Фудбалерите на Португалија одиграа очаен натпревар и откако ремизираа без голови 0-0 против Колумбија во натпревар од 3. коло од групата К на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. На крајот ВАР ги спаси очајните Португалци од пораз откако видоа минимален офсајд на голот на Санчез. Colombia disallowed goal against Portugal 90+1' byu/Gentle_lips insoccer Во вториот меч од овој сегмент ДР Конго испиша историја квалификувајќи се во ...

Фудбалската репрезентација на Хрватска славеше со 2-1 против Гана во натпреварот од последното 3. коло од групната фаза во Л сегментот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Водство за „коцкестите“ од 1-0 донесе младиот Петар Сучиќ со прекрасен погодок во 31. минута. Гана израмни на 1-1 преку Лукасен во 73. минута, додека конечните 2-1 ги постави Влашиќ на асистенција на Модриќ во 83. минута. Croatia [2] – 1 Ghana – Nikola Vlašić ...

Фудбалската репрезентација на Хрватска има предност од 1-0 на полувреме против Гана во натпреварот од последното 3. коло од групната фаза во Л сегментот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Водство за „коцкестите“ од 1-0 донесе младиот Петар Сучиќ со прекрасен погодок во 31. минута. Croatia [1] – 0 Ghana – Petar Sučić 31' byu/50lipaa insoccer Во вториот натпревар од овој сегмент фаворитот Англија има без голови 0-0 против Панама. ...

По елиминацијата во групната фаза на Светското првенство, хаосот во репрезентацијата на Уругвај продолжи. Уругвајската фудбалска асоцијација го откажа официјалниот чартер лет за враќање дома, па играчите патуваа со комерцијални летови одделно, секој до својата дестинација. Во фудбалот постои непишано правило дека тимовите кои не се враќаат заедно по големо натпреварување честопати имаат сериозни проблеми во соблекувалната. Токму таков ...

Ѕвездата на холандската репрезентација и Ливерпул, Коди Гакпо, доживеа голема семејна трагедија за време на Светското првенство. Само два дена пред осминафиналниот натпревар, Гакпо и неговата партнерка Ноа ван дер Биј објавија дека го загубиле синот за време на бременоста. Веста ја потврди на социјалните мрежи партнерката на Гакпо, која објави фотографија и сподели дека бебето го крстиле Елија Рафаел Гакпо. Двојката пред само неколку недели ...

Српската репрезентација ја победи Чешка со 90-76 во подготвителниот натпревар одигран во салата „Александар Николиќ“ во Белград. Најефикасен играч во домашниот тим беше Никола Јовиќ, кој постигна 20 поени, со пет скока и три асистенции. Никола Јокиќ постигна 16 поени со 14 скока и осум успешни додавања, додека Дејан Давидовац додаде 14 поени. На другата страна, Вит Крејчи беше најефикасен со 16 поени, надополнети со четири асистенции. ...

Додека Зеленортски острови го слават својот историски влез во втората рунда на Светското првенство, од националниот тим се појавија шокантни вести. Капитенот на селекцијата Рајан Мендес, е под истрага на полицијата на Нов Зеланд поради жалба за силување поднесена против него од страна на Бразилка која работела како преведувач за националниот тим за време на турнирот од серијата на ФИФА во февруари. Наводниот инцидент се случил во хотелот каде ...

Македонскиот прволигаш Силекс продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, официјализирајќи го трансферот на Никола Манојлов од редовите на Работнички. Младиот офанзивен играч за врска пристигнува во Кратово како петто летно засилување за клубот. Манојлов зад себе има одлична сезона во која одигра 24 првенствени и три куп натпревари за Работнички, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Неговите квалитетни партии му донесоа и ...

Фудбалерите на Шкендија претрпеа минимален пораз од 1-0 против словенечкиот прволигаш Целје, во рамките на својот трет пријателски натпревар за време на летните подготовки. Мрежите мируваа во првото полувреме, а прашањето на победникот беше решено во финишот од средбата. Единствениот погодок на мечот го постигна Суховрсник во 80. минута. За тетовските „црвено-црни“ ова е втор пораз во Словенија, по претходниот неуспех против сплитски Хајдук ...

Екипата на Струга Трим Лум денеска го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на летните подготовки за новата сезона. На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, стружани загубија од албанскиот прволигаш Динамо Сити и претрпеа пораз со резултат 2-3. Струга ТЛ го започна натпреварот со еден состав, но до крајот на средбата стручниот штаб им даде шанса за настап на речиси сите фудбалери кои му стојат на располагање. Крадењето авторски ...

Фудбалерите на Вардар одиграа нерешено 1-1 против тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, во претпоследниот контролен натпревар во рамките на подготовките во Италија. Единствениот погодок за „црвено-црните“ на овој меч беше дело на новото засилување Жерсон Родригес, кој погоди по асистенција на Данев. Ова е уште еден дуел меѓу овие две екипи, откако минатата сезона се соочија во Конференциската лига, каде Вардар славеше во Скопје со 3-0, а на ...

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни резултати во подготвителниот период. Нашите младинци ја забележаа и првата гостинска победа, откако во Стара Загора беа подобри од Бугарија со 95:86, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции. Избраниците на селекторот Никола Велев имаа одличен почеток на средбата и уште во првата четвртина покажаа дека се подготвени за силен предизвик. Со ...

Новата ера на „Стамфорд Бриџ“ под водство на Чаби Алонсо носи радикална промена во трансфер филозофијата на Челси уште пред неговиот официјален старт на 1 јули. Наместо купување на млади таленти, првата голема желба на шпанскиот стратег е докажаниот лидер на средината на теренот, Гранит Џака, за кого Челси веќе испрати официјална понуда од 30 милиони евра до Сандерленд. По одличната сезона и изборениот пласман во Лига Европа, 33-годишниот ...

Повремениот македонски репрезентативец, голманот Игор Алексовски има нов клуб. Алексовски ќе остане во Албанија откако потпиша договор со прволигашот Елбасан. Тој стави потпис на договор со клубот од централна Албанија во важност од две години. Претходно тој го раскина договорот со Фљамуртари за кого од 2025 година запиша 35 настапи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како ...

Репортерката на АБЦ7 предизвика скандал со својата изјава за Босна и Херцеговина пред натпреварот со САД. Фудбалерите на Босна и Херцеговина направија огромен подвиг пласирајќи се во нокаут фазата на Светското првенство, а ноќта помеѓу среда и четврток ќе имаат можност за нов историски резултат, бидејќи играат против домаќинот на турнирот, Соединетите Американски Држави. Американците влегуваат во овој дуел исклучително самоуверени. Тие се ...

Шпанија е во проблеми по триумфот против Уругвај во последното коло од групната фаза. Имено, јужноамериканската селекција темелно ја „претепа“ црвената фурија, а за тоа е виновен и судијата Исмаил Елфат, кој дозволи екстремно груба игра, па Џереми Пино и Нико Вилијамс се повредија. Офанзивниот играч на Атлетик Билбао пројде малку подобро, одејќи со тешкотии по натпреварот во ходникот на стадионот, а се сомнева на проблем со мускулот на левата ...

Од кампот на француската фудбалска репрезентација објавија дека Дидие Дешам, селекеторот на актуелниот светски вицешампион, се вратил во кампот откако беше во Франција на неколку дена поради смртта на неговата мајка. „Дидие е со нас“, објави Француската фудбалска федерација (ФФФ). Поради погребот на неговата мајка, Дешам ја пропушти победата од 4-1 против Норвешка, со која Франција го освои првото место во Група И, и ќе игра против Шведска во ...

Ти Џеј Шортс е блиску до договор за трансфер во Валенсија, објавуваат шпанските медиуми. Шортс ќе го напушти Панатинаикос и е подготвен да ја продолжи кариерата во шпанскиот тим, каде што ќе го замени Монтеро. Натурализираниот Македонец потпиша двегодишен договор со грчкиот клуб минатиот јуни, но очигледно е дека нема да остане до крајот. Неговиот трансфер од Париз во Панатинаикос минатото лето се сметаше за еден од најзначајните во ...

Машката ракометна младинска репрезентација на Македонија оствари уште една победа во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, откако по вторпат ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија. По убедливиот вчерашен триумф со резултат 35-26, избраниците на селекторот Игор Илиевски денеска одиграа далеку понеизвесен натпревар. Во драматичен финиш, македонските ракометари покажаа карактер и славеа минимална, но значајна победа со ...

Еден од најдобрите македонски голмани на сите времиња, Никола Митревски ја има третата најдобра асистенција во изминатата сезона во Лигата на шампионите. Голманот на Е. Пелистер се најде на оваа листа со неверојатната асистенција која ја имаше до Дејан Манасков кој на уште подобар начин стрелаше во поразот на нивниот тим против новиот европски шампион Барселона. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...

Според медиумите во Шпанија, Серџо Скариоло ќе биде поранешен тренер на Реал Мадрид веќе во понеделник. Реал Мадрид поминува низ многу турбулентен период. Иако клубот остана верен на Евролигата, се чини дека многу работи во тимот не се како што треба. Тимот стана вицешампион на Европа, дури и играше добро во финалето, но сето тоа остави последици во домашното првенство. Реал испадна во четвртфиналето, што навистина ретко се случува. Хуан ...

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс ќе ја тужи Барселона за прекршување на договорот. Барселона сака да стави крај на лошите одлуки, а новото раководство се обидува да поправи некои стари грешки, а сега постои проблем наречен Мајк Џејмс кој може скапо да го чини клубот. Барселона и американскиот плејмејкер веќе постигнаа договор според кој Џејмс ќе потпише двегодишен договор и ќе се пресели во „Блауграна“ од Монако. Имаше некои сомнежи за ...

Заир Вејд, најстариот син на НБА легендата Двејн Вејд, е уапсен во Бурбанк, Калифорнија, под сомнение за семејно насилство. 24-годишниот Вејд се соочува со три сериозни обвиненија – за семејно насилство, закани и незаконско лишување од слобода. По апсењето, за наводната жртва е издадена итна заштитна мерка. Како што објавува „Ен-Би-Си“, околу 5:30 часот наутро, полицијата добила пријава дека од куќа се слушаат женски крици. По пристигнувањето ...

Бутел Скопје го продолжи договорот со еден од најстандардните свои првотимци изминативе години, Бојан Спасовски. Спасовски потпиша нов двегодишен договор до јуни 2028 година. Претходно Бутел Скопје го договори Градимир Чаневски и Марко Богдановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА Бутел Скопје ...

Со победа на машката и минимален пораз на женската селекција, Македонија го заврши учеството на финалниот ФИБА камп во Чанаккале, Турција. Младите македонски кошаркари до 14 години одиграа одличен натпревар против врсниците од Косово и заслужено славеа со убедливи (82-55). Избраниците на селекторот Мартин Атанасовски одиграа квалитетно прво полувреме, во кое ја направија клучната разлика. Македонија уште во првата четвртина се одвои на ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Хрватска е без пораз на последните четири средби на СП против ривали од Африка (три победи и едно реми. Лука Модриќ и Иван Перишиќ ќе испишат историја како стартери на 20 ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин едно од најголемите имиња во македонската фудбалска историја, Бобан Бабунски. Поранешниот македонски репрезентативец, но потоа и селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија, овој пат главно со анализа на актуелните случувања на Светското првенство 2026. Меѓу другото, осврнувајќи се и на 20-годишната дилема, Лионел Меси или Кристијано Роналдо… „Ние сме среќни што ...

Германскиот стратег Јирген Клоп се осврна на контроверзната ситуација што ја одбележа средбата меѓу Иран и Египет на Светското првенство 2026, и поништениот гол што можеше да ги однесе Иранците во осминафиналето, иако сè уште ништо не е завршено. Германскиот стручњак истакна дека во такви моменти повеќе не се зборува за тактики и фудбал, туку само за одлуките што ја одредуваат судбината на натпреварите. „Во овој момент повеќе не станува збор ...

Евролигата се менува со преминот кон франшизен модел, при што напуштањето на натпреварувањето во иднина ќе има исклучително висока цена. Евролигата го потврди почетокот на транзицијата кон франшизниот модел, задржувајќи ги сите 13 акционерски клубови во својот состав, вклучувајќи го и Реал Мадрид. Едно од клучните прашања во оваа трансформација е тоа што напуштањето на Евролигата, по преминувањето кон франшизен систем, ќе стане исклучително ...

На Иран му беше одземен важен гол и победа во Сиетл во пресметката со Египет, кој го водеше во елиминациската фаза на СП 2026. Голот на Шоџа Калилзадех беше поништен поради офсајд, што предизвика остри реакции од селекторот на Иран, Амир Галеноеи, кој верува дека неговиот тим е оштетен со таа одлука, по интервенција на ВАР. Иранската репрезентација се соочува со бројни проблеми за време на турнирот во САД, а сето ова доаѓа во време кога, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
38%
1003
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
83%
1001
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
77%
1007
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
8.75
50%
1003
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.3
41%
998
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
97%
1006
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
5.81
75%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
64%
1006
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
88%
1005
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
8.94
44%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
67%
1003
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
6.17
94%
1012
Currency

61.736

Currency

55.625

Currency

73.883

Currency

37.989

Currency

39.083

Currency

66.837

Currency

8.3475

Currency

0.67143

Currency

0.34831

Currency

0.52419

Currency

1.1068

Currency

0.59235

Алуминиум

3.02

Злато

125211.08

Родиум

293375.56

Рутениум

61086.42

Платина

48804.83

Сребро

1611.91

Цинк

3.76

Бакар

12.40

Калај

46.87

Иридиум

326330.08

Кобалт

33.53

Паладиум

31893.54