште еден мандат на чело на Светската фудбалска федерација. Како што пишува „Гардијан“, Инфантино досега има поддршка од 200 национални федерации, пришто остануваат уште само неколку федерации кои треба официјално да ја потврдат својата поддршка. Токму затоа се очекува Инфантино без проблеми да обезбеди и четврти мандат на чело на ФИФА. Од поголемите национални федерации досега се ...
Ромел Лукаку го напушта Наполи, а американската МЛС лига се појави како нова можна дестинација за белгискиот напаѓач. Ајакс, Монако и Фенербахче покажаа интерес за него и претходно, но сега е активен интересот од САД. Наполи сака да го продаде за да ги намали високите трошоци за плата, но секој трансфер ќе зависи од тоа дали заинтересираните клубови ги исполнуваат финансиските услови за траен откуп на договорот. Според Тутоспорт, иднината на ...
Утре во Њујорк ќе се игра финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, а поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевиља е во центарот на вниманието поради молбата што ја упати до Доналд Трамп. Капдевиља играше за Шпанија многу години и беше дел од златната генерација што го освои Светското првенство во ЈАР во 2010 година. Овој 48-годишник е пензиониран девет години и имал намера да патува во Њујорк за да го гледа ...
Mашката кадетска репрезентација на Македонија, по успешно реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, ги продолжува завршните подготовки пред настапот на Европското првенство 2026. Низ подготовките, нашите кадети во Скопје ќе одиграат два контролни натпревари против селекцијата на Грција, кои ќе бидат последна проверка пред почетокот на Европското првенство. Првиот тест се игра веќе денеска од 18 часот, а вториот е утре со почеток ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ е назначен за судија на финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Веста му ја соопшти претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, а 46-годишниот Словенец не можеше да ги скрие емоциите откако дозна за одлуката што претставува врв во неговата кариера. Финалето ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, а на Винчиќ ќе му помагаат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Покрај ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му се поклони на Лионел Меси пред финалето на Светското првенство 2026, во кое Аргентина и Шпанија ќе се сретнат утре во 21 часот. „Сите можеме да видиме колку е добар Меси! Тој постигна три гола на еден натпревар, а тоа е многу ретко во овој ваш спорт“, изјави Трамп пред новинарите што го следеа Светското првенство. Меси одлично се снаоѓа на турнирот иако има 39 години. Капитенот на Аргентина ја ...