Белград
5ᴼ /
5ᴼ
Шпанскиот гигант Реал Мадрид би можел да се приклучи во трката за потпишување на договорот со дефанзивецот на германската репрезентација и Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек. Според „Билд“, „кралевите внимателно ја следат ситуацијата околу централниот дефанзивец, чиј договор со „жолто-црните“ истекува во летото 2027 година. Изданието истакнува дека Мадрид е во позиција да се натпреварува со Барселона – уште еден клуб заинтересиран за 25-годишниот ...
Големиот играч на светската кошарка ја заврши својата професионална кариера. Карлос Делфино, човекот кој остави голем белег играјќи за аргентинската репрезентација со која ги освои Олимписките игри во 2004 година, како и бронзениот медал четири години подоцна, ја заврши кариерата на 44-годишна возраст. Делфино играше за голем број тимови, остави голем белег играјќи за Фортитудо од Болоња за која играше две години, потоа играше за Детроит, ...
Ноќеска се одиграа две предсезонски мечеви во НБА лигата. Чикаго беше подобар од тимот на Кливленд, додека Индијана после продолженија ја совлада Минесота. Чикато благодарение на последната четвртина, која ја доби со 35-27, на крајот славеше со 118-117. Музелис од Чикаго беше најефикасен кошаркар на теренот со 19 поени, додека кај Кливленд Хантер и Портер постигнаа 17 поени. Минесота имаше импресвна последна четвртина која ја победи со 42-29, за ...
Црвена Ѕвезда од Белград одлучи да ја прекине соработката со тренерот Јанис Сферопулос. Грчкиот стручњак е при крајот на својот двегодишен мандат на црвено-белата клупа, неофицијално дознава „Моцарт Спорт“. Белградскиот тим одлучи пријателски да се раздели со Гркот, по лошиот почеток на сезоната со порази од Армани и Баерн во Евролигата и од Задар во АБА лигата. Раководството на клубот веќе започна процес на наоѓање на нов тренер. Но, постои ...
Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер е уверен дека деновите на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед се избројани. Тој прогнозира дека Аморим нема да ја дочека Новата година на клупата на „Црвените ѓаволи“. Карагер ова тврдење го базира врз основа на статистиката, која е катастрофална за Португалецот. „Не сакам да кажам дека некој треба да биде опуштен затоа што тоа е непочитување, но сега мислам дека не е можно да продолжи на клупата. ...
Иако клупскиот фудбал е во втор план оваа недела, веста дека УЕФА одобрила шпанското и италијанското првенство да организираат одредени натпревари надвор од нивната земја ја разбранува јавноста, а прв кој го крена гласот против оваа одлука беше првиот играч на Милан, Адриен Рабио, кој не се согласи неговиот тим да игра против Комо во Австралија. Така Виљареал ќе ја пречека Барселона во Мајами, додека Перт треба да биде домаќин на натпреварот ...
И покрај пишувањата дека Стивен Џерард ќе се врати на клупата на Глазгов Ренџерс, и да го наследи отпуштениот Расел Мартин, денеска британските медиуми пишуваат дека во комбинација за клупата е и хрватскиот тренер Славен Билиќ. Билиќ бил предлог од лице блиско до клубот, а откако не успеа да седне на клупата на Вест Хем, кој го назначи Нуњо Еспирито Санто, сега е во комбинација и за славниот шкотски тим. Токму меѓу овие двајца ќе се одвива ...
Најголемите германски клубови во моментов Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, се заинтересирани за еден ист играч, и се очекува во следните години да водат „војна“ за да го ангажираат. Станува збор за играчот на Келн, Саид Ел Мала, кој го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во повратникот во Бундеслигата. Ел Мала има 19 години, игра како крилен напаѓач и аналитичарите во Германија му предвидуваат светла иднина. Овој фудбалер оваа сезона ...
Сегашниот голман на Барселона, Војчех Шчесни изјави дека немал план да му се врати на фудбалот, туку да се посвети на семејството, и затоа не планирал да ја прифати понудата на Барселона. Полскиот голман се приклучи на каталонскиот клуб минатата сезона, само неколку недели откако објави крај на кариерата. Веднаш стана прв голман по повредата на Тер Штеген, и ја освои титулата во Ла Лига, а играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Да ...
Нигерскиот кошаркар и член на Црвена Звезда, Чима Монеке, за „Американос24“ изјави дека кошаркарот на македонската репрезентација Ти-Џеј Шортс нема да се вклопи во тимот на Панатинаикос. Американецот кој игра за Македонија, од Монако во текот на летоот се пресели во Атина, и немаше добар старт во Евролигата со „зелено-белите“. „Мое мислење е дека Шортс нема да се вклопи во Панатинаикос. Не мислам дека играч кој би можел да освои МВП, би отишол ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа стартуваа во новата сезона во АБА 2 натпреварувањето. „Металците“ благодарение на одличното второ полувреме, успеаја да дојдат до победата од 75-63. Проблемите на македонскиот тим беа во првите две четвртини, по кои гостите имаа предност. Во првата четвртина со +1, а на полувреме заминаа со +3. Меѓутоа МЗТ најде лек, и ја доби третата четвртина со дури 11 разлика (22-11), а потоа во ист стил продолжи и во ...
Српскиот ракометар Огњен Радојичиќ е нов ракометар на МРК Куманово. Интернационалецот од Србија е повратник во редовите на суперлигашот откако ги бранеше боите на МРК Куманово пред две сезони. Радојичиќ кој е роден 2000 година и е висок 198 игра на позиција лев бек и ќе биде вистинско освежување за тимот на тренерот Љубиша Димковски во продолжение од сезоната во машката ракометна Супер Лига. „Искрено не се двоумев откако повторно се јавија од ...
Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, доби ќерка Аја пред мечот со Белгија во квалификациите за Светското првенство. Неговата сопруга се породи во Турција, а неговиот клуб Коњаспор му честиташе за приновата. Барди беше денеска на тренингот на Македонија, пред утрешното заминување на играчите во Гент, каде што во петок ќе се одигра мечот со Белгија. Futbolcumuz Enis Bardhi ve değerli eşi Festina’nın Aya adını verdikleri kız ...
Белгија во петок ја чека Македонија во Гент. Белгијците важат за големи фаворити, но Македонија патува како првопласирана во групата со надеж дека тоа место ќе го задржи и после овој циклус. Крилниот играч Леандро Тросар ги искажа своите очекувања од мечот во петок. Играчот на Арсенал рече дека нема да ја потценат Македонија, и посакува што побрзо да се отвори резултатот. „Од нас зависи дали ќе победиме во петок и ќе патуваме во Велс во добра ...
Уште една фудбалска легенда најави дека на крајот од сезонава ќе каже збогум на најважната споредна работа на светот, Жорди Алба попладнево преку видео-порака обелодени дека пред крајот на годинава ќе ја заврши својата богата кариера. Легендарниот лев бек на Барселона од неодамна ги брани боите на Интер Мајами, клуб каде дојде на инсистирање на својот добар пријател Лео Меси. Тој игра на највисоко ниво во МЛС-лигата, викендов постигна два гола ...
Лацио се наоѓа во сериозна криза, по првите шест рунди во Серија А има собрано само седум бода и се наоѓа на 13. место на табелата, а тренерот Сари згора на тоа има сериозни проблеми со повредеи фудбалери. Матија Закањи се повреди пред последниот меч и ќе паузира четири седмици од терените, повредени се и Марушиќ и Пелегрини, а последната лоша вест пристигна од Сенегал. Булаје Дија требаше да настапи за оваа селекција во африканските ...
Скопската пресметка меѓу Бутел и Пролет заврши без победник, 22-22, откако гостите со фуриозен финиш се вратија од „минус два“ во последната минута и со погодокот на Андреј Стојановски стигнаа до реми. Ова беше прв бод за Пролет на гостински терен сезонава, со што тимот на Матлиески воедно ја прекина и серијата од четири победи на Бутел во Супер-лигата. Бутел фуриозно го отвори мечот поведувајќи со 3-0 во почетните пет минути, потоа и ...
Македонските фудбалери ги продолжуваат подготовките за важните октомвриски битки против Белгија и Казахстан, кои може да се покажат клучни за „црвено-жолтите“ во обидите да се исполни големиот сон – Македонија да заигра на еден фудбалски мундијал. Прв испит е оној најтешкиот – гостувањето во Гент во кое Белгија ќе ја има фавортиската улога, но избраниците на Милевски низ годините покажаа дека се и повеќе од способни да ги замрсат сметките на ...
Македонската А репрезентација со полн состав се подготвува за претстојните натпревари од квалификациите за СП 2026 против Белгија (10. октомври, Гент) и Казахстан (13. октомври, Скопје). Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски смета дека овие натпревари се едни од најважните во поновата репрезентативна историја, воедно и очекува добри игри на Македонија на овие два дуела. „Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната ...
Босна и Херцеговина и регионот денеска тагуваат по Халид Бешлиќ, откако познатата музичка звезда почина на 72-годишна возраст, губејќи ја битката со тешката болест. Капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ, Един Џеко, преку емотивна објава се збогуваше од пејачот кој со години беше меѓу омилените не само во БиХ, туку и во останатите држави од поранешна Југославија. „Си замина човекот чиј глас беше дел од нашите животи. Халид, ти благодарам ...
Адис Бечирагиќ повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ откако искусниот стратег самиот си поднесе оставка од оваа функција. Оставката следи по бурното лето во кое Бечирагиќ се соочи со огромни проблеми со составот на БиХ за Евробаскет 2025, но сепак успеа да ја одведе оваа репрезентација во нокаут фазата. „Ви се обраќам откако ја донесов една од најтешките одлуки во кариерата. Како и секогаш, ќе бидам директен – поднесувам ...
Најдобриот стрелец на Кил од ланската сезона, Емил Мадсен, ќе отсуствува најмалку три месеци од терените и нема да може да настапи за Данска на претстојното Европско првенство на почетокот од 2026 година. Мадсен се пожалил на болка во десното колено и воопшто не тренираше изминатата седмица, а деталните прегледи покажале проблем со рскавицата порди што ќе мора да претстои подолг рехабилитациски период. Како што информираа од Кил, направен е ...
Лекарскиот тим на Барселона има полни раце работа овој октомври откако повреди во изминатиот период заработија стандардни првотимци како Ламин Јамал, Рафиња, Гави, Џоан Гарсија, како и Фермин Лопез и Марк Андре Тер Штеген. Во една ваква ситуација каталонците викендов го претрпеа првиот пораз во Ла Лига сезонава, со убедливи 4-1 од Севилја, но од Барселона стигнуваат охрабрувачки вести околу здравствената состојба на клучните асови. Бразилецот ...
Селекторот на машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, Горан Кузманоски го објави поширокиот список на ракометари за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство. Претходно, селекцијата до 18 години во периодот од 16 до 20 октомври ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“. На турнирот во Романија ќе настапат селекциите на Полска, Романија, Македонија и Србија. СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ...
Поранешниот ракометар на Вардар, Мартин С., а потоа и познат модел во Србија, е момчето кое по непрофесионално ракување со експлозивна направа загина во стан во центарот на Белград, пренесуваат српските медиуми. Главниот град на Србија беше потресен од силна експлозија 21-годишниот Мартин починал на лице место по експлозијата во стан на улица Косовска, на само неколку десетици метри од зградата на Народното собрание. Во станот, наводно, е ...
Еден од најславните македонски фудбалски колективи, ФК Пелстер својот голем јубилеј – 80 години од формирањето на клубот, ќе го одбележи, меѓу другото, и со пријателскиот натпревар со еден од најпознатите романски клубови Динамо Букурешт. Пријателскиот натпревар ќе се одигра в недела (12 октомври) со почеток од 17:30 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. „Следува голема прослава со богата спортска и културна програма, во чест на ...
Легендарниот германски фудбалер од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, Тони Крос во својот подкаст „Einfach mal Luppen“ детално ја анализираше играта на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик. Иако ја пофали привлечноста, тој ги истакна и клучните слабости за кои верува дека ќе ги чинат успех во Лигата на шампионите. Кроос верува дека играта на Барселона е една од најзабавните за гледање во Европа, но нивната „опсесија“ со ...
Србија и Албанија во сабота ги очекува пресметката во квалификациите за СП 2026, а сосема јасно е дека натпреварите меѓу двете селекции секогаш се натпревари од висок ризик. Дуелот ќе се игра во Лесковац, место на легендарната „Маракана“ во Белград, а главната причина за таквата одлука е казната што Србите ја добија од УЕФА, па затоа немаше секако да играат пред полни трибини во Белград, што сигурно би било големо олеснување за Албанија. Но, ...
Македонија на 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе биде домаќин на еден од најголемите спортски настани во поновата македонска историја – ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Овој настан е дел од прославата „20 години – Спортско радио 90,3 ФМ“, кое веќе две децении е гласот на спортот и верен следбеник на сите спортски херои и успеси во Македонија. Овој уникатен настан ќе ги обедини на едно ...
Фудбалската федерација на Македонија организираше официјална фан-зона за македонските навивачи пред натпреварот меѓу Белгија и Македонија во квалификациите за СП 2026 кој се игра на 10 октомври во Гент. Како што информираат од ФФМ, местото на македонската зона ќе биде во Коренмаркт во Гент, а ќе биде отворена од 11 до 18 часот на 10 октомври, каде сите македонските навивачи ќе може да се соберат пред заедничкото заминување на стадионот во Гент. ...