Белград
5ᴼ /
5ᴼ
Реал Мадрид славеше на дуелот со Вилјареал со 3-1, а гостите по мечот имаа забелешки за судењето, особено за пеналот со кој „кралевите“ поведоа со 2-0. Контакт постоеше, но истиот беше инициран од Винисиус, судијата сепак покажа на белата точка, а згора на неколку минути подоца неоправдано го исклучи Мурињо, повторно за старт врз Винисиус по кој Бразилецот падна како покосен. „Ваков пенал се суди само кога е за Реал Мадрид“, е еден од бројните ...
Хари Кејн е актуелен во фудбалската јавност поради одличната форма во која игра за Баерн Минхен, но и поради неверојатната понуда што англискиот голгетер ја доби – погодувате, од Саудиска Арабија. Екс-шампионот Ал Хилал е подготвен да го направи Кејн најплатен фудбалер во клупската историја, нудејќи му неверојатни 100 милиони евра по сезона, и тоа во наредните три години. Весникот „Билд“ уште пред неколку месеци објави дека Кејн има клаузула што ...
Повредата што Давид Брестовац ја заработи на вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер не е од посериозна природа, потврди доцна синоќа битолскиот клуб. Брестовац настрада по една извонредна интервенција кога на него налета ракометарот на Вардар што шутираше, а првите прогнози беа дека станува збор за сериозен проблем со коленото. За среќа, деталните прегледи не покажаа оштетување на лигаментите, по што стана јасно дека и паузата на младинскиот ...
Најдобриот фудбалер на Ливерпул во последната деценија, Мохамед Салах се наврати на финалниот меч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите во 2018 година кога „кралевите“ славеа, а тој поради повреда уште во раната фаза мораше да го напушти мечот. Салах се повреди по еден дуел против Серхио Рамос, а никогаш не се докажа дали стартот на Шпанецот беше намерен или не. По седум години Салах говореше за целата ситуација велејќи дека иако Рамос се ...
Фудбалерите на Аталанта пропуштија барем вечерва да се израмнат на врвот на табелата со уште четири тима во италијанскиот шампионат откако одиграа само реми 1-1 на домашен терен против Комо во натпревар од 6. коло од Серија А. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Лазар Самарџиќ во 6. минута од натпреварот. Гостите израмнија на 1-1 преку Пероне во 19. минута. До крајот мируваа мрежите па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод. When he ...
Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на победите во домашното првенство откако вечерва славеа на домашен терен против Вилјареал со 3-1 во последниот натпревар од денешната понуда од 8. коло во шпанската Ла лига. Откако по првото полувреме мируваа мрежите „кралевите“ до водство од 1-0 стигнаа со голот на Винициус Жуниор во 47. минута на асистенција на Килијан Мбапе. Истиот фудбалер зголеми на 2-0 од пенал во 69. минута. Само четири минути ...
На денешниот натпревар од 9. то коло на Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК АП Брера и ФК Башкими, во 85. минута главниот судија досуди казнен удар за домашната екипа поради газење на противнички играч. Очигледно и од приложениот видео материјал, гостинскиот одбранбен играч со број 2, во обид да ја избие топката со глава, при падот, несвесно гази врз домашниот играч со број 77. Тоа е моментот на контактот што го забележува и санкционира главниот ...
Арсенал полека го подготвува теренот за иднината, па така се договори и за трансферот на талентираниот ирски играч од средниот ред од Шамрок Роверс. Станува збор за 16-годишниот Виктор Ожианвуна, играч од средниот ред на ирскиот клуб. Сепак, постои одреден проблем со овој трансфер бидејќи Обединетото Кралство повеќе не е во Европската Унија, постојат различни правила за трансфер на малолетни фудбалери. Така, Ожианвуна ќе може да игра за ...
Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, не е премногу оптимист по поразот од Барселона. ПАО загуби од Барселона во Атина со 96-103 и по две кола во Евролигата има скор од една победа и еден пораз. „Барселона играше многу подобро од нас. Мислам дека сите видоа дека не сме најдобриот тим оваа сезона во Евролигата. Има многу работи на кои треба да работиме, не сме 100 проценти подготвени и со ваков вид кошарка ќе биде многу тешко не само да се оди ...
Фудбалерите на Башкими одиграа реми 1-1 на гостувањето кај АП Брера во меч од 9. коло од ПМФЛ. По мечот кумановци вината за ремито ја најдоа кај главниот судија Плерен Салиху кој во вториот дел досуди пенал за струмичкиот тим. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Башкими: „Башкими 1947 Куманово, денеска во рамките на деветтото коло од ПМФЛ во Струмица, се сретна со домаќинот АП Брера! Ја користиме оваа можност да ја поздравиме ...
Фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа и до шестата победа во исто толку натпревари од новата сезона во германската Бундеслига откако вечерва славеа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 0-3. Водство за гостите од 0-1 донесе Луис Дијаз уште во 15 секунда од натпреварот. Домаќините израмнија на 1-1 преку Бахоја во 14. минута, но по проверка со ВАР поради играње со рака голот беше поништен. На 0-2 зголеми Хари Кејн во 27. минута, додека конечните ...
Фудбалерите на Ливерпул влегуваат во голема криза откако забележаа и трет пораз во низа во сите натпреварувања откако вечерва загубија на гостувањето кај Челси со 2-1 во дерби натпреварот од 7. коло во Премиерлигата. Домаќините поведоа со 1-0 со прекрасниот гол на Мојзес Каиседо во 14. минута. Гостите сепак успеаја да стигнат до израмнување со голот на Коди Гакпо во 63. минута. Голема победа за домаќините донесе младиот Естевао во 96. минута. ...
Ракометните претставници на Македонија во женскиот ЕХФ куп ЖРК Чаир и ЖРК Куманово ги завршија своите настапи уште во првото коло од ова натпреварување. Чаирчанки не успеаја да ја анулираат негативата од три гола од првиот меч словенечка Ајдовчина откако и вечерва загубија на домашен терен со 27-33. Taхани Амар со девет гола беше прво име во македонскиот тим, додека кај победникот Ивона Барукчиќ постигна 13 гола. ЖРК Куманово не успеа да ја ...
Двократниот европски шампион РК Вардар останува максимален во домашниот шампионат откако вечерва во последниот меч од 6. коло во Суперлигата без проблеми славеше на гостувањето кај Радовиш со 27-33. „Црвено-црните“ уште од самиот старт поведоа и веќе на полувреме имаа предност од 14-18. Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 27-33. Во следното коло Вардар игра дома со Прилеп, ...
Фудбалерите на Интер стигнаа до убедлив триумф откако вечерва славеа на домашен терен против Кремонезе со убедливи 4-0 во натпревар од 6. коло од новата сезона во италијанската Серија А. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Лаутаро Мартинез во 6. минута. На 2-0 зголеми Бони во 38. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Димарко во 55. минута зголеми на 3-0, додека само две минути подоцна беше и 4-0 беа со голот на Николо Барела. ...
Македонскиот фудбалски интернационалец Илија Несторовски беше во прв план во победата на неговиот Славен Белупо над Осиек од 2-1 во натпревар од 9. коло од новата сезона во хрватскиот шампионат. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Агбекпорну во 7. минута. Шуто во 59. минута зголеми на 2-0 и тоа на асистенција на нашиот интернационалец. Во 69. минута Несторовски прво го фаулираше Мркчјан по што доби жолт картон. Ерменецот му возврати на ист ...
Кошаркарите на Тиквеш со голема победа ја стартуваа новата сезона во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Гостивар со 67-81 во меч од воведното коло во Првата лига на Македонија. Гостите подобро го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа позитива од седум поени 16-23. До крајот на првиот дел разликата стана и двоцифрена па кавадарчани на полувреме имаа предност од 30-42. Во вториот дел Тиквеш успеа да го ...
Ракометарите на Тиквеш стигнаа до втората победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Е. Пелистер 2 со 17-23 во меч од 6. коло од Суперлигата. Гостите од Кавадарци подобро го отворија натпреварот па веќе на полувреме имаа солидна предност од пет голови (8-13). Во вториот дел кавадарчани успеаја да ја задржат предноста без проблеми и да стигнат до конечен триумф од 17-23. Димитар Коцев со четири гола беше ...
Фудбалерите на Олимпик Марсеј продолжуваат со одличните партии во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Мец со 0-3 во натпревар од 7. коло од новата сезона во Лига 1. Откако по првите 45 минути мируваа мрежите гостите до водство од 0-1 стигнаа во 51. минута со голот на Пашао. На 0-2 зголеми О’Рајли во 69. минута, додека конечните 0-3 ги постави Гури во 76. минута. Metz 0 – 3 Marseille – Amine Gouiri 76' ...
Фудбалските клубови Сараево и Вележ го пријавија тренерот на Зрињски, Игор Штимац, до Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина. Тоа го направија затоа што Штимац го употреби слоганот „За дом подготвени“. Штимац беше во центарот на вниманието поради објавата во која нападна некои медиуми за исламизација на Европа, а на крајот го напиша усташкиот поздрав „За дом подготвени“. Сараево, Вележ и некои други клубови од БиХ ...
Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Лајпциг одиграа без победник 1-1 во дерби натпреварот од денешната понуда од 6. коло од новата сезона во германската Бундеслига. Гостите поведоа со 0-1 уште во 7. минута со голот Баумгартнер. Домаќините на 1-1 израмнија во 23. минута преку Коуто. Иако и двата тима имаа по некоја шанса во вториот дел сепак на крајот остана 1-1. Borussia Dortmund [1] – 1 RB Leipzig – Yan Couto 23' byu/Puzzled-Category-954 ...
Фудбалерите на Арсенал стигнаа до нова победа сезонава во домашниот шампионат откако денеска во малото лондонско дерби славеа над Вест Хем јунајтед со 2-0 во меч од 7. коло од Премиерлигата. Лошо почна мечот за домаќините откако Мартин Одегард поради повреда мораше да го напушти теренот во 30. минута. Сепак, само осум минути подоцна „топчиит“ стигнаа до водство од 1-0 преку Деклан Рајс. Конечните 2-0 ги постави Букајо Сака од пенал во 67. ...
Фудбалерите на Шкупи стигнаа до првиот бод сезонава откако денеска како домаќини во Струга ремизираа против Работнички 1-1 во натпревар од 9. коло од новата сезона во Првата Македонска фудбалска лига. Домаќините кои овој меч наместо во Чаир го играа во Струга поведоа со 1-0 во 25. минута со голот на Ерион Шуку по големата грешка на голманот на гостите, Петар Јакимов. Во вториот дел гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Eрмедин Адем во 61. ...
Фудбалерите на Охрид и Брегалница одиграа без голови 0-0 во дерби натпреварот од 7. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Големо Коњари стигна до изненадувачки триумф на домашен терен против Кожуф Гевгелија. До сигурни победи стигнаа Скопје над Вардар Неготино (4-1) и Детонит Плачковица против Победа (3-1). Каменица САСА имаше предност од 3-1 до 90. минута, но на крајот одигра само реми 3-3 против Тетекс. Утре програмата ...
Фудбалерите на Лацио продолжуваат со катастрофалната игра сезонава откако им требаше 101. минута и пенал за едвај да извадат реми на домашен терен (3-3) против Торино во меч од 6. коло од новата сезона во Серија А. Гостите поведоа со 0-1 преку Симеоне во 16. минута. До крајот на првиот дел „лацијалите“ направија целосен пресврт 2-1 со головите на Канчелери во 24. и 40. минута. Гостите возвратија на ист начин со два гола преку Адамс во 73. и Коко ...
Ракометарките на Металург Автокоманда ги решија сите дилеми околу пласманот во второто коло од ЕХФ купот откако денеска во првиот натпревар од двомечот против луксембуршки Диферданж славеа со 40-25. Нашите ракометарки одиграа одлично во првиот дел по кој имаа позитива од шест гола 17-11. Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечен триумф од 40-25. Ана Марија Коларовска со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај ...
Фудбалерите на Шкупи имаат предност од 1-0 на полувреме против Работнички во натпревар од 9. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините кои овој меч наместо во Чаир го играа во Струга поведоа со 1-0 во 25. минута со голот на Ерион Шуку по големата грешка на голманот на гостите, Петар Јакимов. Водство од 0-1 на полувреме има и Башкими на гостувањето кај АП Брера во Струмица. Голот за водство на гостите на овој меч го ...
Фудбалерите на Тотенхем запишаа нова победа во домашниот шампионат откако славеа на гостувањето кај Лидс со 1-2 во премиерниот меч од денешната понуда од 7. коло од англиската Премиерлига. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Матијас Тел во 23. минута. До крајот на првиот дел домаќините израмнија на 1-1 преку Ноа Окафор во 34. минута. Конечните 1-2 ги постави Кудус во 57. минута. Leeds United 1 – [2] Tottenham – Mohammed Kudus 58' byu/derawon ...
Македонската репрезентација до 17 години од 8. до 14. октомври во Струмица ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за место на ЕП. Нашата селекција е во група со Унгарија, Чешка и Гибралтар. Селекторот на репрезентацијата до 17 години, Влатко Колев за квалификациските натпревари ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Лука Грчевски (ФК Црвена Звезда, Србија), Амин Суловиќ (Скопје) Одбрана: Филип ...
Вистинска драма се одвива во Дортмунд поради конфликтот меѓу семејството Белингам и тренерот Ковач. Таткото на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, и помалку познатиот помлад фудбалер на Борусија Дортмунд, Џоб Белингам, му се закани на тренерот на германскиот тим, Нико Ковач. Причината е што тој не е задоволен од минутажата на својот помлад син во тој клуб. Џоб ова лето пристигна во Дортмунд од Сандерленд, со кого успеа да избори промоција ...