Синоќа, Франција беше поразена од Англија во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 со 6-4. Во Мајами гледавме незаборавен натпревар каде што видовме дури десет гола, а на крајот Англичаните успеаја да го освојат бронзениот медал. Сепак, она што е главна тема е пристапот на француските играчи на мечот, посебно во првото полувреме. „Триколорите“ изгледаа целосно незаинтересирани за првиот дел, што го докажува и фактот дека ...

Жоан Капдевиља, светски шампион со Шпанија во 2010 година, требаше да го пропушти денешното финале на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, и покрај поканата на неговата феедерација да присуствува во Њујорк. На поранешниот репрезентативец му беше одбиено електронското овластување за патување ЕСТА, поради што не можеше да патува во САД во рамките на безвизната програма. Поради забраната, Капдевиља јавно му се обрати на ...

Квалитетот на македонскиот судија Зоран Митровски е потврдуван во бројни ситуации изминатите години, тренд што продолжи и на европското првенство за кошаркари до 20 години – Б дивизија што се одржува во Словачка, каде Митровски ќе биде дел од судиската тројка што ќе ја дели правдата на големото финале. Македонецот судеше беспрекорно на сите натпревари на кои беше делегиран на овој шампионат, што беше препорака тој да ја добие одговорната ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Ова е прво мундијалско финале во кое се среќаваат актуелниот шампион на Европа со актуелниот првак на Јужна Америка. Шпанија е првата репрезентација во мундијалската историја што не ...

Селекцијата за кошаркари до 20 години на Македонија го освои деветтото место на Европското првенство – Б дивизија што се одржуваше во Словачка откако нашата млада селекција славеше во денешниот последен меч над БиХ со убедливи 91-81. „Црвено-жолтите“ ги одиграа во висок ритам сите натпревари од доигрувањето за пласман, бележејќи серија убедливи победи по кои останува да се жали што немавме среќа на стартот од шампионатот, каде падот на ...

По долго чекање, Партизан денеска конечно го официјализираше првиот трансфер за наредната сезона, потпишувајќи двогодишен договор со Кевариус Хејс. Искусниот 29-годишен центар доаѓа во редовите на белградските црно-бели од таброот на Монако, а претходно има настапувано во Евролигата и во дресот на Жалгирис, Париз и Асвел. Партизан прави сериозен ремонт во играчкиот кадар, a Хејс доаѓа на местото на Бруно Фернандо, кој се пресели во таборот на ...

Приоритет за Работнички летово ќе биде чистење на големите долгови од изминатите години, но „центарци“ веќе почнаа и со планирање на тимот за наредната сезона. Прво засилување за „црвено-белите“ е Фатјон Реџа, а договорена е соработката и со американски поентер добро познат во мак-баскетот. Станува збор за Дарин Говенс, искусниот Американец кој неколку години со голем успех ги бранеше боите на ТФТ. Говенс дури и беше малцински акционер во ...

Аргентина и Шпанија ќе излезат вечерва на теренот во мегдан за големото финале, Шпанците да стигнат до втората светска круна во својата историја, „гаучосите“ во обид да станат само втора земја во историјата што ја одбранила светската титула (по Италија во далечната 1938 година). Ако се навратиме на историјата на финалните натпревари од последните светски шампионати, огромни се шансите овој меч да не биде решен по 90 минути игра. Фановите ...

Лионел Меси ќе ја предводи Аргентина во нова финална битка, но легендарниот фудбалер прави се за да го намали притисокот врз својот тим во пресрет на дуелот со Шпанија. Така, Лео синоќа на својот профил на инстаграм објави писмо со кое потсети дека оваа аргентинска генерација веќе испишала историја, јавно заблагодарувајќи се на сите оние кои беа дел од овој успех. „Најдобар ден од сите овие години никога не беа само титулите, туку самата ...

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го освои 20. место на европското првенство што се одржуваше во Романија. Во денешниот последен меч нашите „црвено-жолти“ за противник ја имаа Србија, меч во кој дозволија противникот да доминира и да стигне до триумф од 30-34. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме што противничката селекција го доби со убедливи 12-20. Во продолжението Македонија заигра ...

Хулијан Алварез е фокусиран да го предводи нападот на Аргентина во вечерашното финале, но веднаш по завршувањето на овој мундијал се очекува аргентинскиот гоглетер да влезе во сериозен конфликт со раководството на својот клуб Атлетико Мадрид. Причината е добро позната – желбата на Алварез да се пресели во редовите на Барселона, трансфер за кој во Атлетико не сакаат ни да слушнат и пред неколку дена преку видео-изјава на претседателот Черезо ...

Дидие Дешамп на својот последен меч како селектор на француската репрезентација виде две различни лица на „триколорите“, првото во кое беа целосно надиграни и губеа со 0-4 и второто во кое за малку ќе се вратеа, откако се доближија до 3-4, за на крајот да го загубат овој драматичен натпревар со 4-6. „Поразот боли, но да не заборавиме дека губевме со 0-4. Одигравме ужасно прво полувреме во кое не покажавме ништо. Одговорноста за тоа е моја ...

Букајо Сака за првпат на овој светски шампионат одигра 90 минути на еден натпревар и одговори на најдобар можен начин, станувајќи само четврти англиски фудбалер со мундијалски хет-трик. Со тоа, веднаш се поставија прашањата зошто асот на Арсенал не доби поголема минутажа на овој шампионат, со оглед на одличната форма што ја покажува со години наназад. „Дали сакав да играм повеќе? Апсолутно, но тоа не е мој избор. Јас сакам да сум на теренот ...

Франција го загуби натпреварот, но кога ќе се урне рекорд како што тоа го стори Килијан Мбапе, јасно е дека членот на „кралскиот клуб“ го заслужува епитетот херој. Да се биде најдобар стрелец во историјата на мундијалите, и тоа со само три одиграни светски првенства (Меси има шест), да се имаат 22 гола на 22 меча на мундијалите, да се има десет гола на СП 2026 (последен пат до ваква бројка на СП стигнал Герд Милер во 1970)… само ја ...

Лео Меси и Ламин Јамал ќе водат битка на фудбалските генијалци во големото финале, но подеднаков придонес за конечниот исход ќе има и изданието на двајцата голмани, Емилијано Мартинез кај Аргентина и Унаи Симон кај Шпанија. Симон за првпат доби шанса како голман на Шпанија во 2020 од страна на Луис Енрике и оттогаш е незамеnлив на голот на „црвената фурија“. Блескаше во Лигата на Нации, беше меѓу најзаслужните и за круната на ЕВРО 2024, а во ...

Рома успеа да ги задржи Кристанте и Манчини како лидери на тимот за наредната сезона, а „волчицата“ е на добар пат да доведе и врвно засилување што ќе ја освежи навалната линија на екипата предводена од Џампјеро Гасперини. Прва желба на римјаните беше Мејсон Гринвуд, но откако асот на Олимпик реши да замине во Фенербахче челниците на Рома вниманието го насочија кон Крисенсио Самервил, брзоногиот крилен офанзивец кој се наоѓа на излезна врата ...

Килијан Мбапе урна бројни рекорди на овој светски шампионат, но остана без она најпосакуваното – да се бори за големиот трофеј и по вторпат во кариерата да се израдува на титулата светски првак. „Индивидуалните награди значат, но да бидам искрен, веднаш би ја менувал наградата за најдобар стрелец, само за да играм финале“, изјави Мбапе. Тој има два погодоци повеќе на СП 2026 во однос на Лео Меси, но Французинот е свесен дека оваа битка уште ...

Сите погледи на спортската јавност денеска се насочено кон големото финале на СП 2026 во кое силите ќе ги одмерат Аргентина и Шпанија. Златан Ибрахимовиќ како стручен аналитичар го следи овој мундијал, а легендарниот голгетер нема дилема – Шпанија ќе биде селекцијат ашто ќе се радува на крајот на финалето. „Шпанија ќе биде сигурен сум во тоа. Шпанците со стилот на игра можат да ја запрат оваа Аргентина. Што ќе се случува? Шпанија ќе го игра ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Ова беше првиот мундијалски меч со десет или повеќе погодоци уште од 1982 година, кога Унгарија го совлада Ел Салвадор со 10-1. Последниот дуел со најмалку десет гола во нокаут фазата од мундијалите е оној од 1954 година во кој Австрија славеше над Швајцарија со 7-5. Букајо Сака е само втор англиски ас ...

Големината на играчите се гледа токму во најважните моменти, токму затоа уште поимпресивна е статистиката на Лионел Меси, кој традиционално блеска токму на клучните натпревари, како на клупско, така и на репрезентативно ниво. Впрочем, најдобар доказ за тоа е статистиката која вели дека аргентинскиот генијалец има одиграно вкупно 43 финалиња во кариерата, славејќи на 30 од нив, импресивни 69% на успешност во мечеви за трофеи со врвни ривали. ...

Реал Мадрид нема ниту еден свој фудбалер во шпанската репрезентација, но затоа „кралевите“ доминираат во останатите селекции на овој светски шампионат. Најдобар доказ за тоа е неверојатниот рекорд што Реал го постави, фудбалерите на „кралскиот клуб“ постигнаа дури 22 погодоци на овој мундијал, повеќе од било кој клуб досега на било кој светски шампионат. Листата ја предводи Килијан Мбапе со десет, пред Белингем со седум, а меѓу стрелците се ...

Деклан Рајс одигра уште еден одличен натпревар за, постигнувајќи гол и асистенција во спектакуларната победа од 6-4 над Франнција во дуелот за третото место на СП 2026. Асот на Арсенал не крие дека е импресиониран од квалитетот што го поседува англискиот состав, потенцирајќи дека е време оваа селекција конечно да направи чекор наред. „Ова е најдобрата група на играчи, најдобриот тим што Англија го имала долго, долго време наназад. Тоа е факт ...

Килијан Мбапе синоќа против Англија го одигра својот 22. мундијалски натпревар, со што францускиот ас на вечната листа го мина легендарниот Диего Армандо Марадона. Аргентинската легенда имаше 21 меч на светските првенства во својата белскава кариера, еден помалку од фантастичниот Французин. Мбапе во полуфиналето со Шпанија го мина Хуго Љорис и стана француски репрезентатиец со најмногу мундијалски мечеви, за на последниот дуел зад себе да го ...

Михаел Олис со одличните партии во дресот на Франција покажа зошто Реал Мадрид подготвува богатство за да го убеди на трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Олис мајсторски го проигра Мбапе при првиот гол на Франција на синоќешниот дуел со Англија, а потоа асистираше и при третиот погодок на „триколорите“, повторно дело на Мбапе. Она што е најважно – асот на Баерн со овие две додавања урна рекорд што долги години беше сопственост на големиот Пеле. ...

Англија за првпат во историјата го освои третото место на едно светско првенство откако во неверојатен дуел славеше над Франција со 6-4. Најавите дека „малото финале“ ќе биде здодевно и немотивирачко за фудбалерите се покажаа како празни муабети, овој дуел понуди суператрактивен и офанизвен фудбал во кој беа постигнати десет погодоци, за најефикасен меч за трето место воо историјата на мундијалите, со хепиенд за Англичаните. Пресудно се ...

Килијан Мбаапе блесна во сиот свој сјај на овој мундијал, а со двата гола против Англија стигна до вкупно 22 погодоци, за епитетот најдобарстрелец во историјата на светските првенства. Тој и Лео Меси уште на стартот од СП 2026 го минаа досегашниот рекордер Мирослав Клосе, за Мбапе вечерва да го симне од тронот и аргентинскиот фудбалски генијалец. Бројките на Килијан се неверојатни, тој има 22 гола на 22 мундијалски средби, за да го урне ...

Првото полувреме од малото финале на СП 2026 меѓу Англија и Франција мина во апсолутна доминација на „гордиот албион“, кој неочекувано води со 4-0 по 45 минути игра на овој натпревар. Двајцата селектори направија бројни рокади во тимовите, но Англичаните далеку подобро се снајдоа, создавајќи бројни шанси од кои три пати го совладаа Мењон. Во прилог им оди и што првата шанса ја претворија во погодок, со прекрасниот удар на Деклан Рајс во ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз на контролните натпревари во Софија откако загуби од кадетската селекција на Ирска со (79:88). Нашите кадети беа рамноправен противник во поголемиот дел од средбата, но по изедначените три четвртини, Ирците одиграа подобро во завршницата и стигнаа до победата. Капитенот Зунзуровски беше најефикасен во македонскиот состав со 26 поени, четири асистенции и два скока. Шабани ...

Партизан катастрофално ја почна новата сезона во српскиот шампионат играјќи само 2-2 во првото коло во кое „црно-белите“ беа апсолутни фаворити на гостувањето против Земун. Тие беа на чекор до победа, водеа со 0-1 и со 0-2, но примија гол буквално на 20 секунди до крајот на натпреварот, и тоа супер-смешен погодок во кој голманот и дефанзивецот на Партизан се судрија, а топката го удри домашниот напаѓач и заврши во празната мрежа. Погледнете ...

Навивачите на Рома имаат причина за задоволство откако двајца клучни фудбалери на „волчицата“, Брајан Кристанте и Џанлука Манчини потпишаа нови договори со римскиот клуб. Кристанте е член на Рома уште од 2018 година и оттогаш собра 364 настапи за овој клуб, постигнувајќи вкупно 21 гол во лигашките и во куп-натпреварувањата. Тој е меѓу Топ 10 фудбалерите по бројот на настапите во клупската историја на Рома, а се очекува Кристанте дополнително ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
91%
1013
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
84%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
77%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.76
92%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.74
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
83%
1021
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
91%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1018
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
96%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
99%
1021
Currency

61.662

Currency

55.014

Currency

73.84

Currency

37.98

Currency

38.98

Currency

67.13

Currency

8.2525

Currency

0.66685

Currency

0.34786

Currency

0.52402

Currency

1.0961

Currency

0.58649

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Калај

46.57

Цинк

3.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32633.01

Платина

49640.75

Родиум

302217.02

Сребро

1667.87

Злато

130085.14

Алуминиум

2.99

Бакар

12.57