Белград
5ᴼ /
5ᴼ
Македонската репрезентација попладнево го означи собирот за престојните два квалификациски натпревари за пласман на СП 2026 против Белгија во Гент и против Казахстан во Скопје. Селекторот Благоја Милевски, со првата прозивка во хотелот „Хилтон“ во Скопје, го означи почетокот на мини-подготовките. Репрезентативците ќе имаат само три дена подготовка во Скопје, до 8. октомври за кога е планирано заминувањето за Гент каде на 10. октомври ги очекува ...
Драган Стојковиќ – Пикси се наоѓа под огромен притисок бидејќи му се заканува смена доколку не успее да стигне до позитивен резултат на претстојниот квалификациски дуел со Албанија што ќе се игра во Лесковац. Српскиот селектор е често критикуван во изминатиот период, за изборот на играчи, како и тактичките замисли со кои не се вади максимумот од репрезентацијата, но Стојковиќ даде шокантна изјава на денешната прес-конференција изјавувајќи дека ...
Жозе Мурињо со тимот на Бенфика успеа да ја запре победничката серија на Порто ремизирајќи 1-1 против поранешиот клуб, a трофејниот стратег во текот на целиот меч беше на мета на навивачите на Порто. Кон Мурињо се фрлаше со шишиња, запалки и бројни тврди предмети, а „специјалниот“ беше невообичаено за него мирен, дури и чистејќи го теренот од „арсеналот“ што долета од трибините. Погледнете дел од вжештената атмосфера на големото португалско ...
Двојното евролигашко коло на стартот од елитното европско натпреварување ги донесе и првите проблеми со повредите на значајни кошаркари, што на своја кожа ги почувствуваа Барселона и Олимпија Милано. Нико Лапровитола го пропушти поголемиот дел од ланската сезона поради повреда на коленото, тој беше во одлична форма на првите средби, но во меѓувреме повторно се повреди. Тој воопшто не настапи на дербито на АЦБ-лигата против Валенсија, а првите ...
Екипата на Охрид го загуби вчерашното дерби во Битола од Е. Пелистер, а веќе денеска охриѓани информираа и за промени во играчкиот кадар. Десното крило Гал Цирар повеќе не е дел од охридскиот суперлигаш откако денеска беше спогодбено раскинат договорот што беше со важност до крајот на сезонава. Цирар пристигна во Охрид во јануари 2023 година и беше меѓу водечките играчи во тимот во претходните сезони. Сепак, ситуацијата се смени сезонава откако ...
Македонската репрезентација до 19 години на 9. и 12. октомври против Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари. Селекторот на нашите надежи до 19 години, Ерхан Селими за пријателските натпревари во Даниловград и Подгорица ќе смета на следните фудбалери: Голмани: Давид Илиоски (АП Брера), Павел Трајковски (Партизан, Србија); Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Абдулах Аслани (Лунгби, Данска), Горазд Ристовски (Црвена Звезда, Србија), Давид ...
Ерлинг Халанд ја продолжи серијата извонредни игри постигнувајќи го победничкиот гол за Манчестер Сити на гостувањето против Брентфорд, со што „граѓаните“ се приближија до врвот на премиерлигашката табела. Воедно, Халанд конечно успеа да даде погодок на „Џи-Тек Комјунити“, еден од двата стадиони на кои норвешкиот ас се немаше запишано меѓу стрелците. Тој имаше одиграно 176 минути на оваа фудбалска арена, упатено седум удари на тие два меча, но ...
Јувентус и Милан одиграа 0-0 во дербито на 6. коло во елитниот италијански фудбал. Двата тима имаа изглени шанси да постигнат гол и да ги освојат трите бода, но на крајот се задоволија со натпревар без пораз. Тренерот на „страта дама“ Игор Тудор изрази задоволство од крајниот резултат велејќи дека тој е чесен. „Беше натпревар каков и што очекувавме, тежок и против силен тим. Сакавме победа, двете страни имаа шанси, но на крајот нерешено е ...
Виктор Златевски од Феникс е носител на МВП признанието за првото коло од новата сезона откако младиот бек одигра меч за паметење против Ангели. Златевски го заврши мечот со индекс 35, за остварениот дабл-дабл од 24 поени и 10 асистенции, со што го заслужи МВП признанието и ја предводи првата петорка во изборот на федерацијата, петорка во која се најдоа уште и Ефремовски (Работнички), Малешевиќ (Пелистер), Луковиќ (Куманово) и Зафиров (ТФТ). ...
Едни од најистакнатите македонски кошаркарски имиња, поранешниот репрезентативец и директор на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Војновиќ и поранешниот македонски селектор Александар Тодоров во најновиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, меѓу другото, и на темата околу ваучер-системот во Македонија и вклученоста на државата како начин за помагање на спортот, но и интересот на бизнис-секторот за влез во македонскиот спорт. И Тодоров и Војновиќ, едногласно, сметаат ...
По поразот од Струга ТЛ, во последниот натпревар од 9. коло, битолчани денеска (18 часот) на стадионот „Петар Милошевски“ ја пречекуваат Шкендија од Тетово, која во текот на изминатата недела имаше настап во Конференциската лига. Тренерот на „пелистерци“, Димитар Капинковски со максимален респект гледа на противникот, но верува дека неговите избраници може да демонстрираат одлична партија за позитивен резултат. „Шкендија е константно стабилна ...
Јувентус и Милан ремизираа без голови во дербито на 6. коло во Серија А. Двата тима имааа изгледни шанси да постигат гол и да стигнат до трите бода, но на крајот мораа да се задоволат со само освоен бод. Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри изрази задоволство од играта во одбрана, но напомена дека неговите играчи мораат да бидат поконкретни пред голот. „Не видов како Пулишиќ го изведе пеналот. Пеналите некогаш ги промашувате, некогаш ги ...
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информира дека одлуката донесена во 51. минута од натпреварот помеѓу Вардар и Струга Трим Лум, одигран во рамките на 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, е исправна. По преглед на видео снимката, беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР ...
Хари Кејн и во годините кои следат ќе ги брани боите на германскиот гигант Баерн Минхен со кој се очекува да потпише нов договор по истек на актуелниот кој е со важност и во следните две години. Англискиот репрезентативец пристигна во Минхен во 2023 година и веднаш се наметна како незаменлив дел од баварскиот состав. Оваа сезона игра извонредно и веќе ја надмина границата од десет постигнати голови во Бундеслигата, забележувајќи 11 на само шест ...
Ерлинг Халанд и оваа сезона ги тресе противничките мрежи продолжувајќи со импресивната форма. Голгетерот го преводеше Манчестер Сити до нов триумф во Премиерлигата забележувајќи го единствениот гол на натпреварот против Бренфорд кој за него е деветти во сезоната. И покрај тоа што игра импресивно, Халанд откри дека има дополнителен „натпревар“ со Мбапе и Кејн за наградата „Златна копачка“. „Морам да се трудам да одржувам чекор. Никогаш не сум се ...
Финската тинејџерска сензација Мика Муринен по успешниот настап со својата репрезентација на Евробаскетот се одлучи кариерата да ја продолжи во Србија и да стави потпис на повеќегодишен договор со Партизан. Муринен во Србија дојде од Соединетите американски држави, а откри дека причината за тоа е можноста за напредок особено под водство на Жељко Обрадовиќ. „Тука имам многу повеќе простор за напредок отколку да останев во средно училиште во САД, ...
Ужасни насилство на натпреварот од Третата фудбалска лига меѓу Фортуна и Пчиња, кој изминатиов викенд се играше во Синѓелиќ. Дуелот бил прекинат во 75. минута при резултат 1-1, откако гостите одбиле да продолжат да играат по скндалозниот напад над голманот на Пчиња, кој најпрво останал без свест а потоа е итно преенесен во клинички центар. Како што информираат до јавноста од ФК Пчиња, домашната публика прво ја нападнала гостинската составена од ...
Ливерпил го претпе и вториот пораз едно по друго во Премиерлигата губејќи во дербито на 7. Коло од страна на Челси на „Стемфорд Бриџ“. Трите бода за „сините“ ги донесе Естевао со гол во судиското продолжение на вторто полувреме, гол што предизвика револт кај капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк кој влезе во вербален конфликт со судијата по последниот свиреж. Холандскиот стопер за англиските медиуми говореше на оваа тема откривајќи детали за ...
Манчестер Јунајтед во својата младинска академија го има еден од најталентирани млади фудбалери на светот во името на Џеј-Џеј Габриел, 14-годишникот кој импресира со настапот на фудбалските терени. На „новиот Меси“ му се предвидува врвна кариера која Манчестер Јунајтед сака да биде на „Олд Трафорд“ па со таа цел раководството на клубот е подготвено да направи потег без преседан за да ги одбие примамливте понуди на останатите европски гиганти. ...
Прославниот шпански тенисер Рафаел Надал кој е добро познат како голем навивач на Реал Мадрид имаше пофални зборови за француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбаше. Надал верува дека Реал Мадрид не згрешил со неговиот трансфер и дека 26-годишникот со одличниот старт на сезоната докажа дека е најдобар на светот. „Кога го потпишаа Килијан знаевме што добиваме со него. Кога тој пристигна во клубот верувавме дека е најдобар на светот. Има добар ...
Поразот од Партизан во Белград скапо ќе ја чини Олимпија Милано бидејќи на овој натпревар повреда заработи и еден од најдобрите кошаркари во составот Џош Нибо. Американецот со словенчки пасош има повреда на бутот на десната нога и ќе биде надвор од терените најмалку во следните три недели. По овој период ќе се направи дополнителна проценка да се утврди статусот на рехабилитацијата. Нибо ни е единствениот кошаркар од италијанскиот состав кој се ...
Екипата на ПСЖ е европски шампион и лидер во француското првенство, но семејството Мбапе се уште му го загорчува животот на овој клуб. Килијан преку судски пат бара 60 милиони евра што „светците“ му ги должат, додека неговиот помлад брат Етан Мбапе вечерва постигна прекрасен погодок за Лил, носејќи му бод на својот тим на мечот со ПСЖ. „Светците“ беа на чекор до триумф откако Нуњо Мендеш постигна еврогол од слободен удар, но Лил се врати во ...
Атлетико Мадрид во осмото коло од Примера дивизион го забележа и четвртото реми откако тимот на Диего Симеоне одигра само 1-1 на гостувањето против Селта. Една седмица по големиот триумф над Реал Мадрид, избраниците на Симеоне повторно се мачеа на гостински терен иако први стигнаа до водство со автоголот на Старфелт во 7. минута. Сметките на фаворитот беа замрсени по црвениот картон на Ленгле пред крајот на првото полувреме, по што Селта во ...
Јувентус и Милан ремизираа 0-0 во последниот натпревар од 6. коло во Серија А, откако мрежите мируваа во ситуација во која и двете екипи имаа свои шанси да стигнат до победата. Јуве беше за нијанса подобар во првото полувреме, но слабата форма на Дејвид беше пресудна канадскиот голгетер да не реагира најдобро во клучните моменти. „Старата дама“ најубавата шанса ја имаше на стартот од второто полувреме кога топката по една мешаница стигна на ...
Манчестер Сити славеше со минимални 0-1 на гостувањето против Брентфорд, меч што ќе остане запаметен како јубилејна 250. победа на Пеп Гвардиола во Премиер-лигата. Каталонскиот стратег освои се што можеше да се освои со Сити, а со овој триумф го урна рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон за најбрзи 250 победи во елитното англиско фудбалско друштво. Имено, Гвардиола стига до оваа бројка за само 349 натпревари, значително побрзо од Фергусон ...
Бојан Миовски во текот на утрешниот ден би требало да добие нов тренер откако управата на Глазгов Ренџерс целосно ја загуби довербата во актуелниот менаџер Расел Мартин. Шкотскиот гигант катастрофално ја стартуваше сезоната со само една победа во првите седум рунди од домашното првенство, елиминација во квалификациите за ЛШ и слаби резултати во Лигата на Европа. Глазгов Ренџерс веќе заостанува 11 бода на табелата зад вечниот ривал Селтик, а ...
Феникс славеше со убедливи 79-62 над тимот на Ангели во првото коло од кошаркарскиот шампионат, во пресметката на двата скопски тима што мина во знакот на домашниот состав. Иако без повредениот Стојковиќ, тимот на Феникс доминираше од самиот почеток, јасно ставајќи до знаење дека нема да дозволи изненадување на овој дуел. Победникот практично беше решен уште во првото полувреме во кое Феникс делуваше моќно на теренот, добивајќи ја првата ...
Цврстата одбрана беше клучен фактор за тимот на Куманово да слави на гостувањето против Чаир со резултат 74-85, со што тимот предводен од Марин Докузовски победнички ја стартуваше новата сезона. Чаир ја почна сезоната со само двајца странци, овој тим вечерва настапи со шест играчи со посериозна минутажа (плус двајца кои вкупно имаа помалку од девет минути), а кумановци знаеја како да го искористат тоа и да стигнат до гостинска победа. Куманово ...
Алкалоид прокнижи нови бодови на суперлигашката табела откако на гостински терен го совлада тимот на Куманово со убедливи 21-35. Избраниците на Кире Лазаров ја оправдаа фаворитската улога, а убедливата предност му овозможи на стратегот на Алкалоид да им даде шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети (со исклучок на искусниот Никола Маркоски, кој доби заслужен одмор). Серафимов и Тордарсон отворија на самиот почеток за 0-2, ...
Наполи повторно се израмни со Рома на делба на првото место на табелата oткако актуелниот шампион славеше на домашен терен против Џенова со 2-1. Елиф Елмас повторно се најде на клупата за резерви и не доби шанса ниту во второто полувреме, следејќи ги сите 90 минути од клупата за резерви. Триумфот на „наполитанците“ е уште позначаен ако се знае дека Џенова имаше водство по првото полувреме, но „пулените“ на Конте сепак собраа сили за пресврт и го ...