Крилниот фудбалер на Портсмут, Миленик Али, ќе има можност да дебитира на претстојниот меч со Македонија откако овој 26-годишен крилен офанзивец беше дополнително повикан од страна на селекторот Халгримсон. Семи Смодич мораше да се врати во својот клуб откако доби потрес на мозокот на последниот дуел со Чешка, а крајно неизвесно е дали Халгримсон ќе може да смета на Џек Тејлор, кој поради семејни причини ја напушти базата на националниот тим ...

МЗТ Скопје го победи Работнички во македонската Супер-лига, тоа веќе не е никаква новост. Но, новост е што дербито на вечните ривали по подолго време потсети на старите добри времиња, со квалитетна кошарка, неизвесност, две навивачки групи… и што уште не… како што му доликува на вистинско дерби. Возбудувања на максимум, тројка на Ефремовски за продолженија, а таму бројни пресврти… Во период кога кошарката долго време тоне во потпросечноста, ...

Мирчеа Луческу ја потресе романската јавност откако утрово беше објавено дека селекторот имал срцев удар пред тргнувањето на гостувањето во Словачка. Првите информации говореа дека тој колабирал на тренинг, но потоа медиумите се поправија, обелоденувајќи дека на Луческу му се слошило за време на тимскиот состанок наменет за видео-анализа. За среќа, 80-годишниот стратег се чувствува многу подобро, па од болницата во Букурешт даде и изјава за ...

МЗТ Скопје по огромна борба славеше над Работнички со резултат 88-81 (по продолжение од пет минути), во најинтересното дерби во последните неколку години што го одиграа вечните ривали во мак-баскетот. МЗТ е во трка за првото место, Работнички се бори за опстанок, но „центарци“ изненадија со покажаниот карактер и квалитет, беа дури и блиску до победа во продолжението, но МЗТ ја искористи петтата лична грешка на Рикиќ и стигна до посакуваниот ...

Тиквеш остана во игра за место во плејофот откако кавадаречкиот клуб ја продолжи серијата одлични игри со триумф на гостувањето против Пелистер со 82-88. Ова беше прв домашен пораз за „пелистерци“ во новата 2026 година, за Тиквеш пак четврта победа во последните пет кола, по што кавадарчани сега имаат идентични 10-11 со Чаир и со Куманово во пресрет на последното коло, во трката за шестото место кое води во плејофот. Дуелот во Битола беше ...

Серијата катастрофални игри и резултати на Куманово конечно беше прекината на денешниот дуел со Кожув што кумановци го добија со 89-82, триумф со кој тимот предводен од Марин Докузовски се врати во игра за шестото место кое води во плејоф-разигрувањето. Кумановци повторно имаа многу осцилации во играта, пред се во првата четвртина што гостинот ја доби со 24-32. Домаќинот конечно заигра подобро во одбраната, во вториот период беше подобар со ...

Македонската А репрезентација продолжува со подготовките за следниот предизвик, гостувањето кај Република Ирска на 31 март во Даблин. По поразот од Данска, фокусот во националниот тим е насочен кон анализа на противникот и подобрување на формата пред новиот дуел. Дефанзивецот Ѓоко Зајков потенцира дека тимот извлекол поуки од претходниот натпревар и дека клучот ќе биде во менталната стабилност во текот на целиот меч. „Данска е навистина ...

Италија ги пропушти последните две светски првенства, па јасно е зошто на претстојниот дуел со БиХ закажан за вторник во Зеница се гледа како на дуел „да се биде или не“ за „аѕурите“. Притисокот е огромен, па така и легендата Франческо Тоти го најави дуелот со БиХ како меч „да се биде или не“ за италијанскиот фудбал. „Во вторник играме во БиХ, каде не очекува тежок и незгоден натпревар. За нас е: победа или смрт!“, порача Франческо Тоти. Тој ...

Тренто стигна до огромна победа на гостувањето против Венеција од 87-106, триумф со кој тимот на нашиот Андреј Јакимовски се врати на осмото место во трката за пласман во плејофот во италијанскиот шампионат. Венеција влезе како фаворит во мечот ако се знае дека моментно се наоѓа на четвртото место на табелата, но Тренто одигра одличен меч, уште во првото полвуреме стигна до предност од 36-51 што дополнително ја зголеми до самиот крај на ...

Охрид одигра импресивно на првиот четвртфинален меч од ЕХФ Европскиот куп декласирајќи го тимот на Олимпијакос со 26-31, резултат што широко ги отвора вратите кон полуфиналето од ова европско натпреварување. Охриѓани со право се горди на своето издание и заслужената победа, која ќе остане овековечена со селфито објавено од соблекувалната во грчката метропола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...

Резултатската криза на актуелниот шампион Баскет Кам се продлабочи по најновиот неуспех на оваа екипа, која на домашен терен беше поразена од Вардар со резултат 48-55. Пресудно беше првото полувреме во кое „вардарки“ целосно доминираа поведувајќи со 19-41. Шампионките се разбудија во вториот дел, но негативата беше преголема, па се што успеа Баскет Кам да стори е да го ублажи поразот до конечните „минус седум“. Во екипата победник, Трајковска ...

Охрид направи огромен чекор напред кон полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим попладнево како гостин го совлада Олимпијакос сред Атина со резултат 26-31. За охриѓани ова беше најголем предизвик во досегашниот дел од сезонава, на што одговорија на најдобар можен начин, покажувајќи и искуство и квалитет, заслужено славејќи и покажувајќи дека имаат квалитет да бидат дел од најдобрите четири екипи во ова европско ...

Тиквеш и Работнички ја искористија оваа репрезентативна пауза за со пријателски меч да му оддадат почит на Андреј Лазаров, поранешниот фудбалер на овие две екипи што го загуби животот во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Лазаров успеал да излезе од дискотеката, но потоа херојски се вратил за да спаси што повеќе животи при овој трагичен настан. Дента по големата несреќа, фудбалерот почина во една од скопските клиники, ...

Ненад Димитријевиќ се врати на терените по ситната повреда, но неговиот Баерн Минхен претрпе шокантен пораз на гостувањето против Хамбург со убедливи 96-81. Баерн е лидер на табелата, Хамбург се наоѓа на 16. позиција, но пресметката со баварскиот гигант беше огромен мотив за домашните кошаркари кои одиграа одличен меч и заслужено стигнаа до убедлива победа. Димитријевиќ поради болки во грбот не настапи на последните две евролигашки средби за ...

Душан Влаховиќ напредува во преговорите за нов договор со Јувентус, но истовремено Милан не се откажува од намерата да го убеди српскиот голгетер да им се приклучи на „росонерите“ во летниот преоден рок. Јувентус му понуди на Србинот нов двогодишен договор за плата од 6,5 милиони евра плус богат бонус за потпис, но последните информации говорат дека Милан понудил повеќе пари за да го доведе овој фудбалер на „Сан Сиро“. Фактот дека играч од ...

Игор Тудор повеќе не е тренер на Тотенхем откако лондонскиот клуб преку соопштение ја официјализираше разделбата од хрватскиот стратег. Тудор требаше да биде спасител на „спарси“ откако дојде на местото на Томас Френк, но Хрватот се покажа како апсолутно разочарување, тимот под негово водство нижеше порази, единствениот бод во Премиер-лигата освојувајќи го на гостувањето против Ливерпул. Домашниот пораз од Нотингем Форест пресуди тој да добие ...

Нико Шлотербек конечно донесе одлука за својата иднина, и тоа сосема неочекувана откако неколку месеци беше најавувано дека германскиот репрезентативец по истекот на договорот со Борусија Дортмунд како слободен играч ќе ги напушти „милионерите“. Тој преговараше со Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул и Баерн Минхен, но Шлотербек на крајот се премисли – и реши да остане во Дортмунд уште најмалку една сезона. Германските медиуми објавија дека е ...

Кашемиро игра извонредно во дресот на Манчестер јунајтед по доаѓањето на Мајкл Карик за менаџер, но Бразилецот не отстапува од својот став – на крајот од сезонава да си замине од „Олд Трафорд“. Договорот на бразилскиот репрезентативец истекува во јуни, а Кашемиро веќе стави до знаење дека нема намера да потпише нов, туку ќе се реши за нов предизвик во кариерата надвор од Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ се во потрага по врвен играч за врска ...

УЕФА ги објави официјалните лица за финалните баражи за пласман на СП 2026, а одговорноста да ја дели правдата на дуелот меѓу БиХ и Италија му припадна на Клемон Турпан. Французинот кој важи за еден од најдобрите светски судии ќе биде главен на дуелот во Зеница закажан за 31 март, но неговото номинирање за овој дуел предизвика бурна реакција меѓу италијанските фанови. Не поради судиските квалитети на Турпан, туку поради фактот дека тој беше ...

Маџари дефинитивно е најпријатното изненадување оваа сезона во кошаркарската Супер-лига откако во дебитантската сезона во елитното друштво не само што обезбеди влез во плејофот, туку е на добар пат да влезе како четвртопласиран тим во доигрувањето за највисок пласман. Младиот стратег Миодраг Тодоровиќ одлично го води тимот на Маџари сезонава, тој не го криеше задоволството откако во „дербито на Гази Баба“ убедливо го совлада тимот на Феникс, ...

Александар Трајковски денеска објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера, во која големиот ас постигна низа исклучително важни погодоци за македонската репрезентација. Трајковски беше крајно разочаран од одлуката на селекторот Седлоски да не му даде ниту минута на баражот со Копенхаген, неговата сопруга реагираше со објава на социјалните мрежи, по што самиот Трајковски побара да не биде дел од тимот за следниот меч со Република ...

Македонската фудбалска репрезентација од скопскиот аеродром „полета“ за Даблин, каде нашите фудбалери во вторник со почеток во 20.45 часот ќе го одиграат пријателскиот меч со селекцијата на Република Ирска. Дуел на две селекции кои беа поразени во полуфиналето од бараж за СП 2026, па далеку од посакуваната атмосфера ќе сакаат само што побрзо да го одработат овој меч. Македонската репрезентација утре ќе го одржи официјалниот тренинг на ...

Раководството на Е. Пелистер осигура уште еден важен потпис за новата сезона, успевајќи да го задржи во своите редовите Ник Хенигман. Словенечкиот репрезентативец кој е важен адут во одбраната на „зелено-белите“ од медиумите во татковината беше поврзуван и со преселба во Алкалоид, но „пелистерци“ успеаја да го „врзат“ Хенигман со нов потпис. „РК Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе се потпре на словенечката класа и професионалност на Ник ...

Лука Дончиќ игра феноменално во последниот месец, предводејќи го тимот ЛА Лејкерс до низа клучни победи, но Словенецот не крие дека е разочаран што и покрај извонредните настапи тој е се подалеку од МВП наградата. Американските медиуми редовно го пренесуваат рангирањето за најпрестижната индивидуална награда, а Дончиќ е шокиран што од второто, падна на четвртото место во најновиот ранкинг, зад Гилџус Александер, Јокиќ и Вембењама. ...

Мулти Есенс е на добар пат да се врати назад во македонската ракометна елита откако младиот тим од Автокоманда забележа клучна победа на вчерашното дерби со Младост Богданци, со убедливи 39-27. Гостите од Богданци дојдоа во „Автокоманда“ без ниту еден претрпен пораз сезонава, но младите ракометари на Мулти Есенс одиграа перфектен меч, забележаа убедлива победа и го презедоа врвот на табелата. Првото полувреме мина во израмнет ракомет, на ...

Романската тренерска легенда Мирчеа Луческу доживеа срцев удар за време на последниот тренинг пред заминувањето за Словачка, каде Романците ги очекува пријателски меч по неуспехот во полуфиналето од баражот со Турција. За Луческу ова требаше да биде последен меч како селектор на Романија, но прославениот стратег колабирал неколку минути по почетокот на тренингот. Романската Фудбалска Федерација потврди дека селекторот се соочил со сериозни ...

Вечното дерби на македонската кошарка ќе се игра вечерва во 19 часот во салата „Јане Сандански“ во скопски Аеродром, каде МЗТ Скопје ќе ја има улогата на голем фаворит против Работнички. „Металците“ се освојувачи на титулата и моментно се во трка со ТФТ за првото место пред доигрувањето, додека Работнички се бори за гол суперлигашки живот. Сепак, во таборот на „центарци“ не кријат дека се надеваат на изненадување, свесни дека ваквите дерби ...

Барселона е во потрага по нови напаѓачи за летниот преоден рок, а на листата со желби на директорот Деко се најде и едно неочекувано име – косовскиот репрезентативец Фисник Аслани. Овој фудбалер блеска во дресот на Хофенхајм и веќе е најавено дека летово го очекува трансфер во поголем клуб, а неговиот агент Ајман Дахмани потврди дека интересот на Барса е сосема реален. „Тоа не е обична шпекулација, Барселона навистина се интересира за Аслани. ...

Ниту седмото коло од Првата македонска лига не донесе сериозни промени во поглед на позициите на табелата, особено оние први четири кои водат кон доигрувањето за место во Супер лигата. Двете екипи кои ја делат првата позиција, Струмица 2001 и Соколи 1933 беа сигурни на свој терен. Истото се случи и во мечевите во кои и другите две, Бутел и Борец баскет, исто така на свој паркет, не дозволија второ изненадување, како она во претходното коло, ...

Бразил речиси сигурно ќе биде без помошта на својот најдобар фудбалер Винисиус за претстојниот контролен дуел со Хрватска, откако асот на Реал Мадрид се пожалил на болка во мускулот. Вини воопшто не тренирал со остатокот од репрезентацијата, му била укажана лекарска помош. Конечната одлука ќе ја донесе Карло Анчелоти, но бразилските медиуми најавуваат дека ризикот од посериозна повреда на помалку од три месеци до стартот на мундијалот е ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
66%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.16
78%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
48%
1018
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8942

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Платина

66744.95

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Паладиум

49351.40

Калај

52.70